Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Ќе премолчат, ќе остават вака да се заборава, или ќе заташкаат некако, тоа секако најдобро го знаат.
    Знаат што ќе се случи ако сепак испадне дека се албанци.
     
    На anabel-a, mims-89 и girl.23 им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Како може да премолчат, чиниш играчка е па ај да ја сокриеме...Ако се пронајде идентитетот на сторителите ќе мора да се открие и да се трага по нив...
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мене само една работа не ми е јасна, какви се тие убијци што возилото го оставаат туку така на патот, па тоа е најголемиот доказ, веднаш ке проверат на чие име е регистрирано, па тој на кој го дадил, позајмил, и како и да е ке стигнат до убијците, мене оваа работа ми е сумнителна мислам дека лажат и МВР и медиумите за оваа работа само да не излажат за вистинските сторители, што чисто сумјам дека ке ги фатат, ама ајде ке видиме што ке се случи
     
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    јас мислам дека лажат и за возилото...нелогично е неколку професионални убијци после извршување на досега невидено убиство во Македонија да остават туку така возило....во кое и едно влакно коса може да ги идентификува.Мислам дека возилото е лажна трага или пак овие од МВР лажат за да мисли јавноста дека еве блиску се до сторителите.
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Убијци кои морат да ја остават колата, зошто е украдена и не можат да преминат граница со такво возило. Како и да е жално би било ако не се расветли, поради семјествата а потоа народот!
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    На вести кажаа дека автомобилот не бил неколку години регистриран.
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да ама некогаш мора да бил тој автомобил регистриран, а и автомобил е во прашање според мене тоа е голем траг до сторителите, внатре може има отпечатоци од прсти на пример, и многу други работи што може да бидат сигурни докази за сторителите, за тоа не ми се верува многу во оваа приказна за автомобилот. ама кој знае се е можно во Македонија
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Оф леле, и 5 дена им требаше да го најдат автомобилот оставен на 10тина километри од настанот :^) Туку колку да се гледа дека работат секој ден со по некаква си трага излегуваат во јавност.
    Срамота и греота ќе биде ако не излезат пред народот со вистината или барем пред родителите на кутирите деца и постариот човек.
     
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Возилото имало лажни регистарски таблички.Него јас се прашувам нешто друго, нели секоја држава има пристап до сателитите во живо, нели сега имаме камери на автопатитите, ако сакаат ке ги најдат, само што ке им се кажи на јавноста, кој ке и врати тие млади животи, и уште колку вакви громорозни дешавки ке се дешат.Што е со овој народ?
     
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    398
    Јас сепак мислам да се затвори темава.. Никогаш не можам да дочитам нешто. Сретнав коментар дека пушеле трева? Не биле рибари? Па може не биле рибари по цели денови што киснеле на езеро за да фаќаат риба, од сигурни информации барем за Кире знам дека идел таму со татко му често на риболов..
    Оставете ги нека почиваат на мира, а не да ги правите наркомани, алхохоличари, мафијаши..
    Жалосно, жалосно...
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Во право си, при врвна технологија не можат да ги најдат |( , а камери имаат на секој чекор во градов, па и ако сметаат дека убијците ја напуштиле државава, го имаат интерпол, веднаш ќе ги најдат.Па јас незнам како може да заташкаат вакво нешто, ако мислат дека го залажуваат народот, се лажат себе си, веќе пола држава по претпоставки си дозна кои би можеле да се, а полицијата уште појма нема |( Ама работат, турни ме да кинисам работава.При толкава нивна ангажираност, уште да не ги најдат, многу чудно.Не се упорни, па јас ако сакам нешто да најдам, земјава ќе ја превртам и ќе најдам, кога би била во нивна положба ако треба да откријам некого.Па барем за семејствата на децава, туку, џабе е се кај нас, нема ни организација, ни ништо, како пропратна станица ни е државава.

    Тоа сакав да кажам јас Гордана, брее па и се дуплирам, секаде ме имат дури и во министерство :D :wasntme:
     
    На DeMelo, Divinebutterfly и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  12. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Сочувство до семејствата на убиените,крајно морбидно и жално.

    Мое кратко согледување на целава ситуација.

    МВР ни кажа дека се работи за професионална група,со детално разработен план.Тоа го наметнува прашањето ВРЕМЕ.Колку време е потребно за подготовка на вакви убиства,особено кога знаеме дека
    се работи за професионалци?По мене минимум 3-4 месеци,можеби и половина година,но факт е дека
    е потребно време,од определување на локација на убиството,надгледување на теренот,обезбедување на возило,па гледаме таблички од друго возило,крадено-некрадено,план за бегство и еден мал милион
    детали по кои се разликуваат професионалците од аматерите.Веројатно 2-4 недели им се потребни за
    запознавање на теренот,временските периоди кога има најголема фрекфенција,значи генерално да
    имаат feel за теренот,иако категоријата feel веројатно им е непозната.

    Нашиов упуца у Gv,двајца нивни у Март мислам,убиствава на нашиве се средина на Април,значи да земеме 1-1.5 месец временска дистанца.Премалку време за вака планирано убиство.Второ,ако направиме ретро,ќе видиме дека најголемиот број на случаеви на крвна одмазда се извршени од автомобил у движење,при што цел на нападот била или полиција или војска.Постојат и случаеви каде се жртви и деца и цивили,но во најголем број на случаеви методологијата е аматерско-улична со автомобил у движење.Имавме војна у 2001,а ваква ствар немавме,освен Вејце.Оној дел од ОНА кој оперираше у Македонија не остави впечаток дека е у состојба да колат деца со секири како у Косово.Мислам очигледно е дека се работи за структура надвор од Македонија,или во Македонија но странци.

    Во поглед на околниве земји единствено ја исклучувам Србија(на државно ниво) од листата на осомничени "соседи".Одметната група е можна,но тоа не е случај со српската државна политика.
    Имено кога се распаѓаше Југославија,Србија можеше да ни прави проблеми,но тоа не се случи.
    Им го предадовме оружјето и се она што се случуваше со касарните,Киро Глигоров е заслужен
    (не дека не е,лесна му земја),но односот е двостран,ако сака некој да ти прави проблеми ќе ти
    прави,независно што ќе го пречекаш со слатко или локум.Други ќе се јават и ќе кажат дека
    Србија била преокупирана со многу други отворени фронтови во тој период.Факт е дека немавме
    воен конфликт со нив.Значи Србија е out по мене.За Косово,Албанија,Грција и Бугарија не можам да
    го кажам истото.Истото важи и за странци од западниве земји,како и Муџахедини.

    На групата која ги изведе овие грозоморни убиства,оние убиства у Gv(дали случајно или монтирано)
    им дојдoa идеално,со цел ескалација на меѓуетничките односи,и дестабилизација на Македонија.Лично
    сум убеден дека убиствата на нашиве млади е план на кој се работи неколку месеци пред она што се
    случи у Gv.

    Околу пронајденото возило,прво што ми падна у око е левата задна врата на возилото.Како возачот
    воопшто да не водел сметка дека некој треба да излегува од левата задна врата.Дали тоа значи дека
    у возилото максимум биле 3 лица?Или пак излегувале од десните врати на возилото,за да не се изложуваат од страната на патот,во ситуација кога се во бегство и секоја секунда е драгоцена?
    Не знам.Веројатноста од ова возило да се префрлиле у друго е мала.МВР кажува дека е пукано од три типа на оружје,што значи монструмите се вооружени.Што правиш во ситуација кога си извршил
    вакво убиство,го оставаш или го земаш со себе,особено во ситуација кога се работи за минимум три типа на оружје?Мислам оружјето е главен доказ у истрагата,и ниту еден професионалец не би се ослободил од оружјето во ваква ситуација.Замисли два пиштоли,и две автоматски пушки у некоја од нивите.100% amateurs,доколку е таква ситуацијата.Според тоа јас мислам дека оружјето го имаат земено со себе.Премногу е аматерски од нивна страна да остават минимум 3 парчиња на оружје со којзнае,колку отпечатоци.Дури и убиството да го направиле со ракавици,сепак веројатноста да има еден куп отпечатоци е голема.Веројатно вежбале со истото оружје пред да го извршат убиството,или ако ништо друго има отпечатоци од фраери кои можеби не се директни извршители но се дел од групата.Не шетаат во ракавици,секогаш кога се во допир со оружјето.Единствено логична варијанта
    откако го паркирале возилото е "ауто-ногама",по илегални патишта.Во вакви ситуации по мене не
    сакаш да користиш легални патишта и патни премини.Илегала 101.Крајно е нелогично да се тргнува со логиката монструмите од извршување на убиството имале толку и толку саати да идат кај ќе посакаат.
    По извршување на вакви убиства,од каде знаат монструмите дали полицијата им дише у врат по 20 минути,половина час или час и половина.Веројатно во таквите моменти не гледаат ТВ,или пак слушаат радио(иако ова второво е можно).Поентата е,гледаат да му ја здувнат што побрзо,по претходно разработениот план за бегство.Си работат по планот,и временскиот период од извршување на убиствата до моментот кога МВР е на терен е малце ирелевантен(освен ако не разработуваме некои теории на ккк),затоа што таквиот начин на резонирање ја заборава психологијата на човек кој е во бегство,како и неговата неинформираност за тоа што МВР знае,кога ќе дознае и начинот на кој ќе реагира.Генерално по мене,начинот на кој е паркирано возилото,како и логичноста на само една од
    двете варијанти(дали да се оди ауто ногама,или да се префрлат у друго возило),ја намалува веројатноста дека возилото е алфа и омега у случајов.Тоа не значи дека не е битно.Може е битно,а може се користи само како наведување.

    Околу начинот на кој е извршено убиството,нема многу да зборувам,затоа што мислам не е фер,само ќе кажам дека огромен процент на убиства кои се извршени од страна на нарко мафијата се извршени
    на сличен начин.Дали тоа значи дека убиствата се поврзани со дрога?Најверојатно НЕ,но оставена е трага која кажува дека извршителите се дел од поголема група,која меѓу другите работи е дел од нарко бизнисот.Или тоа, или се професионални платеници.

    Лично мислам дека е ова невидена л'крдија од случај.
     
    На JuLleE, glow и ljubam им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Вести он-лајн: Момчињата кај Смиљковско езеро прво биле мачени, па убиени!
    ЧЕТВРТОК, 19 АПРИЛ 2012 14:54 МАКЕДОНИЈА
    Share

    195
    Четирите убиени момчиња кај Смиљковсото Езеро прво биле мачени па убиени според српските медиуми.

    Како што пренесува `Вести он-лајн` нозете им биле скршени со кундаци, едно од момчињата немало око, за што сведочеле и мештаните од скопско Радишани, кои последни ги виделе телата пред погребот.

    `Власта крие дека децата биле мачени. Нозете им биле скршени со кундаци, еден од нив немал око, а рацете им биле врзани позади грбот. Ова ни го рекоа луѓе кои ги виделе телата – изјавила Славица Андовска, која во понеделникот со сопругот протестирала пред зградата на Владата во Скопје`, пренесува порталот `Вести он-лајн`.

    Мештаните дале изјава дека полицијата не изнесува податоци дека момчињата пред да бидат убиени, биле мачени и масакрирани.

    Седум дена по убиството, полицијата не ги идентификува сторителите на злосторството, а вчера полицијата откри дека на жртвите било пукано од пиштол и од `калашњиков` известува Српскиот медиум.
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/686885?searchID=1761019&Idx=109
    случајно чепкав по страните на нет и го најдов овој линк од пазар 3. Линкот беше поставен на сликата што деновиве кружи на фб (за возилото на убијците). Доколку запазите во текстот апла се гледа дека е напишан од шиптар кој е КРАЈНО НЕПИСМЕН. а кој купува кола од шиптар освен шиптар. Приметете ја датата? Октомври. До април има точно 6 месеци , онолку колку што кажаа на тв дека возилото било внесено во македонија, но не и регистрирано!
    Не знам искрено дали да свртам на бројот 199?? Можеби ја имаат проверено странава, а и како би им дала јас линк на нив за да видат? И направив print scan на сликава за секој случај да не ја тргнат од пазар 3... Не знам што да правам :worried:
    -so sve oprema so full oprema- 2 пати се фали или мене ми се чини??
    -na grad - наместо ВО ГРАД!!
    -12lit- не знаев дека кратенката за литри била ЛИТ наместо Л
    -donesena e od shfacaria kako od fabrika e kolata= СХФАЈЦАРИЈА?? ОВА НЕКОЈА НОВА ЗЕМЈА А?? да не мисли ваљда на шВајцарија????
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина да не го сториш тоа.
     
  16. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    ^ работата е што не знам стварно како да им го дадам линкот? евентуално бројот од сликава (што чисто се сомневам дека е во функција) да го проверат кој бил корисник (тоа е барем лесно). А за линкот стварно не знам. Сепак ова ова е само моја предпоставка, може да не се работи за истата кола. Или ја трипам веќе или колата е таа, трето нема
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    На крај краева прати го линкот овде https://www.facebook.com/jankuloskagordana ако не она друг и ја води страната, и напиши што мислиш, нема потреба од срам, или слично и онака се јавуваат многу луѓе. БАр мислам ќе бидеш помирна, и сепак си ја извршила својата должност, иако мислам дека ги проверувале пазар 3 и другите не се ваљда до толку глупи..
     
  18. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    фала ти, одма ќе го направам тоа =)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    кажаа на некои вести дека колата веќе била понудена на пазар3 за продавање, ова мислам го имаше уште првиот ден кога ја покажаа колата на вести
     
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Овие српскиве медиуми колку што буцкаат и долеваат, никој! |( Ни пола од кажаното не им е точно. Ставаа слики од куќа опожарена, Македонец запали на Албанец куќата, куќата од сликата воопшто не се наоѓа во земјава и е од пред пар години, битно они имаат "вест". Ми се гади од вакви ситачи. Не ја сакам министерката, ама кога имплицираше дека извесни податоци се злонамерни, гарант на ова мислеше.
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.