1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до непреболениот

Дискусија во 'Разделби' започната од Ulata, 17 мај 2011.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Драг

    Многу работи сакам да ти кажам, но незнам од каде да почнам...Првиот пат кога те видов, ми го одзеде здивот, ми ја украде насмевката на моето лице. Кога другарка ми ми рече да не запознае, јас не прифатив иако потајно во себе тоа го посакував, бидејки се плашев. Те додадов на фб, почнавме да си пишуваме, ненадејно но се вљубив во тебе.Потоа дознав некои работи за твоето минато и се подзамислив малку, но бев свесна дека секој прави грешки и никој не е совршен. Се надевав цело време дека ке се случи нешто помегу нас, но тоа никако да се случеше. Од неодамна дознав дека веке имаш некоја со која потајно се гледаш и кога сватив дека типката е од друга земја , ми беше јасно се. Не се случи ништо помегу нас а и не верувам дека ке се случи, бидејки и да го промениш мислењето касно е веке возот помина. Толку од мене , ти посакувам се најдобро во животот :*
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Господине Непреболен :hai:
    Еве ме мене,девојката од твоето маало,девојката која ти ја заведе,ме натера да се вљубам во тебе,душата ми ја зеде,ми моташе милион филмови,ме побара за жена,и иако не го оствари тоа,ме направи најсреќната девојка на светот :clap: .
    Иако повеќе висевме :call: ,моето срце ,душа и мисли беа секогаш со тебе....
    Ти ,анѓел,убав мој сон ,недостижен ...
    Ме предаде,фрли во бездна без дно цели 4 години :( ,ме остави сама,скршена,без живот,без желба за да ги отворам очите.
    Го скрши секое делче од моето срце...
    Колку ли ноќи без здраво начукана :drunk: ,за да не мислам со која ли си,што правиш,да можам да преживеам...
    Те сакав премногу,и уште те сакам на некој начин,барем споменот за тебе,ти беше мојот живот.
    Се ми уништи,светот врз глава ми го сруши,тој проклет ден кога се појави со неа-таа натрапничка,убиец на љубов :x .
    Ми ја донесе пред очи и се шеташе со неа секој ден пред мене,ме повредуваше и намерно ме газеше пред неа,и уште имаше лице да ми се обтаиќаш во лице како ништо да не било,како да сум било која :@ .
    Ќе ти вратам за се еден ден,за сите солзи,за сета болка,за смртта што ја осетив во себе,зашто само механички бев жива ;( .
    Те заборавив,се заљубив пак,но ти ми остана во душата.
    Бог да те усреќи,сепак не ти мислам ништо лошо и никогаш не би ја погазила љубовта за тебе-бидејќи љубовта ми беше вистинска.
    Еден ден ќе се сретнеме ,можеби,се надевам :wasntme:
     
    На crazylady, liliput22, Katerinceee и 4 други им се допаѓа ова.
  3. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Злато. (секогаш така се викавме)

    Сакам да ти се заблагодарам за овие 8,5.месеци поминати со тебе .Ти благодарам за убавите моменти кои ги доживеавме заедно и кои секогаш ќе имаат посебно место во моето срце.
    Сакам да знаеш дека од срце ти посакувам да бидеш среќен и да си најдеш девојка која што стварно ќе ја чуваш и нема да ја лажеш,како што со мене направи неколку пати . :) Сакај ја и биди сакан зошто ти ме научи дека тоа чувство е најубаво :)
    Не сакам да ти вратам за ништо,зошто нема ништо поубаво од тоа после неколку дена,месеци,години кога ќе те видам да те погледнам во очи без чувство на совест. :) Сепак не заборави дека постои карма и кога тогаш ќе ти се врати на овој или на оној начин.
    ЌЕ САКАМ НЕКОГАШ НЕКОЈ,АМА НИКОГАШ НИКОЈ КАКО НЕКОЈ НЕКОГАШ :(

    Те сакам.
     
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    5.788
    Пол:
    Женски
    Се најдобро мој бивши драги ! :D :D
     
  5. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    И ете си ти повторно во моите мисли. Повторно си првиот кој ми паѓа на памет, кога се зборува за љубов, за непреболеност. Иако никогаш не ти реков "Те сакам", ти секогаш го знаеше тоа. Знаеш, сеуште те сонувам, поминаа години, години, но ти не ме оставаш предолго сама во ноќите, се почесто и почесто ме посетуваш во соништата. Глупава сум, нели? Сеуште зборувам за тебе, пишувам за тебе, те сонувам тебе, мислам на тебе, се распрашувам за тебе, кога ти сигурно и веќе си заборавил дека постојам. Никогаш не бев доволно добра за тебе, за да бидам покрај тебе. Бев како жарче кое гори, но не свети. Еј! Јас навистина те сакав, не како другите што те сакаа. Јас те сакав вистински, онака како што никоја те нема сакано, како што никоја никогаш нема да те сака. Кога само би знаел, колку сум плачела за тебе, колку Бога сум го молела само да ме погледнеш, колку будна сум сонувала за тебе, би се запрашал самиот себе што си толку посебен. Не, не си. Но за мене си. Еј! Јас се заљубив после тебе, бев среќна после тебе, бев сакана и љубена. Но никогаш за никој не сум го почувствувала она што и за тебе, никогаш не престанало да ме боли тоа што толку малку ти значев. Јас никогаш повторно не ги почувствував пеперутките во стомакот, и љубов со друг водев, но не го почувствував она што го чувствував кога тебе ќе те видев. Твојот поглед вперен во моите очи беше посилен од секој оргазам. И кога мислам на тебе, неможам да се сетам што навистина се случи, а што беше само фантазија. Смешно, зар не? Тоа што јас го чувствував за тебе, беше најубавото, најчистото, најискреното нешто што досега ми се случило. И знаеш, понекогаш сум среќна што ништо немаше меѓу нас, зошто знам дека само ќе ја извалкаше белината во моето срце, и немаше на тоа да се сеќавам како вака сега, како на нешто најчисто на свет. Знаеш, мислев ќе помине, мислев си бил само детска љубов, но не. И кога ќе бидам слепа старица на смртна постела, ако некој праша, кого во животот најмногу сум сакала, јас ќе речам НЕГО! Тебе! Се надевам дека еден ден ќе имам прилика и храброст да ти раскажам за сите мои чувства, тоа го сакам повеќе од се на светов. Еј! Среќна сум што во моево срце некогаш живеела толку голема љубов! Многу те сакав!
     
    На hermosa, Daniela92 и wake-up им се допаѓа ова.
  6. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Го пишам ова со солзи,те изгубив заради глупост срце мое,ме сакаше ми го нудеше светот,а што направив јас те изиграв и тоа за неколку минути ја фрлив нашата љубов во контенјер за неколку бакнежи од страна на човек кој не ми значи ништо.можеби нашето беше кратко,ама преубаво,се почуствував сакана после толку време,ти ми беше моето утро и вечер,моја надеж мое се.Немаше секунда да не помислам на нас и на нашата иднина која требаше да ја креираме заедно,да му се радуваме заедно на секој нов ден,да ги решаваме заедно проблемите.Кај oтидоа нашите среќни моменти,зошто секогаш го губиме она што го сакаме најмногу.Најмил мој ако некогаш го прочиташ ова знај дека те сакав и ке те сакам
    сега едно знам моево срце веке нема да љуби....... :(
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.243
    Ех драги, којзнае колку време помина. Кој ли брои, ма веќе не е ни важно, ништо веќе не е важно. Непреболен? Манијакалната јас, опседната со време, што памети датуми и денови и часови до минутка точни, денес заборави колку точно време откако се запознавме, откако бевме заедно, откако се скаравме, откако последен пат се видовме. Ненамерно или со намера, времето веќе не постои за нас. Го убивме, како во Земјата на чудата.

    А само што ме одмина еден точакар во маало денес. Признавам, секогаш кога ќе видам некој на точак со голема јакна и руска капа помислувам на тебе. Повторно не беше ти. Ама знам дека пак ќе помислам, живееме во исто маало.
    И што ако те видам? Ќе ми затрепери срценцето, ќе се разнежнам, можеби и ќе се натажам, секој ќе продолжи по својот пат. Ништо. Можеби и подобро што не те гледам. Можеби затоа не те гледам - затоа што не сакам да те видам.

    Имаш ново девојче. Чувај ја, знаеш да чуваш. Знаеш да се грижиш, и да гушкаш... Знаеш се што треба да правиш всушност, ќе престанам овде. Премногу сум уморна.

    И те заборавам по малку, од ден на ден. Не е како порано. Но ете, решив тебе да ти го пратам виртуелново писмо. Непреболениот? Можеби, можеби не. Ама си нешто што никогаш нема да го заборавам. Не како личност, туку како цела приказна, убава за раскажување.

    Многу добра тема патем :)
     
    На Catgirl1, wake-up и antonina им се допаѓа ова.
  8. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ...... :inlove: ......Те сонувам иако не смеам, иако не сакам. Луѓето се сеќаваат на минатото ако сакаат, но забораваат ако можат. Кога мислам на тебе и самотијатa ми е убава. И животот ми добива некаква смисла, но често како да ги одбегнувам полесните патишта и создава испреплеткани случки , можеби за поука. Не дозволувам сама да учам, од сопствените грешки а често грешам. Љубовта не умира, неа ја убиваат луѓето. Те молам разбудиме од овој лош сон, од сон кој ми создава само тешки болки. Разбуди ме и одведи ме некаде далеку, зашто овде нема место за мене и тебе, за нас.

    Да те заборавам, неможам. Така уште повеќе те засакувам, а знам дека кога си сам никој не може да те остави. Полека и тивко губам се... Живеам но не чувствувам... имам сила, а слаба сум... неподвижна во срцето, смрзната во душата. Тагувам но не плачам. Сонувам а будна сум. Посакувам моќ а нема ниту капка среќа.

    За да го најдам она што сум го изгубила треба да се вратам по истиот пат, по кој одев, а не можам не смеам. Чувствувам страв во глувата ноќ исполнета со чудни гласови.
    Сама сум иако те имам тебе!............ :*
     
  9. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    едноставно само БИВШИ и тоа оддамна ПРЕБОЛЕН ...

    не те мразам ,не те ни сакам ....дури и премногу сум рамнодушна кога (ради сплет на околности) се потсеќам на тебе .мислеВ дека те сакам ама сум била во голема заблуда .твоето "мангупско" однесување кое кога ке подразмислам сега и не било толку мангупско туку својствено за маж без муда ,допринесе нашата врска да не успее .ти ноншалантно бегаше од мене а јас уживав во улогата на меланхолик , заробена во "меур" од илузии неможејки да видам и чујам никој друг околу мене ...
    Стварно неможев да сватам кој е твојот проблем , НО сега знам малце касно али сконтав кој е твојот проблем ТИ НЕМАШ МУДА ДА СЕ СПРАВИШ СО ДЕВОЈКА КАКО МЕНЕ ....- До пред некое време многу сакав да ти го кажам ова ама сега ми е сеедно ,како и да е еден ден сам ке си го сватиш.
    за 2 ипол години од тебе добив само лаги,празни ветувања, и евтини приказни - не ми беше криво што ме лажеше криво ми беше што мислеше дека ти верував.!. се тешеше со нејзе , додека мислеше на мене ...бедно ...
    Нејсе ,вака или така јас продолжив понатаму . СЕ ЗАЉУБИВ овојпат ВИСТИНСКИ и многу битна работа овојпат во ЧОВЕК ,и СРЕЌНА СУМ ...
    сега за мене си едно големо ништо ,не те сметам ниту за познаник,не ме потсеќа ама баш ништо на тебе - тажно но вистинито . знам дека сеуште ти се врткам низ глава ,знам дека не си ме заборавил колку и да звучи нарцисоидно ебано е така ,и ебано тажно е, ЗА ТЕБЕ , мене тоа ништо не ми значи .

    незнам зошто после толку време пишувам на ваква тема ,ама ајде и онака нема да дозволам да испадне прилика да те сретнам а не пак да ти ги кажам овие работи.

    жално за потрошеното време на СЛАБАК како тебе ,зошто јас сум БОРЕЦ - го докажав тоа ,таквите како тебе не заслужуваат да бидат во близина со вториве !

    ЗБОГУМ !!!
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rabushka89

    rabushka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Драг господин глуп тенџерко!
    го колнам моментот кога те запознав пред 5 години. 4 и пол години верував во тебе и пак и пак и пак по 32422341 заборавав на се. не неможам да те сватам и искрено не ни сакам сега да те сватам. а бре дегену еден дали мислиш вака со глата твоја букарска дека можам кој сакам да го имам ?! ако сакаш можам да почнам со твоите другари бе глупчо еден!!! ти мене не ме заслужуваш!! ти можиш само да сонуваш да имаш некоја како мене да те трпи и слуша и САКА бесконечно многу безразлика што си непораснато детиште. да грешка моја е и никогаш нема да си ја простам што дозволив да сакам некого толку многу, дозволив да те сакам поише и јас можеби од што се сакам самата себе си. ама ДОСТА Е ВЕЌЕ! ГОТОВО Е! не сакам утре да ми се јавиш пијан како што си имаш така навика, не сакам ни под разно да ми кажеш сега бејби ќе биде поинаку, ни пријателски да излезиме да ме видиш како сум, ни твоите другари да ги праќаш ни на моите да им викаш нешо. НИШТО не сакам дегену еден. твојата љубов свати не е доволна, знам дека ме сакаш со цело срце коњу мој, и дека кога стварно ќе сватиш дека ова е навистина крајо после 5 долги години-па ти сигурно ќе станеш природна катастрофа! незнаеш да живееш без мене! не не моја грешка-НЕ САКАШ да живееш без мене. ама тогаш касно ќе е. не ме барај никогаш повеќе, заборави го мојот број-ма заборави ме мене.
     
  11. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Те молам прекини со каква и да е таа клетва што ми ја фрлаш констатнтно за да те сонувам секоја проклета вечер. Како ме проколна? Рече ли дека после толку години повторно со страст ќе се сеќавам на тебе? Така ли реши да ми го загорчиш животот? Се сеќаваш ли, воопшто? :doh: :sweat:
     
    На Catgirl1, Katerinceee и antonina им се допаѓа ова.
  12. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    Преболен или не преболен не знам ни јас ама знам дека со драг нема да ти се обратам....

    За мене беше и ќе осанеш онаа прва љубов, најголема љубов, детска невина чиста..... која е само еднаш. Знам дека нема да сакам како тебе никој, не дека ти беше нешто посебно.
    фрли 5 години од нашите животи само за момент, а знаеш ли зошто? Зошто никогаш не научи да се бориши зошто беше една најобична кукавица! Ме остави без око да ти трепне. Ме остави да тонам во сопствената мизерија. А јас го допрев дното, а тамо само црнила. И после толку време јас мислам секој проклет ден на тебе.....и секој преклет ден ти мене проклето ми недостасуваш а ни самата не знам зошто. Ми недостига она што бевме, ми недостига чувството што го будеше кај мене секогаш кога ќе те погледнев. Ме повреди, ме навреди, се откажа од мене.... преку ноќ ме замени со друга. Е сега си среќен.... ама со друга. Дали само некогаш помислуваш на мене? Дали помислуваш на нас? На тоа совршенство што го имавме? Дали само за момент се прашуваш себе си како ми е мене кога ќе те видам со другата до тебе? А како за беља многу често те гледам.... проклетство! Не сакам ниту да спијам. Тамо во моите соништа ние сме сеуште заедно, па ме потсетуваат на она совршена среќа..... ах тоа чувство на совршена среќа кое знам дека нема да го почувствувам по втор пат. Проклет да си ти и денот кога те запознав. Проклет да си зошто ми ја покажа среќата, да ме направи најсреќна девојка.... ама затоа без тебе ја почувствува најголемата тага и огорченост. И не знам зошто ама никогаш не можам да речам дека ти посакувам добро... жалам!
     
    На tessie, Katerinceee и liliput22 им се допаѓа ова.
  13. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Драг Г-дин Не-Толку-Познат, :hai:
    Ти благодарам што ме научи дека гордоста не оди заедно со љубовта, што ме научи дека треба да се борам за љубовта или за тоа во кое што верувам. Ти благодарам што ми беше најдобар другар толку долго време, што ми покажа дека доколку некој те сака не му е важна надворешноста, туку само внатрешното е тоа што вреди. Ти благодарам што ми укажа на грешките. Ти благодарам за преубавиот прв бакнеж, за убавите моменти изминатово лето. Ти благодарам што веруваше во мене кога останатите ми го завртеа грбот. Ме научи да го ценам животот и себеси. Ме научи дека не треба никој да идеализирам и да ставам на пиадестал. Ме научи да бидам одлучна и сигурна, или барем ме поттикна да го истакнам она што не знаев дека го поседувам. Ми укажа на тоа дека врските не се нешто совршено и самите луѓе не се совршени, туку треба да се работи на тоа, да се вложи голем труд за да функционира таа врска. И самиот знаеш колку те сакам и колку те ценам. Многу си ми значаен во мојов живот и секогаш ќе бидеш дел од мене, никогаш нема да те заборавам. Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме. Но, моментално околностите се такви и морам да одам. Морам да заминам и да не гледам назад. Те молам разбери ме, затоа што јас нема да бидам со тебе од сега натаму. Секогаш ќе ми бидеш во срцето, но тоа не е доволно. Луѓето се менуваат, јас се сменив, ти се смени. А сега јас имам поинакви потреби, а ние веќе не ги задоволуваме тие потреби. Знам, на двајцата ќе ни биде тешко, но мораме да продолжиме понатаму. Еден ден кога ќе ги исполниме оние наши соништа, тогаш погледи во најсјајната ѕвезда на небото, потсети се на мене и насмеј се. Затоа што еднаш ти беше таа ѕвезда за мене кога ми беше најтешко и секогаш ќе бидеш. Сега, те оставам и знај дека целото тело ме боли, душата ме боли, веќе го немам тој сјај во очите и таа топлина како кога те запознав тебе. Но сега имам нешто многу повредно од тоа, искуството! А тоа е она што ќе ме води понатаму во животот. Се надевам дека ќе запознаеш некоја многу подобра од мене, што ќе те сака и разбира. А јас, ќе бидам многу далеку, но со срцето ќе останам тука, до тебе. И кога ќе останеш сам, јас ќе бидам тука, ќе го почувствуваш моето присуство. Ќе бидам како топлиот ветар, кој ќе го чувствуваш секогаш кога ќе залади. Сега, одам да пронајдам некој нов, кој ќе ми помогне во остварување на оние соништа и општествени стандарди кои што морам да ги задоволам за да им бидам гордост на родителите. Ти остани таков каков што си и сакај ме.
    Искрено, те сака твојата Глосипгирл.
     
    На Katerinceee, emocija и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не знам баш дали си непреболен, но штом се` уште размислувам за тоа што се изнаслучи меѓу нас, или хормоните подрастично ме маваат последниве неколку месеци, или навистина имам некое оправдано претчувство. Не убаво, да се разбереме.

    Ни луда не сакам да ти се вратам, тоа не. Пак такви луксузи би биле премногу за мене. Мојот сопруг не би го менувала за ништо и никој на светов. Само ми е криво ... зошто мораше така да заврши? Зошто мораше со еден потег да го разрушиш она што го имавме, да се обидеш да ме скршиш мене, а и да се скршиш самиот себеси? Вредеше ли? Што постигна во животот? Зарем истото немаше да го постигнеш без да се осудиш на живот во свет опериран од љубов и човечност?

    Зошто секогаш се плашеше да ги искажеш сопствените чувства? Зошто на нивно место ставаше цитати од разни поети/писатели? Сакав преку твои зборови да ги почувствувам твоите мисли, твоите чувства кон мене. Едно велиш, а те чувствувам како трепериш, чиниш ќе ми се срушиш во прегратки. Каде е тој човек со скапоцена душа и силни чувства? Каде замина, од кого се исплаши па така избега? Случајно те пронајдов. Ги разгледав сликите. На повеќето од нив ти ја препознав насмевката. Да, да, онаа насмевка со која сакаш да покажеш дека си среќен а во себе се рушиш. Ни слабиот квалитет од камерата на твојот мобилен не успеал да ја скрие. Најдов и нешто друго. Моите текстови, текстовите во кои душата си ја соголував кога не сакав никому да признаам како се чувствувам. Кога ли си успеал да ги зачуваш кога истите веќе одамна се избришани? Зошто, што ќе ти се моите чувства? Кога стави крај пред самиот почеток, што вреди?

    Уште една работа не ми е јасна. Зошто секогаш ми ги рецитираше овие стихови, особено во нашите не-за-пофалба моменти:

    ‎''Секој го убива оној кој го сака.
    Некој со горчлив поглед, некој со ласкави зборови.
    Кукавицата со бакнеж, а храбриот со меч .
    Некој го убива саканиот додека е млад, некој додека е стар.
    Некој го задавува со раце полни со желание, а некој со раце со злато.
    Милостивиот убива со нож, зашто мртвото тело брзо се лади.
    Некој сака премалку, некој премногу, некој купува, а некој продава.
    Некој убивајќи пролева солза, а некому ни окото не му трепнува.
    Затоа што секој го убива оној кој го сака, ама секого не го убива тоа''

    Не ги сфатив, не сакав да ги сфатам, не сакав ни да размислувам за тоа и се`уште не сакам. Ми беа потребни твои чувства, твои мисли, твоја искреност.

    Ништи си се во казанот со оган во кој самиот се фрли. Јас повторно нема да изигрувам твој ангел чувар. Сам. Баш така како што сакаше.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anahie

    Anahie Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    13
    Писмо до непреболениот
    ..Знаеш дека бев наивно девојче.Многу те сакав и слепо ти верував.Одев против сите само заради тебе.Ми одзема една година од мојот живот,ми зема дел од мојот живот.Јас бев мало наивно девојче,а ти возрасен,сериозен господин.Господин кој мислев дека е совршен без мани.Но дури сега свакам дека не постои совршен човек.Доцна во ноќта во декември јас излегував на тараса за да разговарам со тебе,за да не ме слушнат моите,се успивав насабајле,каснев на часови,по цели денови мислев на тебе.Бегав од часови за да се сретнеме тајно.Се правев за тебе.Мислев дека покрај тебе сум заштитена.А сега? Сега го продолжувам животот без тебе,учам се трудам да го вратам изгубеното.Сеуште не те преоблев,секогаш барем малку ке се секавам на тебе,ама верувај дека животот ми е полесен откако те нема. :)
     
    На Katerinceee и emocija им се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Здраво господине непреболен :hai:
    Поминаа толку многу години а јас не те преболев, а и никогаш нема да те преболам. Ти ми беше онаа прва љубов, најневиното нешто... Првиот пат кога те видов беше во училиштето, бевме предшколса возраст. Мајка ти секој ден те носеше на училиште со убав,голем и луксузен автомобил и јас се се палев :lol: . Еден ден, јас и другарка ми стоевме на прозорецот, а на тебе мајка ти повторно те донесе на училиште, и јас тогаш и реков на другарка ми: "Погледни го колку е убаво детето, згодно е, а види мајка му каков автомобил вози-баш како за мене" :D . Да навистина го кажав тоа, и до ден денеска се смееме со другарка ми за тоа... Извесно време те гледав од прозорец во училиштето, како те носат а на мене веднаш потоа ме земаа бидејки не бевме во иста смена. Помина една година и на 1-ви септември заѕвони училишното ѕвонче за нас прволачињата, ме презвикаа а јас вледов во училницата и седнав на првата клупа. Се беше толку чудно, и на крај влезе ти. Седна на втората клупа спроти мене, и право си помислив "Лелее ама си убав, ммм па јас сум се вљубила во тебе" :lol: . Секој ден на часовите само зјапав во тебе, не ja слушав учителката воопшто што зборува, ама и ти кога ке ме погледнеше на мене се топев еј ;) . Од ден на ден се повеке и повеке те сакав, а и сите други девојчиња во одделението лудуваа по тебе. По извесно време наставничката не седна заедно и конечно си прозборевме :) . Јас многу се страмев да ти прозборам, да не ме сватиш нешто погрешно... И од кога седнавме заедно се почна да се дознава, поточно дознавме дека и двајцата се сакаме. Еден ден имавме ликовно и ти зеде на лис ме нацрта мене - се секаваш? Потоа тој лис го зеде и почна да го покажуваш на сите велејки: "Еве ја нацртав Катерина"... Се беше толку убаво што мислев дека сонувам. Потоа не разместија, и јас седнав пред тебе а ти зад мене и цело време си пракавме љубовни писма. Секоја вечер сонував, и преку ден се си замислував дека никогаш нема да се разделиме... Кога си одевме заедно после училиште се држевме за рака, ахх тоа чувство и твојот допир никогаш нема да го заборавам. Пред крајот на учебната година пак не седнаа заедно во последната клупа во кошот и на сите часови се смеевме, а учителката само на криво не гледаше. Еднаш правевме тест по математика и целото одделение извадивме петки, а ти кецче... па те тешев бидејки многу беше нерасположен, а очите ти беа полни со солзи.... И последниот школски ден од учебната година седевме еден наспроти друг, само се гледавме и се смешкавме. Тој ден ниеден збор не си презборевме, а не си ни отидовме заедно до дома. Ми беше и комшија, живеевме зграда наспроти зграда, по цел ден висевме на терасата и се гледавме, будалчиња сме биле тогаш :rofl: . Па секој ден се закачувавме, се мамевме со погледи, се смеевме........
    Дојде 1-ви септември од новата учебна година, јас влегов во училницата и сите бевме таму, а тебе те немаше. Срцето ми чукаше многу брзо, со надеж дека наскоро ке се појавиш, те чекав но не дојде. Учителката не праша каде си а јас молчев и седев, со надеж дека ке дојдеш но во тој миг стана едно дете и кажа дека си се префрлил да учиш во ново училиште. Кога го слушнав тоа заплакав, неможев да поверувам. Со денови одев на училиште со полна надеж дека ке се вратиш, но остана....

    А денес?!... Да те сакав точно шес години, шес години со полна надеж но напразно сум се надевала! Ден денес кога ке те видам ми се тресат нозете, а очите ми се полнат со солзи. Да, и ти кога ке ме видиш не се воздржувш и веднаш ме закачуваш :$ , право доагаш и ми правиш муабет но најболно е тоа што ме прашуваш "како новата љубов"... Кога ке ми го поставиш ова прашање срцето ми се кине, ама неможам да ти кажам... Уште одам на школо од нашата патека... Се околу мене ме потсека на тебе:околината, патеката, училиштето, детските денови, училницата, и маалото. По три години кога се исели и јас се иселив од маалото, и сега кога минувам низ него...незнам, неможам да го опишам тоа чувство... ;(

    Ти ме научи што е тоа љубов, трпение, насмевка, милост, солзи и надеж. Со еден збор опишано ти ме научи на СЕ!

    Сега си многу среќен, исто како и јас. Си пронајдовме патишта што ке не водат до среќата. Сега си имаш девојка која многу си ја сакаш, секој ден се гледате и многу ми е мило. А јас пак, имам симпатија која многу си ја сакам а и таа мене :) . Мило ми е што си сега многу среќен, и што сме другари. Никогаш нема да те заборавам, секогаш ке те носам во срцето како онаа детса невина љубов. Ти посакувам многу среќа во животот, секогаш да бидеш насмеан и весел...
     
    На kikav и tessie им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Срцето ми се распарчува на милиони парчиња,душата ми се кине,мислам дека кнедлава што стои во грлово ќе ме угуши..

    Што и да напишам овде знам дека ќе ги превртуваш очите додека го читаш писмово,можеби кога ќе видиш дека е од мене нема ни да го прочиташ,но ако го овориш те молам прочитај го до крај...

    Кога човек е лудо заљубен во некого и кога човек е спремен да направи се за некого не бира ни време,ни место ни средства.Заборава колку пати бил повреден,колку пати со крвави очи од солзи утеха барал во алхохолот а потоа перницата најмногу го разбирала.Едноставно продолжува понатаму и дава,дава се додека има уште и уште.Но верувај душата неможе да си ја даде.
    Кога двајца луѓе не треба да бидат заедно,невозможно е и покрај некоја си љубов и покрај сите срадања да му се исмеат во лице на животот.
    Нели се се случува со причина,ако е така сакам да те прашам со која причина си ја нанесовме најголемата болка?Нели од пишаното неможеш да избегаш,ако е така сакам да те прашам кој те напиша тебе во мојот живот?Господ?Ако е така го прашувам и него,зошто?За да се изгубам во животот?За да неможам да продолжам понатаму?

    За тебе бев подготвена да живеам во една мала соба,иако ќе немавме пари за дрва,ќе се топлевме со љубов.Иако ќе немавме пари за некои задоволства,еден на друг ќе си бевме најголемото задоволство.И ќе уживав,ништо немаше да ми недостасува во животот ако со тебе останев засекогаш,можеби ќе немавме пари за скапи јадења ама ќе јадевме само леб,ама и тој ќе го јадевме со љубов.
    Како времето одминува сфаќам дека љубовта не е доволна.Не сакам да бидам нешто што не сум,ама не сакам да го избугам и тоа малку што сеуште го имам.

    Те оставам,те напуштам и заминувам.
    Мрази ме колку сакаш,проколнувај го денот кога се запознавме секој ден,ама неможам повеќе..
    Време е да се погрижам за сопствениот живот и да мислам на сопствената иднина,а со тебе во една ваква ситуација не би ја имала.

    Не ти кажувам дека нема да те заборавам,бидејќи сум сигурна дека еден ден кога вистинскиот ќе се појави пред мене ќе останеш само сеќавање.
    Ама ако никогаш не успеам да те заборавам,нема да се предадам и нема да останам сама,повторно ќе најдам некого со кого ќе се почитуваме.
    Ама ќе успеам,ќе го видиш тоа.

    Остани ми во добро здравје,се надевам дека ќе успееш да си го средиш животот и кога еден ден ќе се сретнеме ќе чувствуваме дека се разминуваат само двајца обични луѓе.Ако не успееме и во тоа,е тогаш само ќе жалиме,за сите пропуштени шанси,за сите изгубени надежи,за сите непормислени зборови.

    ......................
     
    На tessi и Katerinceee им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Незнам каква анатема ми имаш фрлено во животов, зошто по ѓаволите некогаш сум мислела дека е паметно да те запознаам? Зарем сум рассудувала тогаш што е паметно? Зарем јас на тогашни неполни 17 години рассудував што е паметно? Ти си проклет, и ми го правиш проклет животов, с секое ебано вдишување на воздух си присутен во секоја пора од моево постоење. Кажи ми што ми направи, и зошто толку многу те сакав? Зарем толку била силна таа гнасна љубов, што до ден денес неможам да се опоравам од тебе? Замижувам и ти ми се појавуваш во мисливе, заспивам и тебе те сонувам, не не е клише, реалност е, ебана реалност е ова што ми го правиш во животов.
    Повеќе не сум моќна да контролирам што ќе чувствувам, поради тој факт се чувствувам како најголема будала на светов, не ми се верува дека сум пак на исто место во животов, те молам испари, нека те снема, што и да е нека се случи, посакувам да имам дупка во сеќавањето и да не се сеќавам никогаш повеќе на тебе и тој период. Знам колку голем кретен си, знам колку си одвратен а неможам против себе, неможам повеќе да се контролирам...
    Те молам, после толку години те молам нека те снема, напрај нешто и исчезни ми од мисливе, пред да завршам во ментална институција... :doh:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flowerred

    flowerred Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Најдраго мое! ;(
    Зошто и ден денеска не сакам да си признаам себеси дека ТЕ САКАМ ?!Можеби е така затоа што ова нашето никогаш не помисли да го наречеш љубов,не помисли што се крие во моето срце..никогаш ли не се запраша??Како да го наречам тоа што ние го имавме,како да го напишам?Имаш ли одговор на овие прашања??
    Како да се опоравам од тебе..знам ќе има уште ноќи кои ќе ги минам плачејќи за тебе,а ти којзнае на која и го правиш истото што ми го правеше мене.Сепак ти секогаш за мене ќе останеш непреболен,секогаш ќе ме потсетуваш на мојата младост,на грешките во мојот живот,на најслатките забранети работи,на многу луди ноќи..ќе останеш сеќавање кога не можевме нешто повеќе јас и ти ..што не спои нас,каков спој бевме ние??Колку прашања ќе ми останат без одговор... :(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Најмил :)
    Незнам дали сакам или не сакам ,ама неможам да те заборавам. Не си свесен колку многу те сакам, со сето мое срце и душа. Те сакам како што никоја друга нема да те сака. Понекогаш се прашувам што ти поминува низ глава кога ќе го слушнеш моето име? Дали чувствуваш нешто кога ќе ме видеш? Е јас ќе ти кажам за мене, кога ќе го слушнам твоето име целата затреперувам а, кога пак ќе те видам сум најсреќна и имам надеж дека еден ден пак ќе бидеме заедно, среќни.. Го паметам секој твој збор, секој наш разговор. Секогаш ќе те сакам и никој друг нема да сакам на начинот на кој што тебе те сакам <3
     
    На sweetyy1, Lady17 и Stoimenovska им се допаѓа ова.