како мала не се секавам многу многу дали сум носела пелтенки ама сега знам дека ги обожавам.баба ми живее во друг град а мајка ми незнае да плете внатрешни плетенки или некакви интересни па затоа кога одам на гости кај баба или таа кога ке дојде кај нас не ја пуштам да си оди додека не ми сплете плетенки ако сакам плетенка нема кој да ми сплете и сакам да се научам сама ама внатрешна плетенка сама да си плетам мислам дека нема да можам.Многу ми се свигаше оваа плетенка рибина коска и мислев дека којзнае колку е тешка и ги уклучив тие видеата и видов дека е многу едноставно и се научив и сум многу среќна поради тоа
Сама си плетам една внатрешна плетенка и многу често си ја носам косата така, многу ми се допаѓа и како ми е стои, плус не ме боли главата од што ми е врзана косата како што тоа ми се случува кога ја носам врзана во реп, плетенката ми е спас
Јас сама не знам да си сплетам плетенка. Но, затоа тука е мојата лична фризерка, сестра ми, која е задолжена за таа работа. Секогаш го плетам опавчето, значи прво ќе ја соберам косата со стагач, а потоа плетам платенка, најчесто таа едноставната со три прамени. Ги мразам сега тие новите фризури со плетенката на сред чело никогаш така нема да ја сплетам.
WoW Па рибина коска била мнгоу лесна за плетење незнаеб дека е толку лесна со помос на видеата веднас се научив да плетам и сум мн срекна јеееее
Често косата ми е сплетена. Од кога помнам за мене, мајка ми, тетин ми ми плетеа плетенки. За среќа имам и тетка фризерка па често знам да отидам да ми сплете. И сама често си правам, обична, рибина, шишките само или пак внатрешна.
Па рибинава коска била многу лесна. Сега ја пробав на мајка ми и полесна здравје!!! Штета јас имам кратка коса и не можам вака да ја плетам.
Многу сакам плетенки, само штета што нема кој да ме плете па често се задоволувам и само со носењена репче
Многу сакам плетенки ама нема кој да ми ја сплете косата. Јас знам да плетам и ми е многу интересно. Мојата коса најчесто ја плетам во внатрешна и си ставам венче да не ми сметаат шишките и многу ми се допаѓа кога ја носам така и најчесто ми е сплетена.
и мене нема кој да ми ѓи плете.. мислам има, ама не плетат точно како што јас сакам... кога си плетам сама многу време ми треба додека убаво да ги направам
Плетенките ова лето беа дефинитивно "ин" Па дури и јас си ја носев косата во плетенки летово. Или си ја плетев вантрешна на страна, или 2 најнормални на страна
Сакам јас да научам да навиткам внатрешна плетенка, ама никако да се научам. А многу сакам плетенки, ама надворешни не се нешто нај нај. Вака ќе треба да мучам да ми прават. А да, и рибја сакам да научам. Ако некој има доброволец да ми објасни вака пишувајќи...
обожавам плетенки.. штета што немам многу долга коса па да си ја плетам благодарение на видеата од јутуб научив и рибина коска да плетам. многу ми се свиѓа
како мала постојано ми плетеа плетенки, дека косата многу долга и густа ми сметаше, и денес сум со истата коса сепак не обожавам плетенки, значи немам ништо против нив, но едноставно неможам да се замислам така
Фала Вилд за видеото и мене ми помогна Утре за на школо ке си сплетам две плетенки, или ваква ке пробам. Ако имате некое видео и за внатрешна плетенка поставете.