Јас имам начуено дека не биле многу задоволни таму. И сериозно немој да си ги подгреваш надежите. Кај што е ефтино за пластична хирургија, дефинитивно нешто не чини. Не за џабе се плаќаат илјадници евра за вакви зафати. Има една емисија на E! и се вика Botched, топло ти препорачувам да ја погледнеш што се случува кога некомпетентен доктор ја прави операцијата, па други треба да ги поправаат грешките од претходните ужасни операции. Се сомневам дека после тоа ќе бидеш толку оптимистична за да те "средат" на клиника или на друго непроверено место.
Океј реално сум заинересирана за липосукција, што и нее толку сериозна операција. И мислам дека не сум толку битна јас, колку што би ме интересирале искуствата на некој што веќе бил. Има ли такви на Фемина?
Мила, јас не се обидувам да те нападнам. Имам дури 25 кг вишок на мои 21 година и сум размислувала и за таа опција за липосукција на клиника. Ама не вреди. Стварно е смешна цената, ама шансата таму да утнат е огромна. Меѓутоа на овие години кога сум студент, не можам да си дозволам операција на пр. во Ремедика или друга сигурна (колку толку) институција. И на крај сфатив џабе липосукција и давање пари кога доколку не внимавам на режимот на исхрана килограмите ќе се вратат. И не е точно дека не е сериозна операција, секоја операција си носи ризик и може да дојде до компликација. Ако не гледаш друго решение за твојот проблем тогаш ти посакувам среќа и се надевам дека се ќе биде во ред.
Abe kako nemalo dobri doktori Smilja Tudzarova e mnogu dobar plasticar. Tamu raboti mislam. Inaku nemam praveno operacii a se mislev za odredeni zafati ama strav mi e od samata operacija. A tebe poso ti e za liposukcija mnogu podobra i pozdrava opcija ti e da posetis nutricionist i da ti prepise soodvetna ishrana otkolku ova so operaciive.
Не си играјте со телото доколку немате потреба од тоа! Такви ситни измени можеби за тебе навистина ќе значат голема промена и зголемување на самодовербата, но размисли дали вреди тоа и колку таквата промена ќе влијае на сликата што веќе ја имаат за тебе луѓето во твојот живот?! Пак ќе си останеш истата ти, само што може да те зезне некој хирург и да ти смени личен опис (на пример со корекција на нос или усни) па да го изгубиш идентитетот на некој начин и да жалиш цел живот. Липосукција не е ни малку лесна и едноставна операција а и не знам колку се стручни тие што ја изведуваат кај нас. Лично не сум правела, но знам од прилика, преку туѓи искуства како изгледа процесот на опоравување после тоа. Модрици, отоци и болки во стомакот и бутовите кои траат со недели. Освен тоа може да се појават и инфекции, апцеси, висната кожа, атрофија и нерамно ткиво под кожата. Прочепкај на нет па одлучи дали вреди да се изложуваш на такви ризици. Барем вишокот на масно ткиво можеш да го елиминираш за неколку месеци со здрава исхрана и физичка активност.
Јас сакав да прашам дали знаете нешто во врска со пластична операција на прсти..значи вториот и третиот прст се сраснати повеке од пола...ве молам ако знаете нешто кажете каде да се обратам...сеуште е бебе...но сакам да се информирам бидејќи многу сум загрижена...естетски тоа многу ми смета...
Фала за советот...морам тоа да го направам...полудев размислувајќи од каде да почнам...дали може некоја од вас да ми препорача некој добар хирург од клиникатс за пластична хирургија ск??
Ѓорѓе Џокиќ е одличен лекар, работи на оддел Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија
Игор Пеев. Млад дечко, ама искусен хирург. Овој Џокиќ @black-angel што го препорачува мене ич не ме бендиса.
И на интернет најдов статија дека е меѓу 10 те најдобри доктори во РМ...се надевам дека ќр успеам да ја средам оваа работа..битно ми е да се нафати докторот..да ми каже декс може да се среди...со луѓе что сум разговарала сметаат дека еххх не е толку морално да се оперира ...не е здравствено..итн...и на нет читав оперираат прсти на раце ..ретко на нозе...но јас сакам да се среди...
Бебето е само 2 недели...но многу сакам да видам што ќе ми каже...се надевам се да бидд во ред...пресреќна ќе сум ако ова се среди и бебето да е добро...
За секоја естетска корекција ви ја препорачуван Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија.Презадоволна сум од направената операција и од целиот персонал.Секој што ќе се реши да направи естетска операција се мисли дали тоа ќе биде или не успешно.Бидејќи претходно имав една неуспешна операција бев со страв дали да направам или не,што ќе биде понатаму.Но сега знам дека не сум погрешила бидејќи се обратив на право место.Работат тимски,колегијално и го даваат максимумот од себе за времето кое го поминуваш во болницата да се чувствуваш како дома и секој пациент да ја добие грижата како што треба.Каде и да и одев по болници и по лекари секаде беше различна слика од оваа,тоа што го видов за десетина дена таму дава надеж за здраството во МК.Целиот персонал од специјалисти,доктори,хигиеничари,сестри,болничари(исклучок се 2-3вработени) е пример за цело здравство.Вработените од тој одел треба да се наградат и да школо да им дадат на сите други.Не верував дека некогаш во животот ќе пофалам здравство ама сега морав тоа да го направам.Има секаков тип на лекари ама и ние пациентите најчесто и претеруваме кога е во прашање здравјето од паника и недоволно разбирање.Јас излегов пресреќна и би се вратила повторно без размислување и страв знам дека ќе бидам во вистински раце.Секоја работа што ја работиш со љубов и внимание дава резултати и насмејани лица а тука тоа и го работат.
Zdravo, mojata sestra pravese korektivna plasticna operacija vo Sante Plus vo Istanbul i e mnogu zadovolna od zafatot. Sante Plus se navistina skapi. no zasega kaj nas se pokazaa kako ekspterti. Kakva tocno plasticna operacija ke pravis? Mojata sestra pravese namaluvanje na gradi, sto e dosta slozen zafat.