Ве молам за совет, иако се сме пробале до сега се работи за млад чевек кој е длабоко навлезен во канџите на ова зло. На коцката. Притоа дплговите кон брзите кредити се огромни. Ние како семејство се сме пробале, со казни, со лошо со арно Не бива никако, нема амбиција, а сака да се промени Сме оделе по психолози, сме барале секакво чаре, од доктори до бајачки. Семејството се распаѓа, страда и пати и другото дете. Постојано имаме закани со суицидални мисли, со ветувања сека нема пак и повторно и само подлабоко се навлегува во овој маѓепсан круг. Како семејство сме нормални, работиме као и сите други, живееме колку може попристојно. Ве молам за мислење доколку познавате некој лој се спасил од ова зло и насоки како и каде да бараме спас?