Имаше гел за коса во тубича некои со вода го мепша за да си го намачкаа праменот што ке го плетат и да не им се познава бело кога ке ја расплетат Каков е гелот не ми текну име
Мојата омилена фризура:висок реп цврсто фатен горе ништо да не стрчи, после убаво се расчешлува надоле косата и се плете во рибина коска плетенка.Во комбинација со големи алка обетки...или било какви интересни обетки...Обожам!Изгледа елегантно и секси. Погодно е и за преку ден, а може и да се носи навечер на излегување. Препорачувам. Друга омилена фризура:бохо плетенка лабаво фатена на страна, да стрчат влакненца и виткани прамени од косата.Во комбинација со ластик горе, не цветен(од вештачки цвеќиња ) оти не поседувам таков, мојот е плетенка.Обично ја носам преку лето. А, за по дома понекогаш имам обичај да си сплетам две плетенки од страна и така да си седам.Како мало девојче изгледам, а моите мноогу ми ја сакаат фризурава.Како девојчето од БиМилк амбалажата сум, минус селското руменило.
Јас сакам плетенки ама најмногу рибина коска инаку не ја сакам онаа едната на средина. Па најмногу сакам назад два прамени мали од косата фатени со штипчиња па ја пушташ косата долу само ја навиткуваш да ти испаднат убави локни и напрек косата на две поделена тоа ми е омилена
Здраво, јас сакав да прашам само, ме интересира вашето мислење за плетенките со надградба, дали некогаш сте имале вакви плетенки или некому сте плетеле?
Во четврта година средно почнав секој ден да правам лабава плетенка од една страна, најчесто од десната. Потоа ја скратив и престанав да правам плетенки иако сега веќе ми е доволно порасната.
Обожувам фризури со плетенки. Практичен избор, уредна коса и убав изглед кој лесно се вклопува во целокупниот стил.