Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    Што и да правиме нема мир нивната крајна цел е дестабилизација на Македонија, тоа се виде и по вевчанскиот карневал и ред други конфликти кои избија од нив од чиста мира. Последна вест за сторителите на ова дело е дека се добро обучени лица, професионалци... веќе е и јасно кој го сторил.

    На нив не им треба причина тие и без причина убиваат, кој знае колку невини луѓе лежат под земја, без причина убиени, а ние за тоа не знаеме.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.719
    Допаѓања:
    122.264
    Пол:
    Женски
    Ве читам и ви се чудам на паметот. Секоја од вас така лесно се расфрла со зборот Војна како да е тоа наивен збор. Трагедија се случи, поголема не може да биде. 5 животи си отидоа ни криви ни должни заради некој болен монструм/и со пиштол во рака. Одма почнавте со албанци се, ајде сите јуришшшшш во војна. А, да ве прашам сите вас овде дали ќе бидете толку храбри и јаки ако навистина се случи ( не дај боже) војна, па кога вашите браќа, татковци, другари ќе ги собираат за на фронт, кога секој ден на вести ќе чекате да видите да не се десило нешто на вашиот најблизок. Пазете малку што посакувате, да не ви се оствари. Не знаеме кој е, не знам што се случило. Само тие петорица душички, господ да ги прости и да им ја благослови душата знаат што било и како било. Само нека се открие, а ако не се открие на душа ќе им оди тоа што го скриле. Нас ни е жал, ама тука ни се најблиските. Кога ќе го затвориме лаптопот ќе си ги видиме браќата, татковците. Денеска 5 фамилии наместо Ристос воскресе, слушаат Примете сочуство. Наместо да одат во црква со јајце во рака, одат на гробишта. А вие овде само војна, па војна зборувате. Мислите дека она во 2001 беше страшно??? Прашајте ја другарка ми која избега од Босна за време на граѓанската војна па дави каже што е страшно. Смирете малку, главите, ако имате нешто паметно да кажете кажете, а ако не подобро замолчете.
     
    На tessi, mims-89, Domino и 15 други им се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674

    Никој не рече дека сака војна сите се плашат од војна, сите постови скоро ги прочитав и истото го пишуваат дури и медиумите, никој не сака да пукне, се прогнозира заради случувањата во земјата и поддршката која ја имаат од Америка, така што сакале или нејќеле ако сакаат моќните држави таа ќе биде, џабе ние што сме пацифисти и ја смируваме топката.

    И јас знам што е војна, особено југословенската војна беше рамна на Виетнам, да не опишувам во детали но само се молам истото да не ја снајде и Македонија.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.719
    Допаѓања:
    122.264
    Пол:
    Женски
    Само едно ме нервира во целава ситуација. Зашто нема ден на жалост!!!! Зарем не е ова трагедија?? Зашто само во општина бутел? Зарем тоа е посебна држава ??? Срамота!!!! 5 граѓани отидоа во неповрат на најмонстуозен начин, а никој не се сети да прогласи ден на жалост!!! Брука!!!
     
    На CrazyStupidLove и girl-miri им се допаѓа ова.
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Дали ќе има војна или не..прво и основно не за зависи од народот...како што не зависеше ни во 2001!Војна не почнува за што народот така сака.....туку баш на овој начин,тивко ,пополека....со убиства,напади...така беше и во 2001 кога медиумите упорно велеа дека нема ништо и нема место за паника...се додека не пукнаа првите пушки и не беа убиени полицајците.
    затоа што они упорно сакаат да не убедат дека нема место за паника ...подобро им е да се праат дека ништо не се случило...отколку да се соочат со вистинтата дека 2001 почна да се повторува!
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.719
    Допаѓања:
    122.264
    Пол:
    Женски
    Во секоја држава кога се случува ваков трагичен настран се прогласува ден на жалост. Нема врска дали се повторува 2001 или не. Тоа е должност на државата да одаде почит за своите граѓани, за власта да одаде почит на оние кои ја гласале. Да се знае дека тоа допрело до секого. Без огледа дали е Велигден, Божиќ, Бајрам, Рамазам , Паска или кој и да е верски празник.
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш.....сите знаеме дека војна ќе има само ако некој друг каже така, односно ако на САД и заппадните сили им треба ново жариште (читај: нова занимација) на Балканот, каде што ќе се ослободуваат од резервите на оружје, и ќе си експериментираат со нови технологии.
    Јасно е дека нашите не смеат да писнат. Затоа јавно никогаш нема да се каже кој го извршил масакрот (иако сум сигурна дека веќе точно се знае)...впрочем, никогаш не се кажувале такви информации во јавност. Се знае дека такво нешто само ќе биде директен повод за се' да отиде во неповрат.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Јанкуловска можеше на пример да ги затвори сите патни правци и секој кој минува на граница или на аеродром да биде претресуван...ама јас колку што знам они ништо од тоа не направија...а секоја нормална држава во ваков момент кога имаш 5 кратно убиство би го направила прво тоа.
    Друго многу логично е ако убијците се избегани од државава,оружјето да им е сеуште тука зашто нели преку граница со оружје неможат да поминат.
    Друго во вакви ситуации на распит прво се викаат најблиските на убиените ....МВР ни тоа не го направи....и уште еден куп други пропусти уште на старт на истрагата.
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    За какви војни , омрази и глупости правите муабет никако не ми влегува во глава.

    ДА ОГРОМНА Е ЗАГУБАТА, СТРАШНА И НЕВИДЕНА ДО СЕГА !!!

    Но, :!: која будала убива од чиста мира??? Далисте размислиле дека можеби тие личности знаеле некоја тајна, можеби му имале на некого нешто направено, па го уценувале, нормално туку на тој некој му пука филмот и сака да си го олесни животот.
    Постојат милион сценарија кои се возможни, а вие како слеп за стап се фаќате за едно. Бог да чува ако излезе дека они се нешто виновни, дека долго време правеле, криеле нешто, тогаш кој ќе ви биде муабетот???
    Како некои баби на пазар сте, сите све знаете, најпаметни сте,како од вас да зависи нешто или некој ве праша или ви бараше ви да изигравате полицајци, детективи. :fubar:
    И одма да се напаѓало, никако да не се поддржи некое мислење(освен оние глупите, војни, етнички омрази и триста слични глупости). Добро објаснете ми за што ви служи форумот за препукување и вадење негативна енергија или пак за споделување мислења, совети и поддршка :x
    Нека си почиваат луѓето во мир, доста ги превртувавте во гроб, оставете надлежните да си ја работат работата. Почекајте да излезе некој конечен извештај, па потоа коментирајте што ќе ви падне на памет. :swear:
     
    На CrazyStupidLove и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Никој не сака војна! Токму од тоа се плашиме! Кој ја преживеа 2001 најдобро знае, што значи тоа да си во војна!
    Работава е што ние како народ, не можеме ништо друго да правиме освен пред компјутер да се препукуваме! Од една страна да кукавици сме, од друга па ајде и да се побуниме, како ќе заврши се тоа? Ние сме веќе граѓани од втор ред, полицијата на нас рака удира, апси и што ли уште не (за разлика од шиптарите, ела некој да им се спротистави, господата не плаќаат сметки, убиваат за забава, ни ги земаат раб.места, добиваат оштета од премиерот...), немаме права во својата држава, не се чувствуваме сигурно тука во сопствената грутка!
    Тука има многу фактори кои делуваат, од мафија, дрога, САД, Германија... да не навлегувам во теории, по мое мислење, не сакам да заплашувам, ама ете такво мислење имам, походот веќе е започнат, стравувам на најлошото!.........
    Знам феминки како вие, како се осеќате, и мене ми е исто така, гневна сум цел живот го минувам, мене ме негираат која сум и од каде сум, ми ја земаат земјата од пред очи, не се чувствувам сигурно....ех...
    Господ нека ни е напомош!.......
     
    На enca.69, lolyta777 и julie77 им се допаѓа ова.
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    аууу човече не ми се верува дека сеуште има луѓе кои мислат дека децата се виновни за нешто.
    Што може бе да згреши едно дете од 18 години за на тој начин да му биде одземен живот?
    Повеќе од јасно е дека убиството е извршено од професионалци сфаќаш? Повеќе од јасно е зошто се убиени баш млади деца....повеќе од јасно е зошто се убиени баш на најтечкиот христијански празник.
    Ве молам не се правете наудрени кога сите убаво знаеме за што станува збор.
     
    На moonlight-girl.55 и Stam им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А каков да ни биде муабетот тогаш, демек во тој случај ќе речеме "еј извини што пишувавме глупости, па виновни си биле"???
    И дај жити се не трескај глупости, што можат да бидат виновни 18/19 годишни деца за да заслужат вакво убиство.

    Виновни биле, еј виновни. За правење нешто, уценување и криење се плаќа казна или се иде во затвор. А не се добива свирепо убиство. Така да во никој случај не можат децата да бидат виновни
     
    На Stam и anastasijaki им се допаѓа ова.
  13. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ако сакаме и ако не ни е страв можеме да направиме многу....ама очигледно сме кукавички народ !Во Лондон само заради ненормалното покачување на партиципацијата на студентите се дигнаа протести човече.се запали цел народ...во соседната ни Грција...се кренаа исто така големи протести ,се затвараа телевизии.ништо не рабпотеше цел народ беше излезен на протести
    А кај нас грозоморно се убиени 4 млади луѓе и еден средовечен човек и никој ништо. Излегле само 50 тина души на протест.Така ли се праи тоа бе?
     
  14. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    ЗНАЧИ КОЈА И ДА БИЛА ПРИЧИНАТА ДА СЕ УБИЕ НА ТАКОВ НАЧИН ЗНАЧИ ДЕКА УБИЈЦИТЕ БИЛЕ МОНСТРУМИ И ПСИХОПАТИ И ЗАСЛУЖУВААТ СМРТНА КАЗНА!!!!!!!!!
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Во кој свет живеете бре МОДЕРНИ девојки, нели све знаете?? Како тогаш не сте запознаени дека има деца од 15-16години кои се дилери???
    Вие си имате ли погледнато од носот подалеку, па што ја исклучувате можноста за тоа они да се чисти како солза???
    Како можеле 18-20годишни да бидат криви??? АЛОООООООО !!!! Во кој свет живеете???
    Епа како тогаш едниот 20годишен може да има фамилија со две деца(ли колку кажа таму), нели е дете невино, наивно, што не си седи дома на компјутер и на фаце.... ??
    Да точно убиците дефинитивно се психопати, не викам не, повеќе личи на професионални убијци, но никој денес не ти праќа професионален убиец без причина. Зошто бре мене никој не ме убива???
     
    На MrsH и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.855
    Допаѓања:
    202.968
    Пол:
    Женски
    Да се осврнам на мислењата погоре - да чекаме конечен извештај. Такво нешто нема да има, ќе кажат нешто колку да ни замачкаат очи, а вистината нема да ја дознаеме, барем не во скоро време. Ако навистина сакаа и се трудеа да направат нешто, тоа ќе беше очигледно. И срам е за владата, не само што не прогласи ден на жалост, туку некако и не реагираше како што треба, ниту на погребот отидоа, ниту сочувство изразија. Додуша, ни опозицијата не го направи тоа. Ама сакам да кажам дека е јасно кој и што е виновникот, само изгледа дека ние сме навистина кукавички народ. Никој не сака војна, точно, такви ужаси и стравотии подалеку од нас, ама да дозволиме неказнето да поминат овие монструми? А како што ми се чини, така и ќе биде. Секое чудо за три дена, само тешко на семејствата на децата, зацрнети се за навек. И нормално е луѓето да реагираат како што реагираа со блокади и протести - помислете си, не дај Боже, вам да ви се случи нешто такво, каква ќе ви биде првата реакција? Нема ли да срипате и да барате одмазда, ќе седите ли мирно за да нема тензии?

    Многу лоша ситуација, очигледно е дека некој сака да ни го зацрни животот. А дали ние го сакаме тоа или не, не се прашуваме... ние само ќе бидеме колатерални жртви на борбата за превласт.

    Не верувам дека децата биле виновни за нешто, многу поголема е веројатноста да биле случајни жртви... можел да биде кој било на нивно место. Тие биле несреќниците.
     
    На JuLleE, lolyta777, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    ‘ се сложува со тебе, навистина лошо и не е во ред тоа што не прогласија ден на жалост, но ете, понекогаш и не е потребно конкретно ден на жалост кога земјата жали и без него.
    Како и да е, ако навистина нема конечен или поконкретен извештај за настанот ќе биде вистински срам, а искрено не верувам.
    Сепак останува да почекаме и да видиме што и како ќе излезе работава.
    Наше е да се надеваме на најдобро, да се реши се како што треба и доликува.
     
  18. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650

    Те разбирам и се согласувам! Само гледај, ние станавме полициска држава! На крај ние ќе го кркаме, македонците! Зошто? затоа што ајде да речиме ке крениме протести и војни и се! Полицијата на нас ке удри, ние ќе сме лошите, тие ќе се жртвите како и секогаш! Не сме моќни, конците друг ги влече! Лесно е да се рече еј одиме во војна! Ние како народ немаме на кој да се подприме.... нашата власт е марионета, подплатена или во друг случај соучесник во матни мафијашки бизниси! Ние македонците сме 0 фактор, нашето сценарио е веќе напишано........
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    МА немој требало да има позадина за да ги испокаспат онака, или не знаеш дека има болни умови? Ако некој има деца на 20 години грев е? И ја менува сликата за него како мирна личност? Не ми се допаѓаат твоите навреди, и незнам што си ти поумна од сите овде што си кажаа што мислеа. И не децата не биле дилери, не биле наркомани, не биле ништо од тоа што го наведе. Се случјани жртви на некој ебан ум!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    запрепастена сум од твоето наивно размислување...луѓе на други форуми и на фб јавуваат дека состојбата околу Радишани е страшна,и дека деновиве таму шетаат блиндирани оклопни возила со лица до заби наоружени...истото беше пред да почне војната во 2001...луѓето се исплашени до смрт...а ти сеуште наивно размислуваш дека децата можеби биле дилери на дрога...не ми се верува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.