1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до непреболениот

Дискусија во 'Разделби' започната од Ulata, 17 мај 2011.

  1. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Помина веќе некое време откако ја прекинавте врската со него, но се уште ве стега обрачот на спомените толку цврсто околу вратот што на моменти не можете да дојдете до здив. Имавте преголеми чувства кон него и тој беше љубовта на вашиот живот, но сега останавте сами во канџите на својот очај, тага и осаменост.Напишете писмо што би сакале да му кажите за последно.
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Писмо до сите вас емотивно инвалидизирани, машки и женски: ТИЕ БИВШИ ПАРТНЕРИ НЕ ВИ СЕ КАКО РОДИТЕЛИ, СО ГОДИНИ ДА СЕ ЖРТВУВААТ ЗА ВАС, ЖИВОТОТ БИ ГО ДАЛЕ ЗА ВАС (БУКВАЛНО!!) И АКО ТРЕБА ТИЕ НЕМА ДА ЈАДАТ, ЗА ВИЕ ДА БИДЕТЕ ПО СИТИ. Тоа се само индивидуи од спротивниот пол со кој сте споделиле повеќе или помалце убави моменти ама тоа сега завршило. Немој да бидете зомби и да патите до толку бидејќи така само си ги затварате сопствените врати и можности за нешто ново ПА И ПОУБАВО во иднина. Ова ми иде од некоја горчина во последно време што секоја девојка која ми се засвиѓала (и тоа за нешто повеќе, не за авантури) е ментално оболена по бившиот (шо си има нова девојка сега и не го боли баш...).

    Он топик - срце мое некогашно, ти дадов и повеќе отколку што можев да дадам, ама кога си толку неспособна за основа човечка комуникација, оди слободни бричи го. Бај бај
     
    На чупето*, Milobebence, Диња и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Драго муле!!!
    Ти го пишувам ова писмо, искрено се надевам знаеш да читаш. Прво да ти се заблагодарам за сите моменти поминати со тебе во изминативе 8 месеци. Да ти се заблагодарам што секој пат беше искрен, Е добро де незнам дали си излажал за нешто ама барем тоа што сакав да знам , искрено беше кажано-другото не ме занима.
    Друга работа, аман бе доста више се исповедаш. Па не те прашав јас кај идеш, кај си бил и зошто. И престани со тие тајни испади на љубомора. Нема потреба на секое излагање да ме прашаш дали сум фатила дечко. Значи ако сум си нашла сигурно нема да излезам со него...И што се праиш глуп коа веќе знаеш и како дишам.
    Трето, свати те сакам, ама нема да те мољакам, не нема....Колку и да се умилкуваш.
    престани да се извинуваш кога не можеш да излезеш, коа не си ми вратил веднаш на пораката, коа сум ѕвонела а не си ми вратил, зошто си спиел. и знаш ме нервираат твоите планови, следен пат ова следен пат она.....Ајде сеа толку, коа ќе те видам ако ми текне ќе ти кажам уште нешто.
     
    На Aleks96 и Ulata им се допаѓа ова.
  4. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Почитуван господин Hi !!
    Да те прашам како си, го знам одговорот, да те прашам што има ново исто така знам што ќе одговориш, - НИШТО, а во тоа ништо се крие сешто , уште колку ли пати само се из***вте со к**вичето, уште колку ли девојки измува, уште колку ли заведе а камо ли и повреди, ама не се секирај ти злато се ќе ти се врати.
    Ти посакувам, не многу, туку само толку колку ти мене ме повреди,се да ти се врати :rofl:
    И пристојно те замолувам да го напуштиш моево срце....веднаш, за да не зажалиш ;)
    Те сакам или не те сакам, незнам веќе ни јас што ама едно е јасно биди ми пријател но за нешто повеќе не ми се појавувај пред очи :!: бидејќи ти имам смислено говор за да незнаеш на каде да се завртиш кога ќе слушнеш :D
    И уште едно ќе и кажам go out веќе еднааааааааааааш!!!!!!!! :punch:
     
    На Adi888, Jecichka, Nati.P и 5 други им се допаѓа ова.
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Драг господине Мутле Мутаво!

    Ти го писувам ова писменце од што беше глуп па не можеше сам да сватиш! Џабе ти е тоа јако школо што го имаш коа не си ни научил да ги гледаш реакциите на луѓето околу тебе...посебно мојата!
    Сеа ќе бевме неколку години заедно .... јбг мене годините не ми беа пречка.....Ти имаш една гооолема пречка во мозокт ти недоразвиен австралопитекус не ти е рамен! Да по Луси камената жена те викам...море не и она има поголем пречник на мозокот од тебе!
    И даље притресуј се коа ќе ме видиш и не не викаш ни здраво зеваш у мене ко теле во шарена врата!
    Јбг касно се свести имаше неколку шанси......сеа немаш ни една!

    Епа шта чеш мојот живот е поубав коа те нема и моето бубу ме сака повеќе од што некат си ме сакал во тие години.


    Good bye and good ridance!
     
  6. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    здраво господин смотан
    Ти го пишувам ова писмо само затоа што знам дека никогаш нема да го прочиташ и ке ти кажам се што немав шанса да ти кажам бидејки избега и покрај тоа што ме сакаше и немаше храброст да бидиме заедно само затоа што бевме од различни градови и демек не ке сме можеле да се гледаме. Ама едноставно ти не знаеше да гу чуваш тоа што го имаш бидејки затоа има многу начини е сега кога пак ме побара веке е касно јас одма те заборавив и имам прекрасен дечко кој за разлика од тебе ме сака уште повеке а далечината претставува најмал проблем бидејки зане да се бори и да ја чува нашата љубов. И уште ова само ми направи услуга со тоа што замина бидејки најдов поубав и подобар човек од тебе. И се надевам дека пак ке имаш некоја од друг град чисто онака оти сум злобна понекош за таквите како тебе :D хаха
    буе буе :rofl:
     
  7. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Драго машко суштество без мозок
    Нека ти е среќен патот по кој тргна без мене...и од срце ти благодарам за целото време кое го поминавме заедно! Од тој период научив многу важна лекција- каков тип не заслужува ни трошка од моето внимание, ни поглед од моите очи, ни едно отчукување од моето срце! Навистина никогаш нема да преболам...колку сум била смотана кога се заљубив во тебе...
     
    На lostbabygirl, realGirl, xoxo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Борче ....

    Мило ми е што некогаш ти бев се како и ти мене. Судбината не сакала јас и да бидиме заедно, затоа и замина, но тоа е веќе минато. Ме сруши кога ми кажа дека таму те чека нов живот и нова љубов. Би сакала да можевме да останиме пријатели, но ти ни тоа не можеш да го постигнеш глупак еден хахаах
    Нема збор со кој можам да те навредам од шо сум гневна и бесна копиле едно. Се надевам еден ден ќе те сретнам па ќе видиме тогаш кој кого ќе го памети за цел живот. Знаеш и сам дека обожавам да те провоцирам и нервирам и секогаш успеавам. Ако си доволно паметен, а не си ќе сфатиш шо сакам да кажам, мн. долго да не биди писмото доста е. Не верувам дека ќе ти дојди паметот некогаш ама многу сакам да те видам и слушнам во живо да ми го речиш се то што ми го рече на фб. Нема да можиш, не си доволно храбар ама вреди оти тогаш ми иди да се изнасмеам. Патем никогаш нема да го заборавам шамарот што го изеде од мене хахаахаахаххах пози4 :*
     
    На kikav и Katerinceee им се допаѓа ова.
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    1. :!: не е непреболен хах

    Епа слушам имаш девојче , биди среќен
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Тага, очај и осаменост-I don't think so! ;)

    Онтопик
    Драг пријателу, мило ми е што си го среди животот, расчисти со некои луѓе, па и со мене. Мило ми е што почнуваш нов живот, си се средил, супер, мило ми е, ми рече дека не планираш нешто сериозно со некого, уште поубаво, заврши факултет, направи нешто од вишокот пари што ги имаш, немој да ги расфрлаш по женски. Јас само од страна ќе те посматрам, како добра другарка...
    Само да не ти текнал да направиш некој глупав потег, бидејќи така јас не можам да дозволам, да знаеш дека одма одиш на дилит, и не сум како тебе да се премислам 923059872598734598375983 пати, ако сум рекла еднаш Губи Се, толку веќе. ;)
    Се надевам дека си барем малку паметен. had a very good time, bb <3
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Драг преболен.
    Да, преболен си ама сепак чувствувам дека имам многу да ти кажам. Дојдовме на раскрсница во животот јас отидов десно, ти лево или обратно.. како и да е.. во спротивни правци. Имам друг дечко и да среќна сум. И ти имаш девојка и верувал или не најисркено се надевам дека си среќен. Знам дека многу те повредив и веројатно тоа е и причината што овде пишувам. И само да знаеш дека да дознае за ова сегашниот мој ќе ми раскине. Не си му омилен лик баш.. Како и да е, сакам само да се извинам за се тоа што те повредив, тешко ми беше и мене, и јас плачев и јас немав желба за живот без тебе. Многу време ми требаше да се опоравам, ама еве ме, жива, здрава.. целосна. Знаеме двајцата дека ова во лице нема никогаш да ти го кажам. Немам храброст. Странци сме.. толку блиску а толку далеку. Само се надевам дека некогаш ќе дознаеш дека навистина сум се покајала и сум стадала после. Те преболев да, ама секогаш ќе ја чувствувам таа потреба ова да ти го кажам. Се надевам некогаш ќе успеам. И иако знам дека ти не ми посакуваш среќа во мојата сегашна врска, јас тебе ти посакувам да бидеш многу среќен, да имаш со неа се што јас не ти дадов.
     
    На Ance-to, fallenangel, problems94 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Не ми е гајле си имам замена ја :$
     
  13. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    ...

    После долг период вечерва ја гледам твојата порака. И знаеш што е најсмешно? Што заборавив која е личноста што ми пишува. Без трепет, без чувства, без љубов, без бес, без горчина, без да помислам дека ТИ беше тој кој ми го смени животот од корен. Знаев дека ќе ме побараш, кога тогаш. Сега водевме еден општ разговор како стари пријатели. Те знам како дишиш, ме знаеш и ти. ТИ, мојата прва љубов, онаа платонска љубов чиста и искрена, сега на која јас останувам рамнодушна и едвај се сеќавам. Повеќе имагинарна отколку физичка. Зошто? Зошто ми пиша после толку време? Откако изгубив надеж, се откажав, се помирив, те ПРЕБОЛИВ. Сега сум среќно вљубена. Не ми требаш. Не беше тука никогаш, а најмалку ќе дозволам да бидеш сега. Те чувствувам како сенка, а секој пат кога ќе се свртам те нема. Оди си. Оди си и не се враќај. Биди среќен. Со било кој и било каде. Само не ми го нарушувај мирот.
     
    На LaraSolare, liliput22, Nati.P и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    здраво губре ПРЕБОЛЕНО

    нит си ми драг нит непреболен-се контра,сакам да ти кажам дека ми е мило што ниту те гледам ниту слушам за тебе нешто,сакам да ти кажам дека конечно СЕ ЗАЉУБИВ ВИСТИНСКИ сакам да ти кажам-фала што почна да бидеш кретен и јас си отворив очи и те шутнав како што заслужуваш (како стара крпа) и благодарение на тоа сега сум среќна (за твоја несрека) Јас си средив живот сакам сакана сум срекна сум и срекен правам некој кој заслушува...а ти? Слушам чувар си станал (те унапредиле) :rofl: добро е додека не почнеш плашило да бидеш (знаеш од оние за крадците да не крадат по ниви) ниту ти посакувам нешто ниту ништо,само сакам да ти кажам дека СУМ СРЕКНА а се надевам дека Господ ке ми даде едно бебенце па (од твоите сигурни извори што те информират за мене) да сватиш дека сепак сум способна да задржам бебе


    и последно иди у три лепи м.... :hai:
     
    На kosmodiks, Aleks96 и Offspring им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Умри, не прави зијан, џабе го трошиш кислородот.

    Предлагам темава да се вика - порака до бившите.
     
    На kikav, feminium, Aleks96 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Ние веќе ја затеравме во тој правец, дури и да не се прекрсти
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мислам дека го имам и претходно постирано текстчево, ама еве пак, посветено на првиот и единствениот што проба да ми го скрши срцето. Глупав, ко да не знае дека е мускул а не порцелан.

    Вечер како и секоја друга. Седам на биро со дигнати нозе, го шмукам животот од една цигара и кликам. Оп, твојата песна ја постирал некој. Помислувам на тебе, и не ми е убаво. Лажам. Убаво ми е на мазохистички начин, се себеизмачувам и си ги враќам убавите спомени. Ти до мене, во мене, во секоја моја клетка, под кожа, под нокти, меѓу прсти и сред темето на мојата глава. Твоето присуство секаде, ненајавено, а сепак очекувано. Би се разочарала да е поинаку.
    Капиларите во моите очи навестуваат дека е време за спиење. Време за да те видам пак, како и секоја ноќ кога ќе заспијам. Откако те нема, мојата потсвест секоја вечер те проектира во моите сништа. Таму си, до мене, во мене, во секоја моја клетка, под кожа, под нокти, меѓу прсти и сред темето на мојата глава. Сум ти ги запаметила и најмалите гестикулации и успешно сум ги пренела на единственото место кадешто пак те гледам, одново и одново. Секоја вечер различна приказна, сценарија кои очајно сакам да се базираат врз вистинска приказна. Врз нашата приказна. Ако не тоа, ќе се задоволам и со луциден сон.
    Креативноста полека ми се троши. Спомените врз кои ги градев нашите средби ги снемува, треба да ги повторувам. И твоето отсуство се повеќе го чувствувам. Ти го слушам гласот, но лицето ти се троши. Како изветвена кошула, истрошен надгробен камен. Деталите од твојата насмевка полека бледнеат, го заборавив и начинот на кој се смееш. И бојата на очите ми е во магла, и брадата и ставот на твоето тело. Ах, тоа твое прекрасно тело. Гласот уште не ти го заборавив, одѕвонува од најдлабоката рем фаза и ме потсетува дека некогаш сме постоеле ние. Заборавам и како ми беше кога ќе ме допреше, сосем случајно но со најголема намера. Заборавам и како дишеш нежно зад мене дур си ме обвил во спиење. Бледнееш.
    Предвидувам-нема уште долго да те сонувам. Нема да бидеш тоа ти, ќе биде бледа копија, грда сенка останата од Мажот што беше покрај мене. По некое време целосно ќе исчезнеш, нема да ме измачуваш а ќе патам уште повеќе. Ќе ме разјаде знаењето дека ќе те заборавам. И ќе те.

    ПС. Дабогдафатишсифилисодтрансџендерпроститутка.
     
    На Flower.D, detelinka123, xoxo5 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Дегену убав |(

    Глупчо еден касно ќе сватиш што загуби , оди со таа ку*вата таму , изе*ај ја уште колку сакаш . Напушти човек кој те сака , многу селско од твоја страна на фб да го кажуваш ова !!!!!!!!!!!!!!! Јебига глуп си anyway ..

    П.С

    гоу то хел ! :*
     
    На чупето*, Flower.D, lola-86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Пак помислувам на тебе иако толку упорно сакам да го избришам секој момент, секое сеќавање, секој спомен. Повторно се измачувам, се наоѓам себеси како плачам со главата во перницата, како ги слушам нашите песни со влажни очи, како ми доаѓа да врескам на цел глас од мака што те нема. Те нема. Толку ми беше тешко да ги прифатам овие два збора. Те нема тебе во мојот живот, не нема нас. Самата помисла ми е застрашувачка, толку многу што животот ми се одмилува. Секој нов ден ми е тежок, казна на свој начин, секое задоволство, секој миг на среќа е само привиден. Ти си тој што стои во позадината на се, ти ми го боиш животот во црно, ти си виновен што стојам на работ на пропаста. Не е исто како првиот ден без тебе, но сеуште боли и нема намера да престане. Боли на некој чуден начин. Ми доаѓа да ти се јавам и да плачам на телефон со часови, да ти кажам се што ми лежи на душа, а знам дека нема шанси да го направам тоа. Не и после сето тоа што го направи ти. Така што можеш да бидеш сосема мирен и среќен, јас се помирив со тоа дека е готово. Единствено нешто што сакам од срце-е да те заборавам, сосема. За мене да бидеш странец, непознат, да бидам целосно рамнодушна. Го сакам животот што го имав пред тебе.
     
    На Catgirl1, detelinka123 и praski4ka им се допаѓа ова.
  20. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Eпа мил мој преболен кретену

    Ми беше мило што конечно се опаметив,и веќе не си ми центар на светот. Знаеш, веќе не мечтаам за тебе,не те ни сонувам. Воопшто не ми беше лесно да стигнам до овој степен но среќна сум што успеав да те избришам. Иако ми беше прва единствена љубов до сега, се си има свој крај. На почетокот мислев дека приказнава ќе ни има среќен крај но сум се излажала. Долго време живеев во заблуда дека можеби ќе ни се спојат патиштата но разбрав!! ЈАС И ТИ СМЕ РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ. И да, мразам што секогаш кога ќе бидам слободна,среќна и ќе се почувствувам исполнето ти повторно се враќаш, ми праќаш сигнали и ми се јавуваш. Не е дека не сакам да те слушнам, иако те преболев знај дека длабоко во себе треперам додека ти го слушам гласот. Но сакам да продолжам, да не се појавуваш повеќе бидејќи како што кажав, си ми прва љубов за која не верувам дека има заборав.
    После се што претрпев поради тебе, можам со сигурност да кажам дека мразам што те сакав. Мразам што воопшто те запознав. Мразам што засекогаш ќе те паметам. Се надевам дека некогаш ќе се заљубиш во некоја исто како што јас се заљубив во тебе, и ќе останеш со скршено срце. Те преколнувам, само оди си. Немој да ми ги отвараш старите рани, веќе е доста. Поздрав од твојата некогашна Малечка.