Јас за матура имав фризура со плетенка. На левата страна имав сплетено мала, внатрешна плетенка, а целата коса ми беше собрана во пунџа на лево, така малку разбушавенка. Нешто вака. Инаку многу ми се допаѓа и плетенка од напред, на темето на главата. Еве едно клипче како да ја направите коста вака: <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/apxJqnHF0Lo?fs=1&hl=en_US&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/apxJqnHF0Lo?fs=1&hl=en_US&color1=0x5d1719&color2=0xcd311b" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
Лелее, мене ич не ме бива за средување на коса, незнам ни репче да си направам а камоли плетенка Цело време си ја носам пуштена и слободна, со шишчето мое препознатливо на страна. Репчиња неможам да носам а плетенки уште помалку. Не сваќам како сум носела кога сум била мала . Се осеќам некако притеснето и неслободно. А и ме нервира во плетенки а и во репчиња, пошто сум шишана степенасто и кога ќе почнат да ми искачаат влакна од сите страни и праменчиња, ме нервира. А инаку јас онака сакам таква разлетана коса, со прамени што не се спастрени на место, ама на мене неможам да трпам едноставно. И мрзам шнолки, дигање на шишки горе и слично. Сакам вакви плетенки..
леле обожавам плетенчиња...Внатрешна плетенка сама си правам...иначе ако сакам некаква поинаква форма тогаш ја задолжувам брачеда ми.Секоја моја замислена идеја,за тоа како сакам да ми изгледа косата ми ја остварува(само да напоменам не е флизерка ниту има некакви курсеви за флизерка).И постојано ме вика кај неа да ми прави нешто ново,едно ставно задоволство и е!
Сестра ми ужива додека ме плете, а јас уште повеќе! ( со исклучок кога ми прави ситни милион плетенчиња ) Имам долга, права и руса коса, сосема малку оштетена (јбг) но ја сакам! *Сликата мора да биде широка од 0 до 3000 пиксели и висока од 0 до 2500 пиксели. Испратената слика е широка 4000 и висока 3000 пиксели. И ова е проблемот зошто не можам да ви оставам неколку сликички од мене. Whatever...*
Јас обожавам плетенки...мене плетенките ми ги плете мајка ми...мене баба ми никогаш не ме е плетела сакам некој да ми ја сплете целата коса..почнувајки од страна...но за жал нема кој... најчесто косата ја носам во една плетенка (внатрешна некогаш и обична)а пак некогаш носам 2 или сега цесто косата ми е целата во плетенки...
и јас сакам плетенки, кога бев мала и немажена мајка ми нон стоп ме плетеше, имав долга коса. Ќе ми искрсне изненадно излегување и одма ајде мамо, брза и убава фризура, посебно ако немам време да се фенирам. Сега јас ја плетам ќерка ми за во градинка, среќа седи мирна.
јас многу сакам да знам како да ја сплетам косата вака како на сликава....ако некој знае плссс казетее!!!!!!!!
Се обожавам кога имам плетенка на мене. Кога косата не ми е убава за да ја пуштам, си правам плетенка на страна. Обична, внатрешна не можам сама да си направам. Стрина ми најчесто ме плети внатрешно. Имаш убава фризура, и невинко фацуле.
Обожавам плетенки..сама си правам внатрешни и дури ми викаат дека не сум со сите како можам сама да се плетам...А и сите знаат дека на други не знам да плетам освен сама на себе, имам пробувано ама не дека не знам и нема да можам, ама ме мрзи на др да плетам, па на фин начин им кажувам дека не знам хехехе : )
Луда сум по плетенки, дека костата ми е ептен долга и некогаш ме нервира, ми смета, па често си праам плетенки. Некако се мачам со оваа, али никако да ми успее http://www.youtube.com/watch?v=DzPT9HW-M9A
Јас знам, ама незнам како да ти објаснам....хм, ќе пробам. Вака, почнуваш од горе како внатрешна плетенка и ќе ја плетеш така на 3-4 пати (прамени)од двете страни и после ја оставаш левата страна и само ги зимаш прамечињата од десна и продолжуваш исто во внатрешна надолу..... Јас знам да плетам разни плетенки, секакви, само ми треба да видам и знам како иде, ама за жал само сестра ми ги гледа бенефициите од тоа на мене неможам да си сплетам никако, ептен само нешто поедноставно напред....инаку ги сакам ептен, толку едноставно, а ептен освежувачко за изгледот
Малу од поодамна е мислењево, ама еве ќе се обидам и тебе да ти објаснам за рибја....ќе пробам Вака се, ја делиш косата на три праменчиња (1, 2 и 3 - ќе користм при објаснување). Она од десна страна праменче (3) го делиш на пола, и десната половина ја префрлаш преку 2 е и автоматски 2 и останата лева половина од 3 се спојуваат. потоа она од левата страна (1) го делиш на пола и левата половина ја префрлаш преку она у средина (ко обична плетенка) и пак добиваш 3 дела. Значи се е исто како кај обичната, само што праменот што го префрлаш, го делиш на два дела, крајниот иде у плетенката, другиот го спојуваш со праменот до него Ај пробај па кажи ми дали успеало нешто....вака да ти покажам ептен е едноставно, ама да напишам....
Лелее ги обожавам! Многу сакам да плетам знам секако да плетам а и кандидати секогаш има поточно не ме оставаат на мира, ама јас никогаш не се бунам за тоа , отсекогаш ми било тоа еден вид хоби... Што се однесува до плетенки на моја коса тоа поретко, кога комшиката ке експериментира нешто на мојата коса бидејки и двете сме заразени хихи од неа и научив како да плетам и сега нон-стоп плетам тоа ми стана како професија... од другарки, школски, братучетки, едноставно обожавам без разлика на кој е...
Неможев да најдам појасна слика. Одпозади е како внатресна плетенка и многу ми се свиѓа но нема кој да ме направи