1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за укинување на матура за учебната година 2021/22

Дискусија во 'Политика и настани' започната од _beautyy_, 28 април 2022.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    Матурата е прелесна, ама со оглед на тоа колку секоја нова генерација станува се помрзелива и опседната со социјални мрежи наместо да учат, не сум изненадена дека се бара укинување.
     
    На ElenaOfRivendell, Glowy, Lady D ❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Не им се учи.
     
    На ElenaOfRivendell, Glowy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Сарказам беше...
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Ако речиси цела европа се идиоти, не значи дека треба да бидеме и ние.
    Обратно треба да речете: не можи вчера им прднало на ЕУ матурски испити да измуслуваат па ајде сеа и во Македонија истата глупост да се практикува. Матурскиот испит е бесмислен. На крајот од школската година учениците си се веќе оценети. Ако толку инсистирате на матурски испит, нека бие само македонски јазик, колку да не си заминат неписмени средношколците од средно. Да речеме некој сака да студира јазици... што ќе ѝ/му е математика, биологија, хемија... и обратно.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.341
    Матурата не е воопшто лесна ако не се препишува. Скроз е нефер, некои поминуваат одлично, некои ужасно. Да зависи твојата судбина од тоа кок тестатор ќе ти се падне стварно нема смисла, и според мене треба да се укине, со тоа што ќе се воведе приемен испит на сите факултети. И тогаш ќе има врскаџии, но во многу помал број со оглед на тоа што секој факултет сака да прими солидни студенти.
     
    На skizze, Srckata28, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    10.468
    Пол:
    Машки
    Статистиката не кажува баш така… :mm:
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    15.605
    Пол:
    Женски
    Биологија, хемија и математика не се полагаат задолжително на матура. |(
     
    На ElenaOfRivendell, daylight, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Лесна е. Освен математика што знам дека им беше многу тешко, другите предмети бараа буквално површно спремање. А јас па се преплашив дека ќе биде којзнае колку страшно и со месеци учев.
    Инаку дека ќе има помалку врскаџии на приемен затоа што факултетите сакаат солидни студенти?? Не студираш на државен факс така? :D
     
    На ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.341
    Јас можам да зборам за себе лично, на времето јас кога полагав, пред некоја година, не беше лесно. Имаше прашања за теми што воопшто ги немаме учено. И можам да ти кажам кај нас колку нереални резултати имаше. Деца што ништо не учеле ич 4 години вадеа 5ки, а некој што стварно учел и се паднал во таква група со “строг” тестатор 4,3.. и после тие ќе ти земат место на факс зошто им се паднал “добриот” тестатор.
    На државен студирам, и стојам на ставот дека врски имало, има, и ќе има. Не е тоа поентата, тогаш врските ќе се малцинство, а матурата ти е буквално руски рулет.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Финта е шо на пример, македонски, што обично ги заебе сите, кога им даваат клуч за прегледување, еден ден пишува дека се прифаќа само еден одговор на одредено прашање, друг ден две варијации на одговорот и така било многу нефер. Ова ни го кажуваше професорката моја по македонски која се пријавила да прегледува, а после тоа се откажала пошто сфатила дека се прават некои муќки за џабе.

    Глупо е да ги нарекувате новите генерации мрзливи пошто ниедна генерација не сака да учи, не филозофирајте сега.

    Да бидеме реални, не беше фер што во 2020 се укина матурата кога до март идевме во живо, а после наредни 2 генерации со онлајн и со штрајкови ќе полагаат. Има логика да бараат укинување и оваа година.
     
    На skizze, Anah и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    На факултети во Мк кај што со врски може да положат луѓе кои воопшто нема ни да се појават на испит, приемен би бил најнерелевантното нешто.
    А идејата е сосема во ред, ја поддржувам, но не во овие услови.
     
    На Nane2356, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.442
    Пол:
    Женски
    Приемен ќе ги зезне. :D
    Матурата е лесна за тој што учи.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.341
    Абе точно, ама тогаш така ако гледаме која е поентата од матура? Тие што се со врски секако ќе си влезат кај сакаат, имале ли 70 поени или 99.
     
    На sino.o.oka и @ceci11 им се допаѓа ова.
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Резултатите се „нереални“ поради лошата реализација на матурата, односно препишувањето, дали ќе ти дозволи тестаторот или не. Матурата како матура е убав концепт и може да покаже многу реално знаење, што првите години од воведувањето и било реално. Сега е направено катастрофа со масовниот препис.
    Да, ама професорката заборавила да ви каже дека постои проговор и дека во ваков случај ако ти е точно, ќе ти е усвоен.
    Не е глупаво да се нарекуваат мрзливи, дека навистина се и како што доаѓаат генерацииве се помалку и помалку учат.
    Ни во 2020 не беше фер укинувањето, а за лани и за годинава уште помалку е фер.
    Во 2020 беше многу политички одиграна одлука и се протна одлуката со короната, ама сега навистина нема причина да се бара укинување.
     
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова со приговорот?
    До сега имаат многу направено приговор, остај тоа шо треба да платиш 500 денари, нема да ти се уважи. До сега ниту еден приговор не е ВАЛИДЕН.

    Едно, не секој би имал да одвои 500 за некаков си приговор, друго и да одвои нема фајде од него. Познаваш ти некој кој испратил приговор и му бил признат? Ни јас.

    ....
     
    На skizze и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Оф-топик.

    Не е сигурно до гените на поновите генерации тоа што имаат послаб академски успех колективно. Јас имам 6 години помала сестра и имам толку емпатија спрема сите помлади генерации од мене, што се израснати во поинакви времиња, мислам на технологија и уште поуникатно, за време на пандемија. Квалитетот на образованието опаѓа секоја година, многу лоша и поразлична им е основата од првите години во училиште.

    Многу е лесно да кажеме дека „новите генерации се мрзливи“ без да земеме предвид дека тие деца некој ги израснувал во поразлични времиња.

    Јас не сум нешто постара ама се осеќа таа разлика за која ти збориш и не кривам никого што сака матура да се укине после штрајков, кога најмногу требаа да се спремаат со професори.
     
    На skizze, sino.o.oka и Glowy им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    5.289
    Пол:
    Женски
    На мој школски му беше прифатен приговор, ама многу малку поени само му беа додадени, мислам дека оцената воопшто не му беше сменета.

    Инаку, не е идејата за матурата толку лоша, колку што истата лошо се изведува. Буквално е среќа и препис, бар кај нас така беше. Соученичка која беше буквално со сите единици, извади појаки оцени на матура, од претходно спомнатиот соученик, кој инаку беше со сите 5ки, и денес ми е колега и е солиден студент.

    Да не се лажеме дека матурата е реална, и свесни сме дека нема ни да биде, се додека се дозволува масовно препишување и решавање од професори. Е тек кога ќе биде се чесно и поштено, а сите знаеме дека тоа кај нас многу тешко дека ќе се случи, тогаш ќе се гледа кој стварно учел, а кој не учел. Вака како што е, нема никакво рангирање, само тој што е „поснаодлив“, подобро ќе помине.

    А дека е нешто претешка матурата, не е , ако реално си учел во претходните 4 години (и си читал лектири :lol:). Можеби изгледа страшно кога си матурант, и јас кога требаше да полагам си мислев којзнае што е, ама од сегашна гледна точка, не е нешто посебно.
     
    На IRBBB, skizze, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Многу сериозно.
    Ако ти не познаваш не значи дека автоматски нема.
    Конкретно јас познавам и за македонски и за англиски и за математика и за другите предмети деца со усвоени приговори, по усвојување и парите им ги вратија. На сите им беше корегиран перцентилниот ранг, а на некои и оценката.
    Скоро секоја година третина до приближно половина од приговорите се усвоени.
    Се согласувам со тебе, не се сами од себе така мрзливи родени, и многу други фактори влијаат на тоа, пример цел образовен процес, самото време во коешто живеат, околината, се тоа доведува до мрзлива младина што помалку учи.
     
  19. skizze

    skizze Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Само матурата да беше проблем ќе беше убаво ама кај нас за жал треба цел едукативен процес да се ревидира.

    Годинава сигурно нема да се укине матурата штом лани после година и пол онлајн учење не ја укинаа ама нека си ја пробаат среќата може ќе им скратат материјал. Туку нека не бараат преку онлајн петиции, ништо работа нема да завршат, нека го пуштат самонагласенион претседател на „сојузот на средношколци“ да се умилкува на политичарине.

    А за нефер, секако би било нефер. Во 2020 им ја укинаа матурата и средношколците на факултет се запишуваа со стандардните оцени колку што помнам. А нефер оцени не се ставаат? Мои соученици ќе се утепаа учејќи цела година, некој со прст нема да мрдне и на крај сите 5ки бидејќи мамичка се јавила кај професорите.

    Матурата не е толку страшна. Знам какво е чувството бидејќи и јас лани кога полагав мислев кој знае што е. Најмногу ми беше страв за македонски бидејќи имав професорка којашто четири години ништо не немаше научено. Кога седнав да учам, за една недела ги прочитав сите лектири што ги имавме пропуштено и ја научив граматиката. Се зачудив бидејќи е навистина на основно ниво, многу од работите ги знаеш онака од општа култура, а тек да имаш работено четири години со време, само еднаш да го читнеш прирачникот и спремен си. Да, има кецаши кои поминуваат одлично, ама ако имаш научено мислам дека нема многу од што да се плашиш. За фрустрации... секако ќе има, колку и да си спремен. Ќе се молиш за добар тестатор, ќе се молиш да ги трефнеш двосмислените прашања (што патем многу ги има), ќе се молиш да ти се погоди тој што ќе ти го прегледува испитот, ќе се молиш за високи перцентили ако планираш да се запишеш на факс каде што има голема заинтересираност и така.

    (Начинот на којшто се реализира) матурата можеби е жива глупост ама што и да се спроведе во државава ќе биде жива глупост :(
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.341
    Токму тоа и го зборам, дека моментално не е реална, а иначе концептот, тежината се супер. Тоа без препис може да функционира во некој друг свет. Затоа, идеално решение и доста пореално според мене би било приемен на факултет. Ем боље кадар, ем нема секој втор факултет да има. Треба малце да се скрати бројот на студенти на одредени факултети- правен, економски, филозофски, филолошки, џабе се трупаат кадри кога нема работа по струка. Со приемниов би се направила реална селекција(делумно, за повеќето)
     
    На skizze и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.