Девојка ми, ми има кажано дека сака плетенки, а јас имам долга коса. Горам од желба да ја изненадам и да си ја направам косата иста како нејзината. Ваква е нејзината: http://data.whicdn.com/images/68464674/large.jpg Може некој да ми каже како чекор по чекор се прави ова?
Малку е несоодветна фризурава за машко, но ајде да ти кажам за да не велиш после дека не сум била љубезна да давам совети Прво треба да знаеш да плетеш внатрешна плетенка. Ќе ја навалиш главата, со цел косата да ти виси надолу, и ќе почнеш да плетеш внатрешна плетенка од вратот, од позади значи на главата, па нагоре. Ќе плетеш додека мислиш дека е доволно, и потоа со преостанатата коса правиш машна. А тоа ќе го направиш со помош на сликава подолу.
Со оглед на џбунов кој го носам на глава, порано бев убедена дека на оваа коса плетенка не се плети. Арно ама летни горештини на се‘ ќе те натераат. Почнав да ја плетам косата додека е водена, да чекам да се исуши така, па после да ја пуштам и стварно убава ми испаѓаше Сега си терам така цело време. Дури и да не ми е сплетена после миење, навечер кога си легнувам ја плетам за да не ми се бушави. Нема поубаво. Еве и сега ми е во плетенка
Значи вистински мајстор сум за плетенки (не дека се фалам ама така е) и единствената мисла која ме спречува да се шишам кратко се токму плетенките. Па како ќе можам да си плетам плетенки на кратка коса, а? Омилени фризури ми се плетенките.
Јас како мала сум имала долга коса,па баба ми,исто и мајка ми ми плетеа плетенки и тоа две посебно од двете страни по една плетенка или целата коса сплетена во една голема плетенка или една помала,па потоа една поголема плетенка,па оваа малата од горе ставена во оваа големата од долуи таа големата долу врзана со стегач или со гумено ластиче! Сега како голема си ја скратив косата бидејќи квалитетот и е слаб и за да пробам нова фризура и не носам повеќе плетенки,но немам ништо против нив бидејќи мислам дека прават косата да биде приберена,а може и на таков начин да се експериментира со нови фризури!