Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    кои околности?!
    зошто ја избегнувате можноста да биле некои други, за сосема други причини да биле убиени, и да направија да изгледа како да убијците биле албанци..

    добро кажа една форумџика погоре, кој професионалец е толку ,,глупав,, за да остави толку траги ?!
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499

    Добро и што ќе добиеш со тоа ако излезеш од дома?
    Еве сега овие ,,протестантиве'' што добија бе златна? Ништо. Потпаѓаме под влијание толку лесно, тоа е нешто немогуќе. Овој протест од мене имаше еден голем минус. Не ни претпоставував дека ќе започне и ќе заврши на тој начин. Наместо да ги чуваме приходите што ги имаме за пронаоѓање на сторителите на екзекуцијата, ние ствараме некои толку прости, селски и глупаво ствари што дополнително го отежнуваат тоа.

    Инаку некој горе спомна за српските медиуми, дека се интересирале многу за настанов.
    Па како нема да се интересираат, кога и они се надеваат на ,,нешто'' од случајов.
    Им пречат Албанците? Им пречат. Косово а-у?
    Со информации (читај шпекулации) пламна Прва Српска Телевизија која е во рацете на грчки сопственик, па сега вие видите.. Да не биде I see what you did there..

    МВР си ја вршат добро работата, сепак случајов не може да се ,,разбистри'' за ден-два.
    И мислам дека нема никаква потреба од ширење на дополнителни податоци и детали од истрагата во јавноста, кои во некој случај би можеле да му/им бидат корисни на сторителот/те, па со тоа би се отежнала постапката. Можеби грешам, сепак тоа е мое мислење.
     
  3. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    МВР во никој случај нема да направи да изжгледа дека убијците се Албанци(зашто со тоа исто како да рекле АЈДЕ НА ВОЈНА НАРОДЕ) баш напротив...ако се Албанци МВР нема шанси да каже.
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не планирам да влагам во полемики, ќе кажам само едно огромно :up: за протестот.
     
    На JuLleE, lolyta777, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    супер.. ајде на протести.. па кога некој ќе настрада, албанците се криви... |(
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Во контекст на вестите на Алфа.
    Ептем е во право Пивоваров за она што го зборуваше во вестите. Само што, не станува збор за добро обучени криминалци, него многу веројатно се работи за истренирани припадници на паравоена формација. Многу веројатно, припадници на АНА, и многу веројатно дојдени од Косово, по барање на луѓенца од кај нас. Сакам да верувам дека ќе ги фатат, ама се си мислам дека нема шанси. Тие имаат испарено од земјава ко што и дошле, веднаш по настанот. Пак и, кој е тој што би дозволил таквите да бидат фатени- за да пропеат по чија наредба работеле?! Уште не сторено делото, они се амнестирани. Ги фаќа законот. И да не ги фаќа ќе ги фати, т.е пушти.
    И ептем е во право дека за кревката безбедност во земјава, виновна си е самата полицијата, оти си ги наруши односите со одредени мрежи преку кои и добиваше информации за ваквите случаи, уште пред да се случуват. А, конкретно за АНА; ОНА и сличните.
    Жал ми е само што за нечии интереси, страдаат невини. И мада не сакам хаос во државава, не сакам војна да букне, та конечно да се разрешат сите отворени прашања дрн, дрн, бла бла |( , али многу ми се сака да го имав тој клет ген за „вендета“, пак за пет наши убиени- десет нивни, еден наш претепан- еден нивни убиен. Само и тогаш немаше да убивам деца, невини луѓе, него баш оние, што нашите драги безбедносни служби пропуштија изгледа да ги следат. Наместо тоа, фино ги седнаа во фотељи, ги ставија на државен рабуш да јадат, пијат и живеат, дури ги заборавија и нивните кучиња, потрчковци што им ги вршеа и вршат валканите работи- да ги набљудуваат.
    Бу за полицијата и за Гордана заради тоа.
    А, за протестот... не знам што се чекаше до понеделник ко прво, ко второ, не ми е јасно што потреба од фрлање камења во среде центар на градот. Кога се дешаваат работи во врска со претепани Албанци, или што да е, имаш од нив цела сурија народ што у секунда се збира и се збира против нашите, Македонците.
    Али затоа ние, ќе се орлиме едни на други... меѓу себе ќе се испоколеме.
     
    На lolyta777 и julie77 им се допаѓа ова.
  7. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе да бевме ние сложни со Грците, со Србите и да беше тоа така лесно ќе праевме некоја коалиција по изреката „Непријателот на мојот непријател, е мој пријател“ ќе се здружевме идеално против Албанците па ќе ги видев тогаш ко ќе им застаневме. Туку ние меѓусебе се караме, мислам на спорот со Грција, па затоа ништо не бива од тоа. А да бевме сите во добри односи?! Немаше вака да биде, туку Албанците го користат нашето непријателство и уште толку каша попара не прават.

    Ама тоа е реалноста.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    грците си немаат ептен проблеми со Aлбанците, тие со Tурците си го имаат најголемиот проблем, реално кажано. Hивните Aлбанци се подруги од нашите, и во вера,90% се православни Aлбанци таму. и повеќето од таму се од Aлбанија, за разлика од кај нас, каде повеќето се од Kосово, а дел староседелци
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Протест, абе луѓе ние реално не знаеме што е протест.
    Што прават македончињата? Се тепаат меѓу себе. Кршат излози, кршат автобуски, кршат клупи ... кој седи на нив? Ние бре. Чии се? Наши бре, на наши луѓе.
    А друго со кого се тепаат? Меѓу себе. Или со специјалци. А кои се тие? Македончиња.
    Оние изродине кои ни ја пљукаат државата и кои ги ги подржуваа убиствата се во планина.
    Така да ние реално не знаеме мирен протест што е, посебно мирен протест на национална основа.
    Искрено јас ќе седам дома зашто не планирам да дојдам со скршена глава ил со скршена рака ради некој нафуран македонец кој својот бес го исфрла врз кој му дојде при рака ил да се плашам дека специјалец ќе ме испотепа бидејки си го води јавниот ред, она што му е работа искрено, ама он ќе нема работа ако граѓаните се мирни. Ама не се.
    Протестот е незадоволство, но тоа не значи дека јас треба да стравувам за мојот живот ако отидам на еден протест.
    Побитен ми е мојот живот од еден протест на кој мојот народ ќе ме истепа, баш мојот.
    Протестиве направи лоша работа, не поделија и нас македонците.
    Тоа ме плаши најмногу...
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=1075


    Медиумите билдаат рејтинг – народот страда!
    Велигденски празници завиени во црнило. Кривец? Група на луѓе кои бог знае зошто решиле да убијат пет недолжни лица. Мотиви – непознати. Полицијата работи на разрешување на случајот. Ќе прашате што е тогаш познато? Е тука веќе има еден тон работи кои јасно се гледаат дури и од авион.



    Факт број еден. Македонските медиуми, по којзнае кој пат, масовно ја искористија оваа прилика за билдање рејтинг и труење на народот со корисни и бескорисни информации за трагедијата која се случи во очи најголемиот христијански празник – Велигден. Непромислено напишани милион шпекулации, пренесување на говор на омраза, спинување, потпалување на страсти – ма пренесување на сè живо и диво дури и да е најмалку поврзано со црниот настан.

    По првиве мршојадци, долетаа и странските. Тие желни за рејтинг и ексклузивни информации продолжија да долеваат бензин во веќе запалениот оган. Пресудија дека меѓуетничките тензии во Македонија ескалирале, почнаа да пишуваат за црни сценарија, го напумпаа балонот на невистини со толку хелиум што кај и да е ќе почне да испушта звуци како евнух при кастрација!

    Саде експерти на сите страни – а вистинските експерти никој не ги слуша. Нивните изјави се вадат надвор од контекст, сè се политизира, сè се осудува, а во реалност и пракса ништо не се прави. Едни смируваат, други повикуваат на насилство, но фактот останува ист – да не нè труеја медиумиве со секакви информации, можеби ситуацијава немаше да ескалира до ова ниво. Да беа одредени уредници повнимателни, немаше народот толку бргу да почне да се фаќа за гуша и да покажува со прст еден кон друг. Моќта на зборот е голема, зошто ја злоупотребувате? Зошто си играте со емоциите на и онака кревкиот народ на оваа држава?



    Факт број два. Медиумите беа тие кои ги пренесоа шпекулациите за можната етничка припадност на убијците без тие претходно да бидат потврдени од МВР. Зошто? За поголема гледаност? За повеќе кликови на интернет? За поголем тираж на весниците? Зарем тоа е толку битно? Зарем мислите дека социопатите кои го направиле ова дефинираат еден етникум? Не, тие припаѓаат на категорија криминалци од највисок степен и конкретно тие треба да одговараат за нивните дела. Добро е да се врши притисок врз полицијата за побргу да се расчисти случајот – не е добро да се пишуваат статии кои ги разгоруваат страстите.

    Факт број три. Народот е гневен и бесен. Нормално дека ќе биде. Откако го преплавивте и задушивте со повеќе информации отколку што може да процесира сега народот почна да презема мерки. Се случи и протест. Не е ни прв ни последен. Потоа се случи насилство. Не го оправдувам, во никој случај – но повторното преплавување со информации и пренесување на паролите кои само уште толку ќе ја разгорат омразата кај граѓаните што апсолутно беше непотребно! Загрижените медиуми „се тресат од страв“ од прекумерната употреба на насилство. Вие сте виделе насилни протести како изгледаат во една соседна Грција? Во Атина?

    Заклучок? Наместо да објавувате објективни и проверени информации, наместо да филтрирате сè што може да придонесе за ескалација на ситуацијава и наместо да гледате да ги анимирате граѓаните да обезбедуваат информации до надлежните органи, вие фино лепо си ја искористивте можноста да изигрувате катализатор во хемиска реакција со опасни нус-производи. Браво! Нека ви служи на чест! Ми се гади од вашата желба за профит. Оставете ги жртвите да почиваат во мир, напишете статии за да им се помогне на семејствата и помогнете при собирање на информации кои ќе помогнат при истрагата и истите доставете ги до надлежните органи. Бидете човечни или бркајте работа!
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Да го чуваа градов, државава, народот , како што денес ја чуваа владата од “хулиганите“, немаше нашава државичка повторно да биде завиена во црно.
     
    На lolyta777, JoxyTheFreak, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Сега гледав баш за протестот. Да, сум за протести, но мирни. Што фајде со кршење полициски возила, фрлање камења и кршење?
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Од близок човек дознав дека на протестите биле тепани и неколку албанци кај мостот Гоце Делчев. Многу се плашам, ова дефинитивно не иде на арно.
     
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    4.691
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам добро е што се случи протестов.. :up: Барем колку толку да се знае дека бараме правдата да биде задоволена..

    ^ Инаку ТеаБ не биле тепани, гибнати само, бидејќи од муабети што знам тие први почнале да провоцираат!
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па не знам баш зошто јас не присуствував и не можам 100% да тврдам. Јас дознав дека само неколку биле чепнати, но еден го извадиле од кола и толку што го тепале почнал да вришти.
     
  17. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Јас сум за да се крене глас, да се стори нешто од страна на народот, сите сакаме случајот да се разреши побрзо и правдата да излезе на виделина, но на мирен начин. Ама што се случи денес мене ми е иронија - да бараш мир правејќи немир. Навистина е непотребно насилството. И се сложувам со Љубам, главната вина ја гледам во новинарите кои желни за поголем рејтинг изнесуваат преувеличени приказни или во крајна точка невистини. Самата бев сведок на една случка која нема врска со темава, значи ја знаев вистинската приказна, ама за тоа да изгледа поспектакуларно го направија паѓање во бесвест, зачинето со куп невистини. Не ми се веруваше. Од тогаш довербата во нашиве ценети медиумчиња ми падна под нулата.

    Сеуште се сметам за мала и неможам да имам некои зрели погледи кон сите овие случувања, поврзаноста со политиката и слично, или да исправам криви дрини, ама колку-толку сфаќам како стојат работиве.
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Кој и да го направил тоа, до сега збришал од земјава 1000 пати...
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Пф, која иронија човече, Албанците биле дивјаци, а ние миризливи китки, ха! Ако знаат тие што прават (едит- дечките што протестирале, да не бидам сфатена погрешно) и против кого одат, јас глава сечам, се водат само со некоја си младешка страст и со гнев, кој не велам дека не е оправдан. Епа многу јаки и нашите, уште да ни е сеедно па да се требеме како гниди како нив, па шо. Ќе маваме со камења, ама битно не седеме мирни и ја презимаме работата во своите раце :D
    Оти не можеме против нив, меѓу самите себе.

    И мене ми врие крвта, и јас сакам нешто да се направи, и мене ми е криво за животот на тие млади момчиња! Ама да се пука на празно, не!
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Абре Македонче кога си било сложно па сега ...

    Што толку сте запнале , што толку им забележавте на Македонците што имаа муда за разлика од некои да излезат на протест ? !
    Добро знаете кого напаѓате и зошто ? Тоа е ваш народ !
    Зошто го прават тоа ? Паа имааат 54245 причини и ги оправдувам . Кога во Гостивар и Тетово се кршеше по етничка основа , излози ,автомобили , домови кафулиња кога се тепаа деца тогаш се беше ок ?! Тогаш полицијата кажа дека не знае кои се напаѓачите , а има деца што лежеа по болници . Македонците беа оштетени со поголеми материјално штети кој никој од државава не ги надополни . Беа дадени државни пари значи мои и твои за семејствата на загинатите . Зошто кај нив немаше мирни протести , и зошто никој не го санкцинира тоа ? Сега полицијава ги брани нив , ги чува и тепа македонци :x . Мислам што е чудно министер за одбрана е Фатмир Бесими |( :tmi: . И новинарите разочараа ја заташкуваат вистината пласираат неточни и непроверени информации
    Народот е бесен , гневен повреден што очекувавте дека со пораки за соживот ќе излезат ?

    И да гледам некои не се сигурна дали се албанци абе наивна сте или се правите ?
     
    На JuLleE, enca.69, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.