1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за воведување СМРТНА КАЗНА за силувачи и педофили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keanu_R.Wick, 28 декември 2019.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Машки
    Пред неколку месеци на форумот пишав за амбициозниот план да иницираме закон кој во собранието ќе се изгласа а истиот да донесе опција смртна казна за педофили и силувачи, па и за изживувачи на миленичиња.

    По разговор со неколку луѓе од најголемите политички партии во Македонија, сите беа едногласни, таков закон ќе ѝ штетел на Македонија во евроатлантските перспективи и слични фантазии, по што јас не ни почнав да собирам потписи по што истиот предлог со собрани над десет илјади потписи би преминал на дневен ред во парламентот.

    Деновиве слушнавме за монструм од Србија кој после 12 години затвор за силување, бил пуштен. Кратко потоа киднапирал ДВАНАЕСЕТ ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ и им нема трага и глас.
    Во потерата по киднапираното девојче и монструмот се вклучени околу 700 полицајци, засега за жал нема траги ни од девојчето ни од монструмот.

    Сакам, со цело срце и душа, со цел разум, сакам да направиме сѐ што можеме, тука во Македонија да се донесе закон СМРТНА КАЗНА за силувачи и педофили. Нивните фантазии за аспирации се нивни, нас не нѐ интересира тоа. Нас нѝ е најважна физичката и психичката безбедност во никаквото општество кое нѐ опкружува.

    Дајте идеи и начини кој е патот за креирање на таков закон.
     
    На Ladybug98, Цвет88, RedRevolution и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не поддржувам постоење на смртна казна поради едноставна логична причина.

    Кое и да е направеното дело што тврдиме дека заслужува смртна казна, секогаш има дело што е понеморално од тоа.
    Пример: монструозна творевина силува 5 деца.
    Заслужува најстрога можна казна така? Да, ама тогаш како би казниле некој кој силувал 5 деца и потоа ги убил? Тоа е полошо и заслужува поголема казна.
    Како би казниле некој кој силувал 6 деца и потоа ги убил? Тоа е уште понеморално злодело.

    Едноставно е. Бесконечно строга казна бара бесконечно неморално дело, а такво не постои, од чиста причина што секогаш има дело кое е полошо од претходното.

    Друга работа, бидејќи не верувам во казна на *оној* свет, сметам дека смртта во суштина е спас за овие индивидуи. Наместо да се соочат со доживотна мизерија што ќе ги натера вистински да се покаат, едноставно им се скратува постоењето, праќајќи ги во состојба на несвесност и несентиентност (зборов малку си го измислив). Како е тоа казна воопшто, кога испаѓа нема никаква последица на нивната добросостојба?
     
    На Peperutce1115, bicycle, faye и 14 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Смртна казна по мене е милост. Напакостил, уништил многу животи и после само си умира и никому ништо, по него уште сите страдаат повредени и трауматизирани. Нека осети копилето болка доживотно, хемиска кастрација башка.
     
    На Peperutce1115, bicycle, faye и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Машки
    Ќе го кастрираат ќе почне да убива откако ќе го пуштат од затвор. Лела погоре пишала дека смртна казна е неприфатливо, но друго решение не гледам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Убиец нема да го пуштат од затвор. Доживотно пример.
    Смртна казна е вистина неприфатливо, не од хуман аспект, воопшто, туку од аспект дека тој некој уствари не одговара за то шо го нарпај. Не осеќа никакви последици од акциите. Зошто умре.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, SStasia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    4.879
    Допаѓања:
    164.784
    Пол:
    Машки
    Некој ако направил такво злодело, па уште и го повторил истото откако бил ослободен од затвор, нема причина да го чуваш и да го храниш на државна сметка до крајот на неговиот живот. Тие пари може да се пренаменат за нешто покорисно.
     
    На ane.bella, RedRevolution, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    За тој што ќе умре откако ќе направи гнасотии можеби е спас а не казна, ама можеби тој што сака да направи ќе размисли два пати, секој се плаши од смртта... Барем така се надевам...

    Секогаш сакав ваквите животни да ги носат на плоштад, врзани како стока, да можам да ги плукам, да мавам со камења, со клоци, со стап.
     
    На Snowflake97, Nithya, elenaxbbg и 6 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас само сметам дека треба законски да им се овозможи на оштетените правдата да ја земаат во свои раце без да одговараат.
    Смртта би била најправедна казна за такви дејствија, ама земајќи предвид дека манијакалноста во високите кругови секогаш ќе минува без последици по сторителите, и не ќе е баш праведно ако размислиш по втор пат.
    И Европа нема да ти дозволи ваква замисла да се реализира, така што, дури таму не почне да се спроведува, нема ни овде, џабе ќе ти даваме идеи. Поздрав.
     
    На RedRevolution и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    За педофили и силувачи ја би кастрација.Доживнотно да се мучат и да имаат нагони, а да не можат да го стаат негде да ме извините.
    Смртта би била прелесна казна за нив.
    Вака, кастрација+затвор.
    Ем не е на слобода ем нема да има односи и ќе си умре од желбата да повреди некого.
    А во случај на серијски убијци и убијци со тешки дијагнози, поддржувам смртна казна.
    За терористи итн..
    Смртната казна е легална во 56 земји меѓу кои и САД.
    Ние ,,сироти” ни доживотна немаме.
    40год е максималната казна.
    Али добро нас ни е пореметен системот.Тие што крадат на велико се надвор, тие што украле ќебапчиња се во затвор.
    ,,Павилијон бр.6” на маалце поинаков начин..
     
    На shz, Цвет88, elenaxbbg и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Око за око, заб за заб. Хамурабиев закон за ваквите е лекот и тоа јавно на плоштад да се изведува.
     
    На RainbowButterfly и irrelevant им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick ова прашање има многу поголема суштина отколку само оправдување и имплементирање на смртната казна, туку и самиот концепт за содржиноста на таквата драстична санкција во позитивното право, разгледувано од аспект на филозофијата на правото.

    Постојат доста препирки околу смртната казна и истите се доста јасни и разбирливи ако се земе во предвид нивната тежина. Смртната казна има непоправливи последици откако ќе биде спроведена, па макар и да се докаже дека погрешно досудена, а факт е дека ниту еден правен систем не е 100% веродостоен за секој случај. Следствено на тоа, би морало да се направи категоризација за тоа кои кривични дела би биле санкционирани со смртна казна, односно истата да не се применува само врз силувачите и педофилите бидејќи очигледно постојат кривични дела кои имаат далеку поголема тежина од нив.

    Смртната казна е нехумана бидејќи доведува до престанокот на постоењето на еден човек, односно истата без сомнение предизвикуваа соодветни чувства кај човекот, односно народот. Тоа е желбата за одмазда, па и освета која бара да биде задоволена.

    Престапувањата како силување и педофилија преставуваат зло, меѓутоа ни смртната казна не претставува помало зло, а зло со зло не може да се лекува. Казната е нужна последица од начелото за правдата. Направеното зло мора да се казни со ново зло, со казна за да се обезбеди правдата поставена на принципот на рамнотежа - направеното "зло" се надоместува, урамнотежува и така и се поништува со новото зло - со казната. Со ова всушност се поставува прашањето за мерката на санкцијата која може да оди од најтешка - смртна казна - до најблаги казни како укор, предупредување или некој вид на превоспитување.

    На тој начин, потребно е да се утврдат причините за тоа кои санкции се соодветни за силувачи и педофили и зошто, и уште поважно, како смртната казна се доживува во компарација со последиците од тие злосторства.

    Мислам дека, од одреден аспект, можам да разберам зошто ти ја перцепираш смртната казна како единствено и/или најрационално решение. Имено, ти ја сметаш смртната казна како еден вид на самоодбрана, во поширока смисла која како право нема да му припадне само на еден човек, туку на целото човеково општество. Со смртната казна би се спречило силувачот/педофилот и понатаму да врши сексуални напади, а во таа смисла би служело како поука и за останатите како него.

    Смртната казна, поради ова, не е ништо друго освен пречекорена нужна одбрана.
     
    На BoneMachine и RosettaStone им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Каква смртна казна бре. Знам дека се револтирате премногу кога ќе слушнете за педофили и силувачи, но знаете зошто постојат правните системи? За да не изгледа светот како дивина со животни. Да сме ја земеле правдата во свои раце, какви глупости читам. Не сме животни и не делуваме само со инстинкт. Ќе се испоубиевме сите ако беше така правилно. Не поддржувам смртна казна. Народот треба да биде вклучен во се', но секој криминалец пред да се осуди поминува низ темелно темелно темелно испитување, рочишта, обвинители, бранители и не е така едноставно како што нас ни изгледа. За да можеш да бидеш праведен кон криминалците и кон жртвите треба да го познаваш правото, а не ајде петиција за смртна казна како животни да сме. Постојат многу степени на казни и јас не се чувствувам компетентна да коментирам за нешто толку големо како што е смртната казна.
     
    На CameliaMiller, wendy2, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ај не туку треси глупости ко да знаеш психологија на педофили. Цел живот луѓе посветуваат на истражувања, он сега ќе не просветли на форум што ќе правеле кога ќе излезеле
     
    На CameliaMiller и Sejfullai им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Кое темелно бе.
    У нашава пореметена држава ништо не е темелно.
    Плус шо ако лежи затвор, а коа ќе искочи пак силува некој а?
    Ако не сме животни нека си ги контролираат нагоните и нека си го држат другарот на место.
    За такви копилиња нема оправдување.
    Самиот збор силување/педофилија кај мене ствара таков гнев што буквално станувам друга личност и збеснувам.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ко прво јас не зборам за тоа како е во нашата држава туку како треба да биде. Смртната казна не се воведува во однос на тоа каков е правниот систем во една држава. Демек овде сме темелни, не воведувај смртна казна, овде не сме темелни, ајде ќе ги убиеме сите.
    И не излегуваат сите од затвор. Постои доживотен затвор. Постојат милион мерки што се преземаат за ако обвинетиот излезе, да биде поинаков. Ако не е поинаков, не го пуштаат. Така би требало да биде. А не ај превентивно ќе ги убиеме сите. Тоа ти што збеснуваш е твој проблем и криминалните дела не се третираат во однос на тоа колку ти збеснуваш. Оди на правен, магистрирај, докторирај со сите 10ки, стажирај и после збори ми за смртна казна. Една работа што никако не ја капирате во вакви дискусии е тоа што ако ние не поддржуваме смртна казна не значи дека ги оправдуваме педофилите. Не значи дека ги поддржуваме да одат и да силуваат. Не туку летај од една крајност во друга.
     
    На CameliaMiller, candy.cane и Sejfullai им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Генерално се согласувам со тебе и не ја поддржувам смртната казна, меѓутоа мислам дека прашањето за смртна казна има и поинаква позадина отколку само инстинктивна.

    Факт е дека државата претставува организирана сила на која пристапува помал или поголем број на нејзините граѓани. Во таа правна држава, правото на смртна казна потекнува од истиот извор од кој и сите други права. Правно е не само дозволено, туку и обврзано да се изврши смртна казна кога таа е пропишана. Поради ова во одредени држави е сосема прифатливо спроведувањето на ваква санкција.

    Тоа што е во основа на смртната казна мора да се бара надвор од правото во моралните вредности или на друго место, а не во самото право. Смртната казна може да се оправдува или да се оспорува, но тоа што останува тоа е јавното мислење, односно мислењето на тие кои го создаваат правото за смртна казна. Моралните вредности во овој случај треба да служат како општествена творба, меѓутоа проблемот лежи во тоа што тие немаат генерален, односно универзален карактер. Така, за едни смртната казна ќе биде оправдана, додека за други не. Зависно од бројни фактори кои имаат влијание на моралот на луѓето.

    Решението на оваа проблематика лежи во обидот, од гледна точка на објективното право, односно моралните вредности да се оправда или да се осуди смртната казна. За да се успее во тоа, мора да се има еден став за правото и моралот како објективно дадени, а не само како општествени творби. Но ставот за објективното право и моралот се сепак доста различни. Истото не претставува прашање на факти, туку прашање на вредности, а судовите кои одлучуваат за вредностите, повторно не се исти, туку се различни, за жал.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Нема доживотна казна кај нас пријател/ке.
    40години е максимална и таа е демек доживотна.
    Кои мерки бе?Идризово е КПД-Казнено ПОПРАВЕН дом.
    Има опција и за лечење со психијатар таму колку што знам.
    Кој ќе отиде да се излечи?
    Педофилијата а и силувањето(било кој) се БОЛЕСТ.Тие луѓе НЕ МОЖАТ да си ги контролираат нагоните.
    Нит затвор нит психијатар ќе ти помогне со тоа.Само Горнион коа ќе му отидат.
    И да, ја би ги убила сите до еден.Затоа што тоа заслужуваат
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Вие слепо слушајте системот како ќе каже, и системот ве слуша вас. :rofl:
     
    На GirlLove и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Колку и да не прават гневни одредени криминални дела, смртната казна е нечовечка, не во смисла на сожалување, туку во смисла дека оди против целиот труд на човештвото да изгради едно цивилизирано општество.

    Затворите имаат освен казнив, и воспитувачки карактер, што не значи дека треба да се очекува од криминалец да излезе сменет човек од затвор (најголем процент од времето тоа не се случува), туку треба да се претпоставува за затворот дека направил се за да го рехабилитира.
     
    На CameliaMiller, smooch, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.