1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Планови и подготовки за периодот после породувањето

Дискусија во 'Канта' започната од Fallen.Angel, 23 јануари 2020.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Бременоста е период во кој треба да уживаме, но сепак постојат работи кои мора да се направат и околу кои мора да се размислува во текот на бременоста за периодот кој следува потоа. По породувањето, сите мајки се соочуваат со предизвици,нови работи,многу нови поими за кои претходно немаме слушнато и многупати не знаеме што и како треба да се направи. Поради тоа сметав дека треба да постои ваква тема каде ќе си споделиме што планираме и како се подготвуваме за почетокот на новото поглавје во нашите животи.

    Во текот на бременоста, за што најмногу размислувате? Кои планови ги имате за после породувањето? Какви подготовки правите? На пример дали планирате да доите? Дали почнавте да се едуцирате повеќе околу тоа?
    Кога почнавте/планирате да почнете да купувате работи за бебето? Кои работи би требало една идна мајка да ги знае и на што најмногу би требало да се посветиме? Мајките на кои ова им е прва бременост имаат потреба да дознаат многу работи,а оние кои веќе поминале низ ова со сигурност имаат многу што да споделат.

    Овде можеме да си споделиме и корисни информации и линкови на кои можеме да прочитаме и научиме повеќе.

    Ете на мене милион прашања ми се вртат во глава.
    Сите ме советуваат дека е пожелно да го дојам своето бебе, но има многу работи кои треба да се знаат околу доењето, имав гледано клипови,имав читано на некои страници како да се избегне да добиеме мастит, и многу многу други работи поврзани со оваа тема..Сметам дека е многу важно да имаме повеќе информации околу целиот процес.
    Потоа околу купувањето облека,количка,креветче,козметика... Сите велат дека е рано да се купува пред петтиот месец од бременоста. Вие кога почнавте? Јас веднаш штом го дознав полот ако видев нешто интересно купував, еве и денес направив шопинг.
    Дали после породувањето планирате да внесете нови навики во животот? Јас би сакала да почнам со интензивни тренинзи и да си го доведам телото во форма.
    Би сакала да знам исто така и кои се првите работи кои треба да ги направам после породувањето, кога треба да се однесе бебето на педијатар? Дали треба да купам и дохрана некое од млекцата на растварање? Од каде купувате квалитетни шишенца, каде има попусти на бебешка облека?
    Би сакала оние на кои не им е прва бременост да ми кажат искуства како полесно да ја истераме бременоста и да се подготвиме за возбудливите моменти потоа.
    Сите знаеме дека ќе следат ноќи без спиење,денови без енергија, но сепак тоа значи неизмерна радост за нас, поради тоа важно е да се подготвиме за овој период и психички и физички за да можеме потоа да уживаме со нашите бебиња.
     
    На Bebac, Butterfly1107 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Веќе има теми за сите прашања погоре поставени, па нема потреба да се повторуваме и да правиме една општа тема.
    https://forum.femina.mk/threads/Ког...ње-работи-за-бебето.4442/page-10#post-2759958
    https://forum.femina.mk/threads/Враќање-во-форма-по-породувањето.14982/page-55#post-4108196
    https://forum.femina.mk/threads/Педијатар.24467/
    https://forum.femina.mk/threads/Облека-за-бебе-продавници-попусти-совети.15609/page-71#post-3756185
    А за општи муабет за бременоста си стои Труднички муабети. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.