sum cital mnogu raobti, no vaka iskreno od srce kazano nesto sto me ima tolku mnogu naezeno ne sum procital, mnogu raboti imam nauceno edno od niv e da bidam laden i mrtov, toa go imam nauceno vo armijata, no ednostavno koga e kazano nesto od srce kolku i da si jak popustas.
Ми се закови в срце ко никој до сега. Уште малку твојот лик ке избледе од моите секавања, но ова во мене никогаш нема да загине.. И после години, пак ке проверам каде си, и ке се запрашам, која е таа која те има.. Помина многу време, многу случки, во ниеден момент не беше тука, но сепак, сеуште си и ке бидеш сам во одаите на моето срце..
Не си „непреболен’’. Ниту пак ова го пишувам со болка во градите и солзи во очите. Не сум веќе толку чувствителна и кршлива. Научив некои нешта од искуството кое ми го подари. Сите се менуваме,нели? Туку едноставно,понекогаш судбината пред очиве ми носи малечки спомени кои само понекогаш,повторно го носат твојот лик во моите мечти. И ќе се присетам на сите оние хаоси кои си ги имавме приредено. Сега ми се мили. И смешни. Но не ги сакам назад. Во минатото си. Таму и треба да бидеш. Скриен помеѓу спомените,а сепак толку лесен за пронаоѓање во целата таа мешаница. Веќе не чувствувам ништо,најискрено. Само нешто ме тера да си спомнувам за тебе од време на време,кога се во мене ќе се стиши и некои спомени ќе посакаат да ги раскажат своите приказни. И тука се сите оние траги кои ги остави. Од што постојано си забодувавме ножеви во грб,веќе не чувствувам толкава болка кога ми забодуваат. Во повеќето случаеви не ми е ни гајле. Бидејќи знам дека некогаш сум била ранета на истото место,и раната колку и да печела,зараснала и се претворила само во малечка гребаница. Сум повредувала,сум била и повредувана. Милион малечки игри,без тронка емоција во нив. Само колку да се прави нешто. За било каква корист,па дури и тепање досада. Злобни се тие игри. Се сеќаваш како,кога полека влегував во твојот живот,ми велеше дека јас сум како сонце кое што дошло за да ги избрка облаците и да ги заврши сите тие проклети и расипани игрички,и како позади твојот леден и негативен став тивко ме молеше само за чиста љубов? Ти ја симнав маската. Ги видов сите маани во тебе кои на други би им се гаделе и би ги сметале за катастрофи,и ги гледав како малечки пукнатини во твојата душа кои можам да ги пополнам со својата љубов. Затоа и ти го пишувам ова. Затоа што ми е од се срце мило што ги пополнив и те направив за нијанса,потопла личност. Заради мене почна да им веруваш на луѓето и тоа го сметам за свој најголем успех. Јас,заради тебе престанав да им верувам на луѓето. Сметај го и ти тоа за успех,бидејќи сепак успеа да смениш нешто во мојата душа. А сепак еден ден морав и јас да го оставам зад себе наивното девојче и да станам жена како и сите останати. Порано или подоцна, тоа мораше да се случи. И премногу ми е мило што еден таков неверојатен човек беше причината за тоа. Понекогаш се присеќам на тоа кое што во секоја караница ти го кажував за да се смириш. Ти велев дека е срамота и гревота покрај толкава љубов и толку очигледна приврзаност ние да се разделиме. Но сигурна сум дека тоа што кога некогаш случајно се разминуваме,ти го вадиш телефонот и се правиш дека воопшто не ме ни забележуваш,не е од срам. Се што сакав да кажам е благодарам,молам,извини и го прифаќам извинувањето. Толку многу недоречени нешта,и покрај тоа што се што сакав беше,ништо да не остане недоречено. Засекогаш ќе не прогонуваат претпоставките,зборовите кои што сме ги премолчиле,духовите од нашето заедничко минато. Ни нема крај. Ете гледаш,имаше право. Никогаш нема да има крај.
Помина доста време, не сум те видела , не знам ни дали си тука, случајно начув дека си Швајцарија, можеби таму си ја бараш среќата, може таму судбината ти одредила да го продолжиш животот, да си најдеш некоја која ќе те сака и ќе ја сакаш, само те молам да не ја сакаш и неа лажно, не и го крши срцето како на мене, ете тоа ти е мој совет... никогаш не очекував дека ќе ти посакам среќа со друга, секогаш посакував да си вечно крај мене но јбг животот не не планирал заедно ,секогаш ми беше во мисли со убави сеќавања и така ќе останеше се до моментот кога дознав дека излегуваш со твоја колешка, мајка на 2 деца, во тој момент се згрозив и изгубив секое чуство за тебе, пак ќе речам не те мразам ама не те ни сакам како што замислував ке те сакам до крај на светот и назад... имај ја цела среќа на светот, се разбира ако останеш приземјен на земја после се !!
Знаејки ја историјата на твоите бифши врски, само едно ке кажам ја сум била премиjа за тебе! Во секоја можна смисла! Мислам дека не требаше да помине многу време за и ти да го сфатиш тоа. Како викаат "Fool me once shame on you, fool me twice shame on me!" Никогаш повеке, ми го повреди егото и гордоста... иако признавам дека кога по грешка ке се сретнеме низ градов на искачање се стресувам, и еве сега наместо да спијам чим го прочитав името на темата одма ми текна на тебе. Ама како беше од грешките се учи...
Драг Роберт Еве после една година откако јас и ти не сме проговориле ни зборче но јас уште во себе имам том зборови што сакам да ти ги искажам, а неможам да се осудам себеси да ти го покажам така да ке морам да се надевам дека некако магично ова ке го сониш.. Ке се убедам себеси дека верувам во телепатија и ке се надевам дека можеби еден ден ке дознаам што чувствуваше за мене и зошто замина без збор. Јас не сакам да бидам од тие што не сакаат да се потсетуваат за да можат да заборават, баш напротив, во кој паралелен универзум да те најдам за да си ги зајакнам резервите од твојот мирис и твоите очи? Те мислам, те мислам, те мислам те мислам.. непрекинато..незнам како да си ги наречам овие чувства..но знам само дека ги држиш во рака, ги држиш во рака веќе долго и кога ке помислиш дека ги нема зошто сум со друг само погледни ме и ке видиш дека нема да ти се испуштат. Се надевам дека еден ден можеби ке ме посакаш..и конечно ке можам да ти се предадам како што замислувам цела година. Ме правеше многу среќна и несвесна за каква убава љубов доживував тоа лето.. секогаш ке бидеш мојата сликовница. Даниела
Не дека си непреболен,само си ....хм...неостварен Не, не сум те оплкувала затоа што секое сеќавање на тебе ми носи насмевка. Секој разговор што сме го воделе бил пронижан со китки нежност и благо перчење. Лавовското срце ни ти ни јас не можевме да го скротиме. Штета што до крај ја чував гордоста и не потклекнав на сите ласкања,додворувања,шепотења... Можеби ќе успеевме ... тогаш бевме единство.Си одговаравме сосема.И по карактер и по хумор и по животни цели ееех....ШТЕТА! А после, пораснав 25 цм над тебе И немаше смисла да се враќаме за нов почеток. Сега си сме пријателчиња
Не постои некои непреболен. Еднаш еден дечко ми рече Јас ќе те повредам најмногу, за никој друг да не те повреди повеќе од мене. Навистина ме повреди, ај што ми удри клоца, и имав модрица, ама и психички партал ме направи. Тоа беше пред три години. Од тогаш не постои непреболен, а ниту па некој вреден за да го наречам сакан.
Иaко беше кратко знај дека те доживеав како за цел живот.Знам дека беше невозможно,за срце ми застана .. Сети се само колку ни беше убаво.Кога потпрени на онаа твоја кола што ти си ја викаше крш ,го гледавме небото додека ветерот го разнесуваше мирисот од магијата на ноќта .Ете тој крш мене ми беше најголемата и најубавата лимузина за цел живот,додека од внатре на радио ја слушавме 'Било би супер '...Ми фалиш сеуште ..Сите после тебе се нула.Ми фалиш еве сега кога одвај го пишувам овај текст бидејќи очите ми се замаглени,а солзиве никако да потечат.Каде е сега тој збор дека никогаш нема да ме оставиш???Излажи ме само уште еднаш,се добро би му дошло на срцево кога е изречено од твоите усни..Можеби нема да ме сакаш и памтиш уште ,ама знам дека никогаш нема да заборавиш кому најмногу си му рекол "сонце мое".Уште сум ти сонце,само твое ,дојди и стопли ме,гушни ме и покажи ми дека и солзите се убави ако ти ги брише тој што го сакаш......
Нашето беше врска ама и не беше. Неможе да се дефинира. Ни јас ни ти незнаеме што беше. А сепак беше нешто. Нешто што го имавме само јас и ти. Не се гледавме често но кога и да се видевме функциониравме токму онака како ништо да не било. Продолживавме таму каде што застанавме. Како животот да сакаше да не спои ем да не раздели во исто време. Со тебе почнав да го живеам животот авантуристички од ден за ден. Кога бев со тебе незнаев колку е часот ни кој ден е...а не беше ни важно. Секој ден беше возбудлив и незнаев кога ке ги отворам очите каде ке ме однесеш. Направи да се чувствувам како вистинска жена...убаво, посакувано, почитувано, елегантно... Незнам каде си сега и што правиш ама секогаш ке те памтам и нема да го заборавам она нашето...
Немам соодветни зборови за да го почнам писмото , незнам како да почнам . Знаеш дека те сакам затоа што ти си ми најголемата моја љубов моето прво се , но се прашувам е што откако ти ке си ја најдеш твојата најголема љубов? Твоето се и ке продолжиш да живееш доколку јас ке останам заглавена во нашите спомени за секогаш ! Како ке успеам да те гледам со друга како? Неможам срцето ке ми испука знам. Ама не можам да ги сокријам и избришам пет години врска со "фати па пушти" ама далечината , далечината не отепа начисто а ние подлегнавме на таквите моментални порази од страна на животот! 'Мангупче мое ке те сакам за секогаш'
Напишав огромен реферат и го избришав. Не заслужуваш ти да стоиш црно на бело и да рушиш нечиј спокој и среќа, бодејќи очи. Ќе те напишам на лист и ќе те изгорам кога ќе ми треба да си олеснам повторно. Ќе те напишам и ќе те пуштам со балонче да се изгубиш некаде. Не те сакам назад. Само криво ми е што потрошив прекрасни чувства на некој што не заслужува. Еден ден ќе разбереш, ако не јас ќе те потсетам.
Тешко ми е..поминаа 2 недели и мислам дека умирам..празна сум целата и немам сила за ништо. А не заслужуваш ваква слабост од мене. Се молам да помине што е можно побрзo
Долго време помина, а сеуште си тука. Во посебното делче во срцето кое беше исполнето со тебе. Сега е тотално празно, копнее да се вратиш. Да се вратиш и со себе да го вратиш и мојот сјај во очите, и искрената насмевка на лицето. Секогаш ќе бидеш мојата непреболена љубов.
Не знам зошто оваа вечер се ме асоцира на тебе.Не погледнав во небото затоа што ми беше тешко,свесен си дека ми ги зема сите ѕвезди и месечината?Колку те повредив?После две години останав без ништо поради тебе.Ми ги зема спомените,ме натера да те избришам од животот.Знаш дека не сум тоа што бев тое денови,не сум дволична и злобна..да бев таква одамна ке те уништев.И сега што?На крајот самата себе се уништив а ти уживаш во животот.Вистинска љубов,вистинско другарство..Жал ми е за се..Од денот кога си замина немам со кого да ја споделам среќата.Немој да мислиш дека пак останав сама,не сум сама ама не ми е исто како што ми беше со тебе.
Господине Д... Можеби мислиш дека сум лута или гневна,но не сум.Признавам на почетокот ми беше многу тешко и бев скршена кога ве гледав заедно.Но со тек на времето се навикнав,оти знаев дека таа е само една моја замена,една моја копија,и самиот ми го кажа и призна тоа.За моја несреќа,а твоја среќа колку и да ми е тешко сакам да ти признам дека ниту еден нема да те замени,засекогаш ќе имаш посебно место во моето срце.Откажи се да ме бараш на телефон или да се трудиш да се сретнуваме почесто,прифати оваа е крај,повеќе не нема нас....Доколу останало малку љубов во тебе за мене,би те замолила само за едно нешто,не успеа да сакаш,ниту да бидеш добар човек,дечко,син,брат а нема да бидеш ниту добар сопруг....те молам барем биде добар татко на ќерка ти која ја очекуваш.. За крај сакам да ти кажам дека денес иако се жениш со неа,за мене е ист ден како и сите останати без тебе,слободно ставај си слики на фб,немора да ги прашуваш моите најблиските дали би ме повредило тоа,не се повредувам кога ги гледам,ти одамна ме повреди.........Да не заборавам да ти ја честитам венчавката со неа и ви посакувам се најубаво од срце. ЗБОГУБ.....
Неколку пати те предупредив ако продолжиш со твоето понашање на не почитување, изолирање и затварање само за да ми докажеш дека ти си во право за нешта што беа сериозни, а немаше логика да бидеш во право со такви не стабилни мислења, дека ќе си заминам и дека сум таков, ќе ме болиш, но нема да се вратам. Џабе ти се сите пораки, можеби дојде ред и јас да се изолирам сега и да се затворам за тебе. Можеби и јас се чувствувам повредено како што ти се чувствуваше на секоја мала ситница и правеше драми и главоболки од сето тоа. Залудно ми пишуваш, залудно се „самоубиваш“ веќе по 5-ти пат. Откачи ми се... ќе излезам јас на површина, заслужувам подобро
Здраво Многу ме повреди и ме разочара тоа што го слушнав ....Ти целосно си се откажал од мене ?! Знаеш јас и ти немавме некоја врска , имавме само преголеми емоции еден кон друг .... Целосно си ме заборавил .... Си се запрашал како јас се чуствувам ? Знаеш ли дека ме уништи губре едно !? Знаеш ли дека не сум спиела со денови ?? Знам дека ти е сеедно и додека кукам ,плачам за тебе ,ти се сек*аш со дрољата и сте насмеани и уживате .... Ке ми помине ! Ке те преболам ! Знам дека никогаш нема да се вратиш , но и јас никогаш нема да се вратам ! Ке плачам , ке урлам , ке си кубам коса , но ке те преболам ! Никогаш повеке нема да верувам во надежта , таа ме уништи , таа ми даваше надеж за тебе ... Сега е касно за све... Не сакам повеке името твое во мое присуство да се спомене ! Збогум засекогаш !!!