1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе од 20 загинати во невремето што го зафати Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 7 август 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Го преземав ова од негде, преземете слободно: Вечер ќе врне пак. Во продолжение ќе споделам неколку совети како да си помогнете, ако ве зафати пороен дожд/поплава. Најбитно: не паничете.

    1. Исклучете ја струјата. Струја и вода се опасна комбинација. Особено ако сте во стара зграда со инсталација од минатиот век. Носете свеќи.

    2. Уште од сега најдете си стап. Ако ве зафати поплава со стапот ќе опипате колку е длабока водата, дали има дупки и дали е безбедно за движење.

    3. Колата не ви е пријател, не се потпирајте и не се качувајте на покривите на колите, тие се баш најнестабилни, особено ако е лесен автоматик.

    4. Не ги заборавајте животните. Пуштете ги од синџири, добитокот од оглавот во шталите. Си знаат они да пливаат, ама не можат ако се врзани.

    5. Ако имате гумени чизми облечете ги, ако не, балетанки, не ви требаат тешки обувки што ќе се наполнат со вода и ќе ве влечат кон дното.

    6. Ако случајно се напиете контаминирана вода од поплавите веднаш испирете ја устата со флаширана вода и право на лекар. Поплава = зарази.

    7. Најдете објекти што ќе ви помогнат да останете пловни над водата. Ако имате гумени душеци по дома, гуми за пливање за децата, сега е време да се надуваат.

    8. Ако гледате дека не можете безбедно да пристапите за да помогнете некому, викнете 195/192/193, не се правете јунаци. Својата безбедност на прво место.

    9. Наполнете си резервна батерија. Не знаете колку време ќе сте без струја.
     
    На CameliaMiller, crazylady, Sanjichka007 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Нема спас, точно. Ама како што реков погоре, можело прилично да се ублажи. Само ако сите што се платени за тоа си ги извршуваат обврските како што треба. Толку треба.
    А со апелирање од типот: не мешајте политика и слично само се разводнуваат работите и уште подлабоко тонеме во го*ната во кои и така сме до гуша.
    Еве еден личен пример. Немам вода од вчера од 19ч. Се утепав од вртење во Водовод и канализација. Едвај денес ги добив. А причината за немање вода е следната: се срушил дел од паркинг во дупка ископана за да се изгради зграда која инвеститорот не ја обезбедил соодветно. Притоа испукале водоводните цевки и сеуште се санираат штетите. Како што тргнало и денес тешко да имаме вода. И? Кој е крив за ова? Невремето или општинава којашто ем дава дозволи на кој стигне да гради, ем што не врши контроли. Битно... ние да не мешаме политика. Виша сила е. Абе ај!
     
    На kukla21, Rama, galapce и 14 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Наместо да се надмудрувате, донирајте!
    143400
     
    На joy1, realGirl, veren и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Во Обединетото Кралство поголем дел од годината паѓа дожд и тоа по цели недели, па пак немаат поплави и жртви. Тоа е точно дека не можеме против природата, но кога имаш квалитетно урбано и просторно планирање последиците се далеку помали. Погледнете ги поголем дел од населбите со албанско, ромско, па и во делови со македонско население. Нема никаков урбан ред со застарени канализации. Доволно е да удри еден просечен дожд за да видиме колку чкарт се гради во Македонија со евтини материјали, неквалитетно само за да добивките се 100%.
     
    На galapce, Sanjichka007, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Моментално сум надвор имав некоја работа. Околу 16часот немаше жив човек, по некоја кола. Скопје празно,улици празни. Кафичите празни,автобусите мирисаат на влага.
    Сега е 18и32, свежо е дува и има раздвиженост,но не е тоа тоа.
    Не се чувствува дека ова е Скопје.
     
    На crazylady, kjukli, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Грујо го кара Емил на вести за ситуацијата шо требале да прават и се договараат.
    Мизерија...МИЗЕРИЈАААА!!!!
    Логистичар глуми.
    На тв НОВА политички бљувотини и ќе почнете да се плашите колку не сме спремни за ништо.
     
    На kukla21, anaja1, Iva 94 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Македонците многу повеќе помогнаа на Србите отколку што си помогнавме на самите себеси. Само присети се што беше низ Скопјево кога беа поплавите во Обреновац (Србија). Цели пунктови за храна, облека, вода, медицинска помош за Србија. Каде се сега сите тие луѓе да помогнат на својот народ? Всушност, дали Србите испратија барем еден пакет кисела вода кон нас?
     
    На Abeja, Rama, SnowWhite8 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Да да, демек Емил раководи со владата, па Грујо месијата треба да дојде да не спаси сите од искушенија.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    @Artista proguglaj pred da se obrukas taka kako Uk ne ja poplavuva.

    Zemete gi sovetite na Cka, I Pak ke recam, site na nisko I pokraj voda ako imate sansa izlezete uste Sega. Reka, ezero, brana, so ovaa voda do sega I ako poturi silno oste ednas sansa e da nadojde.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Во Кралството врне цела година. Имаат таква инфраструктура што последиците се сведени на најниско можно ниво. Не можеме против природата, но кога имаш квалитетна инфраструктура последиците се далеку помали. Кај нас со еден поголем дожд цел државен систем се распаѓа во рок од 1 час. Дај не зезај.
     
    На Girly90, galapce, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Imame infrastruktura, za London da ne go poplavi Temza, imame brana. Toa imame. Prosliot pat ja krenaa branata, moraa, poradi sto se izli rekata nasa, kolateralna steta, na nas pola grad infrastrukturata...sobiranje narod vo crkvite na ridovite i cekaj. Na koj podrum, na koj do krov, kaj koj nisto.

    Na drug portal procitav, tamu kade poginale lugeto deka ezeroto se izlealo. Toa e bran od voda. Lugeto se fateni nespremno, zatoa i vikam uporno, ako se najavuvaat teski vrnezi a ste pokraj voda odete na visoko, posebno ako veke ste zafateni od sinokasniot dozd, toa e mnogu voda mora da odi nekade.
     
    На CameliaMiller, buba4e89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Јас донирав со брат ми шишиња вода , јадење , до 16 часот имаше отворен пункт во Црниче кој што сака нешто да донира.. Господ сите да не чува!! Најмногу се плашам од вакви природни катастрофи , вода , земјотреси... :(
     
    На kjukli, joy1, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    29.828
    Пол:
    Женски
    Пункт во Прилеп? Знае некој дали има?
    Имам облека женска/машка за бебе и дете до 3 год.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Донација на средства во странска валута:

    NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

    SWIFT CODE: KOBSMK2X

    IBAN CODE: MK07300701000001228
     
    На tina-63 и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Утре од 8-16h во просториите на црвениот крст во Прилеп може да се донира.
     
    На glosipgirl и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  17. tina-63

    tina-63 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Sakam da prasam nie od USA kako moze da pomagame paricno?
     
  18. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    ОВА СЕ СИТЕ НАЧИНИ ЗА ДОНАЦИЈА: Како да им помогнете на настраданите од невремето во Скопје? (ФОТО)
    Чудењето пред телевизорите, телефоните и пред компјутерите додека ги прелистувате фотографиите од страшната глетка која го уништи Скопје нема да им помогне на оние кои настрадаа
    [​IMG]
    Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов
    Природните непогоди се сила против која не може да се справи никој жив. Сведоци сме на една страшна несреќа која 40 години наназад не му се случила на Скопје. Невремето кое однесе 21 жртва меѓу, шестмина се водат како исчезнати и десетици се повредени, невремето во кое околу 1.000 луѓе директно беа инволвирани борејќи се за живот во огромното количество вода.

    Многумина се жртви на огромни материјални штети, луѓе немаат каде да преноќат, немаат што да јадат , немаат вода за пиење... Тука е потребна хуманоста од останатите.

    [​IMG]

    Чудењето пред телевизорите, телефоните и пред компјутерите додека ги прелистувате фотографиите од страшната глетка која го уништи Скопје нема да им помогне на оние кои настрадаа. Ве повикуваме да помогнете на било кој од наведените начини за помош. Постојат неколку начини за да помогеме, секој може да се пронајде во еден од нив:

    Доколку сакате преку телефон тогаш завртете ги броевите: 070 143 400 и 075 143 400 и 077 143 400, со тоа донирате 100 денари за хуманитарните активности на Црвениот крст на РМ.

    Доколу ви е полесно преку сметка. Тогаш за Донација на средства во денари отворена е жиро сметка, ова с епотребните податоци:
    Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
    жиро сметка: 300000001327966
    даночен број: 4030984271620
    АД Комерцијална банка

    [​IMG]

    Донација на помош во: храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина и други артикли можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст. Донирајте ја вашата облека во контејнерите за собирање на облека, на следниве локации:

    Пред Црвениот крст на Република Македонија
    Пред Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз“
    Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ општина Аеродром
    Пред општинската организација на Црвен крст Карпош
    Пред општинската организација на Црвен крст Чаир
    Пред ТЦ Скопје Сити Мол

    [​IMG]

    Донација на средства во странска валута:

    NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    SWIFT CODE: KOBSMK2X
    IBAN CODE: MK07300701000001228
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Цка браво за постов. Да дополнам и јас уште нешто


    ШТО ДА ПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОПЛАВА?

    Еве неколку совети за безбедност кои ќе ве подготват пред поплавите и откако ќе започнат поплавите.

    Пред поплавата

    За да ги намалите штетите од поплавите:

    - Создадете бариери (насипи, греди) за да ја запрете поплавата да навлезе во вашиот дом.
    - Запечатете ги ѕидовите од вашите подруми со водоотпорни предмети за да избегнете продирање на водата.
    - Кренете ги шахтите близу вашата куќа за водата да се движи во таа насока.

    Ако се предвидува поплава

    - Преземете посебни мерки на претпазливост за да се заштити електричната енергија или опремата за греење.

    - Исклучете ја електричната енергија само ако поплавата се'уште не започнала и ако е суво околу кутијата со осигурувачите.



    - Наполнете резервна батерија бидејќи не знаете колку време ќе останете без струја.


    Ако поплавата е неизбежна

    - Бидете подготвени. Спакувајте торба со најважните предмети во случај да треба да бидете евакуирани. Не заборавајте да ги земете вашите неопходни лекови.

    - Ако ви се советува да излезете од домот, направете го тоа веднаш.

    - Доколку имате можност, одете на горниот кат и таму однесете го мебелот и другите предмети

    - Исклучете ги сите електрични апарати.

    - Отстранете ги сите токсични супстанции како што се пестицидите и инсектицидите за да спречите загадување.

    - Доколку имате можност, заштитете го домот со вреќи со песок или полиетилен бариери.

    - Доколку водата е присутна, во никој случај не се обидувајте да ја исклучите електричната енергија. Водата и електричните жици можат да бидат смртоносни. Веднаш напуштете го домот.

    За време на поплавата

    - Не одете низ водата. Дури и ако има само 15 сантиметри вода, а таа се движи, може да предизвика да паднете.

    - Ако морате да одите низ водата, одете онаму каде водата не се движи. Користете стап за да проверите колку е длабоко и дали е цврста земјата пред вас.

    - Не возете во поплавените подрачја. Ако водата се зголеми околу вашиот автомобил, напуштете го и движете се кон повисоко.

    - Не допирајте електрична опрема ако сте водени или ако сте во вода.

    - Доколку гледате некоја личност на која ѝ е потребна помош, јавете се на 195, 192 или 193. Немојте да преземате ништо посериозно на своја рака.

    - Избегнете преминување мостови ако водата е на високо ниво и ако се движи брзо.

    Ако треба да бидете евакуирани:


    - Доколку властите строго препорачуваат евакуација на вашиот дом, тоа веднаш направете го.

    - Земете торба со основните предмети.

    - Следете ја рутата дадена од официјалните лица и не одете по скратени патишта.

    - Во никој случај не ги оставајте домашните миленичиња или добитокот врзани. Ако се врзани нема да можат да се спасат.

    После поплавата


    - Не се враќајте дома се' додека не одобрат властите.

    - Ако главниот прекинувач не бил исклучен пред поплавите, не влегувајте во вашиот дом се' додека не дојде електричар и да утврди дека е безбедно.

    - Бидете екстремно претпазливи кога се враќате дома. Апаратите кои биле преплавени може да претставуваат ризик од удар или пожар кога се вклучени. Не ги користете се' додека не се чисти, суви и проверени од електричар.

    - Слушајте вести за да бидете добро информирани.

    - Исчистете и дезинфицирајте се' што се изводенило. Калта од поплавата може да содржи отпадни води и хемикалии.


    КАКО ДА ВОЗЕТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОПЛАВА?

    Вчерашното невреме во Скопје официјално однесе 22 жртви. Главниот град беше најмногу погоден од невремето кое вчера беснееше во целата земја. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, само за 2 и пол часа наврнале 33 литри дожд на метар квадратен.


    Како да реагирме за време на ваква елементарна непогода и кои чекори треба да се преземат со цел да се избегнат опасностите?

    Додека голем дел од автомобилите ќе успеат да ги преминат големите поплави сепак постои ризик. Освен електричната енергија, постои и ризик моторот на автомобилот да прими вода, а во полошо сценарио постои ризик автомобилот да биде повлечен подлабоко во поплавената вода додека вие сте внатре.

    Што треба да направите кога ќе се соочите со поплава?

    Првиот совет би бил да се обидете да ја избегнете, но ако не можете тогаш прво треба да се осигурате дека нема повеќе од 15 сантиметри стоечка вода или 10 сантиметри движечка вода. Најдобро би било да паркирате и да проверите колку е длабока водата преку набљудување на другите автомобили и камиони кои се обидуваат да поминат низ водата. Исто така треба да бидете особено внимателни на дупките каде водата би можела да биде подлабока.

    Ако се одлучите да поминувате низ водата, останете на највисоката точка од патот и ползете низ водата во прва брзина. Одржувајте го бројот на вртежите на моторот (притискајте го кумплугот) за да не навлезе водата во аусплухот. Исто така не треба да брзате бидејќи со големата брзина водата ќе навлезе во моторот.

    Избегнете да возите пребрзо во уште поплитки барички бидејќи може да доведе до лизгање, со што предните гуми нема да можат да го контролираат автомобилот и ќе изгубите контрола. Кога ќе излезете од водата, исушете ги сопирачките, притискајќи нежно на кочницата.

    Доколку вашето возило не може да се вози, тогаш најдобро би било да излезете од автомобилот и да се обидете да стигнете на суво.

     
    На Mishela и Cka им се допаѓа ова.