Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе од 20 загинати во невремето што го зафати Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 7 август 2016.

  1. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    1.113
    @okcenzi Знам,односно го слушав телефонскиот разговор со него незнам точно на која телевизија беше,самиот рече дека не си ја крие својата партиска определеност,ама да бидеме искрени со вакви парадирања и јас би постапила така(иако не сум партиски определена,и не сум излегла на ниту едно гласање),што не значи дека тој будалиот треба на таков начин да постапи.Додека они си се шеткаат,другите работат.Се и сешто се изначитав од тоа колку луѓето се незадоволни и тие што настрадале и тие што помагаат и можат на лице место да ја видат тамошната ситуација.Револтот е ист без разлика која партија ја симпатизираат.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Ама ај,а другиве се цвеќе за мирисање:rofl:
     
  3. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    13935139_1134656966593191_6871528161265715695_n.jpg
     
    На iloveyou29, Sesil, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @anaja1 @Kala22 погоре на странава јасно и читко пишав дека исти се двете партии за мене и дека ја користат оваа мизерија. Не знам зошто не дочитувате до крај. Еве да читнете што и пишав на @makedonkamak на која пак нешто не и е јасно, па ме праша што ме боли. Ме боли во моментов вратов од лошо спиење.
    И типов дали бил волонтер или не, се понаша ко недопеан и не престана да се дере, за намерно да предизвика тензија, а ова вмровчево со слаби нервички покажа кој е на власт и го нападна ко по обичај. Вакви видеа не ни треба да ставаат на нет, баш за да народот не се расправа мегу себе за вакви лудаци и да прави поделби меѓу себе, додека луѓе ги загубиа најблиските и останаа речиси без ништо.
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @okcenzi,

    ја полниме темата со офтопици ама морам да ти реплицирам.

    1. Тепачот воопшто не е од ВМРО туку е вработен во Општина Чаир и е член на ДУИ. 2. Претходниот ден кога Коце им беше на посета му се с`снаа батки кои му се дереа на албански па не видов некој нив да ги влече и тепа, напротив, Коце беше тој што бегаше. 3. Баш вакви видеа ни се потребни за да се санкционира насилничкото однесување, без разлика кој од која партија е. 4. Ако некој кој е облечен во чиста и сува облека не може да одолее на провокации на некој кој три дена бил во кал и фекалии, треба да се запрашаме што тој човек воопшто бара на терен.
     
    Последна измена: 10 август 2016
    На Kala22, Dust, makedonkamak и 7 други им се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Леле морав да видам што "делкате" на темава.
    Тешко на оние што си отидоа и оние што ги изгубија најблиските.
    Да знаеа само по форуми како расправа дека ќе завршат...која партија била крива..ма ние сме криви што со нашите гласови им овозможуваме на имбецили со векови да не водат...нека им е лесна земја на починатите!
     
    На theowndemon, elimkd, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    да сеа прочитав и имаш право




    По злоупотребите од страна на медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС тој даде изјава за телевизија НОВА каде вели дека не е ничиј телохранител.


    [​IMG]

    Овој граѓанин вели дека политиката не смее да се меша во вакви тешки ситуации и дека се испраќаат вметнати провокатори.

    -Праќам апел, ако се меша политиката во ова, срам да им е на сите и на политичари и на кој и да е. Ако се вмеша тука политиката и за овој случај, луѓето тука што поминуваат нема човек кој не пушта солза… Јас на никого не сакам да бидам телохранител. Ниту сум ниту ќе бидам. Јас си ја гледам мојата работа. Грешна е информацијата дека јас со Груевски сум шетал секаде. Тоа што беше прексиноќа, кажав за во Камник шталата што беше дека таму има човек и стока. Јас сум овде координатор, таму носевме багери за да се расчисти. Не е точно дека сум телохранител на Груевски, на Ахмети или на некој друг. Јас сум на работна задача, рече тој во изјава за ТВ Нова.

    Раскажа и како дошло до денешните случувања кои во политичка конотација беа злоупотребени од медиумите блиски до опозицијата.

    -Дојде, ме опцу и отиде. Јас помислив дека татко му е тој што беше кај него дома и му реков- кажи му на твојот син, ми опцу мајка, шајка, немаше што не ми опцу. Ми вика добро, ќе средам. Јас му реков дека ако така продолжи ќе превземам други мерки. Ми рече- не, остави го него, јас ќе средам со него. И потоа јас тргнувам да го расчистам патот бидејќи доаѓаат претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, претставници од ДУИ и други и викам да го расчистам патот за да се започне со работата, и тој кога налета од таму ме фати за рака и почна да вика- мајка и шајка и жена и деца, а јас му велам- чекај, полека, но тој ме бутна. Мене тетратката ми беше во рака, може и сум го удрил не знам, го бутнав јас….Увидов дека е провокатор уште од првиот пат кога почна да ме пцуе, бидејќи јас пред тоа бев саат време таму, чистевме со камион и тој почна да пцуе, а јас се зачудив и прашав кого пцуеш, а тој ми рече- и тебе и Влада и сите што се тука. И толку беше, заборавив. Беа тука и колегите од работа и му рекоа ајде пушти го. Се враќаме и гледаме дека доаѓаат луѓето од другата страна, а јас излегов за да тргнеме некои железа што беа таму, кога тој дојде и пак почна да вика и да пцуе, се залета и ме бутна и јас сакав да го тргнам и со едната рака го бутнав, вели Сулиш кој цел ден им помагаше на сограѓаните.



    и уште едннаш СДСМ покажа колку се расипани.


    Да се вратиме на тема.
    Кажете ми вие каде да донирам облека нова и чиста, а да знам дека во прави раце ке стигне
     
  8. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Еј жени, ве заболе и вас и мене кој е типов шо напрајл од чија партија е чиј телохранител е. Човечки животи изгубивме,ФАМИЛИЈАТА СИ ЈА ИЗГУБИВ ;(;(;(;( Ајде донирајте излезете на терен наместо овде да се карате за беспотреба. Искрено ме заболе кој е на власт кој поише се покажал со донирање дали грујо дали заев дали петко станко итн. Има бебиња деца мајки стари луѓе кои немаат каде да спијаат. Еееееее грујо заев дрн дрн .. Одговорете ми само ВРЕДНИ СЕ ЗА КАРАЊЕ,ЗА ВОДЕЊЕ ВАКВА ДИСКУСИЈА? Ја ќе ви речам НЕ. Нек се гонат онаму да не речам каде. За сликање за покажување пред јавност одма се први,а да ги видев да изгубеа некого у таа поплава? Абе работава надвор кукла дома букла.Дајте не е време за да ги збориме,сите ги знаеме шо гомна се и у какви гомна се пропаднати.Да не бидеме барем као нив.
    Донирај! Директно кај семејствата!
    Побарај ме на 143 400
     
    На iloveyou29, zhap4e, Ane-Goki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Жал ми е за твојата загуба. Донирав 3 пати на тој број а и сите од кај мене донираа. И мм и девер ми се на терен и помагаат.
    Дадов и хигиенски средства и вода.
    И дали се вредни за карање на форумов гвујо и зајко НЕ СЕ, ама дискутираме за нив, пошто гледаме партиски распоредувања на нашите донации,а тоа нервира и тоа премногу. Кога некој мојата донација ја дава на некои на кои не им е потребна, се нервирам страшно. Кога би ме прашале, би донирала во семејството со 3 дечиња. А да моиве планираат и фрижидерот 2 год користен да го дадат кога ке треба. Сеуште е под гаранција. Освен партискиве распоредувања имаме и кражби од планинците и црвен крст кој е тотално нефункционален.
     
    На Victorian и joy1 им се допаѓа ова.
  10. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Затоа мила ќе си појдеш ќе донираш лично.Сите пунктови не си ја вршат работа како што треба. Денес бев Стајковци, стара бабичка на раце ми плачеше, вели Дете џабе донираат дете други ги полнат џебовите. Срце ми се кине. Иако ги изгубив најмилите во таа проклета поплава,скоро се што имав од облека донирав лично на поплавените и ред други работи. Донирајте лично. Вистина срцето ќе ви се распарчи кога ќе ги видите со солзи во очите ама барем ќе им дадете трошка надеж,а ќе ви бидат благодарни цел живот.
    А тоа дека завршуваат средствата кај други,тоа е типично за нашата држава.Лева рака десен џеб. Од донации крадат,што останало..
     
    На iloveyou29, Victorian, Love...music и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Погоре кажав дека сум со мало бебе-доенче и дека сум од Гостивар и немам никаква шанса да појдам да помогнам и да донирам на рака. На форумов не се сите од Скопје.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Во ред мила те разбирам.Има други кои се во можност. :)
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А да ти испратам јас тебе ично во петок ке може? Ај пиши ми лп ако може да се договориме. Ако плаирашм пак да одиш
     
  14. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Ти пишав ЛП
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ти одговорив
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Феминки некоја друга слободна за викендов да прими пратка има? Некоја која ке оди до загрозениве семејства?
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Уште долго време ќе помине додека да се оправат погодениве села за жал, ситуацијата од ден во ден не се подобрува туку чинам дека се полошо станува. Треба некој да преземе одговорност, треба да се спречат вакви идни трагедии и пред се од куќа на куќа треба помош луѓе. Се што ви е старо и исправно од куќни апарати донирајте, исто важи и за облека, луѓе голи шетаат таму, немаат чорапи, немаат кебе да се стоплат. Знаеме во каква сиромаштија живееме сите ама барем еден пакет вода може да си дозвои секој да донира, или еден пакет тоалетна хартија, било што! Не сте свесни како нашето малку за нив е нешто најголемо, жално е луѓенца, прежално...
     
    На iloveyou29, Victorian, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Македонците од Австралија собрале неверојатни 1000 долари за помош на настраданите (highfive) Што ли ќе се прави со толку пари? :?:
    Не знам како не му беше срам на амбасадорот што е таму, да објави такво нешто...собрани се неверојатни 1000 долари (facepalm) а што е најтрагично таму живеат најмногу македонци во однос по другиве држави што се наоѓаат моментално. Не е за лутење работава ( и јас имам фамилија таму) ама тамошниве македонци ми се тотално без осет. Скржави, ко да не се со тек на времето, без чувства, малку заостанати и плус чудно ми се облакаат...си има исклучоци ама еве по вакви работи одма се познава. Ко во друг свет да живеат луѓево...во друга планета...
    Од австрија дадоа 500.000 евра, од албанија мислам 100.000, дури и Хорхе се откажал од платата месецов (како ли ќе преживее човекот? ), Каролинчето сама донирала 60.000 денари, ама овие бе? НЕВЕРОЈАТНИ 1000 ДОЛАРИ (facepalm) Значи Каролина дала повеќе сама, отколку овие што дале патриотите од ОСТАЛИЈА.
    Читам коментари од комшија што е таму: Госпот некаве чуват сите и херојот никола ќе ве спасит сите лавот наш секогаш слушајте го сакајте го. ете кој ви помогнал вистина покажиим на сите лаву како се помага да живејт вемеро а зајев безобразен 8-|

    Премногу се ретки тие од дијаспората што донирале, само ако имаат блиски роднини/пријатели па ако ги боли инаку...
     
    На Feminka22, Mishela, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Денеска,цел ден на фејс.читам дека почнаа да се освестуваат луѓето,и да предупредуваат дека страшна трагедија може да се случи со Водно:(
    Кај беа до сега луѓево да предупредат,дека тие згради што се изградија кај бившата Панорама и Олиписко се опасност за иљадници луѓе.Го разорија цело Водно.Треба ли некој да одговара за ова.Требаше ли да се случи ова што се случи,па да им текне:(
    Тешко нас, што не чека:@
     
    На referentka, JollyGirl, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Сега на Алфа кажаа дека преку бројот за донации се собрани повеке од 400 000 евра. Браво. Не е доволно, ама не е ни малку. Ке има повеке се надевам.
     
    На kukla21, IronLady и Victorian им се допаѓа ова.