Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Е добро де и да отишле да испушат по еден џоинт, каква врска има тоа? :^) Тие се брутално убиени, а причините поради кои отишле таму и не се толку битни :(
    Ако сакаат да избегнат конфликт нашиве или никогаш нема да објават дека ги фатиле убијците, ќе замачкаат очи со некое ЧУДО или ќе објават виновници некја група која нема никаква врска само за да го смират народот. Доколку објават официјално дека косовска терористичка група го направила тоа пак ќе се направат протести, ќе се испотепаат некои невини лица, дал наши дал албанци ... Ќе се побунат шиптарскиве организации дека им го тероризираме албанското население, ќе пукне пак, ќе дојде нато, ќе им ги дадат Тетово, Гостивар, Дебар и ќе ќутат неколку години додека не им текне пак нешто!
    Тоа е реалноста за жал.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Ај бре доста со вакви глупости, како не ви е срам, оставете ги на раат да почиваат, доста ги споменувате во негативна смисла, вие да не сте совршени, не пиете, не пушите. Па и таа што требало да отиде како не и е срам да тропа глупости, а да ја направела фризурата значи ќе отишла и она да пушти трева (со свој камен по своја глава).
    СРАМОТА што шпекулирате. Па и да е вистина вие ли ќе кажете од 15-рака што и како било.
    Има кој да испита. И цела година да пишуваме тука глупости, пак нема да напишеме ништо сигурно, се полни темава со секакви глупости, рекла-казала муабети.
    Ми кажа тетка ми, ми кажа другар ми, чичко ми ги видел, колата братучед ми им ја перел... :puke:
    Не биле рибари велиш, а рибарската опрема за што им била? И ако им било за пушење трева, баш таму ќе отидат да пушат, од Бутел и Радишани, совршено место нашле за пушење, во дувлото на терористи.
    А и што е битна причина за што биле таму, за што и да биле, не заслужиле таква судбина.
     
  3. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Никој од нас не може да знае зошто вистински децата отишле таму, дали да рибарат, дали да пушат трева или било што. Не сме биле таму, не можеме да знаеме!

    Пишуваме овде, тоа што знаеме, тоа што ни кажале, не сме до толку неразумни и непаметни за да измислуваме невистини.

    Сакате мој реален став? Го спомнав и во претходните мислења, и сигурна сум дека ќе почнете да ме негирате и навредувате, што најмалку сакам. Постојат многу верзии, многу гледишта. Јас ќе го кажам моето, со надеж дека нема да бидам нападната со негативни коментари.

    Сите велат дека биле мирни, добри момчиња. И јас верувам во тоа! Меѓутоа можеби нешто криеле, можеби од нешто се плашеле, можеби. Зарем не сте биле сите тинејџери? Зарем не сти криеле работи од другарите, од блиските, од родителите? Обични работи, школски, другарски, а камо ли посериозни.

    И јас мислев дека глумецот со помаранџестата коса од “Светот на бајките’’ е мирно и срамежливо момче, се’ додека не се самоуби, скокна од зграда, затоа што беше член на секта.

    Затоа поентата ми е дека може си имале лични проблеми за кои никој не знаел и никој повеќе не може тоа да го знае! Не мора да се оди во екстреми со – дрога, долгови и слично. Може да е обична кавга, обична сплетка со некого. А кога со некого се караш – си лут и бесен, правиш непромислени работи. Можно е со некого да се спречкале, на некого им засметале.

    И ќе повторам, светот не е бајка, не е се’ како што мислиме, уште помалку како што сакаме. Не сакам никого да обвинувам, ниту да бранам. Сакам се’ да заврши во најдобар ред, да не се плашам да излегувам надвор...
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Драпате мадиња сега сите, забегавте, е сега ве замислувам како чичковци пред коперација со пивата и ракиите во рака и дрндаат. Ајде смирете се, и да отишле за џоинт да испушат голема работа туку судбата што ги сретнала! Остајте нека течаат работите, нема потреба од Ванѓи, си има служба која теба да го расчисти случајот. 5 животи се згаснати, што повеќе сакате? Тоа е болка вечна загуба.. Оставете ги во мир нека почиваат, доста со приказни..
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    добро добро,овде очигледно неможеш да кажеш нешто,сите како оси одма,измислуваш шпекулираш,чекајте бе жени,мене воопшто не ми доликува да јас измислувам нешто и сега така дека немам што да правам дома си седам на фемина и си кажувам за нешто што ги допре сите ама ајде ви се молам,пак неможам да ве сватам,знам лути сте и бесни ама тоа не ви дава за право да се нафрлате и да кажувате дека некој шпекулира за нечија смрт,тоа му доликува на некој човек? Ако јас го измислив ова а не го измислив,прогласете ме за не човек,толку
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Санјалица не го сфаќај ова како коментар против тебе или влегување во конфликт.
    Велиш да не веруваме во бајка? Па бајка е ова што ти го напиша. Бајка е да веруваш дека за обична расправија или конфликт, па и за дрога да е еве да речеме, дека некој би им го направил тоа да децата. Ладнокрвно да ги изрешета со калашников?
    Јас не верувам во ова, мене ова ми изгледа на совршено злосторство, одбрано е точното време и место за да убијците ја извршат својата задача и заминат незабележливо и брзо. Мене ова ми изгледа на порака, да се работело за нешто лично против децата немало да го остават така, ќе се обиделе барем да ги скријат.
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Цигарче, никој не те напаѓа тебе туку тие што ти ги тврделе наводните информации. Не вели некој дека ти измислуваш (барем јас не го велам тоа) туку тие што кажуваат разни глупости после настанот. Тоа што ти го пренесе тука не е нити злонамерно нити со некоја задна намера, но сигурна сум дека некој дел од тука ќе го прочитаат, ќе си свртат свој филм и ќе излезе нешто сосем друго, и така еден муабет по друг и ќе ги оцрнат децава ни криви ни должни.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Луѓе греота е да се збори вака за нив. Што и да биле, што и да направиле јас не верувам дека заслужиле вакво нешто.
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Боже мој,каде виде дека некој кажа дека заслужиле,секако дека не ! Млади,невини,полни со живот,пак ќе кажам,ако од овде почнаат шпекулациите јас одма ќе го пријавам мислењето нека го избришат
     
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сањалица,во ред е постои можност да биле џанаци..али еј,колку можат да бидат моќни и да згрешат,за да бидат изрешетени вака?Млади деца беа и сигурно немале шанса да се заплеткаат толку длабоко во мафија,па за да завршат вака.
     
  11. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Не, не, може грешно сме се разбрале. :)
    Не велам да веруваме во бајка, туку баш напротив дека светот не е бајка како што ние сакаме, се’ да е убаво. Тоа што ги наведов причините - конфликт, кавга, дрога, долгови, се истите причини кои се спомнуваат околу мотивите и слично.
    Тоа што ги оставиле така и не ги скриле, и јас мислам дека е некаква порака, а и верувам дека се’ им било одлично испланирано (како што викаш - совршено злосторство), бидејќи успеале и совршено да си киднат од државава :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    4.386
    Пол:
    Женски


    Јас најискрено ти се извинувам доколку мојот пост беше навредлив за тебе, иако воопшто не ми беше тоа намерата! Само сакав да кажам дека ако некој не ги видел како ловат не значи дека тие не ловеле риби!Едноставно не се поклопувале, можеби..

    А за ова муабетов што ви се врти дека пушеле трева е небитен! Дури и да дувале, дали тоа ви менува нешто?! Не, пак се монструозно малтретирани и убиени..
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Па и да е точно, од кога тоа се убиваат луѓе за дување на јавно место?
    Ако е така, до сега сите ќе бевме мртви.
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    тоа било сигурни испанирано,и ако пушеле и ако не пушеле,и ако биле рибари и ако не биле,сигурно не се убиени за тоа што го правеле на тоа место (што и да правеле)
    нека си почиваат во мир,доволно беше со коментирање
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ако биле замешани во мафија, наркодилери и такви приказни, немало да бидат професионално убиени, па и оставени тука на тацна. Начинот на кој се убиени е типичен милитарен терористички.
    И да биле и да не биле рибари, дошле со цел да ловат риба, аман и мене може да ми текне утре да одам да ловам, што има врска ако не сум рибар. А и да не им била целта да ловат риба, не ги прави тоа веднаш наркомани, пијаници или деликвенти. Аман типичен македонски менталитету, престани да плукаш по своето веќе еднаш.
    И ќе забегам од темата, ама навистина, еден џоинт не те прави дрогираш, едно пиво не те прави пијаница и така натаму.
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Секој ден слушам некои нови работи, но да ви кажам не верувам но ништп. Денес во школо слушнав како едниот од нив не умрел на лице место и кога си отишле тие терористите се јавил на сестра му и не зборел туку шшкал...???
     
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас разбрав дека убијците не се албанци бидејќи албанците така не правеле па сега што може да се?
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Луѓе, темата е отворена за споделување информации а не дезинформации, за споделување чувства а не тврдење погрешни работи. Доколку некој бил таму, бил сведок, или па знае се што се случува одете во полиција, доста беше веќе со тоа Јас слушнав вака, јас слушнав така, клише е, глупаво е.
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    http://www.plusinfo.mk/vest/40494/Samop ... federacija


    Таканаречената Република Илирида чиј претседател е Невзат Халили, на состанок на 9 април 2012 година, одржан во Тетово, донела заклучоци во кои се бара поделба на Македонија на две конфедерални единици, пренесува Шкипмедиа.

    - Поранешната југословенска Република Македонија итно да почне со воспоставување и функционирање на Унија од Илирида и Македонија, односно, да го признае легалното право Република Илирида да формира правни и демократските институции како израз на политичката волја на мнозинството Албанците искажани на референдумот во 1992 година. Од тој референдум произлегоа барања поранешната југословенска Република Македонија да престане да функционира како унитарна држава, и да го искористи моеделот на Унија како што беше помеѓу Србија и Црна Гора. Во овој контекст Илирида и Македонија ќе бидат две конфедерална единици, со име Илирида и Македонија - се вели во соопштението од самопрогласената Република Илирида.

    Еве ви одговор! Ај сега приберете се!
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    48.442
    Пол:
    Женски
    Едно од децата пред да заминат било во продавничката тука кај мене и си купило цигари, не верувам дека пушеле трева :| а и не е прв пат да одат, постојано оделе таму. Инаку уште едно дете од маало требало со нив да оди, ама го мрзело, не можел да ја најде трската и не отишол, си имало век детево . Кумот мој кој е близок пријател со едно од семејствата исто ми кажа дека и две други деца требале да идат(деца на заеднички пријатели), ама немале бензин во колата . Тоа им било пишано, да се најдат токму тогаш во тоа време :(
    Теа Б, јас истото го кажав пред некој ден, тоа му го имаа кажано на татко ми, кој скоро цел ден тогаш го мина во куќата на Александар :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.