И јас мојата не ја чешлам, ама додека ми е водена колку убави плетенки се плетат. Можеш така да пробаш. Цврсти се.
Јас сега почесто почнав да си плетам плетенки...или пак една голема.Многу сакам да научам рибина коска,ептен се тренди годинава Исто така и долги шишки сплетени на страна е многу убаво...
уффф...плетенки многу сакам....сама си плетам и внатрешна и рибина коска..и онакви во репче.....и многу си ги сакам
штом ја виде оваа плетенка одма пред огледалото застана да ја испробам....ама не ја баш погоди... многу е убава
Јас уште малку ќе се збогувам со моите плетенчињааааа... Но ке правам малку поголема промена на мојот изглед, се надевам ќе бидам задоволна
Сакав летово да се плетам со вуница, ама ми кажаа дека косата многу се оштетувала.. Една другарка ми рече дека косата и се изретчила.. Па не знам, се мислам сеа за пред одмор, да не се замарам со пеглање и сличноо.. Сакам да направамм плетенки, ама еве ме предомислуваат. Јас немам некоја густа коса, и ако ми се изретчи .. Не знамм! Не сакам да ризикувам.. Ќе размислам пакк.. Ама сакам да читнам и ваше мислење, или искуство. Поздрав
Јас имав вакви плетенки ама цркнав додека ми ги плетеа, сега пред некој ден си ги отплетов и косата ми беше премногу оштетена па морав и на фризер да одам, а за паѓањето, прамени цели ми испаѓаа среќа густа ми е косата.Мој совет поарно немој.
И јас сакав, но се предомислив. Лани другарка ми исто со вуница си направи плетенки, косата и беше многу густа, а сега и е само половина од тоа што беше некогаш. Подобро немој.
Јас имав вакви плетенки до пред неколку дена, најубави ми беа, и ми недостигаат.. вистина е дека пагја многу косата кога ке ги извадите, ама размислете на тоа вака... вие кога имате плетенки не се чешлате така? епа вие доколку немате плетенки у еден месец, или два или колку и да ги носите плетенките, мора да се чешлате и при секое чешлање ви паѓа коса... и да ја тргате таа коса на страна што ви пага додека се чешлате, еден месец, или два... ќе добиете купче многу поголемо од тоа што ке го напраите кога ке ги извадите плетенките... јас ги извадив, си отидов фино лепо на фризер си се ишишав, не дека морав, туку дека сакав, уште пред да ставам плетенки пишав дека ке се шишам.. и косата ми е прекрасна како што ми беше и пред тоа, едноставно како свилена така да ако сакаш напрај си, и мене ми викаа такви глупости, ама јас не се замарав
како мала нон-стоп една комшика ја замарав да ми плете плетенки цело време ја носев косата во ситни плетенчиња ама сега ми е кратка па не можам ја плетам кога ќе ја пуштам долга цело време ќе си ја носам во плетенки.
сакам да се научам да плетам рибина коска јас одамна барав на јутуб, ама никако да најдам .. ако пронајде некој некое видео во кое има објаснато чекор по чекор како се прави нека го стави