1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Значи од такви мочковци ко Елвир Мелвир што сакаат малце внимание ми се кака.
    Прво другар му Џеј Џеј живее во Радишани, уште дента кога се дозна за убиството сигурно се слушнал со Елвир и му кажал дека имало нешто кај што снимале. Не може он да не знаел дека тоа е езерото, па тек сеа дознал. Не го обвинувам за ништо глупо ми е тоа, мислам дека нема никаква врска, ама ми се чини дека си бара публицитет на болна тема. Срамота ако е така.
     
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.686
    Резервисти во конфликот во 2001 година, се оние кои беа во Арачиново кога имаше војна нели? Ако е така и татко ми беше, па пу-пу ништо до сега ни се нема десено. Живи и здрави сме, фала Богу. Инаку не верувам дека тоа било одмазда, не.
    А и ова за као за спотот на оној Еливир, мислам и да се снимал немало ли да имат нешто како обезбедување или таму што за одоколу? За ова убиство мислам дека се верата и етничката припадност.
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Јас тебе ти се чудам, те замислувам со пуканки во рака, и спремна да гледаш филм. Многу сеирџиски без осет си ми. Уште самиот почеток!
     
    На JoxyTheFreak, 1209, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Откриени сторителите на петкратното убиство
    Вторник, 01 Мај 2012 14:22



    Министерството за внатрешни работи во големата акција спроведена утрово приведе 20 лица кои се осомничени за масакрот кај Смилковското езеро, а за дел од нив има материјални докази дека биле дел од извршувањето на грозоморното убиство.


    Станува збор, како што соопшти денеска минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје - следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници.

    МВР против приведените 20 лица, по различни основи, ќе поднесе кривични пријави за тероризам.

    Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани.

    Врз основа на материјални докази од МВР тврдат дека тоа се извршителите на грозноморното убиство.

    При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство.

    Според Јанкулоска главниот мотив најверојатно е нивната идеја за убивање во радикалниот ислам, а целта е да се созвдаде чувство на страв кај пошироката јавност.

    Министерката потенцира дека будно се следи безбедносната состојба во Македонија и дека полицијата делува превентивно, но и репресивно и дека но нема посериозни промени.

    Утринава МВР спроведе една од досега најсложените операции поврзана со Велигденскиот масакр кај Смилковското Езеро. Премиерот Никола Груевски денеска беше на состанок во Министерството за внатрешни работи, пришто беше информиран за спроведената акција.

    На 13 април Велики четврток на брегот на езерото кај Смилковци свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредба близина.

    Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.

    Извор Курир



    Види ја ти Горде Брклата. На први мај им го честита празникот на сторителите на петкратното убиство. Искрено се надевам дека ке им се суди како што треба, оти во нашава државичка ретко кога се суди правилно.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Правдата задоволена :) е сега заслужуваат да ги најде истото што го направија тој крвав четврток!
     
  6. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Актуелни политички настани

    Да се надеваме дека навистина се тие!
    Ако се тие, се најлошо и најужасно им посакувам да ги снајде!....
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Ама им ги затна муцките Брклава на сите за нејзе што збореа, демек убиството го заборавила, демек неспособна била ваква таква. А она да ти имала два грама памет. Ем акцијата ја извела за време на празник за да не се собираме ние пред полициските станици да правиме џеви, ем убаво си вика ние праќаме војници во Авганистан овие сакат да ни се одмаздат. Не за џабе го кажува ова да си имаат предвид овие сега на самитот на НАТО.

    Е сега гледам по интернет такви мрчатори што викаат наместено било ова она на кои и им одговара да не се најдат убијците за да има што да мрчат. Е па ако се тие луѓе невини душички што бараат пиштолите кај нив дома? За украс ли чуваат оружје?

    Јас од судството наше се плашам само. Тие сега да не неправат некоја беља.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не ми е верно ова воопшто. Авганистанци, пакистанци.. јеа шр.
    Само за да се прикрие вистинското име на сторителите, ако ме разбирате. Зошто ако се каже дека се албанци, војна ќе кренат.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.221
    Ај прво нека се одлучат дали се осомничени или се убијците?! Има битна разлика! И друго, коа некој се борел у Авганистан,после вакво злосторство (на кое се нагаѓаше дека најверојатно убијците се надвор од земјава),секако дека немало да останат тука и да си чекаат. Ко увертира имаше на вести за вакви луѓе дека има у земјава уште утрово,за да попладнето излезат со веста,пред недела дена,исто за станот у центар во кој се криеле вакви луѓе и оп сега... радикални исламисти-убијци.
    Омг омг,професионалци се! Бап,колиште од половина тон,скриено у грмушки,покрај пат,на 10км од убиството. Ваљда сметале дека времето ќе им биде благонаклонето,па ќе врне,а корозијата ќе направи ЧУДО и ќе го изеде целото за екстремно брзо време,токму за да не го најдат.

    У државава нема леб.
    Не ме провоцира што се нарекуваат исламисти. Релевантен факт е во случајов кога би бил вистинит,ама пошо не е...освен хистерична смеа не ми предизвикува други посебни емоции.
    И мора да биде спектакл со се камери,со се све. О полициска државо...и све што се прави од ваков тип се на празници бре мајката...

    И Кикирика, ај молим те,знаеш колку луѓе у држава имаат оружје по дома?! По автоматизам,сите се убијци?! И од кај ќе знаеме,јас,ти,јавноста дека тоа оружје е она од кое е пукано.
    Да,да ни ја затна муцката...овај не ми ја затна,повеќе ми отвори сомнежи од оваа не толку наивна игра на држава и ефикасна полиција.
     
    На HardSex и esperanca им се допаѓа ова.
  10. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Конечно правдата е задоволена - Убијците се фатени.
    Ма најстрога и најболна казна заслужуваат сега! :devil:
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Комшивката што има 80 и кусур години не поверува во ова, а не па образовани млади луѓе што пишуваат на форумов.
    Само мачкање очи, 101% сум сигурна дека нема врска ова што го зборат со вистинските убијци.. лесно е да кажеш ги најдовме, такви се вакви се.. Колку да се направат ефикасни, а уствари и они самите се контрадикторни кога ги изјавија информациите.

    Вие навистина поверувавте во прикаскава :wasntme:
     
    На julie77, Phyramide, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Се надевам дека тие се тие што ги бараат. И луѓе не мора веднаш да се вика дека не се тие, ништо не се знае. Да почекаме до утре и ќе видиме.
    Инаку тоа што викате дека ако биле тие немале да седат во Скопје, не мора да значи дека е така. Може тие си биле сигурни дека не оставиле траги позади нив и си биле мирни. А, и Јанкуловска си водеше убава политика, не кажуваше ништо до каде е со истрагата.
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе дај Боже да се некои од тие што ги фатија,да се обелоденат кои се навистина (сепак се ова само осомничени) и да добијат тоа што заслужија и да не дојди до полошо,макар што и мене некако не ми е убедливо сето ова,па особено и што ги смешаа и Авганистан и незнам што...
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Наводно колата што е најдена близу местото на злосторството била нивна, според дотичната Јанкуловска како што разбрав. Епа ако е така како може да се сигурни дека не оставиле траги, кога поголема и поверодостојна трага од ова здравје.

    Јас не верувам дека некој професионалец ќе ја остави колата таму, ама според вашата теорија таа е логиката но ако е веќет така сигурно нема да си седат и чекаат да ги најдат.
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    За таа кола се тврдеше дека е нивна пред 2 недели, а сега од кога ги фатија сеуште се нема никакви информации во врска со било што. Затоа јас викам да си почекаме до утре, па ќе правиме муабет.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ако се навистина сторителите исламистички радикали тие и нема да бегаат нормално, затоа што целта не им е да бегаат и да се кријат туку да се знае дека се тие и дека се моќни да прават такви злосторства. Нека ви текне само колку бомбаши самоубијци има што не се плашат да го дадат животот само за да предизвикаат терористички чин, а не пак овие ќе се плашат од македонското судство и затвор.
     
    На sweet25, maca99, nela.oh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ќе бидат обвинети за ТЕРОРИЗАМ! Зошто мислите дека МВР ќе манипулира со вакво серизно обвинување за нешто што е светски проблем број 1? Кон нас ќе биде свртена не само балканската, туку и пошироката јавност (патем Associated Press веста ја пренесе коректно), па мислите ли дека би се бламирале нашиве, а да немаат сериозни докази?

    Лилит бе, па ти монструмиве ги есапиш за натпросечно интелегентни? Па ако е објавено дека се професионалци и дека се обучувани во некој капм во Авганистан ладнокрвно да убиваат, не значи дека се и доволно паметни да не остават траги.

    Не знам, прво скепса Албанци ли се - не се, па може наши се убијците.
    Е сега па, не се тие, ни мачкаат очи, театар...

    Како ли размислуваат албанците за оваа работа, кога кај нас има ваква недоверба?
     
    На sweet25, nela.oh, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Се согласувам со Mims-89 дека доколку се исламисти тие дури и би сакале да се знае дека се они и дека го направиле ова во чест на Алах(затоа што најчесто токму и за тоа се прават сите тие терористички напади)....па ништо чудно и намерно да не се потрудиле да ги скријат трагите,ама како и да е времето ке покаже
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Сетете се на раштански лозја кога беа утепани илегални емигранти кои беа претставени на јавноста како алкеадаши за потоа да се испостави дека некој поени си собирал пред американците но и домашната јавност демек колку е ефикасна полицијата уи посветеноста на Македонија во борбата против тероризам. Ова го велам само како можност, а не дека морало и сега да биде така.

    Не дај боже да биле стварно терористи-верски фанатици, бидејќи тогаш целта не е само да се исплашат граѓаните туку и политичка порака дека Македонија треба да се повлече од Авганистан, во спротивно лудаци слични на нив можат и други обиди да прават. Шпанија исто учествуваше во мисиите во Ирак и Авганистан. Алкаеда им ја нападна градската железница со бомби, и шпанците сфатија дека мораат да си ги повлечат војниците. А можеби е нешто друго, истрагата (под претпоставка дека ги фатиле вистинските убијци) дури допрва ќе може да се комплетира.
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Во право си, сите имаме дома по една црна стрела. Ај да одиме сега да протестираме да ги пуштат на слобода да не ги испрашуваат ништо, оти тие што го направиле тоа побегнале. Така е во нашата македонска ДНК има еден лош ген, сами против себе да збориме.
     
    На zhap4e, anastasijaki и Peppermint им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.