Оптимизмот ми е јака страна од карактерот. И најцрно да е, не си дозволувам да почнам да ,,тонам,, поради глупави мисли. Знам од се да извлечам максимум. Оптимистите ги следи среќа.
Потпис Но и да си олеснам на душата баш поради ваквиот мој став во сегашниот тежок период моја блиска личност ми префрли дека сум била ''крајно себична'' и сум си гледала само за себе..Всушност јас како солиден оптимист не си дозволувам да ги ''убивам во поим''со негативизам луѓето околу мене..
Најчесто сум оптимист, доколку постои бар 0,000001 % нештото да ми се оствари... Но, затоа често се разочарувам за многу работи сепак сум оптимист, ќе биде подобро Не можам да издржам со негативци околку мене... колку и некоја личност да е добра... доколку е песимист, ме одбива одма...
оптимист голем и да е најмалку можно да се оствари,јас си велам ќе биде мора да биде..И ми помага во животот
Какви ви се мислите,таков ви е животот.Има голема вистина во ова.Се трудам на се да гледам позитивно и така и да мислам и сум оптимист.Воопшто не сакам луѓе кои мислат постојано негативно и само викаат нема да успееш,што ако не биде како што ти сакаш итн,и не ги сакам во моето окружување да ми го пренесуваат целиот негативизам.
koga stanuva zbor za moi problemi i raboti.PESIMIST definitivno sekogas a za drugi optimist i sekogas gi tesam deka ke.bide dobro...
Исто. Сепак каде што сметам дека е потребно ..не би тешела некој ако знам дека нема да биде како што он/она сака
Никако песимисти, трудете се да мислите и да извлекувате убави работи и од сите ситници. Јас ретко сум песимист, се до последно се надевам на подобро. И поубаво ми е на душата, не дека ми е совршено се ама не дозволувам негативни влијанија.
За да успеете во животот морате да бидете оптимисти и кога е најтешко и во црното да гледате бело. Колку и да е нешто неостварливо, размислувајте, ќе најдете повеќе начини на кои можете да го решите определениот проблем, не постои само еден единствен начин, секогаш треба да имате план Б во животот за решавање одредени проблеми. Трудете се, бидете оптимисти и ќе успеете порано или подоцна да ги остварите вашите зацртани цели, колку и да се невозможни. Само оптимистите ќе успеат во животот.