1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повредена

Дискусија во 'Разделби' започната од Analiverpool, 29 октомври 2010.

  1. Analiverpool

    Analiverpool Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    ВаКА бев во врска 5 незаборавни години, се беше прекрасно убаво се согласувавме многу, почитувавме.Го сакав повеке од се му дозволив да дојде кај мене да ја запознае мојата фамилиа, го прифатија заради мене. Му верував многу премногу се до еден ден требаше да одиме летово заедно во охрид, тој ме излажа дека ке оди во еден град да работи но тој планирал со друга. И така беше отиде 5 год ги замени за само 2 поминати ноќи со неа, сакав да му простам но тој уште првата вечер го видов со друга, заради него ги изгубив пријателите, другарките што е најважно никакво објаснување не добив. Многу мие тешко не излегувам не јадам , се затварам внатре не одам никаде ми го упропасти зивотот , надежта и времето. однапред плагодарам за советите. ;( :(
     
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Идиот бре!Само едно ќе ти кажам,најди си друштво,почни да излегуваш нека види дека си среќна и недостижна за него.Тоа мажите најмногу ги погодува.Во никој случај не му се јавувај, ако го сретнеш само едно здраво како да е било кој...штом тој можел да фрли 5 години во вода,не му го давај тоа задоволство да те гледа како страдаш,направи исто и ти.
    А дека ќе те моли да му се вратиш еден ден,тоа секако,едноставно таков е тој непишан закон,секогаш се враќаат,а посебно кога те оставил на ваков начин.
    Ќе дојдат и твоите 5 минути,само храбро,никако не се предавај,колку и да е тешко,изгледај колку што можеш поубаво и посреќно.
    Со среќа.Поздрав
     
    На srcekrsacka, barbiegirl и Analiverpool им се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Почни нов живот, сврти нова страница! Избриши го од сеќавање! Некои личности не се вредни ни за да ги помислиш а камо ли да ги спомнуваш! Тој спаѓа во нив!
    Се надевам дека брзо ќе го преболиш, и ќе си го средеш животот! Позззз и со среќа!
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    никад да не си му простила знам дека боли сега и дека ти е тешко но мораш да издржиш секое лошо за добро за секоја навика има и одвика полека полека ке видиш дека се ке се смени на поарно...
    он коа бил глуп и коа остаил и расипал 5годишна врска која викаш дека била прекрасна за некоја за 2 вечери епа нека иде нека се утепа..среќноооо!
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Сигурно имаш другарки,ако тоа не се старите,има нови! Излегувај,дотерана,ведра и насмеана.Не се затварај поради него! Тој треба да се затвори од срам! Дружи се,забавувај се,посвети се време за себе,негувај се,си должиш внимание самата на себе.Не биди тажна,од тага здравје се губи.Треба време,но ќе го преболиш.Кармата ќе си го направи своето,дали ти или некој друг за тебе ќе му врати,ќе плаче за тебе мила верувај ми.Биди паметна и ти посакувам се најдобро! :*
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Не седи по дома да очајуваш. Дигни ја главата и извлечи поука за тоа што ти се случило. Да, понекогаш е љубовта слепа а ние наивни ама тоа не прави попретпазливи и појаки за следен предизвик.
    Свати дека тој не те заслужува тебе а што е твое ке си дојде
     
    На Analiverpool и Ferhunde-L им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Што човек ќе беше тој кога 5 години врска ја заменил за двовечерна авантура? :^)
    Ако било се' така убаво како што тврдиш, тогаш твојот бивш дечко е невиден морон кој заслужува да си остане и пукне сам.
    А сега со другата девојка е? Или? Пробал да се смирите пак? Ти објасни зошто постапил така?
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.038
    Допаѓања:
    66.612
    Пол:
    Женски
    Се наежив од постот :^) Сега ништо нема да ти помогне. Ти треба еден период на прифаќање и помирување со состојбата, да помине малку време и да сфатиш дека животот продолжува, па по некое време колку толку ќе се нормализира состојбата. Се надевам дека побрзо ќе поминеш преку ова и ќе сфатиш дека животот е многу повеќе од еден морон што не умеел да ја почитува твојата љубов и пожртвуваност. Ти посакувам се најубаво :*

    Eдит: И се нервирам кога сите ќе почнат- Заборави го, избриши го, не бил вреден, ова-она, ко божем така се фрлаат во вода 5 год. Нормално дека не може одма да се врати во нормала, како ништо да не било. Мора да помине време. Да влезе во главата фактот дека веќе не е ништо исто. Па ставете се малку во нејзина кожа, не е така лесно. Полесно е да се каже, ама тешко е да се направи.
     
  9. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Јас мислам дека тој подолго време бил во контакт со неа(ама тајно се рабира)...И го заведувала.....И..? И пукнала тиквата наеднаш меѓу вас... Не ми се верува таа да е некоја која СЕГА ја запознал :^) Ова одамна се таложело и пукнало. Прекини секаков контакт со него! Ни на телефон ни на нет,никаде! И немој да мисли дека пропаѓаш.Докажи му го спротивното на тој мајмун... :@ :@ :@
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Знам дека ти е премногу тешко но верувај се си има причина. Тој човек не те заслужува. Ако се смирите пак ќе го направи истото. Не бил тој човек за тебе, сврти нова страница. И тука ке кажам нешто што никогаш не ми било јасно.... Како може да си ги оставате другарките кога ќе фатите дечко?? Се чудам и како можете целото време да го поминувате со него, па некогаш ти треба женско друштво, женски муабет..... Зошто ги оставате другарките не можам да сфатам, најголемата грешка што скоро повеќето ја прават.
    Побарај ги и извини им се, тие се оние кои се секогаш до нас, а не дечкото. Ќе го преболиш, времето ќе ти помогне и луѓето околу тебе. Не се затварај дома, излези колку и да ти е тешко, полесно ќе ти е.
    :*
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Analiverpool

    Analiverpool Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на сите за убавите совети :) имате право тој сега плаче се кае за се но КАСНО Е..

    ДА, ЧОВЕК ГРЕШИ ДОДЕКА Е ЖИВ, ПОВЕКЕТО СУМ ВИНОВНА ПРЕМНОГУ МУ ВЕРУВАВ И ГО САКАВ. ЗА ЖАЛ ПОВЕЌЕТО СЕ ТАКВИ

    Lacrimosa, фала за убавите зборови.Се обидувам да биде така ех да мозев за еден ден да заборавам се :)

    Редактирано од модератор.
    Користете ја опцијата “Редактирај“ наместо да пишувате постови еден врз друг.
    И користете го копчето “Ми се допаѓа“ наместо да се заблагодарувате.
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ооооо душиче,што да ти кажам а да не биде одвишно?Свесна си и сама дека треба и мора да продолжиш понатаму со животот со крената глава,ама не сум во твоја кожа и можам само да кажам,а ти сепак и покрај кажаното нема да престанеш да ја чувствуваш болката.
    Како и да е,мислам дека најубаво е некој период да се стабилизираш,да направиш една калкулација и да ги видиш и негативните,но и позитивните страни.Негативна е секако болкаата,страдањето од урнатата кула на надежи и верување во љубовта,ама сепак позитивната е што не си повеќе со некој кој своите нагони ги става пред било што.Треба да си среќна што си го избркала од твојот живот дотичниот кој својот живот го живее во лаги.Ако не се случеше сега,ќе се случело утре,по еден месец,година...кој знае.
    Барем сега знаеш дека си извојувала една победа,си му го открила вистинското лице.Излези ,дружи се,дај си шанса да запознаваш нови лица,остави на времето да ти се случи нова љубов...Се ќе си дојде на свое место а ти иако си била скршена,ке станеш посилна и побогата за едно искуство кое иако тешко сепак ти ги отворило очите и те направило ако ништо повеќе барем попаметна:) Со среќа!
     
    На Analiverpool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nesreken

    nesreken Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    какви идоти има значи ако си стварно со акл како што велат старите не заслужува ни здраво да му се рече а не пак да се вратиш со мене еве јас сум машко но тоа никогаш не би го направил ако не ја сакам нема да ја лажам а ако имам девојка што стварно ке ја сакам едноставно јас би живеал за неа и би ја сакал повеќе и од мене.Кој што и да ти дава совет тоа само ти можеш да си одлучиш но мислам дека не треба ни да го погледнеш :)
     
    На srcekrsacka, Ammy.Lee и woow им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Се надевам дека си продолжила напред со крената глава, не вреди заради таков бесчувствителен идиот да тагуваш, да паѓаш во депресии и да си го уништуваш животот.
    Со тоа што тој ти го направил само докажал колку е мизерен и колку не те заслужува. Навистина долна постапка, останав без текст.
    Болката ќе помине, лошите сеќавања ќе избледат, но ти зачувај си ја гордоста.
    Тоа што си ги запоставила другарките заради него, ти било најголемата грешка, но може да се поправи. Секој заслужува втора шанса. Немој да се затвараш дома и да тагуваш за некој што не вреди ни името да му се спомне.
     
  15. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    227
    Шо и да ти речам џабе ќе е ,тебе исто ќе ти е.Пак ко ќе го видиш ќе ти лупкат срценцето.
    Време,време и само време! Ништо друго немојт да ти помогнит....Ќе видиш некогаш ќе си имаш убав живот дечко шо те заслужвит,друштво забава и ќе се смејш ко ќе се сетиш на овие деној за шо си се секирала.
     
  16. cipi-ripina

    cipi-ripina Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Vo brak sum 3 godini!Izleguvase sekogas do 4casot.Ednas mi zdosadi da go cekam izlegov i go fativ so druga.Sto da pravam?imam 2godisno dete
     
  17. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Ти на 15 години ли се омажи?
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мора да има некаква причина 5 годишна врска што ја ставил на коцка за 2 дена |( извини ама овдека нешто мене не ми штима,незнам можеби грешам но ако не давал никакви знаци дека нешто не е во ред со вас значи дечкото е одличен глумец,сите знаеме дека си повредена и дека е тешко но времето ги лечи раните верувај проверено најдобро нешто што треба да знаеш е дека тој не те заслужва и дека во него повеќе неможеш да имаш доверба никогаш све друго кажаа девојките со претходните мислења значи колку и да е тешко само напред продолжи со животот посветиму внимание на вредни работи
    со среќа
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Девојки, за да не отварам нова тема ќе побарам помош од вас овде. Значи имав дечко 2 години, многу убава врска, многу го сакав (и сеуште го сакам), но пред 3 дена му раскинав бидејќи мнооогу ме изнервира ( не дека имаше ептен голема причина за раскинување) и го избришав од фб, тој ми пиша пораки да му се јавам да праиме муабет но јас му кажав дека завршив со него. Тој ми рече дека еден ден ќе се каам многу за оваа моја одлука.. и вистина е така ;( Тој стана пријател со бившата му на фб и се допишуваат .. а јас плачам по цели денови дома .. не ми се верува дека по 2 години тој за САМО 3 дена продолжи со својот живот како да не сме биле заедно никогаш. ;( Ве молам помогнете ми .. што да правам ?! ;( ;( ;( ;(
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    ^ Самата кажуваш дека немало некоја причина голема за раскинување, си го избришала од фејсбук, дечкото пораки ти пишувал - ти си го игнорирала... тотално детско однесување.
    Станал пријател со бившата на фејсбук? А што треба, да те моли да се смирите поради некој твој каприц...?

    Кажи која беше причината поради која му раскина?