Планет Ајурведа

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од elcezelce, 2 мај 2011.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Имате ли слушнато за овој центар ?
     
  2. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Сопственичката имаше интервју на радио пред извесен период. Таа и нејзиниот сопруг се од Индија и дојдени се тука со нивните деца. Применуваат најралични методи за разни заболувања, исто така имаат и палета од производи. Ајурведа е целосен систем на лекување од Индија. Нејзината цел е да овозможи водич кон исхраната и животниот стил на луѓето за да можат да останат здрави како и на луѓе кај кои може да го подобри нивното здравје.
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Всушност докторите не се сопственици,газдите се од Скопје, се одржуваат бесплатни предавања за ајурведата секоја сабота во нивниот центар имам слушнато дека се многу ефикасни при лечење на разни болести ,само еден проблем има малкуу се скапички :)
     
  4. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    На нивната web страна има подетални информации, и навистина доста се скапи услугите, има цени на страната
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Порано увезуваа една козметика Лотус Хербалс од Индија, има ли некој видено уште да се продава?
    За ова зборувам http://www.lotusherbals.com/
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ги има во ајурведа мислам ама не сум сигурна :) Затоа што имам другарка што работи таму и ми има подарено лабело од таа фирма а рече дека и е од работа :)
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Елчежелче можеш ли да ја прашаш и да не’ информираш?
    Прекрасна е козметиката.
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Прашав ...порано ја имале меѓутоа поради слабата информираност на луѓето за оваа козметика повеќе не ја увезуваат не им се испалатело .
     
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали текстов ќе одговара на темата, но верувам дека е така. Нешто корисно и интересно во врска со ајурведската исхрана. Кој е расположен може да напише и свои размислувања во врска со овој режим.
    Биоритам
    Промените на годишните времиња за организмот претставуваат стрес кој можеме да го надминеме со древната мудрост на ајурведската медицина. Ајурведата придава големо значење на промените на годишните времиња и на нивното влијание врз расположението и врз здравјето на човекот.
    Следете го ритамот на сезоната
    Да се приспособите на временските промени не е секогаш лесно. Промените на годишните времиња за оранизмот претставуваат стрес кој мжеме да го надминеме со древната мудрост на ајурведската медицина. Ајурведата придава големо значење на промените на годишните времиња и на нивното влијание врз расположението и врз здравјето на човекот. Таа ја дели сезоната на шест сезони. Во трите сезони (доцна зима, пролет, лето) се засилува влијанието на сонцето и тоа доведува до исушување, а во другите три (дождлива сезона, есен, рана зима) посилно е влијанието на месечината, која носи дожд и студ. Затоа целата година може да се подели на два периода - Адана кала- период на сушење (доцна зима, пролет и лето) и Висаргала кала - период на наводнување (дождлива сезона, есен и рана зима).
    Древниот ајурведски мудрец, Махариши Чарак, во своето дело "Чарак Самхита", ги дал следните упатства во тек на сезоната за наводнување. Во тек на дождливата сезона, есен и зима, сонцето се движи кон југ и неговата моќ на загревање почнува да се намалува покрај факторите како дожд, бури, должина на денот и друго. Дождот ја ослободува Земјата од насобраната топлина, а во растенијата и во атмосферата доведува до пораст на киселиот, солениот и слаткиот вкус, кои предизвикуваат "подмачкување" и раст на телото. Затоа силата на луѓето прогресивно расте од дождливата сезона (кога е најмала) до зимата (кога е најголема).
    Да се зачуваат силата и здравјето во есен
    На нашата географска позиција есента содржи два периода, од кои едниот е обележан со долги, непрекината и досадни врнежи, адругиот со благо, топло и смирувачко време. Овие периоди не почнуваат секоја година подеднакво, но во одредена мера се појавуваат. Според ајурведата, таа се вика дождлива сезона (во Индија сезона на монсуни) и есен.
    Препораките за овие две сезони познавачите на сјурведата ги следат веќе илијадници години, а може да се прочитаат во книгата на мудриот Чарак. Исхрана и однесување во тек на дождливата сезонаЧ кога телото е ослабнато во периодот на сушење, тогаш и дигестиваната моќ е намалена. Во текот на периодот на дождовите доаѓа до нарушување на сите три телесни сокови, кои го намалуваат автоимуниот систем. Автоимуниот систем е намален поради испарувањето од земјата, растот на киселоста и честите врнежи. Затоа се препорачува умереност како во поглед на исхраната така и во поглед на телесните активности. Треба да се воздржувате од спиење во тек на денот, од ладно, од претерана физичка активност, од одење по сонце и од полови односи. Воопшто треба да користите мед при подготовка на јадењата и на пијалаците. Ако дојде до поголемо заладување сред силните дождови проследени со бура, треба да се јаде храна која е кисела , солена и масна.
    Треба да се јадат житни растенија постари од една година(јачмен, пченица) и супи од зеленчук. Се препорачува месо од животни кои ратселе на сува клима. Пожелни се и масажи со масло, капење и мирисна, лесна чиста облека. Да се престојува во куќа која не е влажна.
    Есенска диета и однесување
    Во тек на есента се препорачуваат слатки, лесни и горчливи јадењеа и пијалаци земени во количества со кои се одржува добро варење. Значи, јачмен, пченица, ориз, а за "месарите", на пример, месо од зајак и од коза.
     
  10. bonbonka

    bonbonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Nekoj da ima iskustvo so reguliranje na hormonite?
     
  11. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Здраво, темава не е активна подолго време. Дали има некој кпј користи од нивните суплементи и дали е задоволен.