1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако сакаа да скријат немаше да се објавуваат цело време вести за ова, убиени 5 души, еден од убиените постар жител, МВР трага по сторителите, како изгледаше местото на убиство, веста пренесена во регионот, не било пронајдено оружје, го убиле брат му пошто бил сведок итн итн итн!!! Да премногу е трагично што 4 млади лица, па и еден средновечен човек го загубија животот, но доволно е да има едни вести во кои се тоа ќе биде објаснето, и уште едни кога ќе се дознае за сторителите. Но не, кај нас мора се да се цепка за да се дигне тензија и да се јават 98568576 претпоставки, делумно сите погрешни!
    И сега сигурно многу нема да се согласат но, тоа што момчињата немале досие и комшилукот ги знаел како мирни деца апсолутно не значи ништо. Јас пред две недели дознав дека мој другар, со кој се знам две години, е дилерче. Неговите да не знаат? Да не знаат неговите комшии? Да не знаеше некој од друштвото? НЕ, никој не знаеше нити некогаш би помислиле. На најслучаен начин се дозна и тоа пак не знаат сите само 5-6 души. И не, не се работи за марихуана и да речам „ситни“ дроги туку за многу посериозен криминал. Нити дечкото има мањак пари, а овие деца голема е можноста да имале, а човек кога има такви проблеми на се е решен. Не не сакам да им ја валкам душата со погрешни обвиненија, но излишно е да се даваат претпоставки затоа што нивните комшии рекле дека се мирни деца. Не се знае, кога ќе се дознае ќе пцуеме и шиптари и дилери и се по список. А до тогаш медиумите не мора на секои 15 минути да објавуваат по нешто за да дигаат тензии и рејтинг.
     
    На ell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ццц вие нормални ли сте бе што зборите?
    Нити некој знае што и зошто се случило, ама битно урлате по форуми за некакви си војни, оставки, мафии.
    Што ќе ви е оставка од Јанкуловска, што очекувате да направи, да ги дигне од мртвите? МВР не е ЦСИ Лас Вегас па преку ноќ да решава вакви случаеви, тоа е процедура што може да трае со месеци. И да се знае нешто, не може се да се каже на тв, мислете малце.
    Второ, молете Бога да не се албанци и да не дојде до војна, зошто им летнаа главчињата на вашите татковци, браќа, дечковци, роднини. Да видиме после дали ќе барате војна.

    И не туку зборете за тоа каква е Македонија, истите вие ја величавте и се фалевте дека сте среќни, горди Македонци во неколку наврати. Другиве народи можат само да сањаат да живеат во волку мирна земја. Идете живејте во Ирак па кажете дека Македонија била ужасна. Ушта па за народот ќе зборите. Заборавате дека и вие сте дел од тој народ, што го нарекувате глуп и прост.

    Мислам, јасно ми е се, дека сме сите изреволтирани и на сите ни е жал, ама многу бладате, многу. Уствари ваквите како вас ја ствараат цела тензија, не МВР.
    Кога ќе се знае кој и што точно направил, тогаш плукајте, а не на празно.
     
    На Alanna, booba, Dushica-sk и 15 други им се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Значи медиумиве од секад ја играле овцаа игра за се нешто што и да се случило.

    Ја само се плашам дека и овој случај ке се замачка и на крај ништо нема да биде, а ниту пак дотичнава ке поднесе оставка, а наааааајмалку дека ке мрдне со прст да направи нешто.
    Ако позади ова стојат албанци, па не и иде на Дотичнава да го решава случајот, или навидум пак, ке го реши случајот ке ги најде копилињата, АМА по неколку години ке ги помилуваат. Ко што беше случајот со гадовите што убија невини македонски жртви во војната, нечии татковци, А овие пак ги помилуваа. Правдата за Нив е истерана ..

    Така и сега. Не ме чуди и не се надевам дека нешто ке се промени и направи, се додека не почуствуваат на нивна кожа како е да изгубат најмило.

    едит.

    n.a.t.t.y

    Оставката на Јанкуловска не ке ги дигне од мртвите, ама можеби ке донесе многу по позитивни промени и позајактната сигурност.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.161
    Допаѓања:
    258.144
    ^^
    Па форум е ова девојче, овде пишуваш мислење. Што сакаш не знам? Да не пишуваат?
    Колку време и треба на полицијата да расчисти убиство на петмина а? Нели се фалеа дека се многу добри и спремни? Епа ајде, каде се сега.
    Петмина се убиени, пет. Четири деца. Алоо. Ви значи тоа нешто???
    Убиени се на грозоморен начин, построени како некогаш што ги постројувале во Босна и убиени.
    Н,е оваа не е сторено во афект, оваа не е сторено случајно. Ова има позадина.
    И да, се бара оставака и од Јанкуловска. А знаеш зошто? Зошто се убиени петмина, затоа што безбедноста во моментот е рамна на нула. Деца се убиваат како кучиња, ете зошто.
    Пред некое време украински ли унгарски ли министер, не се сеќавам што, си даде оставка бидејќи докторската дисертација му била плагијат, а овде се убиени 4 деца и еден човек кој имал само 45 години, а министерката изразува сочуство и повикува да се смират тензиите. Како? Како да се смират тие родители. Како?
    И доста со тие коментари ќе ве молам. Не е време за партиска пристрасност. Во случајот на Мартин постоеше, ами и сега ли?
     
    На crazyinlove19, Miss.Ricci, esperanca и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625

    Од збор до збор се сложувам.
    А да искочат сите на плоштад да направат неред против Албанците и после да се утврди дека убиецот е Македонец уствари?!?! Е тек тогаш што може да се случи и каков контра ефект може да има и без причина може да се направи дупли проблем!
    Најдов една страна/група на фб, можеби и тука ја имаше не знам. Искрено ми се згрози од коментарите. И сите тие што пишувале се до 19-20 години. И после се правиме попаметни и поучени од Албанците? Епа изгледа не ќе да е така...
     
    На Stam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Истрагата е сеуште во тек. Зошто веднаш морате да ги поврзете работите на национална основа и политика?

    Можеби некој им љубоморел на фатените риби, можеби бил психопат во прашање... Неодамна во Швајцарија биле испогазени со кола повеќе луѓе. Низ коментарите во македонските весници веднаш почнаа коментари од типот сигурно бил албанец. На крај се испостави дека се работело за етнички македонец но психопат кој избегал од психијатрија додека бил под тешки дроги. Треба ли сега швајцарците поради тоа да ги протераат сите македонци од Швајцарија?

    Оладете малце и оставете време и простор полицијата да ја доврши истрагата во целост.
     
    На MSkorpionka и ell им се допаѓа ова.
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Немам ништо лично против тебе, ама ти беше таму за да видиш како биле постројани? Им веруваш на тие рекла-кажала новинари? Ако си била, слободно раскажи ни, ако не се што ќе кажеш е одвишок.
    Министерот е од Германија...

    Од едно до друго уво, на крај каша попара.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    А каква сигурност треба да има на тоа езерце како што разбрав е некаде надвор од градот, значи убиствово не се случило во градот туку надвор од него и ако имало некаков чувар тоа е тоа. Значи воопшто не држи вода мислењево.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.161
    Допаѓања:
    258.144
    ^
    Не бев, но со такви информации излегоа медиумите и полицијата.
    Четирите деца биле едно до друго наредени, а повозрасното лице крај колата.
    Јас сеуште не ве сфаќам зошто упорно се обидувате да оправдате нешто?
    Мислењето не ми држи вода? Зошто?
    Не беа убиени петмина?
    На безбедноста мислев општо, бидејќи пред некое време се тепаа луѓе низ автобуси.
    Мене ми се смешни вашите мислења.
     
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Таман работа да не пишувате, јас само искоментирав на напишаното.
    И се извинувам, не знаев дека од моментот кога Јанкуловска ќе даде оставка сите ќе станеме побезбедни и ќе ни процветаат ружи. Чим така, и јас сум за нејзина оставка.

    Муабетот ми беше да не се правиме сите многу паметни на празно, ништо повеќе.
    А во случај да сте сите доктори по криминалистика, јас длабоко ви се извинувам и ве замолувам да тркнете до МВР да го решите случајов.
     
    На Cence, wish, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Не можам да оправдам или осудам никој, затоа што уште не се знае кој е убиецот. Да, беа убиени 5. Тешко кривично дело и жал ми е за фамилиите. Ама постои нешто што се вика процедура/постапка. Единствено што се надевам е дека нема да ги осудам институциите за нивно неизвршување на обврските...
    Безбедноста е исто лоша во последно време ама не може се да се стави во ист кош додека не се дознае кој бил мотивот за убиството.
    Во случај да тоа биле АЛбанци и имале некои меѓуетнички мотиви, е тек тогаш може да збориме, Албанците се вакви или такви... (генерално знаеме какви се, ама не треба и ние да се буткаме во нивниот кош ;) )
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.161
    Допаѓања:
    258.144
    Во моментот нема место за иронија и сарказам.
    Сите ги погоди случајот, никој не остана имун, па очекувани се и вакави реакции.
    Што очекувате, да не плукаат?
    Ќе се плука и тоа како. Згрозени се луѓето, а има и зошто.
    Во вакви моменти, емоциите се посилни.
    Луѓето бараат одговори, мора брзо да се дејствува и да се дадат тие одговори, во спротивно тензиите ќе бидат уште поголеми.

    Оставката на Јанкуловска, што знаеш можеби ќе резултира со поголема безбедност во државата. Во текот на нејзиниот мандат се случија многу вакви слични настани. Сепак за секоја работа постои одговорност. Ако не си способен да ја вршиш, тогаш можеби има некој кој поуспешно од тебе ќе ја води.
     
  13. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Била запалена Албанска куќа? - ова го слушнав на хрватските вести. :x Браво за нас - ако е така. Викаме на нив, а ние се покажавме бетер.. За вакви избрзани и непромислени постапки не се добри последиците. Пак ќе кажам - колку и да се сомневаме дека се Албанци - се уште не е докажано и не треба да се избрзува со вакви работи. Немојте луѓе ... :doh:
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Луѓе ве молам, нема потреба од расправии. Секој има право на свое мислење па дури и да бара оставка од Јанкуловска. Не треба да се караме, баш во овој момент треба да бидеме заедно и да се поддржуваме.
     
  15. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Нема ништо такво.
    Ова хрвативе го виделе од Албанските медиуми. Ако имаше нешто вакво до сега ќе го имаше и низ сите наши медиуми.
     
  16. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Се надевам дека е така. Само да не испадне нашиве го прикриваат..
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Natty, во ред е да се изрази револт меѓу граѓаните, со таа разлика што кај Македонците револтот е најистакнат по фејсбук,твитер и по сите актуелни форуми во моментов, а кај Албанците револтот за што било се истакнува на улица.

    Во секој случај,тука постојат мислења што мирисаат на партија. Незнам дали добивате некакви поени или ви се ветува работно место, но заборавете барем за момент на лични препукувања за тоа кој за што е крив.
    Што и да ни направат нас од надвор, ние прво меѓу себе се испоубиваме за тоа дали власта или опозицијата е крива, дали настаните се последица на некои минати настани кои се случиле во време на другата партија, па после да ни текне дека штетата ни е надворешна,а не внатрешна.
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    А јас ги замолувам сите партиски активисти на владеачката ни партија (а гледам ве има многу) да престанат со агитација и бранење на нешто што е неодбранливо, барем во вакви моменти.
     
    На esperanca и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Хрватите се др приказна, од секогаш биле приклонети кон шиптарите од Балканов.

    Дај доста со критики, самокритики и препукувања дај да сме во заедништво и единствени, мислам на нас македонциве. Разумни сме совесни барем кога се работи за ова, македонче никогаш не дига рака на другите. Искрено и ми е криво што толку толерираме и трпиме. Може и ние да си дозволиме да не понесат емоции, бес, лутина ... затоа што кој стигна не дере бре!
    Добро не се знае сторителот ама веќе сме навикнати од одма да посочиме кој може да е. И секогаш таа веројатност била точна. Како и да е МВР овој пат не смее да си дозволи да заташкува и прикрива факти. Треба што побрзо да се расчисти случајот и да се изведат јавно сторителот/сторителите на ова грозоморно убиство пред суд. И сум за смртна казна, да.
     
  20. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    Сочуство до фамилијата,до Македонскиот народ..на овој најтажен Христијански ден нашиот господ бог мора под своја закрила нека ги земе и овие наши чеда..децата и повозрасниот се убиени ладнокрвно,перфектно чисто што мене ми кажува дека мотивот неможе да биде лична пресметка,бидејќи ако е така убиените би биле вооружени и секако ако знаеле дека се во судир со некого би биле многу внимателни.Јјасно е како ден дека не би се изложиле на толкава опасност и на такво место...
    По мене настанот е исклучиво политички мотивиран и изведен од поголема група на супер професионалци со јасна цел и со подршка на некаква логистика....зошто така мислам..
    пр.местото е одвоено од населено место но е често посетено од луѓе кои сакаат риболов,осаменост и каде не е греда ако се слушаат разно разни истрели бидејќи стекнатата навика на околните жители итекако добро им одела на рака на убијците,бидејќи по логика на работите претпоставувале дека никој посебно нема да се возбуди доколку се слушнат истрели на местото кое тие го одбрале за егзекуција.
    Исто така прилично сум сигурен дека убиците не чекале никого посебно,односно се едно им било кој ќе дојде само да е православен што верувам дека во случајот на децата и го провериле кога веќе ги легнале на земја најверојатно со лицата кон земјата....за ,,сведокот,,сеедно им било..
    тие одбрале перфектно место,време кога меѓусебно се менуваат денот и ноќта,одбрале перфектен ден и ја исполниле својата цел - да ја запалат Македонија до степен од кој нема враќање...
    не сакам да шпекулирам од која нација се убијците иако тоа не е тешко да се претпостави,но од друга страна кој вели дека некој нема намера да ми помогне во претпоставките...
    тоа верувам дека ќе го дознаеме но сега е прашање кој сака војна помеѓу Македонците и Албанците и зошто...зошто во овој безмилосен свет од маглата може да не ја видиш планината...моите мисли сега одат кај родителите на овие деца...
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.