Здраво девојки, најпрво прилично сум нова на сајтов и побарав ама не најдов ваква тема, ако ја има избришете ја, преместете ја или насочете ме каде да прочитам. Дали некоја од вас има повлечени брадавици и дали имате комплекси поради тоа? Дали сте помислиле на хируршка интервенција?
Да јас имам....имам комплекси но не колку што имав порано додека го немав првиот секс , се мислев дали на дечкото би му сметало тоа и како би реагирал...но се е нормално, тој сеуште ги обожава моите гради и мислам дека тоа не му смета....немам помислено на хирушка интервенција бидејќи имам слушнато дека при таков зафат би можело да се изгуби осетливоста на градите...единствен проблем е тоа што е потешко доењето на децата а и незнам дали е возможно....уживај си срцка се е ок цмокич
Ти благодарам многу на одговорот, кај мене пак на едната града ми е ок брадавицата, а на другата повлечена. Кога бев малечка ми беа и двете но во пубертет не знам како едната ми излезе Се согласувам дека на машките не им смета, на дечко ми дури му е слатко но ете како што викаш не е само за иглед сигурно проблем ќе биде и доењето иако имам слушнато дека тогаш можно е да излезат. Мајка ми ми кажуваше разни масажи кога бев малечка, кои МОЖЕБИ ќе помогнеа, ама ме мрзеше и ете сега..
тоа е нормално затоа што секогаш едната града е поголема од другата...и мене ми е така..и баш се изненадив кога дечко ми ми рече пред некој ден дека градите му биле најинтересниот и најyбавиот дел од моето тело
Само да одговорам, возможно е доење, мојата другарка има вовлечени брадавици и додека беше бремена токму за ова размислуваше и мислеше дека нема да може да дои, меѓутоа нејзиното детенце го доеше до 2 год. Поздравче и сакајте се такви какви што сте, прекрасни
И доењето со вовлечени брадавици не е страшно,не знам дали сте слушнале, но постојат силиконски вештачки брадавици,и се функционира безпрекорно, имало некој што мислел и на тоа, па ги измислил.А за хируршки захват, само поради чиста естетика, никогаш не би се нафатила, може да дојде до пореметување на млечните жлезди и да настане поголем проблем.
Девојки дајте помогнете со некој совет...Имам повлечени брадавици.. Порано не ми претставуваше ова некој проблем, меѓутоа веќе имам 23 год и страм ми е да се соблечам пред машко! има ли некое чааре??
Има ваква тема на фемина telo/povleceni-bradavici-t5613/?hilit=%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8 а и тука се дискутира за тоа telo/mali-bradavici-t2349/?hilit=%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8 И не е срамота воопшто, посебно ако ти е од раѓање, лошо ако одеднаш ти се повлечат брадавиците посебно во текот на пубертот, но најмалку 10% од жените во светот имаат повлечени брадавици од раѓање. На некои некогаш им излегуваат, на некои никогаш. Во бројки тоа би изгледало над 300 милиони девојки. Зар треба сите тие да се срамат да се соблечат? Не е тоа ни проблем, ни деформација, ни здравствен проблем не претставува, едноставно тоа е карактеристично за многу девојки, така се раѓаат. Сите жени сме различни. И јас имам од раѓање повлечени брадавици и никогаш не сум гледала на тоа поразлично. Мене ми е сосема нормална појава. Мајка ми исто имала се до доењето, тогаш за прв пат излегле брадавиците. Не е никаков проблем доењето, плус денес 21 век речиси се има, па во аптеките има како лажни брадавици, не знам точен термин, па жените ги користат за доење и тие со повлечени брадавици и тие со нормални брадавици си ги користат. Само немој насилно да пробуваш да ти излезат брадавиците, може да направиш проблем. А за оние на кои тоа им влијае врз довербата има и хируршка интервенција за тоа. Но јас не гледам причина кога си здрав, жив, прав, НОРМАЛЕН, да одиш на интервенција. Прифати се таква каква што си, зашто уште 100тици милиони жени во светот се како тебе и се здрави, прави и убави девојки.
Општи прашања Здраво. Јас не сум правела прегледи до сега на градите но сакам да ве прашам некој што знае да ми одговори дали е опасно и дали е некој знак кога брадавицата (пупката) на градата ти е вовлечена на внатре. Кога се туширав го приметив тоа беше како дупка и не беше целата на внатре туку онаму каде што е дупчето таму беше на внатре и беше како поголема дупка. После самата се исправи. Незнам дали ова може да нзачи нешто или некоја болест а малку ми е и црвена тета вика воспаление некое на кожата. Јас пијам лекови што го зголемуваат ризикот за рак на дојка па незнам да не има врска нешто тоа?
Општи прашања Mене цел живот ми се вовлечени навнатре. На некои девојки такви им се брадавиците,доктор ми кажа дека треба да бидам бремена за да излезат нанадвор. Ризик од болест некоја нема,т.е тоа не е ништо страшно.
Ех и моите се такви..големи убави гради а брадавиците се извлекуваат само кога ќе се намовнам,напалам и сл..ми даваат само лажна надеж .Имам читано дека 10% од жените го имаат овој проблем , а тоа би било огромна бројка.Но ете такви ми се од раѓање,треба да се прифатиме самите за да не прифатат и другите
И јас имам повлечени брадавици. Односно едната ми е поповлечена од другата. Читав на интернет, по форуми, по страни, други искуства и комплексот мој како со тек на време да се намалува...
имам приметено кога носам прслук брадавиците ми се вовлечени а кога ке го извадам ми излегуваат зошто е тоа така ??
Imam krupni bradavici,mojata najdobra drugarka ednash mi se doveri deka nema pupki,jas nemozhev da veruvam,seuste ne veruvam KAKO E MOZNO TOA? uporno i zborev nema sansi takvo nesto da postoi,devojki pa kakov e oblikot na gradata? Moze li slika da mi pokazete,jas nemozam da veruvam.
мамички доев 1 месец еве вече 4медеци не дојам , но левата брадавица ми се вовлече а пред тоа ми беа добри градите исто се измолував со пумпа , може помош се плашаммм ...