здраво кретену, уште сум таа истата што те сакаше, знаеш? уште сум таа што цело време мисли на тебе и неможе да попушти..дека сум како тебе затоа..тоа твоето его не се трпи, а двајцата такви заедно не иде и не, неможам пак да бидам таа на која што ти ќе и бидеш најголемата слабост и несакам веќе кога ќе те видам да ми се пресекуваат нозете и срцето забрзано да ми чука ама знаеш викаат дека се поминува, се надеам дека ова некогаш ќе помине иако мачењево трае 2 години. ама ќе се надевам..да.
Љубовкоооо... Во право беше... Се исполни тоа што го кажа. Еден ден ќе плачам за тебе... Дојде и тој ден ама трае неколку недели... Од кога те видов пијан со крв почна се. Извини знам дека сум идиот ама посилно беше од мене и морав да ти кажам дека имам нов дечко. Незнаев дека ќе те повредам толку со тоа. Не знав дека ќе те видам облеан во крв . Не сум среќна и самиот знаеш дека неможам да поднесам друго машко во моја близина... Нашето заврши пред да почне и ни сама не сум свесна како можев да те засакам за толку кратко време Мноооооогу ми фалиш и се би дала да те видам уште еднаш да ми се насмееш и да напраиш некоја глупост ,а јас како и секогаш строго да те погледнам и да те прекорам дека си дете и дека треба да пораснеш, ама ти си таков и затоа те сакам!!!!
...Ние бевме само пријатели не можевме да бидеме ништо повеќе.Јас со тебе немав иднина.Ни ти со мене.Само пријатели.Тоа и бевме.Јас бев твојата малечка пријателка.Но те сакав и те сакам многу повеќе од тоа.Чудно нели? Секогаш викав дека во некој како тебе,гаден,грозен,човек кој го прокоцкал целиот живот,човек кој што не постигнал ништо повеќе,но сфатив дека јас не можам да му наредам на срцето,туку тоа мене. Знаеш што? Не вреди ни името да ти го спомнам.Ме фрли како една стара крпа.А јас што правам? Јас и ден денес плачам за тебе и постојано те мислам.Дури и на дечко ми му раскажувам за тебе.Тој иако не те знае,иако не знае како беше помегу нас сепак уште првиот пат кажа: Од такви бегај подалеку,се знае неговата цел.Искрено ги жалам таквите луѓе.А тоа не ми го рече само дечко ми,туку сите,мајка ми,татко ми,баба ми,тетка ми,вујна ми,братучетките,другарките... Кријам од дечко ми дека сеуште плачам за тебе бидејки не сакам да го повредувам. Зошто ме лажеше? Што ти згрешив? Знаеш ли дека за малку животот пекол ке ми го направеше? Знаеш ли дека ти ке беше причината за мојата смрт,а татко ми за твојата смрт,бидејки сигурно ке те убиеше.Но моите ме спасија.А дечко ми ми ги брише солзите кои ми зададе ти.Знаеш дека,пријателот ги брише солзите кои што љубовта ги задава,но кај мене е обратно. Те сакам.Многу те сакам.Ти ми беше се.Пријател,тактко,брат,сигурност,поддршка...А сега си личноста што ми го уништи животов. Помина една година,не те преболев.Уште колку ли ке треба да плачам за тебе?!
Еј миличок, како си? Знаеш одамна те немам видено, веке заборавив како изгледаш.. Иначе како школото? Иде? Убаво ако иде, гледам и љубовта ти иде.. Искрено сакам да сте заедно, никогаш не сум сакала на некому да наштетам или некој кога ке ги видам срекни да ги разделам.. Незнам, така сум научена.. Знаеш, почнав да те заборавам пополека, и сеуште неможам да поверувам дека помина 5 години.. Се секавам прв пат кога те видов, на улицата.. Дечиња бевме знам, сега сме пак деца, но сепак позрело размислуваме од тогаш.. Знаеш порано плачев кога ке се сетев на тебе, а сега се смеам дека сум плакала за глупости, но тоа е.. Не сум размислувала за тоа како сега.. Сега сме многу блиско, на 100 метри живеам од тебе, да се преселив кај баба ми, убаво ми е, сега со школо почнав, конечно после толку години некој се најде да ми го привлече вниманието, после толку време некој да засвигам, малце чудно е нели? Сепак биди среќен со таа што ја сакаш, и јас ке бидам..
јас колку писма само имам напишано, бог ми е сведок колку сум плачела, оплакувала, оживувала спомени, сеќавала на зборови,моменти, телефонски разговори, напразно се надевала, мислела ке дојде ке ме побара, не тој ме сака сеуште, тој е само мој, моето срце е негово.........значи безброј искинати ливчиња изнапишани со зборови од повредно, искршено срце натоипени со солзи, само многу ми е криво ептен се каам што ниедно немам задршано, е тоа беа баш онака откорнати од моето срце, ги пишував, читав неколку пати и ги кинев на парценциња и во река ги фрлам со цел само никој да не дојде до нив,,,,,ама за се времето има лек, иако некогаш се чини дека е се веке уништено и заминато во неповрат, целиот свет срушен како кула од карти сеепак некое сонце ке изгрее зад тие мрачни планини....верувајте дека е така, па дури и ког анајмалку се надева човек може нешто убаво да му се случи.. јас бев личност што многу патев по саканата особа долги години...и затоа ова ви го пишам за д ане бидете и вие како мене, да ви поминат незврска некои убваи години, затоа што животот оди понатаму, секој со среќата своја....не е се така црно како што мене некогаш ми се гледаше поради мојот бивш дечко...оставетего минатото, ако требало да биде бивш дечко така и требало да биде и остане....
Ејј кретену се сеќаваш на мене? Да - на мене! Јас која што правев се за тебе и те сакав. Иако никој не знаеше за тоа. Те сакав и секогаш ќе има мало жарче во мене што знај секогаш можеш да го разгориш и се да биде како првиот пат. Всушност...кој прв пат? Тоа би било прв пат. И сеуште ќе бевме заедно,да ми дадеше само една шанса. Па секој заслужил за толку зар не? Една шанса и се ќе беше поинаку. Ама ако...ако некогаш се сетиш на мене знај дека ќе бидам тука за тебе. Ќе те сакам и ќе се грижам за тебе дури повеќе отколку за самата себеси. Сеуште постојам! И тоа само за тебе. Со надеж дека еден ден ќе бидам твоја.
Нема добар старт за ова што сакам да ти го кажам. ...."Знам дека се сеќаваш на мене, ме гледаш секој ден во училишните ходници. Знам дека секој пат кога ќе ме видиш сакаш да ни се сретнат погледите, но јас едноставно ја вртам главата зашто знам дека ако се сретнат ќе ја видиш таа искра и таа трошка надеж во мене за повторно. Но јас едноставно не сум доволно силна да те погледнам, не сум подготвена да знаеш дека уште чувствувам нешто за тебе. Сакав да не ни завршеа работите на таков начин. Сакав се да разчистиме како што треба, а не како што направи ти. Замина без збор и ме остави со милиони прашања на кои никогаш не ми даде одговор. Но сепак, убав крај не постои. Не сакам да те гледам таков, со глума дека си среќен. Сакам навистина да те видам среќен, со која и да си. Кога си среќен си ми најубав. Сигурно се прашуваш дали некогаш мислам на тебе. Искрено, кога ќе го видам нашето место, кога ќе ја слушнам нашата песна ми идат спомени. Се трудам колку што можам да те заборавам, но ние девојките, колку и да се трудиме и да се обидуваме, секое делче меморија, секоја прегратка, секој бакнеж, е невозможно да се заборави. Тоа секогаш ќе биде дел од нас."
Зашто нашето не можеше да биде како почетокот во викер парк? - храбро да ми пријдеше, да ми пријдеше по директно, тогаш - сега. Не можам да се помирам со нашиве глупави погледи. И ти пак си дојде дома. И од цело Скопје, од толку луѓе, ти мене да ме најдеш во мол. И да ме гледаш скришно како мајмун, а да не ми пријдеш. Иди си од тука побргу! Иди си и кога ќе дојдеш пак во мк немој ни случајно да си дозволил пак да се видиме. Не сакам тивки погледи. Не можам да функционирам уште 10 години мислејќи на тебе. Знаеш и ти дека со самиот прв збор ќе се изгуби заедничката опсесија. А она што ме нервира е твојот глупав поглед кој не е глупав и кој го посакувам и неможам да го извадам од глава. И да не ме гледаш така нема да има надеж во мене за нас. Вака кога сум сигурна и за твоите чувства е потешко да се откажам од детскиве фантазии. Те молам оди си :'( ! Те молам! Мора да те видам со друга, со семејство. Те молам!
Здраво гнидо, Долго време се двоумам дали да ти пишам, ама очигледно е дека сум имала побитни работи од тебе. Како и да е, сепак решив дел од времето да ти посветам тебе иако не заслужуваш. Добро не ми е јасно како можеше да го направиш тоа? Како? Не ти вредев воопшто, не ти значев, не можам да сфатам што е работата, а и нема ни да сфатам дури не ми објасниш. Ама не, срам ти е да ме погледниш во очи, а не ти е срам пред неа да ми честиташ нова година, па и бакнежи и прегратки? И што мислеше како ќе реагирам јас? Дека ќе скокам до небото како огнометот во тој момент? Не срцка, тоа што бараше, тоа доби. И утре да не ти е криво ако нема ни да те погледнам, макар и сама да останам. Сега џабе ти е се, пробувам да заборавам што било меѓу нас и колку тоа било силно. Тебе кога не ти е гајле, нема да ми е и мене. Не си повеќе вреден од мене, па ти да уживаш, јас да страдам. Нема тоа да се случи. Што беше помина, ти така одлучи, а сега остави ме да живеам рает без тебе, како што живеев и пред да сме заедно. Поздрав. (И цркни )
нема да те поздравам пошо не заслужуваш Само у ова писмо ќе ти наведам дека се што правиш и што си правел,некогаш и некаде ќе ти се врати со иста енергија у вистинско време. Бај глупчо,многу си неозбилен
Здраво, се сеќаваш на мене? Ти си глупав, ти си прост, ти си пример за тоа како едно машко не смее да се однесува. Знаеш ли, само знаеш ли колкава гордост прегазив за тебе, свесен ли си што изгуби? Можеше да ме имаш, ќе те сакав повеќе од се. Ама ти си ти, никогаш не си се ни променил. Само ме интересира уште колку девојќи разочара, како и мене? Уште колку такви сега те спонуваат во писмо. Ах леле, таа гордост. Ја изгубив, поништив се за тебе. Се променив за тебе, а сега кога некој ме праша зошто сум толку ладна, толку сурова и празна им одговарам дека ти ме направи таква. Не лажам јас, и тогаш не излажав! Те сакав... сеуште те сакам изгледа штом ти пишувам. Ама знаеш колку само сакам да те видам онака, повреден како мене. Ти ме уништи... Аман не, јас не сакам да те видам повреден, сакам да си среќен, посреќен од било кога. И имај среќа со таа новата, кога веќе јас и ти неможевме. Болеше, боли, ќе боли и уште повеќе. Љубовта е поголема, гордоста се помала и помала. Баш штета, само да знаеш што попушти. И не ме гледај така, те молам не ме гледај во очи. Со нив започна се, во нив се заљубив прво. Кога ме гледаш ми даваш надеж, затоа немој те молам. Тешко ми е многу, без тебе нема да можам. И со милиони други да бидам ти ќе останеш незаменлив... Твоја, засекогаш!
Писмо до мојот „Непреболен“ Драг, X Те сакав премногу, се уште те сакам и не можам против тоа. Секое утро ми недостасува твојата прегратка, а секоја ноќ твојот мил глас за слатко да сонувам. И токму кога ќе почнам да тонам во болните спомени за минатите среќни времиња и ме напаѓа неподносливо чувство на носталгија веднаш се трудам да помислам на сите кавги, солзи и ноќи минати во болка. Си кажавме премногу остри зборови кои и денес ме режат, но ми фалиш. Сакам да го знаеш само тоа. Сакам да знаеш дека си единствениот што го сакав така искрено, кој ги побудалуваше пеперутките во мојот стомак и за кој имам сторено повеќе отколку за било кој друг човек на планетава. Има нови ликови во мојата животна приказна, но сите толку бледи, сите толку безначајни. Со тебе го искусив најубавото, но и најлошото што животот ми го дарил до сега. Кога бев со тебе не ми беше никој друг потребен за да бидам среќна, се смеев едноставно затоа што те гледам Секој ден се трудам да не мислам на тебе и да продолжам понатаму, но чувствувавам дека нема да успеам во тоа потиснувајќи го своите чувства. Сакам да ти се извинам за сите лоши зборови кажани на крајот, сакам да знаеш дека ти простувам што се обиде да ме скршиш како личност и сакам никогаш да не заборавиш дека вистински те сакав... Чувствувам дека никогаш повеќе нема да сакам некого како што те сакав тебе, но знам и дека никогаш нема да ме боли толку силно, како што ме болеше кога бев со тебе. Те оставам сега со најубави желби... биди среќен во животот, остани единствен како што знаеш само ти! ТЕ САКАМ
До ****** Дада ти си тој кој си соврсен и кој секоја сака до го има,не јас....И сега послем све иако твоето однесувањ ми внесуваше надеж дек анекогаш ке бидеме заедно и дека ќе биде се епрфектно..днес ставам КРАЈ!Нема више заебавање.....Останав без гордост,самодоверба,насмевка на лице и полно срце.Сега сум како од камен ...тело без љубов без душа....Ако нешто научив од тебе тоа е да да не тупам мозок за никој!Никогаш нема д аречам дека си лош,ваков таков,ти за секогаш ќе останеш соврсен и некој за кој за инат ке станам соврсена и некогаш топката ќе се сврти!!!Све се враќа све се плаќа така?Толу до мене мил мој јас ќе бидам деовјчето кое те сакаше и сакаше да биде со тебе и да го направи времето интересно.Дури кога ми се плачеше ти успеа да ме насмееш а и да ме изненадиш кога најмалку очекував.. но и ти ме повреди мене а јас сите послем тебе!!!This is the end baby from now gona be diffrent!Фала за едно-затоа што само за товј инат ќе направам д абидам совршена и да ти бид ежал што си го правел тоа што го правеше!!! на секое твое појавување срцето ми чукаше 300 во секунда,ме палеше со секој твој збор и поглед НО живот иде далје ќе дојде време кога топката ќе се сврти!!!
Здраво мој непреболен... Се секаваш на мене? Се секаваш на онаа наивна девојка ? На онаа која си ја прегази гордоста која остави се зад себе, онаа која никого не слушаше ...Ништо не и беше важно... Зарем ги заборави тие бакнежи? Нашите лудувања , нашите прегратки? Зарем толку бргу забораваш? Јас бев девојка која беше силна со став со инает...но ти си тој што го скршши мојот инает...Девојка која додека и беше во животот беше прекрасна секој прамен на нејзината коса си имаше свое место, а сега? Сега таа е оставена на ветерот разлетана на сите страни а солзите течат... Ги гледам старите слики и се секавам....Ја слушам нашата песна и плачам...Мислам дека повеке нема да се заљубам никогаш ...Затем толку била лоша љубовта? Како и да е ти посакувам се најубаво понатаму во животот...Не заборавај само едно тркалото се врти ...Толку сакам да те видам повреден еден ден , уништен како ти мене што ми напправи ... Моево писмо на никого не е посветено немам таков онака да видам како ми иде пишувањто доста бев добра во пишење на текстови
Мили мој А .... секогаш те сакав и сеште те сакам иако го знаеш сето ова ме остави и замина покрај друга само не знам што беа тие лажни зборови "те сакам" и зшто ми даде лажна надеж за нас двајца зш ми ја допре раката кога знаеше дека ќе ми ја пуштиш ми го сврти целиоот свет од наопаку со твојте лаги ... а сега пак кога ќе те погледнам осеќам толку силна болка што очите веднаш ми се насолзуваат и додека го пишувам сето ова сеуште мислам на твојата насмевка кој ми го разубуваше денот и твоите мили очи кој што никогаш не ме погледнаа со љубов но запомни само едно секогаш ќе останеш во моето срце и моите мисли иако имаш друга покрај себе ..... Еден ден ќе го сватиш се ова и знам дека и ти ќе патиш но тогаш прекасно ќе ти биде !!!! Пишано со многу солзи и љувов !! Но за жал никогаш нема ова да го прочиташ
Не сум јас виновна што те оставив. Ниту пак сум виновна што сега сакам да продолжам напред. Ти си виновен што немаше храброст да кажеш едно ебано „те сакам„ Толку ли беше тешко? Што си мислеше? Дека ќе си ја погазиш гордоста ако си ги искажеш емоциите? Па зар јас тогаш си ја имам погазено гордоста м? Што мислиш, зар е срам некому да му кажеш што чувствуваш.. Зар е подобро да се правиш недопирлив, не сакаш да се врзуваш и итн итн. Ако се осмелиш да кажеш „те сакам„ само кога ќе се почувствуваш загрозен дека ќе те оставам, залуден е сиот мој труд. Ете затоа си одам. Бидејки предолго чекав на тие два збора што сега (иако се кажани од срце, од твоја страна) мене ми звучат ислишно, ко да не се ни кажани.
Еее дебели мој Дебелокожецу мој драг Види бе шо праам за тебе бе.. А мразев као патетика Ја би ти кажала дека сакам да сум на твое место, да не осеќам нишо, да сум дебелокожец ко тебе. А ти да си на мое Зашо бе дебели ме лажеше дека ме сакаш? Зашо? Да си го покажеше правото лице топ ќе си се слагавме, топ сум јас коа не сакам. Коа сакам - гинам, јбг мора и од тие женски да има... селски ги викале, место модерни.Ако осетам дека не ме сакаш, маме ти расплакувам... Собери му*а малку, кажи си шо сакаш а не да уништуеш жени, нема смисла.. после ќе си бил у депресија со години, па ќе си бил коа си таков. и коа ќе те стигне тркалцето.. Незнам дали си најбољи или најлош чоек шо го знам, ама знам дека си лицемерно го**енце.. шо му е страв да се отворе за да не го повредат. Тука си ти малечок. Плус шо се ложиш на тие лесните.. искрено ми се мучи у желудник коа ќе ми текне на тоа... Не сум таква ја, као бе со нив бе.. аман бе...Добра сум у кревет, шо на мајкати бараш кај нив.. И пак уше еднаш кажувам СРАМ ДА ТИ Е ШТО ЛАЖЕШЕ ДЕКА ОВА Е НЕШТО ОЗБИЛНО! И ги знам тие муабети со карма и веруем у тоа, арно ама во нашава, нема ја да го видам тоа знам. Шо и да се деси нема да дознаам А замисли дебели мој, уше една шанса ќе ти даам дебелииии,пази молим те колку сум луда..јест да сеа може ги молзеш тоа ку*вичињата.. па да финишираме, или е љубав или ајт у три лепе, блок делит све по ред.е онда живот иде даље... А лицемерни пријателства од мене не тражи, тоа луѓенца како тебе кхм. читај: шо ку*от не ги боли го праат.Иам ја бивши еден куп шо се дружам ама иди питај ме дали нешо ми значеле..И никад не сум ги лажела дека ми значат.. Ама и па да ме одј**еш дебели, научив нешо бар, дека мн арно не е на арно, човек ко човек по природа тоа шо може да го има стално не го сака.. или па стварно сум сра*е човек, е онда опрости ако така... Или па ептен се глеало дека не е озбилна ствар туку зезање од километар а само ја не сум можела да видам... Да знаев дека е зезање, помлад у позгоден ќе си најдев дебели, немаше тебе да те изберам Некој 3, 4 пути по ред шо може Ама ако, или ќе се освестеш или је*ига кај си дебел и глуп си Мене ме натера да те сакам бе еј,чудо бидна.. А ако пак си криеш емоции ( ако ги има уопште) онда стварно незнам...... Ето видиш пак ја со лажната надеж дека дебелиот мене ме сака... глупа селска женска p.s. чоеков не е дебел ама ја од љубов дебел си го викам
Кој што сака нека каже,единствен си. Тоа што ми го направи мене,сега ти се врати по глава од друга. Баш ми е жал,конечно сфаќаш како ми е. Или не,нема никогаш да сфатиш,зошто ти си човек без чуства и без срце. Талентиран глумец,морам да признаам. Способен си цела врска да одглумиш за да го добиеш тоа што го сакаш. Направи се за да те засакам,и на крај ме фрли. Ама ако ти е,пати си сега. Арно те среди новата. Немаш поим колку те мрзам,и колку мрзам што те гледам толку често. А и немаш поим колку,те сакам и ми иде да вриштам кога ќе те видам. Ми ги испомеша емоциите,ми го разрани срцето. Незнам веќе што мислам за тебе,ама сакам некако магично да те избришам од меморијава и пак да бидам среќна. Ме уништи во потполност. Ѓубре
Здраво моја најмила пичко у душа... не верувам дека си ме заборавил сеуште зјаеш по мене ко ненормален. паѓаш на секоја моја провокација зар не. се ситиш со фактот дека сеуште имам чуства за тебе?! и знам се трудиш очајно се трудиш да ме заборавиш,да ме повредиш да ми вратиш за мојата грешка... ти глупав идиоту ако толку беа важни тие твои принципи зошто продолжи дополнителни три месеца да ми се лигавиш ти помогнав, несебично ризикував само за да сум со тебе,зар тоа не е доволен доказ дека може да ми се верува?!!!! мојот одговор на целиот ризик беше до крај со тебе и како ми возврати ти-ме остави кога ми беше најтешко. човекот во кој имав најголема доверба дека ќе е до мене и во добро и во лошо како јас за него ме напушти,ме изигра. пичка си пичка у душа ти не си маж да беше ќе беше сигурен во себе немаше да се плашиш од мојот карактер,немаше да се плашиш од фактот дека сум способна на се јас сум таа девојката што кога ќе зацрта нешо у глава го прави јас сум таа што зацрта дека треба да е со тебе без оглед на сите твои проблеми а ти ти како пиченце избега под изговор неможам да ти верувам. и сега сега ми пишуваш пораки па ми збориш за твојата божем идна која ти е во план да ја имаш. зар не ти е јасно дека ниедна нема да е јас ниедна нема да може да е твојот столб твојата разумна страна ниедна после искачање нема да е способна да те вади од гомна,ниедна нема да може да даде решение на секој твој проблем. ниедна нема цели два часа да те сослушува со ниедна нема да можеш да разговараш на секоја тема. ниедна нема да може да го истрпи твојот темпераментен карактер посебно не таа мирната и повлечена девојка која верува во бајки. ти не си бајковит тип ти си брзоплет идиот кој не размислува за последиците. а јас сум девојката која беше до тебе секогаш кога ти беше потребна. незнам дали незнаеш или неможеш да го согледаш фактот дека јас и ти едноставно бевме еден за друг. идиотот кој брза и исклучува и е искрен за се и што треба и што не треба и ненормалната што прави што сака без разлика на се и која може да се извлече од секоја можна ситуација. не за џабе и самиот рече дека јас сум таа вистинската. тоа не е заслепеност од заслепеност не му се нуди некому брат. и како очекуваш ти вечното дете у душа да бидеш со мирна девојка за која и зборот секс е вулгарен. девојка која се ограничува во темите на разговор,не пие не го живее твојот живот. си го имал тоа 7години си го имал тоа па 7те месеци поминати со мене ти беа поубави од тие 7години и самиот го кажа тоа! и верувам дека тоа е вистината ние не живеевме бајка ние бевме реалните шутраци за кои симнувањето ѕвезди од небо беше смешно и непотребно. ова е само дел од она што сакам да ти го кажам но пусто но инатот и гордоста не ми дозволуваат. но ќе дојде ден ќе се вратиш ќе сватиш дека секоја наредна нема да е јас девојката која се жртвуваше за тебе,која за тебе направи многу а тоа не се заборава
Иако знам и го прифатив фактот дека нашата врска е готова, има некои работи кои едноставно не можам, но и не сакам да ги пуштам така едноставно неминовно да заминат, да ме напуштат. Можам барем да ги споделам овде, сега за да можам да се потсекам на некои нешта, да ги споделам со непознати, да ги споделам за да излезат од мене. Не се обидувам да те добијам назад со ова писмо, не се обидувам да го променам твоето мислење бидејќи ја разбирам и почитувам твојата одлука. Стојам пред огледало и се прашувам: "Ја пуштам да биде срекна или?" И стојам таму, загледан во мојот одраз на мојот збунет лик, се обидуваm да го најдам вистинскиот одговор. Но би требало да е така пошто тоа е твоја желба и одлука, сето друго би било... Се сакавме еден со друг, премногу, понекогаш се чинеше дека нашите постапки и однесувања се луди, глупи и неодговорни но таква е љубовта зарем не или “би требалa да биде”. Ах колку само ми недостигаш, дали и јас ти недостигам? Не сум способен да простам, ниту пак да те заборавам, знаеш. Зошто? Не бев ни по 1,2,3 ниту по 7 месеци способен да простам. А пак те сакав и тогаш и сега и секогаш. Сега ти простувам знам далбоко во мојата душа дека е така, дека не можам да бидам без тебе, не сакам, но залудно е. Исходот е тој, разделени, се посакуваме еден со друг. Те посакувам моја најмила од се повеке на светов. Иако помина време, секој ден се повеке се распаѓам. Твоите изговори, твоите лаги едноставно многу болат, имаш навистина причина да ме оставиш? Како и да е, тоа не го менува фактот дека постапуваше и донесе себичен одлука. И уште нешто.. Зарем навистина мислиш дека е толку лесно да те заборавам? Неможам јас така како тебе да се понашам како никогаш да не си постоела во мојот живот после 3 години. Едноставно неможам како тебе, не сум како тебе, да се мотам околу други луге без никакво чуство на вина. Зарем не знаеш колку пати и јас сакав да напуштам се што сме граделе, да сватам дека не сум човек за тебе, но не заминав иако можебе требаше, но едноставно ти се вратив. Знам и тешко ми е да си поверувам дека признамам, дека поминав толку многу време обвинувајки те тебе за нештата коишто ги направи. Да можам се да вратам од средината на нашата врска, почетокот не би го менувал, ни детал, асполутно ништо, како те запознав, како се трудев околу тебе, како те ќарив, како те насмевнував, како те правев срекна, како те сакав, како ме сакаше, но после година ипол би сменил многу, многуу работи, но кога би можел. Кога за првпат те видов знаев дека си ти таа за која што мечтаам, онаа што ја посакувам, но тогаш едноставно не бев во потрага по нешто сериозно, не бев во потрага по нешто трајно. Барав згодна, самоуверена и симпатична личност. Искрено се плашев од тебе бидејки ме правеше несигурен и нервозен, одлика која никогаш не ми се случувала кога биле во прашање девојките, но ете и тоа го доживеав.. Но ништно не е така како што сум планирал, ни овој пат не излезе така. Сонував да имам живот со тебе, свет за нас.. Би сакал да ти се заблагодарам за тоа што пробав многу нешта во животот благодарение на тебе, научив многу за себе, а целато ова тешко искушение ја зацврсти мојата верба дека се се случува со причина и универзумот функционира на начин на кој што ние не го разбираме. Ти благодарам што ми покажа какво е чуството да сакам некого, да се грижам за некого и да биде сакан. Ти ми посака се најубаво во животот, еве овде длабоко од моето срце ти го посакувам истото. Се надевам дека ке го постигнеш тоа што си го зацртала во животот. Те сакам