Често носам плетенки, бидејќи не морам никој да молам за плетење, ниту пак да плаќам за нив. Сама си се плетам и го знам секој трик и секој вид на плетенка (колку сум фалбаџика ). А за рибина коска- земаш два прамени коса ѓи превртуваш еднап еден врз друг, а потоа ги држиш прамените во таа положба и наизменично од едната, па од другата страна додаваш мали праменчиња коса... позз
Мразам плетенки Лани беа ин ги плетеа во вид на венче и оттогаш нема да не видам по 100 души дневно со плетенка кога и да отидам на фризер за свечена фризура,одма.. А да ти сплетам плетенка,вака ќе ти биде така ќе ти биде aaaaaaaa!!!!!.значи секоја фризура (особено во мојот град-градче) мора да има вметнато и плетенка А најмногу мразам долга коса до половината сплетена во плетенка Да не се навреди некој,така мислам јас
Многу е лесно , ние научивме од јутуб и сега секој час си правиме со другарките Баш моментално имам таква плетенка , ги обожавам http://www.youtube.com/watch?v=pxs_T_9omUY Eве мојата коса така изгледа во моментов
^Ај ќе пробам после, и ќе ви кажам што сум направила. Карина, ти благодарам за тоа што го сподели со нас.
Еве за рибина коска..ептен е добро...јас од овие видеа се научив да плетам http://www.youtube.com/watch?v=smJvLUl8 ... re=related
Пс: Пробав да си направам плетенка, рибина коска. И ми успеа, макар што мојата коса не е многу долга, и е ретка.
Dgirlll пробај уште еднаш не се откажувај Јас денеска незнам ни сама колку пати пробав и конечно научив
Уживајте Мило ми е ако помогнав.Еве ви уште еден линк можеби од овде полесно ќе успеете. Многу е лесно ,а преубаво изгледа плетенката. http://www.youtube.com/watch?v=3oxVRRDl1ww
http://fancy.mk/Details.aspx?ImageID=6397 Совршена е. Ме учи братучетка ми да правам рибина коска,воопшто не е толку тешко колку што замислував.
Сакам плетенки но скоро никогаш не носам бидејќи мојата коса е премногу густа и многу лесно ми се растурвит. Планирам некој ден да направам и тоа некоја необична па ќе искористам некоја од тука наведените.
Ponekogash si pravam sitni pletenki no,taka ja pravam celata kosa..lele odvaj gi pravam po 5 saatii a inace si pravam i debeli pletenkii i mnogu ubavo mi stojatt..pletenkite se superr!!tie sto nikogas ne si napravile neka si napravat mnogu ubavo ke im stojat Мислењето е редактирано од страна на модератор! [mod-kirilica:3eoh5bui][/mod-kirilica:3eoh5bui] [mod-tekst:3eoh5bui][/mod-tekst:3eoh5bui]