Уф, обожавам плетенки и разно разни фризури, ама ем незнам да си правам а и немам живци. Мада и некој друг да ми направи, нема плетенката на мене да издржи повеќе од два дена, зашто неможам да трпам косата да ми е собрана, се чувствувам стегнато, јас секогаш сум со пуштена, слободна коса, си ја обожавам така.. Па, што да правам кога си имам убава коса. А меѓу плетенките најубави ми се рибината, внатрешната и банана плетенка што ми ја правеше порано баба ми.
Обожавам плетенки, но тешко се плетат на мојата коса бидејќи е виткана. Сама неможам да си плетам, најчесто ми плете мајка ми или сестра ми. Секогаш не испаѓаат добри, имам многу разлетени влакна. Треба да пробам прво да ја наводнам косата па да ја ишчешлам па потоа да ми сплетат плетенки. Јас знам да плетам само обична плетенка. Досега на никој друг не сум плетела освен понекогаш кога сама си плетам.
Е, да ти кажам право неможам да ја најдам вака на нет.. И незнам како да ти опишам како изгледа, тоа ептен мала бев кога ми ја правеше, сега она така ја викаше.. Банана плетенка. Ама, мислам дека е нешто слична на внатрешната, само не ме држи за збор, не се сеќавам.
Плетенки ... многу убава работа хахахаха Уште од мала ми ги правеле, зошто сум имала долга коса. и сега имам, не многу долга - негде средна .. Но многу сакам плетенки, различни видови.. Најинтересен вид ми е рибина коска, а исто така и онаа што се плете горе над челото .. ги сакам!
Јас многу обожавам плетенки но за жал не можам сама да си плетам. Па затоа си имам другарки кои ми плетат плетенки и ми прават разни други фризури!
Цело детство го поминав со плетенки на мене .Имав многу долга и бујна коса и тоа беше најлесниот начин да се скроти. И сега ги обожавам особено венчето. http://www.youtube.com/watch?v=7mauRR8u ... re=related
обожавам плетенки. Сум ја плетела мојата сестра, па и сама си правам на мојата коса.Не знам многу видови да плетам.Ги знам обичната,рибина коска
Обожавам плетенки, кога бев помала баба ми ми плетеше разни. Највеќе ми се допаѓаат 'рибина коска' и плетенка 'водопад'
Оооох темава е тотално за мене! Обожавам плетенки и се што е поврзано со нив. Знам да направам обична, на страна, француска (онаа како Лорн Конрад, но и други) ,а најновата што ја научив е рибина опашка. Сега се спремам да ја научам плетенката водопад , а и некои други
Јац моментално имам плетенки на мојата коса, бев на одмор во Грција, и по плажата шетаат мн црнкињи кои плетат за пари. Ја собрав еден ден една, за 25 евра, ми ја сплети целата коса, ситни ситни плетенски, само моја коса, без надоградби или прамења од др. коса. Прекрасна ми е, веќе 3 недели ја носам, и сите ми ја бендисаа. Ќе ја поносам уште една недела, зашто веќе фати да ме чеша
Многу сакам летенки, за вљубена сум во плетенка-венче. Не ги сакам оние обични плетенки на пр. косата високо или ниско решче, па плетенка, ниту обична внатрешна. Сакам некои понеобични, мада сега плетенките се хит па и нема необична. Сепак, најмногу сакам венче. Уште да најдам туторијал за сама да си направам и ќе бидам пресреќна...