Петкратно убиство кај Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ickovska, 13 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај бе оладете малце...
    Значи се води постапка, сакате цела да ја знаете, епа не може да се кажуваат детали во јавност. Се бара убиецот. Он треба да ја слуша постапката на тв????

    Кога ќе има информации ќе се каже. Чуму брзање? Од радозналост да се дознае?
    За еден ден не се решава нешто вакво, а уште нема ни еден ден поминато.
     
    На Trendafilka, Alanna, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ Медиумите намерно подгреваат тензија, бидејќи се за тоа платени. И кога беа тепачките по Скопје пред месец, два колку и да беа, беше се тоа со цел малце да се заплаши народот, за Владата да има оправдание после у стил им ги дадовме имињата на улиците за да нема тензии бла бла. А тепачки мање више имаше како што има и секој ден, може по некоја плус испровоцирана баш од медиумите.
    Истото е и сега, убиството стварно го имало, ама воопшто мора да значи дека биле Албанци. Ама нив им е во корист пак да подгреат тензија, за повторно народот да се исплаши. Само веќе се провидвни и би требало сите да прекинеме да паѓаме на тие медиумски „фори“.
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Тоа е темница која голта се што е живо во тебе и во мене.
    Често се прашувам што може човек против лудост, глупост и суета?
    Таа е одраз, таа е ехо на нечии трауми.
    Војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник.
    Ние бевме, ние сме само послушни деца потстроени под знамето.
    И се што бевме, бевме само во нашите срца болни од илузии.


    Потресена сум. Страшно. Ова е страшно. ;(

    Каква омраза, каков гнев, каква ли гадна работа треба да носи човек во себе за да направи нешто вакво?
    Да ти е страв да излезеш на улица. Да отидеш на пет минути до продавница, не ќе знаеш дали жив ќе се вратиш дома. Страшно. :|

    Можеше да биде било кој од нас. Можеше да биде убиен било кој.
    Поради омраза. Поради омраза.

    Не сме безбедни, не можеме безбедно да чекориме по сопствената земја, не можеме да бидеме слободни.

    Престојувам у колективна заедница за време на школска година, и таму има албанци, нели си имаат право на образование у државава и тие. Си ги имаат сите права. И уште такви млади и недозреани се препуцаваат со нашиве. Не дека и нашиве не знаат да бидат криви понекогаш. И што ќе стане од тие луѓе за десет години? Ладнокрвни, цинични убијци?! :worried:

    Право како право во било која држава треба да го има човек како човек , а не како албанец, турчин, србин, бугарин, грк, арап, унгарец, индијанец, неандерталец, педер, курва, слеп, глув, неподвижен и не знам више кој. Ама ние луѓето не знаеме да ги почитуваме вистинските вредности воопшто. За правда и права се бориме со пиштоли и пушки. Држава. За се ја кривиме државата. Оние кои се должни за нејзиното внатрешно уредување. Е, што е држава сега? Дали е тоа парче земја ограничено со линии? И оп, преку линија ~ цуп, куршумот в глава. :| Што сме и кои сме ние во државата? Дали некогаш сме се запрашале? Или само ќе шириме омраза од еден на друг, ќе нафрламе вина еден на друг. Според одредена маса на луѓе ќе се гадиме и од оние кои не се такви.

    Можеби протестираме, можеби крекаме по форуми, ама можеби тоа и не е доволно.

    ах, колку работи треба да се исправат.. колку ладни, умни глави му требаат на човештвото.

    Страшно, жално, гадно е ова што се случува....... ;(
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас на форумов не сум била понавредена повеќе одколку сега ... Ште те молам читај полека ама сигурно и гледај подолго ама бар поточно да видиш. А ако станува збор за ментален склоп врзано со интелегенција и способност да поврзеш 2 со 2 не можам тука да ти помогнам .
    Пошо уште имаш дилеми што сум и како сум ооо боже не ми се верува другиве здобија верувам впечаток за мене дека јас клада би вовеле кај тебе има контраефект :tmi: .
    Од моите постови може да се забележи се освен дека ги правдам и дека скраја да е , пу пу да се мрднам од место сум од нивните :^) .
    Знали грешка си , т.е забега туку нејсе сакав да споделам едно мислење кое држи вода . Инаку се чудам што некои имаат дилеми дали се работи за пресметка на банди , инцидент или е од меѓуетнички карактер. Епа вака

    1.Дечките немаат досие

    2.Населението ги окарактеризира како мирни и воспитани деца

    3.Поблиските веднаш го дефинираа како меѓуетнички конфликт .

    4.Полицијата упорно пробува да заташка .

    5.Ситуацијата во Радишани е никаква .Се удрило на нивните куќи , автомобили неофицијално како што се шушка се запалила џамија во Битола

    Зошто се ми мириса на и тоа како меѓуетничка пресметка .

    Eве го мислењето

    Не да сметам, туку веќе сум уверен дека „Детонатор“ ги уби четирите деца и човекот.
    Ова е начин на кој мафијата од западниот дел на Македонија ѝ порачува на полицијата да не ги `рчка Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и делови од Скопје и ја дефокусира целата акцијата, обидувајќи се да ја забошоти преку протести и иницирање општа нестабилност.
    Смртта на овие деца се на душа на Јанкуловска и нејзиниот тим, кои направија страшно ЛОША проценка, и наместо акцијата да ја започнат од западниот дел, тие им дадоа време да се прикријат и да смислат начин да го спасат својот криминал, кој споредено со оној од истокот, е несразмерно ОГРОМЕН: дрога, проституција, оружје...


    Едит: мојот апел е: министерке, ако останало барем грам човечност во вас и грижа за Македонија, удрете по мафијата од западниот дел на Македонија!!! Овој срам ќе биде запишан во историјата, а покрај него ќе стои вашето име!
     
    На Cence и julie77 им се допаѓа ова.
  6. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Каде виде дека медиумите поткреваат тензија? Баш напротив не го прават тоа.....зашто сакаат да затскријат....што реков јас,исто како во 2001.
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Значи и мислењето е од некој форумиски лик од друг форум што смислил уште едно сценарио...

    Според мене, се претера со претпоставки. Стварно, chill.
    Страшно е, грозоморно е.
    Ама пострашно е се што прочитав по интернетов.
     
  8. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    немам коментар со и да кажам ке биде сувишно...болката нема да им се намали на нивните блиски....вечна им слава почивајте во мир ангели
     
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мн ме нервираат коментарите од типот : Во каква држава живееме , страв ми е да излезам на улица или пак сме немале никаква сигурност како граѓани . Па тоа го има во секоја држава , ај да ве видам во Америка што би правеле каде што се случуваат над 700.000 убиства годишно , не кревајте тензии зашто не ни треба дополнително пролевање на крв .Што треба да направи МВР? -Да постави полицаец до секој од нас за да се чувствуваме сигурни . Па каде го има тоа ? Страв ви е да излезете надвор заради албанците и затоа владата е крива ? Епа државата си ја продадовме ние и само ние па ќе си трпиме сега . Убаво им беше на сите кога ги продаваа своите куќи на албанци за енормни цени па сега се жалат , со кое право бе ? Што сме си посејале тоа и ќе си жнееме .
    Жално е што пет животи згаснаа без никаква причина , што нема да си ја дочекаат својата матура ниту пак ќе имаат можност да си го проживеат животот . Се останато моментално е небитно .
     
    На Cence, softqueen, TeaB и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    148
    Жалосно за момчињата..за нивните родители..
    Нема што да се каже повеќе..
    Залудно што и да се каже..нема простор за утеха, 5 млади животи се изгубени засекогаш..
    Останува само што поскоро да се расчисти злосторот..и убиецот или убијците да се казнат..
    Јас несакам да верувам дека убиството има меѓуетничка димензија..иако разумот во овој момент не ми укажува на друга можна причина.. :( :( :(
    Не ќе е на добро за никого... ни за нас Македонците..а верувам дека ни Албанците /барем тие кои работат по институцииве или кои на друг начин се интегрирани во општествово -работат, учат../ не посакуваат да ни се повтори 2001..Само и тогаш други однадвор ни ја скроија капата.
    Господ нека ние напомош на сите нас. :worried: :worried: :worried: :worried:
     
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    А кој е уапсениот ??? Од протестантите ?? :o :o
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Катастрофа значи, што се случува во државата. Кој е толку бездушен за да изврши убиство. Каков масакар чудо нешто :x :x :x
    Тешко на родителите и на семејството, нека почиваат во мир. Се надевам дека за брзо време ќе се разоткрие зошто биле убиени :worried:
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^Мања, Македонија има 2.000.000 жители, а Америка е колку 1000000 македонии, не може да се споредува.
    И да, нас ни е чудно бидејќи сме мала државичка и не сме навикнати на вакви работи, додека пак Америка одсекогаш водела таков живот, квартови ова она, убиства на секој чекор, кланови, едни е смеат кај други да поминат на улица... Некои работи не се за споредување.
    И како да не се плашиме, поготово женската маса, кога мене лично колку пати ме застанале со кола некои будали. Од каде да знаеш дека кога ќе те застанат нема да ти свирнат некој куршум во глава?
    Така и дечињава, мислеле дека слободно ќе си рибарат вечерта а си добиле по некој куршум и изгубена младост. Ова не е својствено за нас, и никој не ја куди државата туку оние што од страна сакат да ја земат цела контрола врз неа.
    Треба да се брани она што е наше. Не знам дали тоа го направиле албанци или македноци или што знам јас. Знам само дека ова да се случеше во Албанија на пример, имаше земја да се преврти и све наше да испотепаат додека не го најдат виновникот.
    А верувам дека МВР прави се што може, резултати ќе видиме, пред време не треба да се суди!

    P.S. Голема штета што во Македонија нема основа за смртна казна. Навистина голема штета..
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добро и на Велики четврток ли бе, аман. Грев е, грев било кога, а не па на ваков голем празник за нас! Или можеби не е случајно избран датумов за масакр? Баш е Црн петок 13ти за семејствата, а и за сите Македонци богами. Нека почиваат во мир, а МВР да се заинтересира повеќе околу наоѓањето на сторителите! Па 2 милиончиња сме бре мајкуму и се испотепавме меѓусебе, паѓа ли паѓа крв. До кога веќе вака ќе бидеме истребувани на брутален начин?!

    Се е политика народе, буквално се. А ние обичните луѓе сме марионети на политичарите воедно и мафијата, за да си ги остварат нивните цели, а тоа се големи суми на пари. Не треба да се потпаѓа под влијание никако, се што сакаат е војна. Ама други потпаѓаат, други почнуваат, други провоцираат. Угнетени сме едноставно. Не знам дали сторителите се Албанци, навистина не сакам да набедувам се додека не се дознае од која националност се, ама со оглед на сите случувања во државава, а особено оние сега актуелни по автобусите и тепачките кои ги иницираа Албанците, се што имам да кажам за животот овде, а е офф темава е следново: Се да бидеш, Македонец да не бидеш, најлошо ќе поминеш.
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Трагедијава е огромна и нормално дека се будат страстите, сакаме правда, сакаме линч, најмногу од се сакаме да не се случело... Вакво нешто ретко се случува дури и низ светов, јасно ни е тоа. Дали е со намера? Па тешко дека вакво убиство би било во афект... ама па се е можно. Дали децава биле мета или биле убиени по „случаен избор“? Зошто децава било кому би биле мета? Ако не биле, ако се убиени со намера да се направи меѓуетничка тензија, познавајќи ја сосема површно работата на разни разузнавачки служби, верувајте, може и да не е никој од државава. Уште во минатото, во СФРЈ имало диверзантски групи низ тогашната ни држава кои имале задача да направат сериозно нарушување на животот во неа. И ако некој сака (од надвор) да ни направи пат ситуација, во која никој никому не верува и секој секому станува волк, има ли подобар начин од убиство на деца? Мислам, не тврдам ништо, само кажувам дека заднината секогаш може да биде многу подлабока. Исто толку е веројатна и теоријата дека убиецот е од друга националност, а не може да се тврди ни дека не е од иста националност со убиените (Масовниот убиец на деца во Шведска, Брејвик, е Швеѓанец, иако прво се помисли на тероризам од надвор)... Нормално дека ретко кога уште првиот ден се најдени убиецот/убијците, кај нас бесот е може поизразен затоа што некако сме убедени дека и пред нос и да и се на полицијата, нема да ги препознае. Или дека се ќе биде заташкано, скриено... Немаме верба во оние чија работа е да направат да се чувствуваме (по)безбедни, затоа и сакаат луѓето правдата да ја земат во свои раце. Ама ако предизвикувањето хаос било намерата со ова грозно убиство, дали ако направиме хаос всушност не ќе играме по нечие туѓо сценарио...
    А страшно е... тажно, ужасно, остава без збор... Боже, не сакам ни да помислам на ужасот низ кој поминале ;(
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Иако во контекст на темата оваа бројка е сосема небитна, сепак тоа е број на украдени автомобили во текот на една година, бројката на убиства за 2011 година, во држава со над 300.000.000 жители е 12.876.

    Сочувство до семејствата и се надевам дека ќе бидат фатени и соодветно осудени виновниците на ова свирепо злодело.
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Сосема се сложувам со тебе во црниот дел. Јас сум сведок на тоа како пред 10 години кај мене во улица имаше само две албански фамилии, а денес кој и да продава, продава на албанец. И сега кога ќе видам кај мене во улица останати се само 5-6 македонски куќи. Жално, но вистинито.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    257.935
    Згрозена и шокирана!
    Речиси сум сигурна дека ова е дело на албанциве, ама во игра се многу сценарија.
    Децава не се виновни за некој вака да им пресуди.
    Велигден е, голем христијански празник, тајминг кој воопшто не е случаен.
    Како и да е, децата се мртви, исто и повозрасниот човек, ништо не може да ги врати, единствена утеха е да се фати и казни убиецот!
    Празникот е тажен, се фрли сенка врз него. Кој би се радувал денес, кога млади деца се убиени.
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Според ова што го читам, уапсените протестирале пред местото на настанот.
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Абе каква смртна казна, за што? За да му ги скратиш маките?!? Стави го доживотно во самица и заборави дека постои, нека се мачи ко што заслужува.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.