Не е во ред таквото однесување твое, ама не е во ред и тоа од негова страна. Можеби сака да те направи љубоморна. Побарај го, разговарајте, ова само со разговор се решава.
Сега премини преку гордоста и побарај го, разговарајте сериозно. Твоето однесување било крајно незрело, веројатно си знаеш и самата па сега се каеш. Мислам дека ќе ти даде втора шанса, но ова нека ти биде лекција за друг пат, понекогаш јазикот ни е побрз од паметот, за жал.
Всушност јас бев крива што се скаравме, бидејќи тој ме виде мене со машки а многу е љубоморен и јас му раскинав .. Но синоќа се видовме и решивме се Се надевам дека нема да ми се случи повторно тоа. Благодарам на советот.
Се запознавме на фацебоок потоа почнавме да се гледаме ми велеше дека ме сака и сеуште го вели тоа но еден ден приметив дека не е така..видов дека флертува со друга..тоа девојче ми беше како сестра многу се имавме и многу ја сакав..и сеуште ја сакам..но ете немам храброст да го прашам дали навистина ме сака
пиши му, договорете се да се видите и да разговарате прашај го што чуствува за тебе а што чуствува за неа треба типов да се изјасни јасно и гласно за која што чуствува
Мачо мен.Познато ми е ова.Затоа седни со него и разговарај сериозно.Не дозволувај да си игра со тебе.Земи ја работата веднаш во свои раце.Собери храброст.Или ке биде или нема да биде.
Потешко во животот никогаш не ми било ... Феминки Помош ... Заедно бевме 1 година не е некој долг период али ипак ... Бевме заедно дење ноќе ... во таа цела 1 година се десило 2 или 3 дена се на се да се неаме видено ... Дечкото претходно си имал некоја што би рекла јас Стојачна типка што си се познавале 8 години и си се глеале само за секс а никогаш не биле во врска од засега мои непознати причини ... Додека бил со мене наводно не се глеал со нејзе и типката неможела тоа да го поднесе и ми правеше доста проблеми од топот јавување по телефон закани и триста циркузи(праиме муабет за Зрела жена со свои полни 30 години) ... Предн неколку недели дознав дека он цело време си бил во контакт со нејзе, а приотоа ми кажа као наводно очи несакам да и видам ми се колнеше дека нема ништо со нејзе (на што јас поверував) и кога денес случајно му го земав телефонот во пораки ништо, во повици ништо ... во Call Log што да видам дечкото си праел муабет со нејзе појше него со мене ... Без запрепастенаа немошев да си поверувам на очите ... И веруваче или не кога го прашав што е ова тој ме нападна .. буквално вербално ме нападна а нај криво ми е тоа што веќе 2 месеца не праам муабет со никој дома бидејќи не ми дозволуваа да бидам со него по ниту една цена со другарки не памтам од коа неам искочено, факултетот ради него го заебав не се посветив на учењето за постојано да бидам до него... Од вечерашнава случка без запрепастена бидејќи тој никогаш немаше употребено сила врз мене а денес го направи тоа ... Премногу го сакам од све се откажав ради него и на крај ми го збрца до немај каде ... И што сега јас да правам како понатаму ...
Нема што да разговара исчезни без причина и најди си друг дечко кога ке те види тој со него ке пукне од мака
Оф мило, ти колку години имаш, а тој?? Можеби нешто е недостасувало меѓу вас затоа ја има побарано таа девојка. Најдобро за тебе ќе биде да го прашаш за што станува збор и како ја гледа иднината на вашата врска. Искрено, ако по една година врска со тебе тој ги нема прекинато контактите со нејзе, треба да се замислиш дали вреди да си со таков човек, ти треба? Кога ќе ти биде најтешко ќе ја летне кај другата, што го чека со отворени нозе. Немој да се разочаруваш, сите сме доживеале љубовна мака, разделба.. и е многу тешко.. Но дали вреди да си го жртвуваш сопственото достоинство за некој што офка со друга.. Те молам немој да си причинуваш повеќе болка, туку врати се на факс, на другарките и главата горе
да си ја уништам иднината-факс, другарките, да не зборувам дома со моите заради некој си крива си заради тоа што е центарот на твојот живот, како си можела да го сториш тоа и на крај те удри и на некој начин те силуваше те советувам да го пријавиш, па да си добие забрана за доближување до тебе
^ Еј еј полека малце. Пеликуна вели дека вербално ја нападнал! Во секој случај, се сложувам дека од една страна е крива што дозволила се‘ во животот да и‘ се врти околу него. Не си смеела да дозволиш такво нешто. Доколку тој така барал од тебе, навистина себично од негова страна. Баш фино те „љубел“.
Девојко подалеку од таков. Бегај од дечко што не ти дозволува да си имаш сопствен живот па и уште се слуша со други и те напаѓа на таков начин. Со тек на време ќе си дојдат работите на свое место. Посвети се повеќе на факултетот, пробај да си ги вратиш другарките и пази со кој почнуваш врска следниот пат и како се однесуваш во врската. Учи од минатото Ни под разно немој да си останала со овој освен ако не сакаш да си го доуништиш животот...
Таа има 30 години? Мажена, нешто.. деца? Ова како на филмовине ми звучи.. Океј не дека не се случува во реалниот живот, далеку од тоа. А и ти, подалеку од таков што ќе ти е, си се поврзала со него, знам тешко е, и јас сум во врска од година ипол и незнам што би правела без него, ама кога гледаш каков е тогаш најдобро е да си тргнеш по твој пат. Врати си ги пријателитем, излегувај со нив, среди се со факултетот... Ќе биде тешко не викам не, ама ќе помине, се поминало, па и тоа ќе биде
Пред месец дена раскинав на дечко ми .. бевме заедно 3 години, најголемите пречки ги надминавме заедно.. прво моите не ми дозволуваа да сум со него зошто е сиромашен тоа го надминавме, планиравме да се земеме по завршување на мојот факултет ... но се случи нешто непредвидливоо.. неговиот најверен пријател ме обвини дека сум лажела и дека сум сакала неговата врска да ја растурам .. тоа не беше точно бидејќи неговата девојка тврдеше дека мојот дечко го видела со друг .. таа девојка се намести и мојот дечко поверува во неговиот пријател дека јас лажам, и растурам врски .. кога тоа ми го кажа преку мобилен јас му раскинав од тогаш помина месец дена него го нема да се јави ни да пише порака... а јас сеуште го сакам и незнам дали да се надевам дека па некогаш ќе бидеме заедно ..
Па да се надеваш или не што ти менува? Разговарај со него јави му се прашај дали сака да те ислуша... само така ќе знаеш дали има шанси или не.
Kолку глупаво,навистина твојот дечко не те сака вистински штом верува на други повеќе отколку на тебе!биди среќна што сте раскинале,и самата рече дека и твоите се противеле на вашата врска,и онака немало накрај да завршите во брак,колку порано крај-толку подобро ,немој да мислиш на него и да се измачуваш,заборави го,биди себична и посвети се на себеси,и никако не го барај зошто ќе бидеш само уште повеќе повредена
Боже мој па како може за рекла казала врска од 3 години да се растури?земи разговарај сериозно со дечкото неможе така да се постави и тој мора да те ислуша и до крај да оди да се дознае вистината ова е премногу детски и премногу глупава причина за да се растури врска ако вистински го сакаш дечкоти не седи на страна и со скрстени раце дај све од себе да докажиш дека немаш ништо направено или речено па потоа времето ќе покаже све...