1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повлеченост во себе

Дискусија во 'Психологија' започната од maja8, 17 септември 2011.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Ај за мене да си кажам (се надевам чита другарка ми, знае која е :lol:) - јас сум интроверт. Не е дека не сакам да бидам со луѓе, ама едноставно ми е поубаво кога сум сама дома. По цел ден седам на компјутер и гледам серии (и не се делам од Tumblr), а на шетање излегувам само два-три пати во месецот, и кога излегувам некогаш си поминувам преубаво ама некогаш цело време си мислам - леле ај да си одам дома... Немам многу другарки (само три најблиски, и тоа две ми се во Битола, а другата во Охрид) ама не значи дека не сакам да имам повеќе, едноставно незнам како да се спријателам со некој, особено ако се веќе оформено друштво зошто се чувствувам како да им се наметнувам.. Е сега од овие трите што ги имам, таа од Охрид совршено ме разбира и имаме доста зборувано за ова (затоа најмногу ја сакам :3), ама овие битолчанките мислат дека не сакам да излегувам со нив зошто секогаш смислувам изговори. А не е дека не сакам да излегувам со нив, туку едноставно не сакам да излегувам.. Ако сме само ние во некоја опуштена атмосфера, било кај некоја другарка или во некој мирен ресторан, немам проблеми, ама бесцелно шетање по шеталиште каде што има стотици луѓе - тоа не :shake: Најмногу од се сакам кога одиме на кино и одма потоа дома, па покана за кино, (речиси) никогаш не одбивам..

    А инаку ете вчера бевме излезени со новово друштво од Струга
    (не е мое друштво туку на "цимерката", ама се знаев со сите нив), и со две започнавме да зборуваме за Game of Thrones, цела вечер за тоа зборувавме и поубаво си немам поминато :lol:

    Толку од мене, ај одам да гледам серии :rofl:
     
  2. Viki07

    Viki07 Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Епа ај и ја да пишам за мојов проблем
    Речиси пред 2 месеци почнавме со школо и оваа година ја сум прва година средно и ми е многу тешко зошто сите веќе си најдоа свое друштво почнаа да излагаат и се ама ја и немам некое друштво во оделение онака ке прозборам со некој малце ама повекето време седам сама има само едно девојче со кое правам повеќе муабет ама тоа девојче го знам од основно ве молам помогнете ми како да се опуштам како да се здружам со другите не сум некоја која само дома седи сакам да излагам многу ми е криво кога ке видам дека сите си нашле другарки само ја немам некој другарки секогаш кога сум со непознати сум позатворена а многу сакам да се дружам со другите да излагам и слично ве мола помогнете ми многу често ми се случувало и дома навечер да плачам поради ова :):(
     
  3. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Лелее девоојче знам како ти е, и јас ум иста таква :lol: Види, првен, со тие шо седат блиску до тебе, ќе земеш да правиш нешто муабет во врска со школото, за оценките, или испрашување, или ќе прокоментираш онака за нешто, и полека разговорот ќе прерасне. Исто така, секогаш кога ќе видиш прилика за кажување нешто смешно, кажи го, без разлика дали е на твоја или туѓа сметка, само глеј да не навредиш некого. Секогаш биди ведра, не биди намрштена и така ќе си се здружиш ;) А сега и јас воа да го применам нема да биде лошо, ама пусти срам, иначе не сум интровертна, баш сакам да се дружам, но тоа е, срамлива сум. :wasntme:
     
  4. M-1207

    M-1207 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    По природа сум мирна, повлечена и срамежлива, но всушност не сакам да сум да сум такваа.. познавам многу луѓе но за жал со 80 % од нив сум на дистанца и не можам никако да се опуштам и да бидам своја и повеќе да се зближам, имам неколку блиски другарки со кои само со нив можам да бидам она што навистина сум и ми укажуваат на тоа дека со сите треба да бидам така слободна ,да ги истакнам според нив убавите карактеристики што ги имам, но ете не можам да се опуштам. Постојано ми се вртат мисли околу тоа , како околината ќе ме прифати , што мислат другите за мене, внимавам што ќе кажам/направам се со цел да не бидам тема на оговарање и слично...
     
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.964
    Пол:
    Женски
    Имам братучедка, како сестра, има 14 години и оваа година е полуматурантка.До својата 11/12та година живееше во лоши услови.Живееше во трособен стан со мајка татко брат, чичко стрина и три братучеди.Хорор.За ситуацијата да биде полоша, и се паднаа терсене братучеди и тетка и стрико кои за се, буквално за се што се случуваше во станот за обвинуваа неа или нејзиниот брат, кој е во сосема спротивност од неа, бунтовен и итар.Небитно.Сето тоа се одрази врз неа да се затвори премногу и да не комуницира со непознати.Едноставно ја нема, отсутна е.И најмногу ги кривам мојот тетин и тетка, оти беа глуви и неми за сите тортури низ кои врвеше таа и брат и, и за која сум и јас сведок, да не речете дека така ми било кажувано па ете сеа лупам.Тетка ми, предобра наивна, до граници и глупава личност која не се избори како лавица за нејзиното семсјтво,а тетин ми тотално не заинтересиран за се.Исто така во школо беше премногу лоша.Уште во градинка и прво одделение заостануваше од сите деца.Боите не ги знаеше.Сега стигна до степен да незнае да собира да одзема, а камоли а множи и да дели.А има капацитет, не е воопшто глупава.Има во неа собрано огромен инает и страв од минатото, кој никако да исчезне.На улилиште не се дружи со никој,одбива да работи во групи, не сака да вежба физичко, избегнува машки.Има ситуации да не излезе и долго време од дома,да не го рачунаме училиштето ете.Не излегува од дома со другарки, само ако нејзините не ја земат негде на гости.Јас имам неколку пати носено со мене на излегување, али не е тоа тоа бе.Не се понаша убаво, нема општа култура и не знае нај општи работи, ја исмејуваат и јас сум тука безпомошна.Се имам и со другарки многу пати искарано ради тоа, али џабе.И затоа и да сакам, одбивам да ја носам кога сум во друштво.И сами да излегуваме имам пробано, али не можам да допрам никако до неа, не знам на какви теми да разговарам, едноставно премногу е затворена.Грев ми е, срцето ми се кине.Најубавите години така си ги поминува.Сега полуматура и иде, не сака ни да чуе за прославата, не сака да оди.Ние ја убедуваме, ама не верувам да ја предомислиме.
    Ја имаат носено на психолози, психијатри.Тие велат дека не е за таму, дека не можат да и помогнат никако, сама ќе си се отпуштела.Кога побогу, на 60 години?(facepalm)
    Затоа дојдов да побарам совет од вас, како поискусни и повозрасни, како да постапам со неа, како да се постапи и што можиме да направиме за да се поправи барем малце?Вака не може да продолжи дефинитивно.:shake:
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И татко ми многу се повлече во себе, веќе повеќе од една година не зборува со нас доаѓа од работа се затвора во соба. Со роднините пак разменува по некој збор со нас по кавгата воопшто, мислам на мајка ми и мене. Не ми изгледа на нормална личност. Мајка ми пред некоја недела кога беше во болница поради висок притисок ни праша за неа ни ништо, нити се заинтересира да ми помогне да ја однесам во болница, исто кога и јас кога бев во август, тотално не е заинтересиран за нас.
     
  7. Kejti 17

    Kejti 17 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Јас исто така сум многу повлечена не зборувам со други деца многу се срамам и нормално и тие не комуницираат со мене.Не знам навистина како да се ослободам сите ми викаат дека премногу сум срамежлива.Од секогаш сум била ваква можеби е до карактерот ама јас навистина не сакам да бидам ваква сакам да се дружам со децата.А од друга страна пак можеби ваква сум затоа што во основно многу не врѓаа.Може да ми дадете некој совет,ве молам?
     
  8. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Почни да си го живееш животот како ти сакаш, како тебе ти одговара. Не е воопшто тешко да се спријателиш со некој, се што треба е да си споделиш некој проблем или случка од минатото, да направиш да стекнат доверба во тебе.. Не дозволувај дома да ги поминуваш деновите, излегувај почесто, исполнувај си го целиот ден и верувај подобро ќе биде се :)
     
    На Kejti 17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Не сум затворена во себе. Многу лесно пронаоѓам друштво. Но единствено не можам без мојата најдобра другарка. Неа и кажувам се и добро и лошо
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    За да се повлече некој во себе треба да има дебела причина за тоа. Не може туку така човек да се измени. Нешто многу го повредило, го разочарало, го заболело во животот.
    Тешко се излегува од таа состојба, но не е невозможно. На таквите им треба многу, многу разбирање и поддршка, некој да ги води, да им укаже на животот, на последиците од таквата состојба. Тие се осетливи и треба многу внимателно и трпеливо со нив. Еден злобен коментар може да го врати пак во таа фаза и затоа тешко е ако потполно сами се борат со тоа.