Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилинг за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Sw3et.Ang3l, 1 септември 2013.

  1. Normina

    Normina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
  2. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Од локален супермаркет го начекав 350 денари.
     
    На Normina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Девојки според мене пилингот и маските се единствениот производ кој немате потреба да го купувате од проста причина што сами дома може многу да направите!!!! Ќе заштефите пари а за да направите еден навистина одличен пилинг потребна ви е состојка со скраб ефект (брашно. шеќер, сол, кокосово брашно, овесни снегулки, кафе, какао итн), една маследна состојка (за помека кожа) и евентуално етерични масла или додатоци како мед, алое вера гел, глицетин и.т.н. Па дури и патлиџан да пресечете намакан во шеќер е многу подобар антиоксидансен плинг од било кој во продажба. Буквално со она што го имате дома може да направите пилинг. Јас пилинзи купувам ептен ако треба нешто да рецензирам, инаку секогаш ги правам дома. Исто и со маските. Во фрижидерите имаме сѐ што ни треба а нема подобро од свежа и природна маска било за лице било за коса. Поздрав.
     
    На xxAngelxx, Annath, sorbet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Се убаво со тоа природните само после оди измиј го тоа кафето и зејтинот од тебе...
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Ќе си помогнеш со убаво средство за чистење лице, секако. Пена, гел, сапунче, не мора да го отстраниш ваквиот пилинг само со вода.
     
    На Biodevojka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Имам пробано домашен пилинг со кафе за лицето и за целулит,кожата ми беше премека ама едвај ги отстранив сите гранули морав да ја мијам и косата и после тоа долго време мирисав на кафе.Исто и со мед,лепи насекаде.Само со шеќер полесно поминав.
    Што знам вака полесни ми се купечките ама може ќе сменам некогаш мислење.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја од вас рецепт за домашен пилинг за лице со јаглен или аспирин?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Имаш тема со рецепти за маски кои исто така можат да се употребат како пилинг, токму со медицински јаглен. :)
     
    На Ginger^ и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Презадоволна

    [​IMG]
     
    На Arendelle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Домашен пилинг од сода бикарбона предобро нешто.Ја мешам само со вода, малку колку да се добие смеса како паста. Ептен убаво ја чисти кожата, ја остава мазна, мека, свежа, некако како осветлена...преубав ефект има. Имам сува кожа па го користам еднаш неделно или во две недели инаку би многу почесто :). Подобар по мене нема.
    Утре сакам да пробам со кокосово масло да ја помешам содата, па ке видиме како ке испадне.
     
    На Acka22 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга за сува кожа би ти препорачала да правиш пилинг еднаш во две недели. Премногу е секоја недела. Да имаше комбинирана до масна кожа во тој случај може секоја недела. Поздрав.
    п.с. обично содата е малку поагресивна за сува кожа, ама еве ти си исклучок тебе ти одговара. Јас би препорачала кокосово брашно за сува кожа кое е понежно, ама ако си задоволна од овој пилинг ок, ама на две недели не почесто.
     
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Фала на мислењето ке почнам на две недели да го правам, понекогаш и така правам, ама знам и еднаш неделно, ке менувам на две дефинитивно.
    Не сум знаела дека содата е агресивна.Имам нежно лице и веднаш покажува кога некој производ е агресивен и не и одговара. Среќа што не ми реагира лошо лицето :).
    Баш ке пробам и со кокосово брашно, не сум до сега.
     
  13. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Немам користено многу пилини за лице,инаку го имам пробано на Неутрогена и ми се допаѓа.:)
    Домашен пилинг имам еднаш пробано со сода бикарбона,мене некако грубо ми беше на кожата.Сигурно не сум го направила убаво.:D
     
  14. Nikola G

    Nikola G Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Нов сум на форумов. Се зачленив со надеж дека ќе добијам совет овде.
    Имам проблеми со лицето поточно со пори(митисери)на носот и т-зоната кои ме мачат и сакам да ги тргнам. Се обидов со стискање и испаѓа бело од нив.


    [​IMG]

    Ова се моите прашања

    1.Читав на интернет како се одредува типот на кожата, но да бидам искрен не можам да препознаам за тоа каква кожа имам. Мене ми делува на сува, па потоа некако како мрсна итн. Не сум сигурен точно?

    2. Ако може совети за пилинг и маски кои имаат ефект.

    Дали со природниве се добиваат одлични резултати ( на пример таа со мед) или е подобро да користам козметика.Дали да се исчистат рачно пориве или директно да направам пилинг и маска?
    Како да ги прикријам додека да го добијам ефектот?
    Јас и сега користам некои да речам пилинзи од неутрогена но ефект некој немам. Веројатно ми фали некој дел од рутина за да го добијам ефектот.


    Ова го земав пред една година некаде, онака на брзина влегов во продавница и прашав па ми рекоа еве ова е добро. Не го користам многу, има некој ефект но поголеми резултати не забележувам.
    [​IMG]

    3. Каде да се обратам за да го дознаам типот на кожата. На козметичар или дерматолог ?
    Акни, бубулици немам воопшто. Проблем се само порите(митисери) и тоа е се.

    4. Каква би требало да ми биде дневната рутина за да би имало ефект. Гел за миење лице можеби, Пилинг , Маски. Што се би требало за лицето?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво, најнапред прво и основно правило никако да не ги стискаш. Не само што правиш стрес на кожата туку на тој начин го заразуваш и здравиот дел од кожата. Најдобар начин на отстранување е со помош на маска на база на зелена глина или расул. Може да ги купиш зелена глина во аптека или расул во Космо.

    Потоа многу е важна хигиената на лицето, односно со што го миеш. Гелот не треба да биде агресивен, туку да измива без да суши. Може да користиш и нежен сапун за миење.

    Што се однесува до типот на кожата, јас не знам дали користиш некоја крема за лице. Доколку да, и доколку кремот е на база на силикони, потребно е прво да го прочистиш лицето од нив, па потоа да ја видиш состојбата на кожата. Силиконите креираат филм на лицето кое не ја дава вистинската состојба на кожата и претставува маска. Дури откако ќе ги тргнеш ќе може да видиш каков тип на кожа имаш.

    Не знам колку години имаш, ама сепак возраста начинот на живот и исхраната имаат многу големо влијание.

    Немој да ги прикриваш, нема потреба. Прави двапати неделно маски на база на зелена глина само на тој дел каде имаш црнки (во случајов на носот) и ќе видиш подобрување. Во првиот месец дена може двапати неделно, потоа премини на еднаш неделно за превентива.

    Друго не знам што да ти кажам, ако имаш прашања слободно прашај. Поздрав.
     
    На Nikola G му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Која е цената на зелената глина во аптека?
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    Околу 180 денари. 500 грама е и ќе ти трае цела вечност.
    [​IMG]
     
    На buba4e89, Biodevojka, ванилала и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Гледаш промена некоја околу црнките или да не ја купувам воопшто :D
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    Зависи и до кожата, ако имаш мрсна кожа ќе ти помогне во чистењето. Црнките не ми се познаваат по употреба на маска, но после неколку дена пак се појавуваат. Си бара редовност, не е никаква чаролија глинава. :D
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ги чисти порите, лицето изгледа свежо, делува и на црнки но не е трајно решение. Јас ја употребувам два пати во неделата.
     
    На ванилала и sorbet им се допаѓа ова.