План за исхрана при анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од macalavica, 26 ноември 2013.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Здраво анемични феминки :D

    Веќе знаеме дека спречувањето на анемијата или слабокрвноста придонесува за подобрување на општата здравствена состојба, за подобра физичка кондиција и за подобрување на способноста за учење. Правилната исхрана е еден од главните фактори во спечувањето на појавата на анемија.
    Ја почнувам оваа тема за да си ги олесниме маките при избор на храна.Идејата ми е да пишуваме што конкретно јадеме кога сме анемични,да направиме диет план за анемични лица заедно и да си помогнеме меѓесебе.Очекувам ваши идеи за оброци.

    Поздрав,
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Одлична тема за разговор, како и да е да се надоврзам на истата.
    Постојат 2 типа на анемија кои се предизвикани од неправилна/нередовна исхрана(постојат повеке типови на анемија но овие се како резултат на исхраната)

    1. Анемија предизвикана од недостаток на железо.
    2. Анемија предизвикана од недостаток на витамини(поточно Б12 или понекогаш Б9 односно фолна киселина)

    1. При оваа анемија, прво што треба да се стори е очигледното, да се зголеми внесувањето на железо во организмот, а како храна со највисока концентрација на железо е:
    Црвеното месо(посебно говедското), жолчката од јајцето(варено), спанаќ, пилешки гради, темна(црна) чоколада, некои сушени овошја, брокула и др.
    И подоцна откако резултатите од крвната слика ќе се вратат во нормала, усхраната треба да остане урамнотежена и правилна за да се избегне анемија.

    И исто така треба да се внесува многу храна богата со витамин Ц, бидејки витамин Ц допринесува поефикасно да се абсорбира железото во организмот.

    2. При оваа анемија, треба да се зголеми внесот на витамин Б12(Кобаламин) и по ретко фолна киселина(Б9).
    Храна со највисока концентрација на Б12: риба, некои житарици, црвено месо, ниско масно млеко, кашкавал, јајца(варени) и др.
    Храна со највисока концентрација на фолати(Б9 или фолна киселина):
    зелка, спанаќ, аспарагус, магданос, боранија, цвекло, карфиол, брокула, леќа и др.
     
    На fallenangel и Dzevelekova им се допаѓа ова.