Оптимист, вечити.И кога ме фаќаат напади на песимизам гледам да се разведрам ако треба и на сила.Само добра мисла пред се.
Реалност или златна средина Сакам да одам цврсто по земја,а не да летам во облаци...Сепак повеќе сакам оптимизам,и сакам такви луѓе во друштво
Си признавам песимист сум, за мене чашата е секогаш до пола празна, а не до пола полна....(ама како и другиве ќе се тешам дека сум реалист) Леле не знам ама често на нешто лошо мислам, се мразам поради тоа. Пробувам да не мислам така, да верувам...ама многу ми е тешко. Не дека сум мрачна, баш спротивно, зборлеста сум , со доза на воздржанот, се смеам, го сакам луѓето...ама... На пример ако ме боли нешто јас мислам дека е нешто најлошо.Или не дај Боже нешто да им е на моиите најблиски Кога патувам мислам дека нешто ќе ми се случи...а бе за никаде сум...
порано бев голем оптимист, но како што минува времето, како се повеке ја согледувам реалноста, станувам се поголем и поголем песимист
Јас дефинитивно сум песимист..незнам зошто ама секогаш имам страв од тоа да не излези нешто како не треба некогаш е и добро да си песимист зошто кога ке излези се во ред си пријатно изненаден
повеќето песимист иако се трудам да бидам оптимист ама тоа повеќе ме надвладува се нешто сум несигурна
Закоравен оптимист со детално разработени песимистички сценарија и уште по по по...песимистичка смисла за хумор абе реалист, аналитичар клет во душа... професионала деформација
Дефинитивно оптимист.. сите кои ме познаваат кога се тажни или несреќни доаѓаат кајмене за утеха иако според мене најдобро е да се биде реалист
Па не можам да кажам, реална сум не сум нешто како -Еј ќе видиш ќе биде подобро, чудо ќе се случи. Но ниту пак како -Никогаш нема,никогаш знам дека ќе биде така знам никогаш нема да биде добро, никогаш.
Зависи од ситуацијата. Кога се другарките во проблем,обично сум оптимист.Некогаш и песимист...или можеби само реалист.