Подобро користете го шампонот Орзен и маската за коса Орзен цела колекција е на база на пиво, него ли да истурате пиво врз косата... многу ја прави крута и сува, + и непријатна е миризбата
^ Да,се согласувам со Плавуша исто и јас ја користам оваа колекција.Подобро ова,него стварно пиво на коса.. Преубаво ја прави косата,посебно маската ...убавини!
Јас го користев порано шампонот Орзен за фарбана коса и не правеше доволно пена и не ми ја правеше косата мека, мислам се приметува дека е на база на пиво така да тоа ви е попаметно решение него ова. А и работава со пивово повеќе важи за оние со брановидни, кадрави коси. За тие како мене што имаат и природно права коса не препорачувам да ставаат пиво на косата, ептееееееен ја окрутува штом мене самиот шампон ми ја правеше таква можам да замислам чисто пиво. Јачменка ќе треба да си ја крстам косава
Пиво на коса поќе Не дека сакав самата, туку ме истушираја на Пиво фест. Одвај ја отплеткав косата и одвратно ми мирисаше. Го користам шампонот Орзен и сум презадоволна, а тој е со пиво. Ми ја зацврсти косата и ми е посјајна
Пивото многу зацврстува, ама има непријатен мирис. Колку и да испари, после тоа косата не мириса убаво, ко тазе миена.