Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе од 20 загинати во невремето што го зафати Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 7 август 2016.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Како што реков, Стајковци преживува апокалипса. Уште при влезот на селото некое чудно кафеаво-црвеникаво зрачење. Треба мал миг за очите да се навикнат на бојата и блесокот на нанесениот земјен талог. И носот, по кус отпор, се навикнува на мирисот на влага, бара и гнилост. Тоа е мал дел од она што не може да се види на ТВ за сериозно да се сфати трагедијата на Стајковчани.
    Поздрав со роднините, возрасни луѓе, а плачат како мали деца. Комплетно уништено приземје, коли, облека, мебел, покуќнина. Утехата е во најбитното-спасените деца и сопствени животи. Се останато се купува и има цена. Копи-пејст ситуација со куќите и семејствата по целата улица. Ама барем сите се живи.
    По кусо чудење од кај да се почне се стартува со работа. Вадење вода, изнесување мебел и апарати. Се црпе и изнесува кал. А во калот во едно црпење вадиш лубеница, а засаден бостан со километри далеку, со друго црпење лектира, па играчка, детско чевличе, касичка за монети, раскиснат албум со слики од свадба... Работи што некогаш имале вредност, намена, живот, на кои некој им се радувал, завршија во огромни купишта со кал. Многу стрес и напорна работа. Можеби затоа еден срцев удар на соседна улица, подоцна уште една жена во несвест и реанимирана. Барем имаше возила на брза помош.
    Но нема возила за чистење на улиците, односно има ама на сред селото. Никаква организација и координираност. Луѓе се дават во кал, механизацијата дреме. Без работа и куп народ кој искрено дошол да помогне но не може поради некоординираност. Додуша имаше и ангажирани багери и камиони, се чистеа делови, но оние неактивните создаваа револт кај жителите на нечепнатите улици. А жителите, барем дел, со себично и идиотско однесување. Особено оние со помала или никаква штета од поплавата (има дел од Стајковци и такви). Лакомост за пакет вода, храна, па дури и со кола одење до школо само да се товари што повеќе од донесената помош. А помош стига од секаде. Се истовараат возила на амбасади, поп со каллива мантија вади пакети од гепек, се истовара војнички камион. Бадијала кога и тука пак лоша организација. Одам да помогнам во земањето на пакувања на ограничени количини на помош по претходен повик. Со врски, не фер, се чувствувам глупо. Полицаецот на капијата во школото каде е складирана помошта ни вели да одиме побрзо за да не не гледаат луѓе. А луѓе како плева, не прашуваат од кај и како сме зеле од „пакувањата“. Засрамен кревам рамења. Таму последна 65-ка претворена во депонија од шишиња, пикавци, кеси. Памет на овој народ уште не му доаѓа.
    Без памет се и купот профитери. Во една продавница спакувани стотина парови чизми, продавачот вели утринава одат за Стајковци. Познавам доста Стајковчани, но никој овие денови не доби чизми. Им требаа па купивме по цена нездрава за гумени чисми.
    И политички профитери еден куп. Доаѓа Шеќеринска со тим од десетина момчиња и еден тип со скап фотоапарат. Одат во куќа на нивни член. За пет минути фотографот и таа си заминаа, а дечките со маички „сити парк бојс“ останаа да изнесуваат кал од поплавената куќа. Секоја чест за два-тројца од нив, додека останатите цело време преседоа под летниковецот во дворот. На соседната улица дошле некои градски советници од ДПМНЕ. Можеби и затоа таму активно работи булдожер додека нам чекањето механизација ни прејде во навика. Уште неколку посети од партиски мисири, без конкретен и поволен исход по посетените домови. Нема фајде ни помош ни од веќе досадните ТВ екипи.

    Денес малку поинаку. Се делеа рачни колички и нешто алат. Полека се враќа надежта кај жителите дека се повторно ќе се изгради. По малку и хумор на сметка на целата ситуација, политичарите, новинарката на Сител во бели чизмички... Надеж им даваат и попишувачите на оштетен и уништен имот за обесштетување (што мене ми тешко за верување). Надеж даваат и стотици луѓе дојдени од сите страни за да помогнат. Доброволците кои конечно почнаа да делат помош од куќа на куќа. Граѓаните кои наменски дошле само лично да им пружат рака и понудат кеса со облека, кутија со храна или средства за лична хигиена.

    Има за пишување до утре и пак ќе е малку. Кој може нека тркне до таму, ене кај е. Работна рака, машка или женска нема да е вишок. Ако немате роднини или познати, изберете рандом куќа или семејство. Ако немате време за работа, нешто храна, сет за хигиена, чиста облека, покуќнина никој нема да одбие. Дајте им ја лично затоа што стисок на рака, прегратка и утешен збор сега им се бесценети.

    @imelda и страно друштво ОК је?
     
    На kosmodiks, Lilit, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.507
    Пол:
    Женски
    Австралјанците се најскржави , кој пошол таму одма циција се напраил .
    Не се рекло за џабе Кој нема Дава , Кој има Недава :(
    Патем да ја поздравам работата на Заев , се фати за лопата и им помагаше на останатите .Прочуениот "лопатар" го немат да се фати за лопата!!!
     
    На cresa-jagoda, kjukli, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.684

    Многу жално гледам и плакам, со ова се гледа џабе донации џабе се кога не одат во вистински раце. Толку донации толку се да неможе на овие луѓе барем кревет да им се обезбеди. Некој ако е од Стајковци или оди натаму или можеби има на форумов некој од волонерите, да може да помогнеме конкретно за овие луѓе ако не друго барем со храна, ништо не дошло до нив. Колку бездушен народ имало неможам да верувам.
     
    На wanderlust, cresa-jagoda, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    @anakonda88 ќе те поправам
    Директна информација, од пријател на фб кој овие денови по цел ден им помага на семејствата во поплавените подрачја,
    дека И Грујо и Зајко се фатиле за лопата.

    Многу нормално да се фатат, поени само да собираат.
    Избори идат, па да се докажат големите "фраери"
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Може ли некој по лп да ми прати инфо од луѓе, телефонски броеви, или да ме упати каде да барам листа ако ја има веќе некаде, да ги контактирам лично. Не сум од организација, ама се интересираат луѓе околу мене исто, кои од тв гледаат, да можеме да им дадеме пара на рака на настрадани колку можеме, ќе реагирам и кај ОМД ама не сум член и од нив зависи како ќе ги даваат соберените средства, ама нека знаат каде да дадат собереното најдобро. Ако се злоупотребува вода и облека како што прочитав, па за финансии ли е проблем.
     
    На zhap4e, kukla21, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  6. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    п.с Дај пратете по ЛП бројче, група од фб за да донираме

    Во нашиот град, само од двете партиии имаат организирано.
    За друга не знам, не верувам дека има.
    А , бидејќи и едните и другите делат само на нивни партиски членови, немам намера нив да им дадам донацијата.
     
    На Victorian и LollySky им се допаѓа ова.
  7. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Контактирај ги админите во групава, има многу кои одат сами и на лице место им носат храна/облека и секаква помош.

    https://www.facebook.com/groups/530772140451538/?fref=nf
     
    На Ane-Goki1, Victorian, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И јас слушнав кога на Алфа кажаа дека се собрани речиси 400.000 евра. Плус, од „Телекабел“ што донираа 1,000,000, владата од Албанија и Кока-кола донираа по 100,000 евра. Сигурно сè вкупно има околу или над 50 милиони денари, можеби не е доволно, ама неколку куќи со овие пари сигурно можат барем да им изградат на најранливите и оштетените. Можеби си правам бајрам на паметов, ама ако од овие пари се направи нешто минимално тогаш сигурно некој си зима пари во свој џеб.

    А, за тие „господата“ што земале лопата во рака, си кажа @IronLady - избори се ближат, па сега им се може и ќе си собираат поени од целиот овој хаос што владее.
     
    На cresa-jagoda, Rama, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    @imelda @IronLady не можам да прикачам excel file, не знам што е проблемот. На фб-групата во Files можете да најдете документ со фамилии, односно улица, број, телефонски контакт. Постојано го ажурираат и известуваат каде е однесена помош.

    Ако има проблем, пишете ми ЛП, бидејќи јас не можам да ви испратам.

    ** https://docs.google.com/spreadsheets/d/1S_GxXK0Cuo6bVXEG-eGJXNgmmCPBq37EkaaY0Y4ARJk/edit#gid=0
     
    Последна измена: 11 август 2016
    На cresa-jagoda, PaLaVa, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Машки
    Одете на следниов линк:

    И таму кликнете на: Фамилии каде е потребна помош.xlsx

    Внимавајте линкот да е The latest version или најдоцна верзија. Обично тоа е најгоре.

    Еве ви и слика каде да кликнете:
    [​IMG]
     
    На iloveyou29, cresa-jagoda, imelda и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Машки
    Не е ни време ни местo зa рaспрaвии aмa
    http://telma.com.mk/vesti/mvr-mu-iz...atiran-prekrshok-na-napagjachot-na-volonterot

    Гoце Мaркoски е oд Левицa, тие немaaт врскa ни сo СДСМ ни сo Сoрoс, aмa нa сител не кaжувaт

    http://www.libertas.mk/video-sulish-mozhe-i-sum-go-udril-ne-znam-ptsueshe-majka-shajka/
    Сулиш е oд Гaзи Бaбa, oпштинa пoд кoјa спaѓaaт дел oд пoплaвените пoдрaчјa
    Секoгaш требa вестите oд к____н медиумите сo резервa дa се земaaт


    Нa темaвa дoнирaв и пo телефoн и вo прoдукти и ќе дoнирaм кoлку мoжaм и денoвиве немaм време зa и физички дa пoмoгнaм
     
    На galapce и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    И лопатарот зел лопата да чисти по куќи, и гледам 500 души објавиле статус: немаше медиуми ама јас ги фатив :wasntme:
    500 души тогаш случајно поминале и го фатиле кај што чисти а не дека им било наредено од штаб да оставаат слики. .. Ех не помислувајте одма на такви работи...
    Солзи сами течат прости ми...
     
    На cresa-jagoda, Victorian, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тогаш магично се појавуваат ајфоните од 500 евра, ама дали некој од нив дал и 500 ден. Ах мојата чудесна земја, мојот глуп народ, мојот напатен народ.
     
    На Victorian и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Јас двајца лопатари видов.
    Машала насмеани,па и ужалени пози.
    Ај да видиме дали утре ке станат од кревет.
    Ми оде сите што ги споделуваат по профили,да ги избришам.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Неможам да читам што се сте напишале но можам да ви кажам дека ситуацијата е страшна.
    Има луѓе што нема каде да живеат значи, сиромашни скрпиле малку направиле куќичка и сега и тоа го немаат, немаат ништо. А овие политичариве доаѓаат и се сликаат. Демек ги интересирло и се грижеле за нас обичните смртници. Не само дека многу заврнало туку во тој дел Ченто, Сингелиќ има канализација стара од 60 и некоја а атмосферска на патот за Арачиново не ни има. И може да замислите колку луѓе при секој дожд не само овој се поплавуваат ама тоа не го кажуваат на Тв зошто не одговара. Нека земат тие што се сликаат да го средат тој проблем со канализацијата. Мене не ми треба уште 50 споменици во Центар, златни, сребрени бронзени, ми треба основни услови за живот. А тоа го немам. Тие што загинаа лесна им земја, а ние што се спасивме што да кажеме? Допрва ќе ги гледаме последиците. Цела ноќ се обидуваш да спасиш што можеш, целиот мокар, во ѓубре, се молиш да престане ама тоа не престанува. Се тресеш од умор, ти се темни пред очи, нозе веќе не те држат ама си викаш морам за да спасам. И после да ми доаѓа некој да ми се сити на мојата мака не ми треба. Немаш струја неколку дена незнаеш што се случува, избришан од светот. Најбитно што сме живи и здрави, а политичариве нека не доаѓаат не ми требаат. Кога ќе го решат проблемот тогаш нека дојдат. И во вакви времиња сакаат да се во центар на внимание. Срам да им е.

    Извинете за долгиот пост ама морав да си олеснам на душата....
     
    На Victorian и LollySky им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јака приказнава на насилников. Убаво се гледа дека сака да го смири да не му дофрла на груевски.
     
    На cresa-jagoda, LollySky, Priroden и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    115.310
    Пол:
    Женски
    Бев во Стајковци кај тетка ми. Не ми додржа срце морав да ја видам да им однесам работи и лично да се уверам дека се добро. Тоа таму е КАТАКЛИЗМА!! Значи не знам како е во Сингелиќ, Смилковци и др, ама Стајковци е како збришано место. Ни на најголем душман тоа да не му го посакаш.
     
    На iloveyou29, Херкул, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Татко ми е волонтер и директно е на терен во Стајковци.Од дома патува 2-3 часа за да стигне да помогне.Она што тој го кажа е катастрофа.Кал,вода насекаде.Новинарски екипи идат снимаат и си одат.Луѓето чекаат за храна и вода,за хигиенски средства,за облека.Проблемот е во то што до луќето стига само водата.Храната ја нема никаде.Луѓето се буквално гладни.Дали можетеда замислите каде завршува хуманоста на луѓето? Како не им е срам? Доаѓа полиција и ги растерува волонтерите во 4 часот,според нив толку било доволно.Брзата помош интервенира само кај најхитните,останатите не се “битни“.Незнам каква е таа совест.Па,Гопод ќе ги казни.Дали вака треба да им се помогне на луѓето на кои им треба помош? Најискрено ги жалам овие луѓе.Срамота за државата.Сето е само за пред телевизија и да се сликаме како еве сме помогале.Навистина жалосно за овие луѓе,буквално се препуштени на милоста на институциите.Давам апел до сите вие кои можете да им однесете храна или да ја пратите по некој,да им се помогне.Очигледно храната од пунктовите не завршува на вистинското место.Да им помогнеме на овие луѓе кои се буквално гладни. :(
     
    На iloveyou29, Olgica.bu, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Имаше една објава,ама Груевски незнаел,да ги стави ракавиците:D
     
    На cresa-jagoda и anakonda88 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Ги следам групите за донација и хуманитарна помош. Цела Македонија се крена на нозе. Браво.
    Она што не можам да го искоментирам е состојбата во школото 25 мај. Многу ми е жал што во вакви ситуации сме еден против друг и што се меша нација,вера и боја на кожа. Гневна сум на албанска нација симната од планина која не ги знаат вредностите и да си помагаат со сите во светот. Албанците донираа пари да,но,не за Албанската националност туку и за македонската националност.
    Се прашувам каде им е свеста,човечноста толку да се бездушни.
    Црвен крст и одредени органи треба да направат список на луѓе кои се најзагрозени, џабе чистат се,власта треба да се погрижи тоа земјиште да се исчисти,да се изградат нови куќи, опремени, загрозените семејства да се згрижат за привремено. Пари имаат сега од донациите, колку треба да си зацутан за да одиш и да се сликаш, да имаш поен.
    Треба свеста на народот да се разбуди, таа поплава носи инфекции и болести.
    Има деца луѓе побогу плачат за храна,а ти е леб и вода и ги бркаат.
    Гневна сум што сме таков народ,гнида народ. Гребатори сме,ми се плаче кога гледам видео како плачат луѓе,ги оставаат сами да се борат со кал. Што држава ќе бевме,разочарана сум.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  21. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.507
    Пол:
    Женски
    Однопаку ги стави нараквиците зш тој не фатил некогаш сериозно да чисти , и сето тоа колку да се слика за да се објави по порталиве и гитла!
    Боксер не знае нараквици да си стави !!
    Заев си е селско дете и си знае!
     
    На iloveyou29, cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.