Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Озбилно бе, и јас исчитав едно 150 страни на Кајгана форумот за ова, ама буквално расипан телефон е.
    Еден рекол нешто, другиот додал, па имаше и дека дури на едно од момчињата телефонот во уста му бил, па дека било ѕвонето на сестрата додека го убивале... Мислам што од што поглупо.

    А запнале, Јанкуловска оставка да даде.Жената добро си ја работи работата, цела полиција е ангажирана, и верувајте ние имаме добра крим техника и добро обучени луѓе.Знаат многу повеќе отколку што кажуваат, и со право молчат, сигурно нема одма во јавност да кажат што нашле нели?

    И не знам за какви војни зборите.И да има војна, вие ќе одите или вашите татковци, браќа, дечковци, м?
    Ај малце мислете позрело, и со ладна глава.
     
    На Alanna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    ^ Редно беше да се пронајде барем нешто. Добро е тоа што истрагата напредува.
     
  5. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
  6. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Која коинциденција, текстов подолу е објавен истиот ден кога се извршени убиствата (неколку часови порано)...

    http://tocka.com.mk/1/64511/teroristite ... a-i-grcija

    Терористите на АНА им се закануваат со војна на северно Косово, Македонија и Грција
    12.04.2012 | 17:23
    Извор: Точка

    Албанската национална армија повторно се заканува со интервенција на северот на Косово, но и во западна Македонија и на југот на Србија и Грција.

    "Принудени сме да интервенираме пред да биде предоцна.", предупредил политичкиот лидер на таа фантомска формација Гафур Адили.

    Политичкиот лидер на Албанската национална армија, Гафур Адили ги предупредил Америка, Обединетите нации, Европската унија и НАТО дека неговите, сили ќе бидат принудени да интервенираат по случувањето на северот на Косово, западна Македонија, јужна Србија и делови од Грција.

    Албанската национална армија прв пат се огласила во септември 1999 година со барање од составот на Кфор да се повлечат сите словенски сили.

    Албанската национална армија била најактивна пред крајот на војната во Македонија, посебно непосредно пред потпишувањето на Охридскиот договор, кога со серија напади врз полицијата пробале да го саботираат воспоставувањето на мирот во таа држава.

    По неуспешниот бомбашки напад на железничката пруга кај Звечане во 2003 година каде починале двајца припадници на таа формација, тогашниот шеф на Унмик, Михаел Штајнер, Албанската национална армија ја прогласил за терористичка организација.

    Таа формација веќе со години се наоѓа на американската 'црна листа', а до 2005 година превземала одговорност за серија напади врз полицијата на југот на Србија и во Македонија.
     
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Женски никој да не ви го полни паметот дека децата биле мачени. Мојот чичко беше на погреб и баш денес го прашам да ми објасни што како било и ми кажа дека нема врска со тоа дека биле тепани. И тоа што го кажуваа на вести од судската медицина се е точно.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Нека почиваат во мир.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ужас. Вакво нешто ни животно не може да направи, а не човек.
    Се чудам какви се тие "луѓе"? И зошто газам по иста земја со нив?

    А истрагата како и обично ќе се одолговлечи, ке се закашка и никому ништо и ке биде во тек уште многу многу години... тешко кој си отишол!
    Искрено сочувство до нивните фамилии за преголемата загуба а тие нека почиваат во мир.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Навистина не сакав да коментирам на темава, се воздржувам колку можам зошто сум крајно згрозена од чинот и гледам да одбегнувам што е можно повеќе шпекулирања и претпоставки од „високо стручни форум форензичари/ки“, ама боже овде не можам да се воздржам.
    Прво ќе кажам, не за џабе повеќето политичари се мажи, и фала му на бога за тоа, овде има пишани докази колку една жена може да направи сценарија од ништо иако во ситуацијава е далеку од ништо, и колку брзо може да скокне од едно мислење на друго. Е тоа ти се вика еластичност во мислење.
    Второ, имате ли вие малку памет во тоа главите, да размислите пред да напишете нешто? Читав повеќе форуми, ама како овде што прочитав милион верзии за убиствово-никаде.
    Тепани биле, па не биле, па нечиј вујко стрико чичко видел дека биле. Знаете ли вие како изгледа тело од обдукција донесено? Сте виделе некогаш во животов? Стрико ви видел? Не, повеќето од луѓето имале среќа да не ја имаат таа шанса да видат, а за понеупатените ќе ви кажам, ко од касапница излезено, помодрено, отечено, до степен да не можеш да го препознаеш иако претходно можеби станувало збор за природна смрт, ненасилна, нестимулирана. Ете од кај дојдоа шпекулациите за мачење и претепување на жртвите.
    Второ, во врска со стручноста на МВР, од почеток ќе кажам зошто знам каде ќе ме одведе муабетов, не сум ни политички определена ниту пак имам некаков профит од информацииве, ама МВР ги фати Велија и останата компанија, со претходна работа од месеци и месеци, можеби и години, исто важи и за другите операции. А друг фактор е што како што некој претходно спомна дека имаа каде да се насочат. Во случајов се пронајдени само тела и неколку куршуми кои се со или без отпечатоци, не е лесно да се најде убиец особено ако нема оставено трага како во случајов, не знам што очекувате од МВР, преку ноќ да ги најде? Или да ве известува вас за секоја наредна трага и нивна постапка? Одете вработајте се во МВР ако сте толку радознали, да требало да знае народот, ќе беше решен случајов јавно.
    Си има причина зошто МВР молчи.
    Е сега дали причината е да се спречат претпоставки од женчиња како вас овде, со чест на исклучоци, и исто такви машки примери, или некој друг не дозволува да излезе вистината на виделина, ние тука не можеме баш да знаеме, исто како што не можеме да знаеме дали е убиецот Шиптар, Македонец, психопат, наркоман, мафијаш и уште такви филмови. А исто толку не можеме да знаеме дали и децата биле мирни маалски другарчиња, од причина што не можеш никогаш да знаеш кој и што крие.

    Јас верувам (односно сакам да верувам) дека не биле виновни, да биле вмешани во некои матни работи немало да ги остават туку така покрај езерото, туку би биле сокриени, закопани или фрлени во езерото, претпоставувам дека се оставени за да испратат порака. Не сакам да поттикнувам снимање на наредното сценарио, и затоа ќе прекинам тука.

    Жал ми е премногу што се случи ова, згрозена сум и запрепастена дури од чинот и само се надевам дека казната ќе ги стигне сторителите и тие што добиле било каква корист од убиствово, ако има такви.
    Сочуство до семејствата, иако нема ни да прочитаат ниту ќе им значи тоа, и нека почиваат во мир момчињата и постариот господин.

    А што се однесува на фиктивните востанија кои нели ќе се дигнат, ќе дојде до тоа само и само кога на исто место ќе се најде дете од висок функционер, или истиот тој фукнционер. А вака за обични граѓани, си знаеме ние кај треба да се истакнеме, на форум и на фејсбук. Жално но така е.
     
    На LaChiquita, Unica, Chocoholic и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Малку ми е чудно ова што коментирате како изгледале децава бидејки после извршена обдукција телото се предавало во лимен затворен сандак, па во другиот сандак...

    Како и да е, ме наежија зборовите на Груевски за казната... Кратко и јасно си кажа...
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Нумерија во некои делови го делам твоето мислење и ќе се надоврзам на истото.
    Но не се сложувам во делот за обдукција.
    Сум била, сум видела каде сечат и воопшто не касапат, туку си постои начин и процедура како се прави тоа. И не, не се испокасапени, ниту отечени, туку се сечи на сред, низ телото и горе главата, се прави обдукцијата и потоа се враќаат органите внатре и за зашива резот.
    Друго, јас лично не верувам ниту во гласините дека биле малтертирани ниту на судска медицина.
    Зошто? Затоа што за многу дела од нив е побарано да прикријат детали и тоа и го прават. Не зборувам од рекла казала. Повеќе не навлегувам.
    За Велија се работеше за дело перење на пари, затаен данок за кои е потребно време и постапка која трае повеќе години. Ова го знае секој кривичар, па и правник. Не може да се споредуваат овие дела со делото убиство.
    Исто така сеуште се води истражна постапка во која не смеат да се објавуваат многу информации со цел да не се попречува истрагата. Во овој случај и медиумите треба да бидат воздржани од шпекулации за да не се подгрева ситуацијата и да се создава што поголема тензија.
    Од друга страна пак, народот бара одговори, логично нели, со оглед што се убиени пет лица од кои четири се деца, и во овој момент најмалку се гледа трезвено и објективно на целата ситуација.
    Инаку МВР не е толку лоша, има капацитет, иако во овој случај во прашање се сосема други работи.
    Се знае кој е и зошто е, но некои работи во јавноста никогаш нема да се кажат.
    Јас сепак искрено се надевам дека ќе платат оние кои го сториле тоа.
    Ова е случај во кој ни најмалку не треба да се меша политика и партиска припадност. А барањето виновник во власта е сосема оправдана бидејќи тие се избрани од народот да се грижат за нашата безбедност. Тие имаат обврски и одговорност кон овој народ.
    А сценарија, приказни и муабети ќе има и ќе продолжат. И да се излезе со одговор на сите прашања и расветлување на случајот, пак ќе ги има.

    Што се однесува за затварањето на границите и овде има во кои случаеви се затвараат, но сигурно има зголемена контрола. Не се затвраат туку така границите.
    Може и требаше да се прогласи ден на жалост, но факт е дека ќе се уништетше празникот, кој и така помина во сенка, со една дамка од една голема трагедија која не погоди сите и верувајте дека нема поголема тага без разлика дали имало ден на жалост или не.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Прво ке искоментирам за Велија кој што го затворија кога почна да збори и секој во оваа држава што ке проговори му се затвора устата или го убиваат или е во затвор.
    Следниот ден кога доби груевски велија беше затворен.
    На А1 имаше како Роми изјавиа дека ги платиле за да гласаат.
    Ајде тоа било наместено лично на мој братучет и неговата фамилија ги земаа и ги однесоа да гласаат.
    Груевски ја направи нашата држава да биде ваква наместо споменици ке изградеше нешто друго каде што ке се отвореа нови работни места за многу млади луѓе.
    Отидете по болниците каде секој трет вработен е шиптар останаа македонци само по старите и оние што имаат врски големи.
    Црквата на Кале ни ја срушија и што никому ништо Груевски пак отиде децата (Албанци) што биле повредени да ги посети.
    Во нашата држава важат законите само за нас за нив не важат.
    И да сакам да има војна сакам сите да ги нема бидејќи смачено ми е да ги гледам.
    Само ми е жал што ке страдаат и нашите.
    Епа затоа мили мои пак на следните избори гласајте си го Груевски.
    Јас не сум за никого и никогаш нема да гласам само сакав да кажам што тој направи во нашата држава.
    Ама сите овие работи ке излезат на виделина после некоја година.

    А во врска со случајот не сакам да коментирам повеќе само сакам да кажам сите 4ца ги знам секогаш одеа таму по 20 другари ама тој ден се случи да отидат само они... Можеби било планирано а можеби и не и да биле мачени и да не биле нив веќе ги нема и ништо од тоа нема да ги врати. Можеби и виделе нешто што не треба. А во врска со обдукцијата тие сигурно таму нема да ги мачат. Сето тоа се покрива. И мене брат ми ми го донесоа дома од обдукција ама ништо не се познаваше. Се се покрива.
    Можам само да замислам како им е на тие родители. Бидејќи кога ке изгубиш дете си веќе како пола човек верувајте знам од искуство.

    И да ова сакав да ви го постирам да видите како нашите што протестирале се уапсени.
    http://www.youtube.com/watch?v=auKxs0dL ... ture=share
    И уште нешто сакав да кажам вчера додека се слушаа звуците насекаде од црквите .. во АРАЧИНОВО пуштија музика и пејачи и се само за да не слушаат а јас морам секој ден по 5 пати да им ги слушам нивните како се дерат. И послем да ќутам како да ќутам.. Неколку од моето семејство беа ранети во 2001.. оди на тие луѓе кажи им да се смират и да ќутат. Оди и на родителите на децата кажи им да ги смират страстите.. Кој не ја осетил таа болка никогаш не може да знае како е..
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [СДК] Сакам да кажам...

    Денес во 17 часот пред Владата ќе се одржи мирен протест за загинатите. Не против политичарите, туку во чест на загинатите и да се даде поддршка што побрзо да се откријат убијците и да заврши истрагата.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Teмава е отворена за споделување на нови информации во врска со случајот, не за препукување, навредување и сл. Се што е надвор од темата ќе биде избришано, а за навредување членовите ќе добијат опомена.
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Планира некој од вас да оди на протестите?
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    А јас да замолам некој(а) накратко да ми објасни против што всушност се протестира?
    Мене тој дел не ми е јасен.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    да не се повторувам со Nightwalker, ама и мене истово ме интересира :?:
    пологично ќе беше да имаше организиран марш во нивна чест,отколку протест-за што,со која цел?
    за да имаш протест,треба да има некаква неправилност,и да се протестира со цел да се добие тоа.

    инаку еве што прочитав на интернет:
    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.