1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до непреболениот

Дискусија во 'Разделби' започната од Ulata, 17 мај 2011.

  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Здраво :doh: ...

    После 2 години, долги 2 години..јас сеуште те сакам. Знаеш, знаеш нели, го чувствувам тоа. Се сеќаваш на сите наши муабети ;( на прегратките и бакнежите, на смеата до солзи ? - Јас се сеќавам до ден денес. Јас неможев да бидам со никој друг од како се разделивме, со никој. Пробував, ама не иде.
    Тешко ми е, многу...колку посакувам да си сега тука, до мене, да уживаме.
    Непроспиени ноќи во изобилие, солзи во изобилие, тага во изобилие...уште што не. Не можам без тебе, зошто не сфатиш. Нема ден да не помислам на тебе, секунда. И ете..и сега, колку момчиња ми се пуштаат, ама ти си таа причина поради која неможам да си дозволам да бидам со друг. Се ќе дадам да бидеме пак заедно, се! И уште..на секое разминување и вкрстување на погледите јас чувствувам пеперутки во стомакот :wasntme: . Ама џабе...И ова, и ова сега го пишувам во солзи... :sweat: . Многу ми е тешко, многу. Ми требаш :l:
     
    На Catgirl1, kikav, sweetyy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Непреболен мој,

    Не знам со што успеа толку да ме маѓепсаш и од кога еднаш се всели во моево срце,никогаш повеќе не излезе од него.Колку и да се лажам и себе и другите дека сум те преболела,длабоко во себе знам дека сето тоа е само една обична лага.Не можам да го поднесам тоа проклето чувство што ме јаде и ми создава огромна болка кога ќе се сетам на нашите бакнежи,нашите ноќи па дури и караници.Не знам дали некогаш воопшто ќе успеам да те преболам.Велат времето лечи се,но во нашиов случај не е така.Јас за тебе нажалост немам лек.Да можам би седела и би плачела со денови,ако тоа ми помогне да те извадам од моиве мисли и срце.Кога ќе ги чујам нашите песни,солзите ми доаѓаат сами од себе,а не бираат ни време ни место.Не знам до кога ќе терам вака.Колку и да зборам за тебе,никој нема да ме разбере како навистина се чувствувам.Знам дека и ти го чувствуваш истото за мене и тоа најмногу ме боли.Зошто кога била пишувана нашата судбина ,било напишано дека не може да бидеме заедно?Се што имам би дала за да бидам сега со тебе,да можам да те гушнам и никогаш повеќе да не се тргнам од твојата прегратка.Никогаш не знаев дека волку боли скршеното срце.Ми фалиш премногу и знаеш дека тебе ти посакувам се најубаво понатаму зошто ти го заслужуваш тоа.И после толку време јас сеуште Те сакам :inlove:
     
    На Catgirl1 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ауу што ќе беше ова? Од првиот сон вечерва се разбудив со чувство на голема грутка во грлото и со твојот лик пред очи. Морав да се напијам чаша вода за да си дојдам на себе. Господе, што е ова? Зошто вака ме “нападна“?

    Толку време не ни помислив на тебе, сигурно не е љубов, опсесија, спомени, затоа што немаше да треба да поминат скоро четири години за да се појават повторно. Има тука нешто, ти “кажав“ и во претходното писмо овде, нешто не е на арно. Ги чувствувам тие работи.

    Да не те мачи грижа на совест па затоа вака наоѓаш начин да не ме оставиш на мир? Ако е тоа, можеш да си заминеш. Ти простив. Се разделивме на нељубезен начин, но тоа не го менува фактот дека неколку години познавав човек кој ми пружи прекрасни моменти, кој го разбуди убавото во мене, кој му даде смисла, убавина и поезија на мојот живот. Имаш важен придонес во она во што созреав, во она во кое се вљуби маж ми. Ти благодарам за тоа. Се надевам дека и ти можеш да го кажеш истото за мене.

    Го сакам тоа што имав прилика да те сакам еднаш, бескомпромисно и со секој мал дел од моето срце и што посветив време и внимание на таква благородна личност како тебе.

    А сега збогум...
     
    На wish му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Непреболен не си ми бил, немавме можност за тоа. Немавме почеток ни крај. Имавме само погледи, танцување и насмевки. И една голема дистанца помеѓу нас. На секое поле. Далеку бевме еден од друг. Во секоја смисла. Ти некако ми изгледаш како мојот јин кој вечно чека да се отвори.

    Но секогаш ќе се прашувам како би ми било со тебе. Дали ќе се вљубив во тебе ако те запознаев? Дали навистина ќе правевме лудости со нашите точаци? Дали навистина си ти тоа што јас те створив во мојата фантазија? Со сигурност знам само дека си опасен и тежок ум. И знам дека не јадеш месо. Е тука имаме проблем :rofl:.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Никогаш не се потруди да сфатиш на што се сум спремна за тебе. Никогаш не ја сфати мојата сериозност кога станува збор за тебе. Никогаш не ја сфати големината на мојата љубов кон тебе. Зарем малку ти беше и малку ти значеше тоа што по 4 години, погазив се, ги погазив секој мој збор и го ставив мојот живот на коцка за пак да бидеме заедно? Мене ми беше важно, И бев сериозна, во врска со нас двајца, затоа што стварно верував дека после толку време можеби заслужуваме шанса да пробаме уште еднаш. Но неможеме, незнам зошто секогаш се давиме во сопствените гомна, зошто секогаш од мравка правиме слон, зошто секогаш мораме да стигнеме до крајности?
    Јас само сакав во мојот живт да те имам тебе. Да те гледам, доволно ми е да те гледам и да бидам мирна. Да ги гледам твоите налудничави фаци, да се смеам на твоите глупости. Сакав само да заспиваме заедно, еден покрај друг, во ладната соба, и јас да станам сред ноќ да те покривам, и така со мали работи да се грижам за тебе, да те бакнам, да те прегрнам и повторно да си легнам до тебе... Сакав само секое утре кога ќе станам пред тебе да ти ги цункам очињата и така да те разбудам, потоа да се гушкаме и да се тегнеме пола саат, да се лигавиме, и да се галиме...
    Никогаш не сум барала невозможни работи од тебе, ниту пак сум сакала да го направиш невозможното. Не сум сакала ни да ми купуваш подароци, да ме носиш незнам каде. Јас бев среќна покрај тебе, каде и да сум. Јас бев среќна и кога собиравме по денарчиња за да си купиме цигари на парче. Бев среќна и кога без пари лутавме каде ќе ни текне. Бев среќна затоа што те имав тебе, и тоа ми беше доволно. Секогаш ми било тоа доволно. Мене ми е доволно цел живот само да те гледам, и да те имам... Да те галам и да те разгалувам. Да ти се лигавам и да слушам кога ќе ми викаш дека сум лигла... а изгледа тоа е невозможно за тебе, а јас реков дека од тебе никогаш нема да го побарам невозможното...
    Јас и ти, имавме љубов, онаква каква што може да се гледа на филм, или да се прочита во некој бестселер роман, но сето е џабе кога не знаеме како да се зачуваме еден покрај друг...
    Те сакам, ако сеуште има тоа некакво значење за тебе... Како и да е...
     
    На Marossa и Libera им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Еј ти...

    Ти што ми ја уништи душата, Ти што ми ја одзема и последната ронка надеж, Ти што уништи се!
    Ти кој бараше искреност, а не ја даваше, Ти кој лажеше.. :|
    Сеуште ме болиш, сеуште го чувствувам твојот мирис, сеуште моето тело трепери кога ќе помислам на тебе, сеуште ја чувствувам топлината од твоите прегратки.. :doh: знам дека е погрешно, дека не заслужуваш ниту една моја солза, но ете посилно е од мене...

    Ти кој ме научи да љубам, сега научи ме како да живеам без тебе, научи ме како повторно да се смеам онака вистински, како повторно да бидам среќна... :(

    Знаеш јас искрено те сакав и навистина бев спремна да се откажам од се, само за да бидам до тебе, со тебе научив што е љубов што е вистинска среќа...И фалиш проклето многу...
    Ми требаш.. како дождот на сушата, здравјето на болниот, срцето на телото, немирот на тишината.. ;(

    Знаеш да имам шанса да бирам, би избрала да бидам повторно со тебе..

    Слушнав дека си продолжил напред, дека полека го остваруваш твојот сон, и мило ми е, без разлика што се случи со нас, јас секогаш ќе се гордеам со тебе, секогаш ќе се радувам за тоите успеси и ќе жалам за твоите разочарувања.. но овој пат од далеку... жалам што нема да бидам до тебе, во убавите денови кои доаѓаат за тебе...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Никогаш не верував дека тука ќе ти напишам нешто.
    Знаеш и ти самиот колку многу те сакам. Ме остави и си замина. А ни причината не ми ја кажа. Ми ветуваше дека никогаш нема да ме оставиш и дека секогаш ќе бидеш тука за мене. Планиравме заедничка иднина. Знаеш ли само колку ми фали твојот глас навечер. Повик за добра ноќ. Да ми кажеш колку ме сакаш, пак да бидеш покрај мене. Да се разбудиш покрај мене и цел ден да бидеш среќен што кога си се разбудил си ме видел. Кога си станал си ме бакнал. Ми фалиш. Ми фали се со тебе. Ми фалат песните и текстовите што ми ги посветуваше. Ти беше тој што ме потсетуваше колку вредам. Ти беше причината да бидам упорна и да не се откажам од ништо. А сега, ни насмевката ми ја нема на лице. Тонам. Тонам без тебе. Кај си сега да ме фатиш за рака? Зарем ништо не ти значев? Се беше лага? Никогаш нема да те заборавам. Остави длабоки траги во мојот живот. Неможам друг да погледнам. Уште сум ти верна....
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ми ги даде најубавите моменти во животот и најлошите.Направи да се чувствувам депресивно,ме уништи другарче..Секој твој збор ме удираше толку силно што дефинитивно сфатив што значи поимот скршено срце.И ова го пишувам бидејќи ми треба нешто да се испукам..Ти значев ли барем нешто? Ова секогаш ќе се прашувам.И знам дека долго време нема да си дозволам да почувствувам љубов спрема никој,и дека толку ми ги заеба емоциите и психата што незнам дали ќе се опоравам некогаш.Ама јас сум силна личност и нема да се предадам,тоа ти го ветувам.И верувам дека некогаш и ти ке осетиш ваква болка ко мојата.Можам да речам дека ти посакувам се најубаво,и да си најдеш некоја и да бидеш среќен со неа,но би се лажела и себе и тебе.Нејкам да си среќен со друга,сакам да те заебат толку јако да не знаеш што ти се десило.

    Пукни.
     
  9. angelica.nana

    angelica.nana Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Господине Самокритичен
    Помина време...една година. Имаше многу луѓе. И пиво. Бушава азбука. Клубот за борби. Журка и додворување. И од некој агол твоите очи кои светкаа во темнината. Допири за половината и нежно шепотење. Неколку ката подоцна кафе. И пак твоите очи. Понуда за уште едно кафе. И мојата соба. Твојот убав глас :„Победи го срамот“. И пак тие очи. Бакнеж, допир и пак тие очи. Хипнотизирачки. Демонски, а со боја на рајот. Утредента ветување дека некогаш пак ќе се видиме. Штипкање по задникот. Поздравување со страсен бакнеж и повторно штипкање по задникот.
    И тој Септември. Разочарувачковски! Не се познаваме.
    Цела година те гледам навечер. До мене си, ми се смееш. И пак твоите очи. А кога осамнува, се будам сама и сфаќам дека ти живееш во моите сништа. Таму си господине Самокритичен. А во меѓувреме друг ме љуби. Ме гледаат неговите очи, ме штипкаат неговите раце. Водам љубов со него. Го сакам. Но што си тогаш ти ?
    Што е тоа што ме тера кога ќе ги затворам очите да помислам на тебе? Што ми носи солзи во очиве ? Зошто срцево ми бие така силно кога некој ќе те спомне, слатка моја тајно со хипнотизирачки очи? И дали си ти всушност вистински? Дали таа вечер навистина се случи ? Прашања прашања, прашања г-дине Самокритичен. Овие бели пространи пустини ги пополнувам со зборови кои можеби за тебе не значат ништо, но знај, те сонувам иако не сум со тебе, ми значиш, иако ти можеби не се сеќаваш на мене. Можеби и те љубам, замисли !Се надевам дека ме чекаш на почетокот од наредниот живот, мирисаш на лето, ми ја подаваш раката и посакуваш да чекориме заедно. Така ќе станеме дел од легенда, легенда за која никој не слушнал и која е скриена длабоко во најтесните свиоци на моето срце.
    Дотогаш јас ќе продолжам да ја бијам мојата постојана битка со времето и да чекам да ми подадеш рака. И да почнам да чекорам кон тебе...во темнината. По темната патека. И пак твоите очи, проклети да се ! Ја осветлуваат патеката и ме ослепуваат. Ми останува само да се насмеам и да бидам благодарна за секој е*ан момент од мојот празен, глупав мал живот. Без тебе е таков. Ти посакувам се најдобро во животот. Ти внесе немир во моето срце и направи бразда на моето чело, а замисли, не знаеш што си ми во животов.
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    И после толку време се сетив на тебе... Да, се сетив иако можеби не веруваш во тоа. Чувствата кон тебе веќе одамна ги нема, остана само онаа воздишка секогаш кога ќе те видам. Убаво ми е без тебе, бидејќи знам дека ако сега беше до мене ќе бев несреќна, тажна, со очи полни солзи, а душа полна со горчина. Ни денес, како и некогаш одамна немаше да верувам во твоите нежни зборови и твоето лажно Те сакам. Благодарна сум му на Бог што те тргна од мене...
    Но сакам да знам дали после се понекогаш мислиш на мене? Одговор на ова прашање нема да добијам никогаш, а и не ми е потребен. Вака ми е добро, многу подобро отколку ти да беше до мене...
    Знаеш, мислев дека никогаш нема да можам да сакам како што те сакав тебе, но не било така. Сега имам некој покрај мене кој ме сака и кој го сакам со сета душа, а ти си и ќе останеш само една дамка во мојот живот... Бледа дамка која воопшто не вреди и да се спомене...
     
    На Catgirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    писмо до непреболениот..
    не знам,не сум сигурна колку си преболен,а колку не..
    пред некоја вечер те сонував..барем да беше убав сон за мене,но не..а најголемата иронија во се,е што..пред да си посакаме добра ноќ со НЕГО,ми рече 'се надевам дека оваа вечер ќе ме сонуваш'..парадоксално зарем не,наместо да сонувам некој кој го заслужува мојот сон,моето се..јас те сонувам ТЕБЕ...зарем не е тоа лицемерно?
    сеуште помислувам на тебе,премногу помислувам..а несакам,проклето несакам,посакувам да добијам амнезија и никогаш повеќе да не се сетам на тебе,на нас,на нашите случки,на времето поминато со тебе...
    сеуште треперам која ќе се сретнеме,се прашувам понекогаш како ли успевам со крената глава,онака горделиво да поминам покрај тебе со оглед на тоа како нозете ми се стресат..
    и срцето сеуште силно бие,кога ќе те видам..
    а кога ќе ве видам вас двајцата,имам кнедла во грлото..
    ;(
    биди добар,ти посакувам се најдобро..на двајцата ви посакувам..се надевам во блиска иднина ќе бидеш само еден блед спомен на едно дамнешно време..
    збогум,засекогаш збогум..
     
    На Katerinceee и vergie им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Небо мое,

    Освен тие неколку СМС пораки во кои ти се обраќав на име „Тамара“ :D , никогаш немав прилика да ти кажам некои работи.

    Знаеш, фино беше да се лета и да се лудува. Да се трескам од земја и да се филмам како сум на работ на заљубување во тебе. Фино беше да те гледам во црвените старки исти како моите, со погледот занесен кон езерото. Ноќе. Уште го чувам огромниот приврзок со знакот за мир кој го купив зашто ти имаше исти таков. Ех, луди 16 години.
    Сега... сега ме боли глава кога те гледам. Срушена ми е сликата за тебе што ја имав. Го немаш веќе оној слободен дух кој го сакав кај тебе, го нема веќе занесениот поглед, ни старките.
    Сега... се шеташ со акотвка в рака, со кошулче карирано, со кондур-патика и „бубаличарски“ очила за вид. Под рака ја шеташ истата цура што ти ги кладе оковите кога имав 16 години и која е причината за оваа твоја радикална промена.

    Не си веќе мое небо. Сега си само модар патлиџан.

    Ти ги испраќам бакнежите од пред 5 години.

    Некогаш твоја, засекогаш своја,

    Хипица
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Знаеш од последниот поглед кој си го упативме пред точно 4 години, на самиот карај,моментот од кога повеќе не се познаваме, со тој поглед ти кажав многу иако неверувам дека ме разбра...
    Кога прв пат те видов беше едноставно различен од другите, некако гледаше од високо,носеше стартки, фармерки, имаше фризура со шишки настрана,оној “емо“ стил кој тогаш беше во мода,знам дека се сеќаваш-сите се обидуваа но ти најдобор го носеше, беше совршен,хмм барем во моите очи,знаеш во истите оние очи кои сјаеа и срамежливо трепкаа кога првпат ме погледна,кога прв пат ми кажа ЗДРАВО,кога првпат ме бакна, првиот бакнеж...Затебе знам дека не беше прв,бев само уште една од редот,но ти за мене беше првиот со кој се бакнав, првиот во кои можеби и се вљубив...
    Но ти не дозволи да трае ти избра да пораснеш,да бидеш богатиот дон жуан во градот,првиот кој во средно имаше “официјално“ женска која потоа истотака ја замени со друга
    Јас мил мои дон жуан сеуште ги чувам твојот број,пораките кои си ги пишувавме, статиот телефон кој е сведок на нашите разговори...споменарот кој го пишував, ги чувам како спомен на дечкото во кој се вљубив кој само случајно го имаше твојот физички изглед...
    Но исто така покрај нив стои и нашата скината слика која ја искинав кога те видов со неа, кога ме разочара,кога изгубив доверба во љубовта, во машките...
    Единствено што би сакала да знам е дали уште на паузите од предавањата пиеш фанта-лименка, како што правевме на големите одмори...
    Не, нели, сега си студент кој успешно ја заврши првата година од факултет, стартките ги замени со чевли, маиците со кошули и сакоа,фантат-лименка со кафе во најелитниот кафич ,а мене со згодна плавуша...
    Знаеш го пишувам писмово и гледам дека повеќе не го чуствувам оној бес кон тебе, повеќе нема желба да ти викам, да ти кажам колку само ме разочара...Незнам чуствувам како и да ти повеќе не си оној кои беше, дури и својот изглед си го изгубил дон жуан...Да не го гледав често твојот фб профил дури и немаше да те препознаа
    Сега би ми рекол па и ти повеќе не си иста, и пак би згрешил, да се променив и јас си купив сако, но под тоа сако остана истата онаа феминиум каква што ти ја остави

    Писмово верувај никогаш нема да го добиеш, довека ќе мислиш дека и ти за мене беше само забава, неколку вечери на кои не се ни сеќавам-токму она што ти го кажав додека мојот поглед велеше:Зарем јас го заслужив ова...
     
    На Catgirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Писмо до непреболениот:

    Денес, после 365 дена можам да ти кажам -
    Те преболев, но не си простив себеси за наивноста..
    Ако сакаш уште еднаш ќе поминам покрај тебе како низ воздух за да ти докажам дека ти за мене си и ќе останеш само тоа.. Загаден воздух!
     
    На WarriorAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Kaj si be, drugarce? :hai:
    Dodeka za tebe bev licemerno gomno, za nekoj ovde sum princeza.
    Dodeka za tebe sum nedozreano detiste, za nekoj ovde sum najubavoto nesto sto mu se slucilo vo zivotot.
    Dodeka ti me iskoristuvas, nekoj me cuva i mazi kako voda na dlanka.
    Dodeka ti neznaes da me cenis, ovde postoi nekoj sto sekojdnevno me opsipuva so prekrasni zborovi.
    Kaj si be, prebolen?
    Mrsh! Ovde i sega se kolnam deka nikogas povekje vo zivotot nema da te vidam, niti kje posakam da te vidam, zatoa sto ne te sakam povekje, i mi se gadi od tebe, a ti kje vidis sto izgubi, ama kje bide kasno. Dodusa, vekje e kasno za tebe.
    Ostani takov mizeren i neostvaren vo tvojot zivot, kakov sto si, i prodolzi da se druzis so 18 godisni deca, zatoa sto ti so tvoite 25 samo so takvi mozes da se pronajdes. Tolku i pamet imas.
    Mrsh!
    Sikter!
     
    На Justicija, anichka94, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Мразам пролет бидејќи нашево тогаш почна и тогаш заврши. Проклето боли. Ама нека.
    Веќе се навикнав. Почнав да отрпнувам. И што вика Владо “Што и да е, ќе помине…”

    Не. Ниту еден поглед не е толку искрен како твојот, ниту една насмевка не ме развеселува како твојата. Никој не е како тебе, никогаш ни нема да го заземе твоето место.
    Време е да отидеш подлабоко во срцево кое планирам да го замрзнам.

    Никогаш нема да ми биде јасно зошто те сакам и покрај сè. Не, не те сакам тебе.
    Го сакам начинот на кој се смееш, начинот на кој одиш, фактот што секогаш ме засмејуваш.
    Морам да престанам да живеам во минатото, морам. Знам дека е лошо, но едноставно не можам.
    Изгубив многу нешта. Те изгубив и тебе. Сè што сакам е да си тука, да те гушнам и да се загубам во твојата прегратка, твојот мирис, да се загубам во нашето меурче, далеку од сите. Толку ли сме слични? Толку ли сме слични, а сепак различни? Чекав, плачев, и уште чекав… и сега… те нема.
    Ја зеде топлината од мене и сега сум ладна како камен. Не успеав да се насмеам од сè срце, ниту пак искрено да се радувам на нешто што не е од тебе. Или барем не ме потсеќа на тебе… на нас… на она што бевме. Не можам да спијам. Лежам будна во креветот и со часови се присетувам колку ми е убаво во твоите прегратки, а тогаш ме обвиткува студенилото на мрачната соба и се враќам во реалноста. Само сакам да те видам. Морам да те видам.

    Сонцето и без тебе изгрева и заоѓа. Ништо не е толку убаво како со тебе. Боите не се исти. Нема сјај. Нема радост. Нема искрена насмевка. Деновите се еднолични. Празни погледи, без топлина. Празни муабети. Сè е веќе само пуста навика, проклета рутина. Не се чувствувам добро, се држам за сламка…

    Се прашувам, може ли груткава која ми стои во грлото некогаш да исчезне? Ако значи дека ќе ги изгубам спомените, тогаш нека остане. Некои моменти ги чувам само за себе. Така живеам…
    И иако не можеш да го прочиташ ова, знај дека секогаш ќе имаш место во моето срце, дека дел од тебе живее таму.

    До тука требало да биде.

    Те сакам. Отсекогаш те сакав. Засекогаш ќе те сакам!
     
    На Catgirl1, Katerinceee, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Претходно, минуваа други, а старите ги испраќав во заборав.
    И сега е така, доаѓаат и си одат.
    Но не и ти.
    Никој повеќе не може да го добие она што ти го дадов тебе.
    Ти ме имаше целосно.
    Ме држеше како какпка вода на дланка.
    Се сеќаваш ли како започна се?
    Дали се сеќаваш како се изгубивме низ лавиринтот на љубовта?
    Секогаш ќе се прашувам како ли го најде излезот на тој лавиринт.
    Сега сум добро.
    Само понекогаш помислувам на тебе.
    Не сум сигурна дали сега тебе те излажав или себе.
    Денот ми започнува со помислата на тебе.
    Иако не си тука ти си присутен во секоја моја воздишка, во секоја моја реченица.
    Запишан си во времето, сокриен позади месечината.
    Залутан во ѕвездите, сокриен во дното на моето срце.
    Слика избледена, а сепак блескава.
    Море бесконечно, но пролазно.
    Птица најголема, а сепак ранета.
    Бевме толку несовршено совршени.
    Сеуште треперам кога го среќавам твоето име.
    И боли.
    Проклето боли оваа сурова вистина.
    Ми недостига твојата насмевка, начинот на кој се прикрадуваше за да ме гушнеш.
    Ги чувам трагите од твоите бакнежи.
    Сакам повторно да го вдишувам мирисот на твојата кожа засолнета во твојата прегратка, на твoето рамо. Да ме боцка твојата брада од неколку дена. Да те слушам како филозофираш околу толку неважни нешта. Како тоа да е најважното нешто на светот.
    Молчевме, а тишината беше толку пријатна.
    Таа тишина која беше поубава и од најубавите зборови.
    Секој твој допир беше електрошок за моето тело. Ме креваше високо кон небото и безмилосно ме треснуваше во правта. Изгледав толку малечко, толку збунето, кршливо.
    Ми недостигаш мило мое.
    Ми недостигаш ти и нашето време
    Барем да се вратиш и да ми ја пополниш оваа празнина. Како што јас ја пополнив твојата.
    Велат времето лечи се.
    Но нема да те излечи тебе.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Te.Ic

    Te.Ic Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    21
    Бивши љубовниче, сегашно другарче!
    Ме откачи и после една недела се фати со другарка ми, баш ми е мило.
    Како животот? Знаеш колкав идиот си? Колку те презирам? Колку го колнам денот(2ри мај) кога за прв пат те бакнав? Се колнам себеси зошто потпаднав на твоите зборови? Зошто секогаш јас бев таа што попушташе и правеше све за да ни одговара и двајцата но прво помислуваше на твојата реакција? Зарем заслужив, после се што направив за тебе?
    Ти благодарам за убавите моменти, за тоа што ме извади на прав пат (знаеш за што зборувам), затоа што секој ден непрекинато ми веллеше те сакам иако не го мислеше тоа, благодарам.
    И ќе те замолам, несакам повеќе љубоморни сцени ко пред некој ден, знаеш дека ФИЛИП ми е само другар и кога бев пијана само сакаше да ме однесе дома, а не нешто друго! Сепак, не сме заедно веќе 3 години, да. А и ако ти треба потсетување, ме откачи на мојот роденден. НАЈУБАВ РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК. А сепак јас на крај бев крива, јас сум била причината за крај.
    Се надевам ќе те убијам со свои раце, поздрав. :@
     
    На Catgirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Поминаа само два месеци од кога за втор пат се разделивме. За мене овие два месеци беа како две години.
    Два месеци без тебе,без твојот глас,твојот допир,твоите бакнежи...
    Се сеќавам на денот кога се запознавме.Неколку дена пред Нова година.И секогаш тој период од годината ме потсетува на тебе.
    Морам да ти признаам (иако никогаш не сум ти го кажала ова) дека кога прв пат те видов воопшто не ми се допадна и се каев затоа што ти возвратив на бакнежот.
    Потоа,како што изминуваше времето,се повеќе и повеќе навлегуваше во моето срце.
    Те засакав,како што никогаш никој не сум сакала.Но,касно сфатив дека во твоето срце веќе има друга и дека не можеш да ми ја возвратиш љубовта.
    Бев спремна да направам се за тебе,ти дадов се,те сакав,а ти со прст не се помрдна.Ме повреди,иако не го заслужив тоа.Ми го скрши срцето на 1000 парчиња.Ме лажеше.Ми велеше дека ме сакаш иако не го мислеше тоа.
    Убавите моменти со тебе беа ретки и на прсти можам да ги избројам.Но,сепак во тебе имаше нешто што проклето ме привлекуваше и ме наведуваше на грев.
    Сега веќе не те сакам.Не знам ни самата што чувствувам.Омраза,гнев,лутина... Посакувам се што ми направи,дупло да ти се врати.
    На моменти ми недостигаш.Ми недостигаат убавите мигови со тебе.
    Зимските ноќи кога се гушкавме и заспивав на твоето рамо. Ми недостига твојата насмевка и твојот поглед.Ми недостига утринското кафе испиено во кревет.
    А,ти сигурно не ни помислуваш на мене.Се надевам среќен си со друга,бидејќи со мене никогаш не беше.
    И после се што се случи не сакам никогаш повеќе да те видам.Ми се гади од тебе.
    А и покрај се,дел од тебе ќе остане во моето срце.Засекогаш!
     
  20. nutelce

    nutelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0




    Аххх, ме расплака со писмово. Истите мисли ми се вртат по цел ден оваа недела, по цел ден, цела ноќ. Само сакам да заспијам да не мислам на него, но и во сонот ми се појавува, не ми дава мир....