Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Татко ми е рибар со години и баш скоро секогаш оди поручок на риба, значи нема врска кое време од денот е. Секој си прави тогаш кога му одговара. Плус рекоа дека до децата биле најдени трски за ловење и сендвичи. Жална им душа. Мислам едниствена грешка им беше што имаа македонски имиња и презимиња и што судбината ги однела на погрешно место во погрешно време. Ништо друго. :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Точно.

    Затоа треба ама ич да не се потпирате и потпалувате на мислења од соседните земји околу тоа што ќе стане со нас, ваљда ви текнува кои.
    Протест е во ред, во ред е да бараш и одговорност од институциите, да бараш безбеден да си, ама, не и да создадеш терен да ескалира ситуацијата, да сам си ја загрозиш безбедноста твоја и на твоите блиски луѓе. Тоа и се очекува, некој го очекува.
    Убиството беше порака дека не сме безбедни. И меѓу другото, требаше... веројатно беше со намера да ни удри на сите на психата (и Македонци и Албанци).
    И ваљда си играат на картата дека од таму ќе се почне со безредија, тепачки, пошто веќе и имавме ради случајот со Тетово. Ама, ние македонците не баш реагиравме на сето тоа. Не ескалираше него се смири, стиши работата. Епа им требаше нешто да не потпали и нас ваљда.
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    1. Албански екстремисти, водени од идејата за ``Голема Албанија,,.
    2. Смислата на протестите е да се покаже дека не може кој што сака како ќе му прдне да прави во државава. Да се побуниме, дека не ни е сеедно. Ни за петмината убиени, ниту општо за целата ситуација. И се се собираше, тепачките по автобуси, бодежите со нож, со убиствата се прели чашата.
    Кога немаше ништо зашто нема ништо мутави ли сме кој што сака ќе ни прави. Кога имаше протест го поврзувате со хулиганство?
    Ако не ви текнува во Грција кога го утепаа Александрос, младо момче, од страна на полицијата, не само Атина како главен град, не само Солун како втор по важност град во државата, туку цела Грција се дигна на нозе, протести деноноќно... Поента? Имаше втор таков случај? Не!
    3. За третава твоја досетка немам што да коментирам, бидејќи мене оваа тема ми е далеку од смешна.


    И бидејќи ме реплицираше и претходниот пат кога беше затворена темава, сега ќе избегавам одговарање на опаски, да не се случи истото.
     
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Децата биле да ловат. Може не оделе нон-стоп или може оделе на друго место, но јас ти гарантирам дека биле рибари.
     
  5. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Свирепото убиство тема на брифинг-состанокот во МВР

    Надлежните за истрагата за свирепото убиство одржуваат брифинг-состанок во министерството за внатрешни работи.
    [​IMG]

    Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот заменик Џељаљ Бајрами, директорот на БЈБ Љупчо Тодоровски и директорот на УБК Сашо Мијалков, седнаа на заедничка маса да ги согледаат податоците добиени од истрагата.

    Откако ќе заврши состанокот, од МВР ќе излезат со изјава, каде ќе ги соопштат новите сознанија во врска со истрагата за убиството.

    Izvor
    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/68 ... kot-vo-MVR

    ВО ЖИВО
    НАСКОРО – Прес конференција на МВР во врска со петкратното убиство , Ваљда штом заврши состанокот.

    http://www.makedonija24.mk/
     
  6. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Па да, може оделе на друго место, никој не ја исклучи таа можност. Јас искоментирав токму за тоа езеро. Може и друг пат оделе, ама не се погодиле со овие јас што ги знам и што рекоа дека никогаш не ги виделе таму. :!:
    И сите се фативте за коментарот дека тоа време не се оди на риба. Јас напишав тоа што ми пренесоа луѓе што одат таму, јас не сум експерт за рибарење.
    И моите намери што коментирам овде се добронамерни секако, kako и на останатите овде :)
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Санјалица мене ми кажа роднина што нема никаква допирна точка со децата дека често ги гледал таму тоа време како ловат риба :worried: Тој се чуди како само децата и постариот човек биле на езерото тоа време, секогаш имало многу луѓе, дури и се менувале затоа што од трските немало поубаво место каде да застанеш и да ловиш. Дали е случајност што баш тој ден, тоа време на езерото биле само децата? Или можеби, требале да бидат само децата :^)
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    4.691
    Пол:
    Женски
    Со целосна почит кон тие што рекле дека не биле рибари дечкиве ама не знам како можеле така да се изјаснат |( Не го видел дека лови риба и одма не е рибар? Апсурд на квадрат :fubar:

    Не сакам да навлагам во конфликти, ами опремата што ја нашле со нив? Онака си ја земале?! Дајте ве молам, не зборувајте сешто колку само да се оцрнат тие душички.. Не е фер... ;(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.518
    Пол:
    Женски
    Маж на колешка на мајка ми е обезбедување тука кај езерото, истиот ден бил на работа, баш тоа време само од другата страна. Вика дека ниту видел ниту чул нешто :| Само господ знае што се десило таму :(
    Инаку на тоа езеро чичко ми порано постојано идеше, сам, остануваше по цели ноќи , ама секогаш имало и други рибари, а сега.. :worried:
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Оффф гревчиња. Да имало многу луѓе ова немало да се случи.
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Не може би никој да не видел ако имало, тие биле изрешетани цели со калашников, легнати еден до друг и буквално лево-десно решетани......
    Само едно знам јас, езерото било дадено под концесија или како и да се вика, не било дозволено риболов таму и често ги бркале тие што сакале да рибарат(не кажувам стрикно за децата туку општо). Сега убиците се бараат во Приштина, наводно да се видело дали таму има некое злодело направено со тоа оружје....Децата биле масакрирани, со по 8-9 куршума во едно тело, а не како што кажаа на тв. Во колата не било најдено никакво днк, од ништо...Колку се точни приказниве на мвр не знам........Но едно знам, правата вистина нема да ја дознаеме......Колку сакаме можеме да нагаѓаме, факт е дека нив за жал веќе ги нема.
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е веќе навистина ми е преку глава од шпекулации и празни муабет. Рекла-казала.
    Баш од вакви дезинформации и играње расипан телефон, кога мајка ми ја повреди раката, од мене до тебе испадна ногата и била во гипс :fubar:
    Така и ова, сеа ќе биде јас слушнав вака јас онака, утре може и членови на УЧК ќе ги направат.
    Срамота!
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Еве вака,ова ми го раскажа другар ми,кој всушност е другар со една девојка која таа кобна вечер заедно со дечко и требале да бидат заедно со останатите,но поради женските муабети неможам да си ја направам косата не отишле,децата НЕ биле рибари,туку таму отишле за да пушат трева-ова цело го раскажало потресеното девојче на другарите и потоа била преслушана во полиција,децата биле мачени,целосно уништени :x морници ме фатија додека го слушав како ми раскажува,секако сеуште постојат претпоставки бидејќи сите различно кажуваат,само тие што ги нема знаат што точно се случило
     
  14. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Е баш од оваа причина не сакав да коментирам! Не сакам со никого да навлезам во конфликт ако имаме различни мислења.
    Милион пати нагласив дека намерата ми е добронамерна!

    Јас тоа што го напишав, ми беше кажано од човек кој оди таму да рибари, и го пренесов како што и мене ми беше пренесено, како што и вас ви пренеле други информации. Ако моите и вашите информации не се поклопуваат, не ме правете мене апсурдна или лажга, ВЕ МОЛАМ!

    Зарем јас сакам да ги оцрнам тие деца? Никогаш! Ве читам сите од почеток, сите викате не сакате да навлезете во конфликт, а од околу ќе пишете некој навредлив коментар затоа што не се сложувате со нечие мислење...
    И јас искоментирав дека баш ова прашање е многу битно. Зошто токму тогаш биле таму, случајно или некој ги навел?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Да ама овие нашиве никогаш нема да кажат што и како било точно,жал ми е за децата, и треба да се казни делото, а што тие правеле таму и кој е убиецот не ми менува, само смртна казна..... Ако децата пушеле ќе се видело на обдукцијата...Отвараме голема тема...И затоа ке шириме ШПЕКУЛАЦИИ од она што некој ни го кажал, мене ми кажа вработен во мвр, во крим техника....Е сеа, не викам дека е така, тука секој ја кажува приказната што ја слушнал.....Да знаев што било ке идев да сведочам....
     
  16. archana1111

    archana1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    сосема се согласувам,,,ова е повејќе со политичка цел,,за тие што сакаат да падне владата,,а се знае како се манипулира најдобро,,само преку народот,,затоа да не дозволме да се уништиме исполнувајќи ја желбата на некој друг!!!!
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас само се плашам од едно нешто- да не обвинат некој што не е виновен само за да се затвори оваа тема.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ве молам бе луѓе, зошто верувате во се и сешто? Сега и мене ќе ми текне и ќе напишам тука "Е јас им бев другарка и да ви кажам дека отидоа таму со шприцеви, се дрогираа, продаваа дрога бла бла" И вие ќе ми поверувате?
    Не можам да ве разберам, сите се жалите дека многу сте разочарани од луѓето, од тоа колку лажат и се со ред, а секогаш им верувате во се што ќе речат.
    Ова не се однесува само на постот на Цигарче ами на сите што верувате во секој збор што ќе го слушнете.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Девојчето што го кажало ова,требало да му биде партнерка за матура на еден од починатите,немам намера да напишам што ќе ми текне,всушност која сум јас за да измислувам невистини за некого што го нема,не сваќам..
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Ете, не ме разбра. Не зборувам дека ти си напишала што ќе ти текне, туку дека она што девојчето го тврди не мора да значи дека е точно. Беше таа таму со нив? Не. Може сеа да збори дека заминале таму и дека правеле 300 глупости, но само они знаат што правеле и како поминале. Како што споменав во случајот со мајка ми, секој го врти муабетот онака како што му одговара.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.