1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе од 20 загинати во невремето што го зафати Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 7 август 2016.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    75.580
    Пол:
    Женски
    На твитер прочитав дека жена од поплавените, побарала помош од волонтери, овие и дале и и кажале, ова е од шарената револуција. И жената се нашла увредена и им ја вратила помошта, и си тргнала, ја гонеле да ја молат да ја земе, не сакала. На друго место имаше пак, '' не му даваш храна на овој, не гледаш дека е од шарените?''

    На фб и твитер направија паралелни институции и делат помош кај назагрозените, луѓето си делат од уста да дадат, а црвен крст ја раздаваат помошта на своите. Од странство повеќето донираат дирекно во црвен крст (ако донираат де, сите викаат, е да бе, којзнае кај ке завршат парите)
    Во вакви ситуации, оној што нема повеќе дава, затоа што знае како е. Не ми се веруваше, но сега се уверив

    Да живеевме во нормална држава, ке се организираше поголема акција, алати, ракавици, машинерија, храна за сите, волонтери, за 48 часа максимум се ке беше под конец, сега ке се чекаше само да се исуши и да почне со варосување. Некаде прочитав и дека се 5000 фамилиите кои се засегнати од поплавата, а владата као 100 милиони денари авансно ке додели. По 20 000 денари на фамилија.
    А за споменици 100 миљарди дадоа

    Со 30 милиони евра, секоја фамилија би добила по 5000 евра, сума која е ОК за санирање на повеќето од штетите, плус ке има

    Нешто е труло во државата Македонија

    И да не заборавам, на бугарската телевизија, пожарникарите од Благоевград ги имаше, еден кажа дека сопругот и двете деца ги однела водата, жената преживеала со тоа што се фатила за некое дрво. После два дека и таа починала од тага.
    Плус има инфо дека има многу повеќе удавени, само уште кријат. Имало и многу албанци, затоа и кфоровци биле на лице место

    А кај нас ништо не кажуваат...
     
    На galapce, LollySky, Amelia и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    @Winter Lady
    Незнам колку години имаш ама повеке од 20 не би ти дала,затоа и не ти замерувам за муабетиве.
    Кога твојата куќа би била поплавена верувај дека последна работа ке ти биде да тркнеш до аптека да купиш лекови.

    Луге изгубија СЕ немаат воља за живот,а не пак да одат до аптеки и супермаркети да пазарат.Сега за сега приоритет им се лопатите во рака ,да исчистат побрзо хоророт кој го имаат во дворовите за да не се испозаразат.Мислиш дека му текнало на некој да оди по аналгин зошто го боли глава ,или по лекови за стомак или сеедно ?
    Да не споменувам дека има луге на кои им фали инсулин,луге кои одат на дијализа,луге кои се цел живот на соодветна терапија и неможат без нејзе?!
    Коментарот ти беше злобен ,многу злобен.
    Сигурно таа што се јавила, се јавила од мака а не да профитира од лекови.

    Поплавиве ја изнесоа на површина сета добрина но и злоба од луѓето,изминатава недела се разочарав од многу луѓе кои мислев дека имаат барем малце човечност ама не ,никој несака да си го руши комодитетот зошто би примил туѓинци дома иако тие туѓинци немаат кров над глава и пристоен оброк,а камоли па топла вода да ја измијат калта што работеле цел ден.

    Страшно е луге сеуште ... Веке почнаа да им излегуваат на луѓето пликови од калта и загадената вода,луѓе сеуште немаат каде да удрат еден туш ,и тие што им остана некој дел од куќата спијат во неподнослива влага и смрдеа.
    Кога ке ги погледнеш во очи срцето да ти се скрши :(

    Ако веке неможете да помогнете ,барем воздржете се од злобни коментари АМАН
     
    На Lolo5, galapce, iloveyou29 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас само да кажам колку денес се почуствував срекно.
    Од Гв замина камионче со кебиња, облека, вода, лекови, хигиенски средства, храна, зејтин, по некое тенџере и многу љубов. Нашите волонтери ( моите школски) нашле загрозени семејства и со нив стапиле во контакт. Кај да е ке стигнат а може се и веке стигнати и на раце ке им предадат се што побараа.

    За останатите од гв, само да ве информирам, во сабота ( утре) и понеделник, пофторно ке се собира најдоцна до 13 часот, кај школото Братство, односно побарајте го Зоран кебапот или неговата керка Деспина.
    Тел за контакт ке ви пратам во лп
     
    На Haley, fallenangel, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    СРАМОТАА!!! РЕЗИЛ!! РЕЗИЛ!!
     
    На galapce, fallenangel, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Има 47 души починати кои престојувале нелегално во државата и се од Косово, кфоровци имаше лично видов ама како друга работа да вршеа несакам да кажам што не е место тука...
    Вода и храна се делат само на познаници, дечко стои на врата незнам од каде пратен и пушта само познаници и политичка определба проверува... Има случаеви кадешто газдата буквално наредуваше и си пиеше кафе, си седеше на тераса.. Како што прочитав погоре волонтерите како ку*ви ги бираат, вистина е со свои очи видов....
     
    На Victorian, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.508
    Допаѓања:
    144.212
    Кога веќе почна,кажи си или ич не почнувај.
     
  7. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    За кфоровците ако мислиш си отидоа тие накај Арачиново, соработуваат тие знаете од 2001. Што прават понатаму да не ширам дезинформација, незнам точно можам да претпоставам само.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Секоја чест на вие што донирате и помагате од срце, стварно им е потребна помош на тие луѓе. Не.ми се верува дека и тука има злоупотреба на средствата па не завршуваат каде што најмногу треба. Па во која држава живееме не ме чуди. Собираат поени на маката на народот ај тоа, ама уште и на членови да ги делат средствата. Не знам, ова од рекла казала, а и немам сила со нив да се замарам. Дечко ми беше во Стајковци, кај родителите на другар кој што е во странство. Тие биле малку подалеку во селото па помалку се поплавени во домот, но на раката на мајката имало плускавци од тоа што е загадено. За помош ќе се помогне, нема така да ги остават, ама овие трауми не знам како ќе поминат. И овие тешки моменти што ги минат во такви услови.Само загинатите нема да се вратат, душа боли ама тоа е, мислевме ние сме имуни ама не, никогаш не се знае.
     
    На LollySky и Victorian им се допаѓа ова.
  9. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Слушам донирале и од Грција,Италија помош од Франција,Чешка и се чудам кај оде цела таа помош?
     
    На anakonda88 и elimkd им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Во џеб, што не е јасно? Како успеа да поставиш вакво прашање воопшто?
     
    На iloveyou29, Иван404, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Газди што се понашаат ко свињи заслужуваат да живеат во кал!
    Абе и лопата и се ќе му оставам сам нека си чисти!!! Волонтерите не се слуги!!!
     
    На babyblond, Haley, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    75.580
    Пол:
    Женски
    Батката штом има пари на 6 дена од поплава да оди грчка на одмор, ич не е за жалење. А плус на такво понашање, сите волонтери пред мене и си излегуваме. Ке помагам кај што треба помош, а не на такви арогантни копилиња. Ке се дознае кој е фраерот, уште сега ке се кладам на кој политички ешалон припаѓа.

    Греота за луѓето што имаат само еден кат, и се целосно поплавени. Нема кај да седнат, ни да легнат, ни алишта ни храна.

    Еве сега на групата, човекот доживеал мозочен удар, во болница е, и да го земат дома, нема кај да легне...
    Греота
     
    На Rose96, fallenangel, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.560
    Пол:
    Женски
    Според муабетите од сред село се закопуваат телата илегалците во (не)одбележани гробници во Арачиново.. а некои и илегално се транспортираат назад.
    Секако ова е муабет само, кој што никогаш нема да се потврди ниту пак негира..
    Еден локален жител што не го познавав до тој ден ми рече - Ќерко, ве лажат сите до еден. Да имаше само 20тина (тогаш бројката мислам беше 21) жртви, немаше да гледаме толку трупови на едно место, а пола од тие што ми ги прочита биле од други села. Па девојко, само од тука толку извадија!
    Така да, мислам ова ќе остане голема мистерија, легенда за идните поколенија..
     
    На galapce, okcenzi, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Незнам можда затоа што јас не би земала ни 10 денари туѓи, а не пак ли толку многу пари за луѓе на кои навистина им се потребни. Греота и срам е ова , голем срам!
     
    На LollySky, cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Дали има нешто нормално во државава?
    АРМ чисти терен...
    Институциите функционирале...?
    Како не...
    Армија во ударна криза помага кога е животнозагрозувачка ситуација, ама сега?
    Од армија во амали. Срамота!
    При толку вработени во комунална, они војници пуштаат на терен? Знаат ли што значи чест да носиш униформа на армија на својата држава? Срамота е да чистат во униформа.

    Грујо нека си ги подреди институциите и да си ги испрати комуналец на терен.

    Ова ви е доказ дека во државава не се знае кој што прави. Мизерија.
     
    Последна измена: 17 август 2016
    На Annath, LivingGlam, sagittarius57 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Деновиве се води апсолутна мултимедијална кампања за убедување на граѓаните од цела Македонија дека се во Стајковци и околината е во најдобар ред, и нормално дека власта се справила максимално компетентно со последиците од поплавата, која нели беше божја работа без трунка нивна вина и одговорност заради неизградената инфраструктура.
    За да се прикаже дека се е во најдобар ред, освен глумата на вестите на сител, се снимаат и мелодраматични приказни на жители кои се пресреќни и презадоволни од се што се направило за нив.
    И бидејки се е нормално, продолжува да врти пералната Скопје 2014, т.е. изградбата на Милениумско тркало и остали тракатанци. Бидејки вриеме од пари.
    Да сум на место на странските земји, и тие донации што досега се дадени би ги повлекла поради тоа што од една страна се кука за помош, а од друга се фрла на тркала.

    Инаку на терен е жално... Детали дури и не ми се пишуваат. Ете замислете состојба после апокалипса.
    Бев денес, и на обиколница, и во Сингелиќ, Стајковци, Црешево итн. Ќе бидам таму секој ден и прва овде ќе пишам кога барем ќе заличи дека нешто е навидум нормализирано.
     
    На iloveyou29, galapce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.