Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    А добро што има да кршат сега и да прават хаос, ц ц ц...

    Целосно сум потресена од ова што се случи и скрено се плашам многу. Долго време ова трае, трае и трае, и колку и да не сакам еден ден ЌЕ ПУКНЕ :(

    Инаку никој не кажал која националност се убијците. Ама мислам дека е јасно...
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.782
    Допаѓања:
    122.533
    Пол:
    Женски
    не е официјално кажано од која националност се убијците, само дека се специјалисти за оружје и убивање. народов сам ми го направи сценариото дека се албнаци. Не се плашете не е толку страшно како што пишуваат сега зборував со другат кој е таму. Порталиве малку преувеличуваат. Има многу полиција. Сега на вести ќе видиме што ќе кажат.
     
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Па нашиве сами си ја бараат белјата. Повеќето од таму ако не и сите незнаат што е протест и воопшто нема да помогнат туку само ќе ја блошат ситуацијата. Мислам дека нема потреба од вакви работи, да ги оставиме надлежните да си ја вршат работата.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Chocoholic ништо не е кажано, тоа народот на своја рака си зема претпоставки
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805

    Јас стварно несакам да бидам мрчатор во вакви моменти, ама многу ме интересира како со пари и донации ќе им помогнеме на овие кутри семејства?
    За што им се потребни донацииве во овој момент?

    Не ме сфаќајте погрешно, не ми е воошто тешко да прерипнам некое кафе или идење со такси за да помогнам некому....само некако сето ова ми е многу лицемерно мене. Ти го нема чедото веќе, а некој да ти собира донации....за што?
     
    На JuLleE, Adi888, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.782
    Допаѓања:
    122.533
    Пол:
    Женски
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.201
    Пол:
    Женски
    Само дечурлана се собрани и дремат пред Собрание, а пред кратко време во Градска болница е донесено истепано шиптарче (тинејџер, нормално).
    Жално е што децава млади ќе страдаат ни криви ни должни, без разлика на националност.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^ е сега истепале дете од албансак националност, сега чекајте возвраќање на ударот повторно :worried:
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    7/7 Лондон, срцето ми застана тоа сабајле. Јас доаѓам порано на работа за да си отидам порано и да ги избегнам гужвите. Тројца се собравме пред монитор, траеме, седиме и чекаме да видиме кој ќе стигне на работа а кој не. Паднаа телефонските линии од преоптеретеност, не знаевме кој е безбеден, кој повреден или најстрашно, кој не ги преживеа бомбите. Пеесет и двајца невини души загинаа пробајќи едноставно да стигнат на работа. Парчиња од луѓе имаше по фасадата каде пукна четвртата бомба на автобусот. Стотици беа повредени, луѓе кои преживеаа ама некои изгубија рака, некои нога, многу добија изгореници и исекотини, а сите добија страв и шок од тоа што не се заборава. Колку беше само глуво попладне тој ден. Нема јавен превоз до втора зона, глува тишина, пешачам и трпнам, забрзувам покрај било кој со ранец, сите ми се сомнителни, кога и јас самата ранец носам, може некој и од мене побрза да се тргне.

    Наредните денови повеќе претпазливи, ама животот продолжи да тече, и на подземна и на автобус пак сите се качија, а некои батки во полиција и тајна служба си ги заработуваа платите прекувремено да откријат кој им помагаше на четворицата бомбаши.

    И врапчињата знаеа уште веднаш чии се бомбите. Ама националност по дефолт не те прави убиец/терорист. Некои деца(буквално деца) фрлија цигли врз дуќанчиња на луѓе оти се родум од Пакистан, немој дека овие случајно шајките за во бомби им ги донираа на бомбашите. Националистичката партија што сака се од 6 колено без сина крв да истера од тука, безобразно почна да дели флаери наредните денови и да се промовира. Ми се згади тогаш од коментари после објавени статии во онлајн весници(и од христијански земји за жал) во стилот така им треба да видат они, заборавајќи дека овие они што настрадаа тој ден се невин народ, група од многу народи на едно место, па макар и да беа се од таа чиста сина крв, дека тоа сабајле тргнаа поштено да си го вадат лебот, и дека не се они "они" што водат политики, кои ги цуливаат стапалата на кој и да ја води политиката моментално кај Вујко Сем и решаваат заедно каде да рокнат нареден пат.

    И сега ми се гади од коментари оставени по разни форуми, фејсбуци, и под статии во весници. Повик на омраза, повик на нередие, вулгарни пцувања од двете страни, закани, и ќе си земам за слобода да ги наречам овие активисти, од двете страни, бодени со остен(знаете што се боде со остен) од владини партии и терористички здруженија, да им реагираат во корист на исполнување некои си замислени нивни цели. Тоа за возрасните, а за децата кои е лесно да се поведат, да се нас'скаат и манипулираат, кога се земе во предвид староста на интернет корисници во генерала, се за греота, не знаат носот да си го избришаат, седнале на компјутер и станале и политичари, и новинари, форензичари, детективи, полицајци, судии, професионални војници и лидери...па излегле и на протести да се тепаат, се станале се само тоа што се не - деца.

    Нормален свесен човек што знае што значи војна, што знае што е загуба, од што има аир а од што е полошо, нема да повика на тоа, нема да повика на безредија, тепачки, палења и кршења, само затоа што е моментално шокиран, гневен и бесен, испровоциран од екстремизам на една група морони.

    Ве читам од страна 1. Од мене толку на темава. Ако сметате дека сум оф топик, избришете ме.
     
    На Phyramide, AnimeHQ, Dgirlll и 4 други им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Kitten, озбилно ли тоа?
    Е сега ќе биде жустро... Многу жустро..
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    И се така ќе биде со враќање се дур не се почне на нешто преголемо. :fubar:
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Јас сериозно незнам каде се родилтеливе не децава? Малолетници ќе средуваат држава. А и ова порталиве само разгоруваат. Не ми се јасни воопшто!
     
    На Phyramide, Chocoholic, thelittle17 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Лелее Господе дај ни памет и трпение за да не го изгубиме и ова малку што ни остана, па да забега ситуацијава. :x

    Јасен ми е револтот, но со уништувањата само ние ќе го изедеме на крај.

    Казната ќе ги стигне,а вистинаата ќе излезе на виделина, иако ништо нема да ги врати 5те жртви, а најмалку овие немири.
     
  14. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Незнам...секаде е страшно да се живее...но во моментот Скопје е најстрашно...нема ништо да решат со кршење и протести можат само да направат уште поголем проблем
     
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Навистина и мене ми е многу жал што тинејџерче од албанска националност настрадало во протест по повод убиство на 5 македонски деца(потенцирам,не тепање на едно,туку убиство на 5,поточно 4,едниот бил постар човек).
    Ајде навали народе да плукаме по оние што сега се шлапани од полицијата пошто им било преку глава со тресење да одат накај школо во автобусите,оние што се плашеле за животите на нивните мајки,сестри и девојки,се плашеле да не ги силува некој,избегнувале одење во Чаир,Ѓорче,Мавровка,како да одат во друга држава. Сега останува да ги плукаме нашите пошто удриле албанче,и да чекаме во секој момент да ни дојдат со бомби на врата,и утре по тој повод да направиме мирен,НАВОДНО мултиетнички протест за смирување на страстите. За дуќанчињата и продавниците не се секирајте,нивните осигурителни компании ќе надокнадат,али 5 мртви македончиња никој нема да ги врати. Размислете.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Стварно не разбирам како може родителите да не си ги контролираат децата. Уште од самиот почеток, додека дискутирав на нет, повеќето со агресивни ставови и полни со омраза беа тинејџерите. Доколку тие самите не знаат и не можат да расудуваат што е лошо што е добро, каде се нивните родители?

    На секое дете што ќе направи инцидент, а е малолетно, треба нивниот родител да одговара! Па колку и да звучи лошо!

    Баш така, деца ќе градат држава?!?
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Извини ама вака се средува држава? Ако пукне ќе се фатиш за пушка? Малку ти беше да ја преживееш 2001? Сеуште не е докажано дал е Алабнец тој што ги уби! сега се ставаат во ризик 2 милиони луѓе. Не е работава плукни залепи!
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ова порталиве наши се една голема трачарска машинерија, не се тоа новинари, туку рекла казала муабети кои ги шират и филуваат,небаре роман пишуваат |(
    Не верувајте баш во СЕ ШТО ЧИТАТЕ по интернетов ќе гледаме вести ќе кажат што како било, точно.
    Јас прочитав 10 различни приказни ма се кладам дека ние една нема целосно врска што се случува таму точно.
    П.С Ќе цитирам само едно нешто, па после сите замилслете се малку-
    ''an eye for an eye makes the whole world blind -M.K. Gandhi''
     
    На girl23, Dgirlll, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Можеби ова е дело на странски служби кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и сега рацете си ги тријат од радост што успеале дел од македонците да ги убедат дека наводно се албанците виновни. Не заборавајте, Македонија не се граничи само со Албанија туку има неколку соседи. Освен тоа и големите светски сили си имаат свои планови кои обично не ги соопштуваат јавно а ги изведуваат така да испадне секогаш некој друг крив.

    Она што ми е многу криво што македончето младо наседнува на овие лаги од странските шпиунски служби и преку гнев самото си ја поткопува сопствената држава.
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Сега на сител на вести кажаа и дадоа снимка.
    Траело 30 минути сето тоа. Страшно.


    (ФОТО) Млади лица со заканувачки пароли протестираат низ Скопје
    [​IMG]
    Неколку стотици млади, главно припадници на навивачки групи, се собраа доцна попладне пред зградата на Владата за да го искажат својот револт поради неодамнешното убиство на петмина луѓе во близина на селото Смилковци.

    Протестот по кратко време ескалираше, по што учесниците, кои извикуваат и заканувачки и навредливи пароли кон етничките Албанци, почнаа да фрлаат камења кон полицајците. Физичката пресметка се случи откако полицијата не им дозволи на дел од учесниците да го преминат мостот „Гоце Делчев“ и да се упатат кон Чаршијата.

    [​IMG]
    Силни полициски се распоредени на придотите кои водат кон Старата чаршија, за да не се дозволи пристапот на повеќето од групи млади протестанти. Полиција е распоредена и кај споменикот на Скендер Бег.

    Сепак, мостовите и улиците не се целосно затворени. полицијата дозволува поминување на автомобили и на обични минувачи, кои не се дел од толпата демонстранти.
    Пред зградата на Владата, младите лица извикуваа пароли како „За Шиптари гасни комори“, „Мртов албанец, добар албанец“, „Шиптарска полиција“, „Чиста Македонија“, беа дел од паролите на демонстрантите. Тие носат и натпис „Почивајте во мир“. Најавите дека ќе се организира ваков протестен собир доаѓаа во текот на целиот ден на социјалните мрежи.


    Извор: Дневник
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.