Ги обожавам сите видови на плетенки - од рибини коски ,странични ,внатрешни,сите ми изгледаат убаво Најмногу си ја сакам косава ко ќе ми е сплетена со вуница ,долги плетенки ,шарени ...Малку се оштетува косата и паѓа ,ама за одвреме - навреме ,не е страшно. Еве некои од моите ,со вуница
Обожавам плетенки и најчесто носам внатрешна плетенка( или French Braiding) Многу си се сакам како изгледам со плетенка Не сум ги пробала другиве ,премногу ми е добра внатрешнава
дали знае некој како можам сама да направам плетенче со разни конци долго само едно што се прави долго....???фала
и јас исто така многу сакам плетенкии Работата е во тоа што имам виткана коса и плетенката не ми е како што треба Може помош? Благодарам однапред
Занете како се плете ваква плетенка или уште позната како рибја кост..? ако знае некој нека ми објасни...
Ги обожавам. Посебно се убави за летниот период кога косата е соберена и изгледа убаво. Знам да ги плетам сите видови како на мене така и на други. Од внатрешна, надворешна, рибина пашка, шишки сплетени... многу многу различни и сите ги научив од јутјуб.
Ауу колку се занесувам јас со плетенки летово, тоа чудо невидено... Си плетам некои 2-3 плетенчиња, такви разлетани, разпердушени и ги фаќам во некое пунџиче и се цепам како мислиш што туку сум излегла од кај Бубе-ин. Ама убаво ми е, секогаш по различно и поинтересно, претходно ми беше пократка косата и неможев никако да ја сплетам, сега можам и ќе ја малтретирм летово со плетенки, подобро тоа отколку да ја горам со пеглата. Е сега тешко ми паѓа што никој во моево опкружење незнае да плете како што треба, и морам сама раце да скршам за да се сплетам, ама се испраксирав веќе и мука си немам си имам фризурчиња за во секоја пригода .
Обожавам плетенки и знам да ги плетам скоро сите ама не можам на мене бидеќи имам кратка коса па најчесто и плетам на сестрами
"рибина коска" и пред некој ден баш на фемина имаше објавено пост за плетенки како да ги направиш со видео ти покажува сепак еве ти го линкот http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%BA%D0%B8 јас пред некој ден ја направив и многу ми се допаѓа а имам виткана коса само ако имаш виткана коса треба убаво да ја исчешлаш и би требало некој да ти помогне да ја направиш јас ја викнам другарка ми и супер ја направивме се надевам дека ти помогнав
не мора да ја пеглаш јас имам виткана коса и пред некој ден ја направив плетенката "рибина коска" само најпрво ќе ја испраскаш со вода тоа ако имаш некое шишенце со прскалка одозгора и само наполни го со вода и убаво испрска ја само не да ти се ѕеди водата после исчешлај ја убаво и нека ти помогне некој да ја сплетиш косата мене за "рибина коска" ми помогна другарка ми навистина бев задоволна а за обична плетенка на страна не ми помага никој и не ја воденам ниту чешлам само така и супер испаѓа само треба да бидеш трпелива и да се потрудиш ако неможеш сама побарај помош од некој најблизок и тоа е тоа се надевам дека ти помогнав
Ова е мојата глава летово (претежно исправена плетенка, не ваква со кривини хх) На некој др мислам нема шанси вака да ја соплетам, само сама на себе... Имав и една друга поубава слика ама фајлот е преголем и не можам да ја ставам
Дипломирав во оваа област ехеее уште зимово и сега без проблем си плетам каква ми душа сака плетенка, за секоја прилика (и неприлика богами). Единствено не ја знам оваа до 5 прамени, ама ќе ја скоцкам , ехе