Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Добри филмчиња, добри, да признаам.

    Колку малку е потребно за човек да поверува у све и свашта.

    И онака секој си верува во тоа што ти сугерира психата.

    Мислам, дај Боже да ги фатат убијците и вистинските виновници, дај Боже, не викам не, али ако човек малку размисли, 2 и 2 се ипак само 4 :|
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    И јас богами се разочарав од името на акцијата.
    „Монструм!“ Пре би да беше Касап или Клада и директива да ги искасапеа уште сабајлето кога им отидоа или евентуално на плоштад под Ацета и на клада. Да горат! Ем и камери си носат цајканите со нив, тамам. Ни пуштат на видео-бим се по ред, кој стигнал у станица дал доказ, сите снимки што ги добиле они, сите изјави, како го обработувале возилото, па секој доказ од возилото, абе се со ред да нема после збунки - вака било, не онака било.
    Што ќе ти оние ствари у стилу - презумпција на невиност, право да се одбраниш, судови ко органи за судење нечија одговорност за сторено дело и дрн дрн јариња. Директива, МВР фаќа, МВР суди. Виновни се штом имаат докази. Не?!
    И у право сте дека овие ги фатија и никој не се буни. Чудно стварно. Ене, имаше браќа едни од тука, Албанци пред некое време ги судеа и ги осудија у САД за тероризам. И таму, на судењето меѓу другото баш тоа се збореше, како се приврзаници на радикален ислам, учествувале лево-десно по светот во војните бла-бла. А, тукашни си се. Родени у земјава. Дебар ли, од кај беа. И тогаш никој не се побуни. Чудно. Озбилно. Затоа и оваа акција мора да е у тој стил, по тој терк... за САД да ни ракоплескаат и да не ни мрчат многу што апсиме Албанци.
    Пошто нели и случајот беше таков.
    Ризик голем мила душа...
    Абе излегува инфо од дописник од тука за пет убиени Македонци, а у свет ти се пренесува за пет убиени Албанци. Па, не МВР да треба да пази што зборува хохо и те како у ситуацијава. Нивна обврска е. И разграничете изјава официјална од институција и информации во весници, форуми, изјави на аналитичари, експерти, екс вработени во институции. Не е исто.
    Само се чудам ко по обичај на коментарите на прогресивциве наши. Те револуција сакаат, те сакаат ко нинџи цајкани да рипаат околу да испоапсат се, па после не биле тие, па оти не ги рекле дека СЕ убијците, туку дека се осомничени, па ова, па она. Ајдее...
    Радикален ислам. Не знам дал сте следеле случувања во земјава ете, не мора да е Балканов. Специјално пред некоја година и А1 дури е известуваше, не мора да сте ги гледал другиве, ако не сте им верувале,, ама збореа за неколку џамии кои беа надвор од влијание на исламскава наша заедница, него под опсада на вахабисти кои во конкретни денови држеа предавања. Знаете за раздорот во ИВЗ низ годиниве? Оти не е само за кој чиј имот е.
    Помните еден младич, со долга брада едно многу интелегентно момче и во емисија на Васко Ефтов беше и го распрашуваше за неговото присуство преку не знам ти која хуманитарна организација, инаку беше во бродот што пред неколку години беше заробен во појасот Газа ли кај ли веќе кој да памти сега.
    Помните во војната во Босна, освен босански муслимани какви други се имаше вклучено, кои имаа државјанство босанско и беа оженети со жени Босанки си водеа нормален живот цело време претходно. Помните стории новинарски во земјава за најголем број државјанства кои периоди биле издадени и на кој се’?
    Одговорност на ДБК е сосема друга тема. Тешко дека некој битен, ќе ја отвори во периодов. За овие, јас фино ќе си почекам разврска понатака, судење, оти ме занима и што се ќќе излезе кои се, какви се, ме занима и колку ќе ги осудат, ме занима и дал се’ ќе стивне со ова или ќе се продолжи. Оти не, со ова соживотот не се реши. Деца уште се претепуваат по автобуси. Ене, внук ми, 14 годишно дете пред неколку дена беше претепан во автобус.
    Драго ми е што погрешив дека нема никого да фатат. И се надевам ќе се продолжи со ова, ваквото според сите, мачкање очи. Нек ми ги мачкаат стално вака и ок ќе сум.
     
    На MandyLane, Nine25, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Мислам дека лицата на овие душмани не треба да бидат скриени :fubar:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    501
    Добро бре македончиња, до кога ќе барате теории на заговор...Ваков народ не сум видела.. "фатете ги, фатете ги, фатете ги", "не бе, несопособни се, нема да ги фатат, и да ги фатат нема да кажат" бла бла бла варијации на тема, и сега кога ги фатија, "неее не се тие, ма јок" ! Срамно.
     
    На CrazyStupidLove, vendiii, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Не сфаќате ли дека во улога на скептици давате впечаток дека помило ќе ви беше да се заборавеше ова се, само за да можете да плукнете по системот и да кажете - знаев!! Мислам...

    Прва работа - И да не се виновни ( а Јас верувам дека се ) битно имаше некаква АКЦИЈА! На тие луѓе целото тоа оружје не им седело за украс, кога-тогаш би го употребиле, и да не се виновни за убиството на овие 5 лица, ќе беа одговорни за друго, понатаму!! А оваа акција е превенција на тоа.

    Друга работа - Пак ќе кажам, битно имаше некаква акција, инаку без тоа постоеше зелено светло за сите криминалци,психопати,монструми и болни умови, дека во земјава се слободни да прават што сакаат, без страв од законот. Ова е огромен стоп за некои од нив.

    И трета работа - секако дека не можат да ги наречат дефинитивни виновници и ги нарекуваат осомничени,затоа што тоа е работа на судот, откако ќе заврши целиот случај тие ќе си го добијат соодветниот назив. Тоа што само ги нарекуваат осомничени, не значи дека бладаат на празно и само се сомневаат на нив. Сигурни се, али ќе се наречат виновни дури кога ќе поминат сите тие постапки на судење и слично.

    И четврта работа - аман!
     
    На TennisBabe, Domino, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мило ми е што ги фатија, и не знам од кои причини не верувате дека се тие. Дека на пружале отпор, дека биле со македонско државјанство, дека сеуште биле во земјава??? Не ви држи. Ваљда не мислисте дека овие уапсениве се само актери или пак некои невини жртвички кои дома си чуваат толку недозволено оружје, онака, за украс. :^)

    Ако вашите политички определби спротивни на власта не ви дозволуваат да верувате - не верувајте, ако ви одговара да зборите дека полицијата не е способна БУЈРУМ.Ама јас сум поприлично изненадена што ги најдоа, и се надевам дека нема да се разочарам од казната што ќе им ја одредат.

    Ако единствено постои некој мал сомнеж, минимален, тоа е дали стварно се припадници на таа исламистичка група што ја зборат, или едноставно не сакаат да кажат дека извршителите се АЛБАНЦИ за да не се испоколеме меѓу себе,

    Со оглед на тоа што го читав од вчера наваму на интернет за ваквите групи, има логика да се припадници на таква некоја исламистичка радикална група, а меѓу многуте информации што ги прочитав беше и тоа дека ваквите групи напаѓале на големи празници на другите религии, и дека си имаат некоја идеологија во светот до 3000та година да имало само муслимани. Болна работа бе.
     
  7. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Искрено јас веќе не знам дали убијците се радикални исламисти или припадници на УЧК силите.
    Пред неколку месеци кога медиумите објавуваа дека во Македонија има радикални исламисти, Јанкуловска беше таа што негираше и велеше дека нема и дека сето тоа го прават медиумите за да се посее страв меѓу народот. А сега испадна дека навистина имало.
    А за другото дека се албанци-припадници на УЧК, тие велат дека не се, а на видеата јасно се гледаат фотографии со УЧК натписи и двоглавиот орел.
    Веќе да не знае човек во што да верува.
    Барем еднаш да кажеа како што треба, а не постојано да ги вртат работите.
    Инаку сигурна сум дека овие се убијците, ама како што реков не знам дали се радикални исламисти или припадници на УЧК .
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам, не верувам дека тоа се вистинските виновници. Ете, не ми се верува. Има многу нелогичности кои не ми се вклопуваат, не би да расправам. Само знам дека уште кога слушнав останав камен ладна и индиферентна како да не кажале ништо ново.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Само едно нешто знаеме, дека не сме сигурни, дека не живееме во држава каде безбедноста наша е сигурна како пред неколку години. Иако реално нашата несигурност е тука уште од 1999 кога ни дојдоа бегалците и косоварите, уште повеќе 2001ва, ама прв пат годинава се соочуваме и со тероризам.
    Државата мота зборови и не кажува директно се со цел за да си ги заштити граѓаните, а на кои се им е јасно ко ден.
    Јас прв пат се соочувам со страв од младите и за прв пат гледам како родители не ги пуштаат децата во паркови, на излети, страв им е во дискотека да ги пуштат. Ако порано се смеевме на европејциве и американциве што искачаат еднаш месечно и после 10 часот им е штама во градовите, сега и нашава држава полека но сигурно ни станува таква.
    Жалам најмногу за ова. Религијата го раздели нашиов народ, го раздели светот и ќе го разделува.
    Уште и вестиве се повеќе ја поткреваат таа несигурност. После нашиве вести за осомничените радикални исламисти почнуваат со светките вести дека деновиве и во Америка и неколку други европски земји има насилства и има акции за овие исламисти. Како да се крева бунт, а во кој сме директно вклучени.
    Не ќе е на арно, дал сега, дал догодина, дал за неколку години ама од овие луѓе на кои им е испран мозокот од луѓе кои божем ја шират таа нивна религија, религија која реално не ги учи нималку на насилство, но тие луѓе ќе ни го однесат во бестрага светов.
    Знам дека народот еволуирал и дека нашата свест е многу повисока од порано, кога казните беа безмилосни, ама за овие луѓе кои вршат тероризам дал тука дал низ светот не ми е битно ни пол, ни раса, ни националност, ни религиска определеност, овие луѓе, овие убијци, на овие клетници треба да им се суди како пред 10тина векови. Сите на плоштад и пред сите главата да им се исече!
     
    На julie77 и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    8.644
    Пол:
    Женски
    Се се ама кои фрикови ги има на форумов тоа чудо.
    Кога се пишуваше дека се албанци, сите се нафрлија кај албанци од кај знаете одма напаѓате, ете ви и слики од учк најдени на лице место ама не не се тие.

    Коа се пишуваше дека се мачени, па почнаа ај не ширете муабети рекла кажала, коа по два саата сестра му на филип објавува линк на фб од судска медицина и пиша дека жената лаже децата биле малтретирани, одма не е точно татко ми беше на погребот незнам што.

    конечно истрагата појде во добар тек, вие пак напаѓате не се тие ова изрежирано е.

    Не се ни овие од мвр златни ама вие го претеравте.
    Се откажувам од темава, пошто човек што и да пише одма е нападнат.
    Ајде сеа ке се молат паметните на форумов да ги најдат вистинските сторители пошто овие што се фатени не се тие :worried:hock:
     
    На maca99, TennisBabe, maja8 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^

    И јас се откажав заради селективното бришење на постови ...
    Нека биде ова мој последен пост на темава ...

    Да и јас искрена да бидам ја мислев македонската полиција за неспособна за да ги најдат канибаливе . И ме демантираа многу ми е мило што ги фатија .
    И не не е исценирано зошто никој не е толку улав да признае дело што не е негово кого му се заканува доживотен затвор. Најдени се милион докази . Пријатно изнендена од Полицијата и министерката . Овие монструми мора да платат , да се прашувам јас ќе платеа со живот со болна и спора смр , ама прибидејќи не е можно доживотна робија .Мене лично ме фрустрира самата помисла дека од мои пари тие ќе трујат по затвори заслужуваат најболна смрт и најголема казна !
    Како и да е , искрено се надевам дека доживотната без можност за помилување ! ќе биде крајниот епилог од овој црн настан кој никој нема да го заборави .

    Наместо да нагаѓате за можни сценарија од типот не , не се тие , не се секирајте не се паметни спротивното им е во ДНК . Знаете за она прост си ко ***** .
    Инаку еве ви колку не се припадници на племето не ми се верува дека некои од вас се сомневаа дека не се од нивните или дека можеби се Македонци ? ! :o |( да да имаше и такви .

    И стварно ноу офенс ама забегвате скрос на скрос со темава , какви се глупости се начитав да прочиташ 2-3 страни осеќаш главоболка . Со чест на исклучоци ...
    Ви ја препуштам темава може ќе читнам некогаш да видам какви " заговори и сценарија се во игра " абе поинформирани од вас скоро и да нема . Од кај ви се информацииве се чудам само .

    Наше е онолку колку што можеме да извршиме притисок за пресуда доживотна робија . За останатото Горниот ќе се погрижи ...
     
  13. princesstiki

    princesstiki Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    moze nekoj da mi objasni ustvari sto se toa radikalni islamisti?!?!?!?!? koja e nivnata cel ?????

    citam po temava se i sesto ama zeni kako vas nikogas ne sum sretnala. em sakavte da gi najdat em sega koga gi najdoa i koga imaat cvrsti dokazi plukate deka ne se tie ........ jas ne ve razbiram bre zeni
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.822
    Допаѓања:
    163.177
    Напусти кучи великог брата.
    Ајде нека се...
    Прво,каде се хипиците?! Кај се парите од знамето?! Шиптари,не беа?! Марш на мирот,ама сеа од шиптари за наши?! Или барем мочковците од оние со бруталноста?! А?! Или им жеже?!
    Второ, пошо почна да струи пак муабетот за големото сценарио... Не знам за вас,ама мене ич не ми е нормално и да е така,а и не ме смирува,туку ме вади од памет! Да не се повторувам,тоа е дното,ако навистина е така,ако тоа е начинот за постигнување на одредена цел. Што останува?! Да земам бројче и да чекам да ми дојде редот?! Кога тој што ме штити ме користи ко алат... некако не ми мирна душата,ако за вас гнасните шиптари се оние со убави јагнешки деликатеси у Чаршија и дека ова некој го средил. Ама менувањето на реториката по медиумите ми е пресмешна! Ужасно смешна! Keep calm and... oh fuck it! Ама чекај,ај да не бидат шиптари,ќе ги наречеме радикални исламисти! :D
     
    На Gordana10, thelittle17 и karina8 им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Прво велиш се откажуваш од темава пошто кој и да кажел свое мислење бил нападнат а со второво си се побиваш самата себе. Паметуваш и ги провоцираш сите што кажале дека не веруваат(меѓу кои и јас) дека тоа се вистинските виновници. Еве лично не верувам и што? Тоа значи дека се правам паметна? Абе Бог да чува, зборувате како тоа сите некого напаѓаат а тоа што индирекно провоцирате не е ништо.
    Јас ете кажав и пак ќе кажам, не верувам, не знам зошто ете така мислам дека овде се мучка нешто. Тоа значи дека се правам паметна или дека реков дека јас лично знам кои се виновниците?
    Не знам што да речам.
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
  17. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    [​IMG]

    http://www.facebook.com/agim.ismaili.3

    Нешто не ми штима овде. На сликата (превземена од сител страната) пишува Агим Исмаиловиќ, а на неговиот профил на фб пишува Агим Исмаили. Сега кој лаже? :?:
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    A,да си почекаме некоја година, па да видиме што ќе стане од Македонија?
    Ал само екстремистите или све живо и диво муслиманско ќе ни го поебе племето.
     
  19. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    1.Околу името "Монструм" гледам преовладувачко мислење е дека тоа се однесува на фактот што МВР
    како контра удар,сега треба да изиграва Монструм :D .Дајте ви се молам.Што зборува тоа за профилот на првите луѓе у тие институции доколку идеме на таа претпоставка?Апсат 20 луѓе од кои еве да
    речеме дел се поврзани со убиствата.Што е со останатите?И они се монструми?И дали таа група е хомогена т.е.раководена од еден центар?Можно е.Но вакви миксови каде сите ќе ги ставиме на купче се идеални за заташкување.Планирале и други акции,потенцијални нормално.У тетовско,гостиварско,
    па и струшко има огромен број на потенцијални терористи.И не само у тие средини.

    Xman,сите тајни служби во дадени периоди апсат погрешни,тоа не е нешто ново.Од белгиски
    случувања врзани со киднапирања,до финансиски кризи и авиону сломичу ти крила у Америка.
    Требаa пола милион белгијци да излезат на плоштад во знак на револт,за да фино се растресат интерните структури,од началници до обични полицајци инволвирани во тие срања.Или можеби сакаш да збориме за финансиската криза,во која ниту еден директор на поголема америчка банка не е позади решетки,се фатија за Мејдоф и завршија со него.О, чекај што мислиш ти за авиону сломичу ти крила у Америка?Сакаш да ги прашаме фамилиите на настраданите,сакаш да сондираме јавнo мнение?Контроверзни прашања се овие и нормално е да има два различни табори.
    Можеби малце сме чудни,ама ако си во право тогаш треба да ги обвиниме американците дека имаат чуден менталитет,исто и белгијците,исто и данците кои несебично даваа информации околу експлозивот и мистериозниот пад на кулата број 7.И тоа во сите ситуации се работи за луѓе кои се поцивилизирани од нашите.Следниот ден цела Америка беше у потера по терористите.Кажав нашиве служби имаат минимум 1500-3000 криминалци на листа у Microsoft Access или SQL,кои можат да се искористат како жртвени јагниња.Истрагата наишла на бетон,политички поени се губат,јавноста е вперена,меѓуетнички односи разнишани,дајте тоа средите го брзопотезно,дајте и на јавноста седатив па ние ќе продолжиме да ги бркаме монструмите.Никој не треба да им закачува значка од УЧК затоа
    што има илјадници у Македонија кои у своите домови имаат оружје,значки од УЧК,униформи и други материјали.Имено на јавни митинзи као оној у Гостивар имаше транспаренти на Голема Албанија и УЧК итн.Илјадници ги имаш,нема потреба ништо да им закачуваш,они се си имаат. :D Околу отпорот знаеме што прават радикални исламисти.Немаат страв да се самозапалат,да активираат бомба у кафиќ и сами да експлодираат,а и чичко Сем не убедуваше дека немаат гајле да удрат со авион и у кула.Као ние апсиме 20 луѓе а они се мирни као јагниња.Повеќето од нив не носат оружје со себе,види богати,повеќето се у пријатна домашна атмосфера.Не знам,не реков дека го имам магичниот стап да знам реално што е,но мене лично чудно ми е.Плус дел од нив пребегнале на Косово,а останатиот дел се вратил у Македонија по истите оние патишта по кои голема е веројатноста,МВР да се движи кога ги гони.Биле гладни сакале да јадат.Аха :D

    Ashling ако дебатираш,дебатирај без лични квалификации и без остри тонови на лична основа.За да разбиеме вистинска организација у Македонија треба да имаме минимум 1500-3000 уапсени,поврзани
    со трговија со дрога,оружје,луѓе,човечки органи,да протресеме невладин сектор,да протресеме вакви
    фондации,онакви фондации,крупни политички имиња,па и радикални исламисти итн.Не можам да одам буквално на секоја точка и твое прашање,пошто очигледно е дека имаш повеќе нејаснотии од мојот прв пост,не се само точките и подточките 4.

    zhap4e,прогресивците се залагаат за реално протресување на гаќи,не шминкерај.Секое стрпување на криминалци позади решетки има позитивни елементи.Како ова го изиграа не ми се допаѓа,да не се повторувам.Ние се залагаме резултатот од акцијата на деценијата да биде 2000-3000 уапсени лица.
    по една група,клан,организација итн.Мислам дека е добар почеток за расчистување со организираниот криминал.Повеќе такви групи имаме во Македонија,пливаме у криминал,поточно се давиме.Како што у Србија не е само Земунскиот Клан,туку има Сурчински Клан,Вождовац,Ѕвездара,Нови Београд итн.,
    така и ние си имаме неколку моќни групи.Можеш слободно да го земеш калкулаторот и овие 2000-3000 да ги помножиш со 2,3 или 4.Тоа е реалноста.Ова нема врска со СДСМ,ВМРО и политички партии да се разбереме.Ниту едните,ниту другите имаат акции од таков калибар.Тоа треба да ни е у континуитет.
    Ние мораме да го исчистиме сопствениот двор независно дали биле вахабисти,радикални исламисти,
    албанци со УЧК амблеми,политичари у фотелји до го*мна у криминал(и наши и нивни),наши криминалци
    итн.Тоа е нашиот најголем проблем.20 лица се капка у море.
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    А, врз чија основа јас би можела во случајов да дебатирам?
    И всушност секој форумџија што не е внук на Мијалков или близок роднина од 50то колено на некој од говедата што го извришиле нападот немаат никаква друга основа освен лична за дебатирање,како и оние кои слепо се подржуваат нечии идеологии од верска,етничка или политичка основа.

    И различно разбираме некои поими.
    Кога реков дека се разбива организација,а понатаму додадов дека при разбивање на некоја криминална или терористичка организација никој кур фактор не е националната припадност мислев дека никој кур фактор не е националната припадност.
    Значи акцентот беше на националната припадност зошто се кажало дека биле македонци, а во понатамошната акција при разбивање на некаква организација што активно егзистира на многу полиња и во и надвор од Македонија, мислам дека и двајцата имаме здрав разум при тоа прашање.
    Така да нареден пат обрни го потенцирањето на делот од реченицата каде ти се реплицира на она што си го пишал, бидејќи всушност и целиот мој пост претходен,а и овој ми е реплика на твојот.

    Твојот пост ми беше тотално нејасен уште од почетокот кога се фати за името на акцијата.
    Реално колку што јас можам да мудрувам,можеш и ти. Знаењата во врска со оваа ситуација горе-долу ни се на исто ниво зошто и двајцата сме свесни дека ова не е 'нормално' (ако може така да наречам) убиство, туку баш убиство што отвара многу прашања на кои ние, граѓаните можеме да претпоставуваме само.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.