Се сметам за ннформиран реалист, иако не е толку едноставно, светот го доживувам како спектар од ужас и прекраснотија, и тие постојано се преливаат и се поврзани како Мобиусова лента. Некогаш треба да веруваш без да знаеш, некогаш треба да ги гледаш нештата какви што се, некогаш да го гледаш негативното за да дојдеш до позитивното, некогаш треба да се гледаш само неколку гранки на едно дрво, а некогаш и целата шума.