1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повреда во врат (вратни пршлени и тетива)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Meri Anonimna, 17 септември 2019.

  1. Meri Anonimna

    Meri Anonimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Замолувам, доколку некој/а се соочил со слични проблеми во вратот како доленаведените, или знае близок кој се соочува, да ми помогне со информации каде се нашло решение.

    Накратко, поради неколку механички повреди во вратот се соочувам со:
    1. Спондилоза.
    2. Шилци во врат.
    3. Отечена тетива на мускул на десна плешка.
    4. Дискусхернија.

    Поточно, од неколку различни прегледи, документирано е:
    Магнетна резонанца:
    На ниво c3/c4 се прати дехидратација на интервертебрален диск со субартикуларна протрузија на дискот во десно со компресија на текалниот сак и радиксот десно.
    На ниво c5/c6 се прати дехидратација на интервертебрален диск со асиметричен балџинг на дискот во десно со лесна компресија на текалниот сак.
    ЕХГ:
    Почетна тендинопатија.
    Supraspinatus со мали промени во ехогенитетот кој може да оди во прилог на почетна тендинопатија.
    Компресии на нервен корен и плексус кај спондилоза.
    ЕМГ:
    Сѐ е во ред со нервите. Исто и крвна слика е во ред.
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.973
    Немам искуство со конкретните повреди , иако разбирам за што се работи.
    Веројатно си се консултирала со ортопед, физијатар, невролог и хирург, ако не , најди ги најдобрите и ако треба второ мислење.
    За кој пат понатаму, кога имав сериозна повреда на колено од која имам последици, сватив дека Хрватите и Словенците се понапред од мк во поглед на рехабилитација. Разгледај бањи таму и консултирај се со терапевти. А ако се одлучиш за операција некогаш, зборувај со пациенти кои од прва рака ке ти кажат каде што како и дали би ја повториле истата патека. Провери дали пливање ти помага и кои вежби се соодветни а кои никако не смее. И мене многу ми помогна специфичен форум за колено со илјадници членови од цел свет, сигурно има и за хернии форум.
    Со среќа и успех!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    За дискус-хернијата, може да направиш хируршки зафат.
    Пошто нерви се оштетуваат.

    Другото, масажи и физикална.

    Имам јас дискусхернија на лумбарниот дел од 'рбетот... и имам сериозно оштетување на примарниот нерв кој оди во десната нога, па кривам, имам изгубено рефлекс во ахиловата пета, и атрофирана ми е ногата.
    Ама не ми фаќа умот за операција... искрено...

    Ако е ептен критично невро-хирург/невролог, сигурно ќе ти препорача операција... Ако нема прогресирање на оштетувањето, ќе ти кажат да почекаш.
     
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Мускулот на десна плешка, latissimus dorsi, вратните прешлени vertebrae cervicales (од таму е тоа С) и низата нерви може да се доведат во нормала со вежби. Ти испраќам видео, помага. И не, не е страшно.
    Физиотерапевт сум ;)



    Само те молам, последна опција, сѐ во врска со рбетот, да биде хируршки зафат. Discus intervertebralis т.е меѓупршленските дискови се многу блиску до спиналните нерви.
     
  5. FedoraFedora

    FedoraFedora Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    како ги решивте шилците на врат? јас денес правев рентген на врат а имав проблем со голтање како да ме боде некој во грлото и излегоа шилци
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.619
    Допаѓања:
    152.070
    Ја можам да типрепорачам добар доктор за ова да си отидеш на консултација
    пиши ми инбокс