Повлеченост во себе

Дискусија во 'Психологија' започната од maja8, 17 септември 2011.

  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и јас знам да се повлечам во себе,да молчам за се што се случува и за моите чувства.
    Но тоа е поради тоа што немам на кого да се пожалам а да знам дека ќе ме сфати или ќе ми даде некој совет.
    Навистина би сакала да има таква личност која ќе ме посоветува и ќе можам да и кажам буквално се во доверба...а и кој не го сака тоа,нели? :)
     
  2. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и јас бев така повлечена ама со текот на времето се подобрив бев многу повллечена што неможев да излевам едвај излегов во диско а кога одевме во диско неможев да го соблечам палтото ми беше многу срам а се облекував пристојно еве сега за разлика од тогаш неможеш да ме препознаеш тогаш ќе отидев кај другарка и само молчев а сега не е веќе така кога бев 1 година бев исто така повлечена и ме одбегнуваа некои школски и во втора исто така ама 3 и 4 не беше така и тогаш сите школски и муабет ми правеа и се дружевме и излевавме
     
  3. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    оваа повлеченост стварно ќе ме уништи. почнав со мајка ми да се карам заради тоа, очекува од мене да споделувам се со неа, впрочем тоа се подразбира.. Мајка како мајка сака да има целосна доверба во ќерката, но што кога јас неможам да се изјаснам како се осеќам, што кога неможам да најдам зборови и како би и докажала дека всушност ништо не кријам од неа, туку само си задржувам се што доживувам за себе.
    Пред некој ден многу се скаравме дури ми кажа и тешки зборови, еве со денови за тоа размислувам.. Како може една мајка да помисли дека ќерката не ја сака бидејќи ништо не кажува? Мисли дека само со неа сум ваква, ама не е вистина..
    Едно време се што осеќав - се си запишував во тетратка, ми беше нешто како дневник. Ми ги прочита сите текстови и немав што друго после тоа, и ги запалив. Од тогаш и престанав да пишувам,едноставно неможам да бидам тоа што таа очекува.

    :x
     
  4. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Ова што си напишала не значи дека си повлечена во себе.Можеби мајка ти не ја заслужува твојата доверба.Можеби премногу те осудува па ти се плашиш од тоа.Никако ова што го напиша нема смисла со повлеченоста. :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Јас имам една школска другарка што стварно е повлечена и тоа многу.Цел клас ќе одиме после школо на кафе,или било каде ќе се договориме да излезиме некаде само таа се дели од нас,никогаш не' не дружит.
    Користи фејсбук само за комуникација со така наречените другарки,за да се договори за нашколо.
    Не сака да се дружи.По цел ден само учи,бубалица е.
    И самата кажуваше дека од 12 до 17 часот таа нон-стоп била над книга па и тоа е е нормално нели?
    Досега се немала заљубено,а планирала да се заљубит после полнолетство после 18 години,а дечко да фатела на 20? За ноќен живот да не зборуваме,не ни планирала да излагат навечер.

    Сум слушала муабети дека не е пуштаат родителите да излагат со нас.Баш и вчера слушнав такво нешто,родителите е пуштале само да излезит на тераса,а цело време да се посветит на учење дури и на летен распуст.

    Искрено,незнам што се случува со девојчево,дали е повелечено во себе или пак е заостаната.Навистина незнам.
    Ја гледам и просто и се чудам.
     
    На sweet-star, LittlePinky и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  6. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    јас никогаш не сум била повлечена,ама баш никогаш :D
    уште како мала дрдорка,истото и сега :)
    но покрај моето друштво,сакам да се дружам и со поповлечени,дека многу ми е жал така да видам како некој седи и чека некој да му пријде,дека му срам тој да го направи тоа :)
     
  7. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    И јас знам за еден ваков случај. Бевме најдобри другарки во школо до трето одделние, седевме заедно, идвете бевме исти во се. Нормално дека зборувавме и со другите деца од одделението ама само службено, колку да се попрашаме нешто или да им дадеме да препишаат од нас :) И тогаш бев многу среќна, не ни приметував што се случува. Ама дојде ден кога наставникот реши да не премести бидејќи и тој самиот најверојатно увидел дека е за наше добро, да се оддалечиме малку. Колку само плачев тогаш пред да заспијам, ни на школо не ми се одеше, едвај чекав да завршат часовите, ме фати депресија, не ми се ни учеше.
    Ама полека ми помина и тој период, се здружив со едно друго девојче па со уште едно и се така.
    А таа остана истата.
    Повторно се паднавме во исти клас ама веќе не ни зборуваме што се вели, чисто онака за школо нешто да се попрашаме.
    Некогаш ја гледам за време на часовите и си размислувам како порано бевме најдобро другарки, едвај чекавме да заѕвони за одмор и да си кажуваме некои случки или смешки, а сега како да не се ни познаваме.
    Многупати пробав да почнам некој разговор со неа и океј е, пак ги имаме истите гледишта на животот, многу размислувања ни се сложуваат ама само на тоа останува.
    Воопшто не излегува од дома, дури имам слушнато дека ни до продавница не одела, колку е точно не знам ама се надевам дека не е.
    Таа е една прекрасна личност, секогаш е подготвена да помогне, многу паметно размислува, има високи цели за животот, има преубава долга коса и преубава е и многу ми е жал што една таква личност на еден начин си го осакатува животот.
    Не користи ни социјални мрежи, ниту мобилен има.
    Не знам навистина, никогаш не сум ја прашала така директно зошто не излегува да не и биде непријатно ама неможам да сфатам како една таква прекрасна и паметна личност избрала да живее таков живот.
    Сепак останува на времето да покаже дали ќе се смени и ќе го тргне ѕидот околу неа.

    Дури некогаш се прашувам дали и јас ке станев таква да не не преместеше наставникот..
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се повлечувам во себе.Се што имам ќе кажам,се што чувствувам ќе покажам...
     
  9. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Затворена во себе

    Долго време се мислев дали да побарам помош за овој Огромен проблем кој ми виси на глава и често плачам и глава ме боли за истиот.
    Имам само 14 години,и на овие години имам многу голем товар.Прво да ве запознаам со родителите.Имам прилично добри родители, не се строги, не се злобни, не се лоши.Ама на моменти знаат да бидат големи ѓубриња во смисол да ти висат на врат зошто ова не е така, не е онака, а од мајка ми имам слушнато многу тешки зборови кои тешко дека некогаш ќе ги заборавам, и од татко ми исто(не би сакала за тоа да зборувам сега).Многу ми е криво што секогаш сум јас онаа добрата.Знаете како е, да трчаш по сите да му угодиш, да се секираш дали им е угодено, да не можеш да заспиеш кога ќе закаснат од грижа, а никој да не го цени тоа.Може го ценат, не велам не, ама не на тој начин на кој што јас сакам(не сум исполнета). :emo:
    Второ, немам воопшто самодоверба, не сум грда али сум троа повеќе дебелка.Може за некој тоа е мала работа, али оваа проклета самодовреба ми пречи во сите полиња на животот.Комуникација, училиште, дечковци, друштво.Еве прост пример.Шетам по улица, и си мислам дека сите гледаат во мене, дека не сум убава, ова она.Често пати многу зборови ми останале неискажани бидејки од срам сум се укочувала, немам зборови.не сум некоја затутулена што би се рекло, имам друштво, излегувам, нема некој со кого не сум во добар однос, али сум многу срамежлива и затворена во себе.на никого му се немам отворено, сметам дека доколку му го кажам ова на некој ќе се подбива со мене, или нема да сфати сериозно.Со роднини си зборувам, али понекогаш имам нагони на страв што мислам ќе се препотам дури да кажам нешто.Пред непознати луе сум исто така поповлечена, едвај да кажам збор.Со машките на училиште знам да си напраам муабет, сум во добри односи, али надвор од училиште со непознати машки мислам ќе потонам од срам да кажам нешто, бидејки ви кажав дека се сметам за дебела.И да, досега се немам смувано.И од овде можете да видите колку очајно сакам да изглеам поубаво за да се понашам уште поубаво.Исто така и друштвото не ми е сјајно.Поточно сме 6 другарки, од кои една многу ме нервира бидејки е права змија, во смисла едвај чека да згрешиш нешто за да ти прај мајтап.Многу вреѓа, глупа, ваква таква ова она.А таа сама не се гледа дека е грда, и слаба, али јебига шминката ја прави божица.И некој ден сето ова ако не и го влепам влице незнам.И затоа кога ќе ми кажат дека ќе излегва со нас, ми иде да се фрлам, кога шетам со нив се осеќам како најнебитна .неможам да ја поднесам, распуштено, наметливо и напорно створење.таа и е најдобра другарка на една друга, која не е толку лоша.Ама си го мразам друштвото дефинитивно, а шо е најтрагично ќе треба со нив да учам средно.
    :puke:

    И затоа многу сакам да ослабам, да се направам некоја јака, па оние шо најмногу ме нервирале и исмејувале да ги срамнам со земја, оти ми се скурчи од нив веќе, а немоќна сум. :( Ете тоа беше тоа. Се надевам барем маллку ќе ми помогнете да го пребродам овој период.И не, немојте да викате да му се отворам на некој личност, од мајка ми ми е срам, мислам ќе ме сожалува и сл.Знае да дава многу добри совети, ама срам ми е јебига. ;(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Христина, се пронајдов во твојот пост, но сето ова ми се случуваше порано..
    и јас немав самодоверба ради тоа што имав многу акни, имав многу нечисто лице, секогаш кога зборев со некој ми беше срам да го погледнам во очи, мислев сите зјапаат во моето лице, ама навистина ми претсавуваше голем проблем, исто и јас се немав мувано, а сите од друштвото имаа по некој..
    но немој да мислиш дека си немоќна, ако си одлучна и решителна да ослабнеш и ако мислиш дека така ќе се чувствуваш подобро, направи го тоа, имаш многу начини, само немој да се повлекуваш, ќе си направиш полошо на себе.
    а за другарките, и јас имав една таква другарка, секогаш беше избувлива и се караше заради ништо, и дали тоа девојче само со тебе така се понаша или со другите од друштво, ако само со тебе, треба да размислиш дали треба да ти биде другарка...
    поздрав и се најдобро
     
  11. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Па не е само со мене, ти кажав се дружи најмногу од друштвото со една друга другарка, која е не е колку- толку како неа.Другите исто така ја трпат некако, ама јас не можам да ја трпам, би ја убила сега во моментот :$ (шала)
    Ете вечер излегуваат, ама мене не ми се излегвува ич, ич, нема шанси да излезам, не би поднела и денес да и го гледам тоа маскирано и нашминкано лице. :puke:
     
  12. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Добро зашто толку на 14 години се оптеретувате за изгледот и дозволувате да ви влијае? :o
    Прво несмееш да се мразиш, сама ако не се сакаш нема никој да те прифати. И викаш мислиш дека гледаат во тебе кога одиш по улица? Сигурна сум дека гледаат затоа што не си грда, имаш убав стил, едноставно имаш нешто што тие го немаат. Или тие што те исмејувале те мразат затоа што не си некој дебил како нив, и не си гледана само како изглед,туку имаш вистински пријатели и не си лесна.
    За отварање и јас што имам скоро 22 не се отварам пред никого, имам и пишувано како најблиските ме имаат заебано, па најубаво твоите ќе ти помогнат. Гледај да уживаш во овие години, јака незначи слаба, јака значи да немаш комплекси и да не си површна како тие, да си своја, да го имаш тоа што тие го немаат! :!: И сигурна сум дека се во право твоите, и не гледам причина да те сожалува некој, отвори се пред мајка ти, ќе видиш дека ќе ти помогне многу :*
     
  13. chitaahgirl

    chitaahgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    22
    Aбе и ја сум таква, не излегувам многу, ама кога излезам, траам, верувајте траам.И ми приговараат другарките, демек „насмеј се, не биди таква, уживај малку„ , ама неможам луѓе, неможам на едно исто да се смеам 300 пати вечерта, а и да се насмеам, што фајде од лажна насмевка ?Поубаво ми е да си седам дома, со моите, да изгледам некој филм, па да пролистам tumblr, па youtube.
     
    На Saricko, Dobie и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Јас бев повлечена во себе, сега едно девојче некако ме извлече од таа ситуација и се дружам со нејзиното друштво. Секогаш за излегување јас сум иницијаторот, ако не се јавам тие никогаш нема да ме побараат први. А кога ќе излезам се смеам, правам муабет. Воопшто не ми е убаво кога некогаш јас седам дома во лошо расположение а тие се некаде излезени, само тоа девојчето ми се јавува. Некој совет да ми дадете?
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Е па гледај да се зближиш со сите нив. Прави им муабет зезај се, договори ги за на кафе преку ден, и барај ги за навечер. Ич да не се устручаваш, (освен ако не приметиш дека те избегаваат). Инаку ти си нова во друштвото и знаеш и на нив им е промена трето лице да им улета, ама потрудисе да ги придобиеш. И ќе видиш колку ќе ти биде забавно ако имаш повеќе пријателки и ако шеташ често со нив. За кратко и тие самите ќе почнат да те бараат за излегување.
    “Животот е многу поубав кога си опкружен со луѓе околу тебе“
     
  16. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Го правам тоа, не сум приметила да ме избегнуваат ако им ѕвонам за излегување, но тие никогаш не ме бараат прва. Не знам како да ги придобијам иако се трудам да бидам пријателка со сите нив. Покажувам дека се грижам за нив и дека ги сакам (навистина е така, ги сакам како другарки).
     
  17. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Некако многу се пронајдов во твојот пост па морав да искоментирам.Многупати сум се нашла во слична ситуација,дури и девојките со кои што се дружам сега секогаш кога имаат некој проблем ке ме најдат,ке бараат совет од мене,ке ми кажат се што ги мачи,пробувам да и помогнам некако и кога ке им се средат работите не ме бараат повеке.Незнам како да кажам,ама имам чувство како секогаш да ме бараат за совет.Никогаш ми се нема јавено за да ми каже дека сака да одиме на кафе,или дека сакам да идам кај неа или да дојде.Јас сум таква личност што не сака да се наметнува,а тоа ме води кон повлеченост во себе.Затоа биди упорна во твојата мисија,вовлечи им се под кожа,биди им забавна и интересна за да посакаат они да те бараат тебе.
    Ова е чисто мој совет,она што јас го мислам... :)
     
  18. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Исто, да. Јас ги канам кај мене, а тие никогаш не ме поканиле кај нив. Сите ми велат ти си супер убава ми е дружбата со тебе, но откако јас прва ќе се јавам. Никој не ми ѕвони прв да ме викне на кафе и слично. А не сакам премногу да ѕвонам да не зборуваат меѓу себе еј види ја оваа само ми ѕвони...
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Лека полека, се во свое време. Пријателството се гради врз основ на поминатото време заедно, а не за еден ден. Имаш време, ќе се среди се.
     
  20. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Веројатно и тоа е... се дружам со нив околу пола година. Сепак сум пријателски настроена и не им пречи кога ќе им се јавам да дојдам на кафе не измислуваат глупави изговори и ме дружат
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.