Уствари, не ме боли мене тоа што не сме заедно. Ме боли што ја немам веќе сета надеж и еуфорија за повторно гледање и повтрорно смирување. Ме боли што сите сеќавања поврзани со тебе полека исчезнуваат. А и двајцата не сакавме да дојде до тоа.
Не си непреболен , ниту преболен .. Ние не бевме во врска , барем не на таков начин . Нашето беше само платонска љубов , за жал не во исто време . Ти ме сакаше , кога јас не те сакав . Јас те сакав , кога ти не ме сакаше . Не ни било пишано во овој живот , да доживееме убави спомени . Можеби еден ден , во некој друг живот , во некоја друга димензија , повторно ќе се сретнеме од ново .. Жалам само што изгубив човек со прекрасно срце , што не успеав да го сочувам нашето другарство , што така грубо ти го скршив срцето , кога ти ја соопштив веста дека сум бремена од друг човек .. Да , ти не беше свесен , но јас го видов тој крах во твоите очи .. Те гушнав другарски , мислејќи дека така ќе ти ја намалам болката . Да знаев дека тоа ќе биде последен пат , да знаев дека веќе нема да те видам .. ќе те гушнев најсилно . Не издржа да делиш ист воздух со мене , не можеше да живееш во ист град со мене , самата помисла дека некогаш некаде може да ме сретнеш со него и нашето дете , дека ќе ме видиш среќна со друг .. те натера да си го спакуваш животот во куфер , и засекогаш да ја напуштиш државава .. На социјалните мрежи видов дека имаш девојка . Убава е , токму спрема тебе . Се надевам дека конечно си среќен , како што заслужуваш да бидеш . А јас , јас те сакав , можеби сеуште те сакам на некој посебен начин . Не верувам дека е љубов , како онаа што ја чувствувам кон таткото на моите деца , не . Ова е сосема поинакво нешто . Нешто што не можам да го опишам . Ми фали да ми досадувш , да се шегуваш со мене , да ми кажуваш дека ме сакаш , а јас да ти велам да не играш мајтап со мене . И знам дека не е во ред што се чувствувам вака , сепак сум во брак со друг човек , и не е дека не го сакам или не сум среќна со него , навистина го сакам и тоа многу , среќна сум , се труди многу околу нашето семејство на секој можен начин , не дозволува ништо да ни недостасува , најмалку љубов и внимание .. само .. понекогаш ме фаќа она " што би било , кога би било " лудило .. И навистина , ако те одберев тебе , кој знае каде ќе бевме сега .. дали би биле сеуште заедно .. Биди ми среќен , најсреќен што може и чувај се . Ти посакувам се што е најубаво да доживееш .
Tesko e da sakas a najtesko od se e da ne bides sakan od licnosta vo koja si zaljuben Ama sto e tuka e mozebi vo ovoj zivot ne sme zaedno ama vo sledniot mozebi ke bideme #Posveteno
Не си непреболен, ама ќе излажам ако кажам дека никогаш не ми текнува на тебе и на моментите кога бевме заедно. Можевме уште да сме заедно, само да сакаше ти. Ама не сакаше. Беше одлучен за тоа и јас не можев ништо друго да направам освен да го прифатам тоа. Знам дека беше среќен кога бевме заедно. Не ја знам причината зошто донесе таква одлука и покрај тоа што ни беше убаво. Веќе не е ни важно. Не знам дали знаеш дека ти беше единствениот со кој би прифатила да се омажам. Може други врски ми биле подобри од некој аспект ама со никој не го сакав тоа и ужасно се плашев од помислата за брак. Со тебе не беше така. Со тебе бев спремна и на тоа. Искрено ти посакувам да си најдеш некоја која го има тоа што тебе ти фалело додека беше со мене, ако и самиот знаеш што е тоа.
Долги години ми беше непреболен, долги години во сите те барав и те наоѓав тебе, долги години се вртевме во круг со тебе, мислев дека третата шанса ќе ни биде конечна, ама јебига не ни била судена во овој живот ниедна шанса, а не сакам ни во друг, бидејќи доволно ме измачи... Знаеш, не те сакам веќе, ама имаме премногу спомени, премногу работи останаа недокажани, не ме боли што не сме заедно, не ме боли што градиш живот со друга, ме боли што лажно ме сакаше и што не го одржа ветувањето дека секогаш ќе бидеш тука за мене. Збогум Мачочоглу мој
Утрово те сретнав во нашата маалска продавница. Мирисот на свежо печено лепче и твојата појава не ми го згрчија желудникот како порано. Поминало ли?! Помина уште одамна кога бевме заедно од изгрејсонце до зајдисонце. Помина со секоја капка испиена покрај тебе. Во право беше од љубовта до омразата е само една танка линија. Не те мразам, не те сакам. Биди среќен ти посакувам од срце. Боли тоа пак, ама ако не те напуштев ќе ме отрујаше со својот идиотизам. Болест си кладов од тебе. Голема школа ми даде. Биди среќен, смеј се како некогаш. Ама гледам и ти полека си свенал. Коси почнале да ти бележат, нешто те гризе. Мене не ме мисли. Среќна сум. Сакам и сум сакана ејјјј.... Послем толку време сакам пак и возвратено ми е. Не сум сама тука е до мене за мене. Тука сум до него за него, го љубам. Само да знаеш секој ден со тебе беше нова шанса секој ден со тебе беше збогување. Е ова сакав да ти го кажам а ти не се појави.
Не дека си непреболена, премногу години поминаа, не сум више ни истиот човек баш. Ама се видовме пред 2 години и се уште имаше искра у мене и ми играше срцето кога те гледав и зборев со тебе. Неверојатно. Зборевме со саати, и пак нишо не те сфатив. Ама ти си се уште истата за жал. А јас далеку повеќе те сакав. Си пробувала да ме најдеш, да да секако, ти веруем. Се омажи колку да се рече, нели? И претрпе катаљарда срања и трауми. Се надевам дека се разведе, и дека сте добро ти и малата. Да стаам вакцина и ќе дојдам да испијам некое пиво у Агора. Којзнае, може и на работа ќе ти се тупнам, ако си уште таму.