Вечен оптимист..... зошто да бидам песимист :? животот е еден и ако се мрачно гледаме на нештата тогаш што :? моето мислење се промени откако ја прочитав ’моќта на позитивното мислење’од норман винсент пил. порано со секој проблем посакував да умрам да не снема а сега ке живеам се додека животот не ме победи... секогаш мислам позитивно за да ми се случуваат позитивни работи.. а и зошто да сум песимист кога имам родители,другарки кои ги ценам и сакам,имам го тој што го сакам и знам дека и тој ме сака...што друго треба за човек да биде среќен? БИДЕТЕ ОПТИМИСТИ СИТЕ!!! тој свет и поубав и сте среќни верувајте.....а проблеми ке има секако ама ке поминат со смеа...
мислам дека имам пишано на темава ама ајјј... оптимист, можеби и премногу, па што да правам, си се надевам еееее
Каде и како треба така мислам... Не сум некој голем оптимис но кога треба така да размислувам ако е до мене се трудам за некои работи да ги поттикнам или па едноставно само позитивно да размислувам.. Сепак би се одлучила за реалната страна.. Тоа највеќе ми прилега иако многу пати се разочаруваме од реалноста за жал.
Реалист во поголем дел од случаевите, оптимист сум кога станува збор за други, а кога е за мене реално гледам на работите без некој претеран оптимизам.
Оптимист Имаше време кога паднав у тешка депресија, кога мислев дека се е црно, ама една личност ме извади од тоа за моја среќа Сега? Сега само напред!!!!!
Амммм...во суштина јас сум оптимист, ама некогаш звучам песимистички бидејќи мислам дека се случува обратно од тоа што јас го кажувам или го мислам. Затоа во последно време работам на мојата потсвест
Песимистичкото гледање на работите само ќе донесе лошо расположение, и мрак, затоа повеќе тежнеам кон оптимизмот. Колку и да ни е тешко во некои моменти, не треба да зборавиме дека од тешкото има потешко Без разлика кој и што и да ни рекол најпрво треба да се сослушаме самите себеси, и да одлучиме до каде сме па потоа да ги слушнеме мислењата на другите. Секој може да вети лажно утре, но никој не може да го врати изгубеното вчера. Затоа некогаш некои совети баш и не се најпродуктивни иако се дадени со најдобра намера. Реалноста треба секогаш да не води низ животот, бидејќи нема реприза, грешките што сме ги направиле вчера не можеме да се вратиме да ги избришеме, но затоа животот ни дал втора шанса со иднината, а таа втора шанса треба да ја прифатиме и оптимистички да гледаме на неа.
јас сум оптимист 97% од времето, но сепак имам такви моменти каде што не верувам доволно во себе и не мислам дека ќе успеам и имам малку и песимизам во мене.
Вечен оптимиста ...и во најголеми гомна да сум позитивно размислувам,може да ме фати само мала паника,но моментална,ако почнам реално да ги гледам работите ќе треба да се самоубијам хихих
Се обидувам да бидам оптимист но не успевам секогаш,некогаш го имам тоа чуство дека се ке биде ок,а длабоко во себе знам дека нешто ќе тргне наопаку,но секогаш со надеж за подобро утре И една шега за крај Кога на оптимистот ќе му потонат сите бродови, тој не губи надеж....туку ги гледа како подморници!
ОПТИМИСТ ЕДНОСТАВНО ТРЕБА ДА СМЕ СРЕЌНИ ЗА ТОА ШТО СМЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ А ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ИМА РЕШЕНИЕ!!! ТАКА БАРЕМ СПОРЕД МЕНЕ ЈАС СУМ ГОЛЕМ ОПТИМИСТ СЕКОГАШ КОГА КЕ НАИДАМ НА НЕКОЈ ПРОБЛЕМ СИ СЕ ТЕШАМ САМА И СИ ВЕЛАМ ДЕКА ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ИМА РЕШЕНИЕ ПА КЕ ГО НАЈДАМ НЕКАКО НЕ СУМ ОД ТИЕ ШТО ТРЕСКААТ ГЛАВИ КОГА СЕ РАЗОЧАРАНИ ЗАТОА ШТО НА КРАЈОТ ИЗЛЕГУВА ДЕКА НЕ ВРЕДИ ЗА НИШТО ДА СИ ГО ТРОШИШ ЗДРАВЈЕТО И НЕРВИТЕ.
браво вивичка се сложувам до збор,јас сум си борец и дај боже таква да си умрам,поинаква не би се сакала самата јас
јас сум роден оптимист , секогаш размислувам позитивно за работите без разлика дали се реални или не . Верувам во мојот сон но не го сонувам животот .Мислам дека почнувам да го живеам сонот И секогаш мислам : внимавај што посакуваш , можеби и ќе ти се оствари