Writer's block, или на Македонски јазик, Писателска блокада, претставува феномен кој се случува кај писателите и се карактеризира со неволност или безидејност во нивната писателска дејност. Обично писателските блокади се случуваат по некој период на екстремна умствена креативна работа од страна на писателот, по која тој се чувствува ,,истрошен,, и неволен да продолжи со своето пишано дело. Моментално и јас се соочувам со писателска блокада и засега многу ми е тешко да се инспирирам и да продолжам да пишувам. А скоро сум при крај со мојата книга... Сакав да ги прашам фемина членовите кои пишуваат, без разлика дали се тоа книги, поезија, или проза, како или преку што успеваат да го надминат овој психолошки феномен?
И јас често се соочувам со овој "проблем" кога ќе се изнапишам како наеднаш да се блокирам потоа..Но се обидувам да се инспирирам и мотивирам со музика, омилени филмови, случувања во мојот живот и на околината.. Не треба да се оптоваруваме со мислата дека немаме ниедна идеја за пишување тоа самото доаѓа со чувствата и емоциите, а ако се форсираш да пишуваш како со сила тогаш тоа ќе испадне глупаво и неубаво за тие што ќе го читаат тоа. И да, не се брзај идеит и мислите сами ќе ти дојдат навреме. П.С. може ли да ми кажеш во инбокс или тука ако ја издаваш книгата..тогаш на кој начин и која издавачка куќа и кои се условите т.е ако знаеш некои информации,ако може?
@LanaSGirl ти благодарам што го сподели овој совет со мене. И потполно се согласувам со тебе, подобро е воопшто да не се обидуваш да продолжиш да пишуваш отколку да се форсираш да напишеш нешто што подоцна воопшто нема да ти се допадне ни на тебе, ни на идните читатели.
Ужас е кога ќе се случи. Јас лично во такви случаи пробувам да пишувам на слободни теми, колку да ми се разбуди креативноста, и тоа обично помага, ако не веднаш, после ден, два можам да продолжам со работа.
Точно, но понекогаш не знам дали сум ја совладала писателската блокада или само пишувам глупости што после кога ќе ги прочитам, веднаш ги бришам
Да, ми се има случено. Тогаш јас лично оставам се што сум пишувала и правам нешто друго (готвам,слушам музика,гледам филм) и после пак се враќам. Во главно успева.
@strawberry06 тоа е всушност одличен совет! Умот понекогаш не е во можност константно да се фокусира само на една работа подолго време и поради тоа е потребно одмор или друга занимација додека не бидеме подготвени повторно да продолжиме да пишуваме или кога евентуално ќе ни се врати инспирацијата