Поврзаност меѓу насилно однесување и насилство врз животни

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 25 септември 2021.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.774
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, мислам, секако не ми е сеедно некој да убива животни на еден или на друг начин, ама хипокритично ми е да ги сместам во група на насилници, зашто јас јадам месо и некој мора да ми го направи месото во форма на стек.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Така е
    Мислам секако е логично да е поврзано. Нанесување штета на живо суштество е нанесување штета на живо суштество.
    Веројатно сето тоа си напредува постепено ако не се преземаат чекори во раните фази, или во детството.
    Има многу студии кај што насилните видеоигри се поврзани као причина за понатамошно насилство во вистинскиот живот.
    Многу логично би било, ова да биде случај и со повредувањето на животни, па тоа да води и кон насилство кон луѓе.
    Веројатно постепено совеста им отрпнува, па сатисфакцијата што ја добиваат од овие постапки им се намалува, и затоа мора да направат нешто поголемо/пострашно/поодвратно за да го достигнат истиот левел на сатисфакција.
    Секако ова сметам дека е некое психичко пореметување, можеби поврзано со хормони, волумен на сива мозочна материја итн.
     
    Последна измена: 26 септември 2021
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.309
    Пол:
    Женски
    "Тој што повредил животно ќе повреди и човек"
    Додека има огромна вистина во ова, сметам дека двете не се директно поврзани.

    Личност која сака да повредува, нема да и е гајле дали е животно или човек.
    Сепак има премногу распространети гранки во психата во врска со ова, но, поентата ми е, дека насилството се одвива врз оние кои изгледаат беспомошно или безвредно во очите на предаторот.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би се согласила. Има и касапи кои обожаваат домашни миленици. Едноставно сѐ е до mindset-от. Свињата ја гледа како извор на храна, мачката ја гледа како домашен миленк, која ја чува, сака, негува. Иако и двете се животни, првото е стриктно за јадење, па и од таму оправдано е убивањето.
    Сосем спротивно ги перципираат, начинот на кој живееме ја избришал емпатијата за едните а створил за другите.
    Големи измени треба за вакво нешто, начинот на кој се размислува да се промени.
    Ете во некои држави јадат и кучиња, па нив нормално им е и тие животни да ги убиваат.

    Баш и не гледам разлика во тој што го убива за јадење и тој што го јаде. Секако, ако убивањето му е опсесија или таквите што намерно ги мачат животните тогаш веќе за некаков психопатски случај станува збор.
     
    На mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па може и дека бубамарата и пчелата не шират зарази и не се сметаат за штетници за разлика од лебарките :)
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Таман извадив стек да се одмрзнува за ручек, кога од темава научив, дека јас јадејќи го стекот сум психопат подеднакво како човекот кој обеси прасенце и се иживуваше додека да испушти душа.

    За малце па и да.
     
    На Guns N` Roses, x-MajaEsposito-x и Need for Speed им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Малце премногу забега темава во друг правец. Дали е насилство да убиваш за храна? Технички, да.
    Ама не би рекла дека луѓето што јадат месо или работат на ваков или онаков начин со прехранбена индустрија се насилни по default. Едноставно не ги гледаат тие животните како еднакви со луѓето, ги гледаат како извор на храна и немаат некаква претерана емоционална поврзаност.
    Е сега има различни типови. Има ете ловџии како тој горе примерот дека птиците ги гледал само преку пушка. :drunk: Тоа веќе ми е така малце позабегано размислување. Од друга страна има некои кои сепак сфаќаат дека и животните чувствуваат болка, па гледаат да е побезболно. На некое ниво сепак сочувствуваат со животните.

    Иначе во однос на воведот на темата, да, сметам дека насилството врз животните води кон насилно однесување. Комбинацијата на намалена (или непостоечка) емпатија со агресијата што ги тера да малтретираат животни е прилично загрижувачка. Мислам дека ги користат како некој вид на outlet и прашање на време е кога тоа нема да им биде доволно, па ќе поминат и на луѓе.
     
    На Dentina, mode-kristina, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно! Веќе е напишано зошто и не сакам да се повторувам.
     
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    57.768
    Пол:
    Женски
    Сметам дека има разлика меѓу убивање за храна и убивање за спорт, сопствено болно задоволство, за кожа, крзно и сл.
    Првото како што рече @theowndemon е нормализирано. А од другиве апсолутно нема потреба. Луѓето кои убиваат животни за храна и оние кои ја јадат таа храна не можат да се (сите) психопати. И јас како дете од село имам видено колења на свињи и отсекување глави на кокошки и петли (иако воопшто не ми беше сеедно и нема да ми е).
    Човекот уште на почетокот одделил одредени животни за храна (крави, свињи, кокошки, овци...), на кои единствено им е таа причината за живот, и доколку сите наеднаш престанат да јадат месо овие животни сосема ќе изумрат. Скроз ги сфаќам веганите, иако според мое мислење човекот е сештојад и не им одговара на сите луѓе plant based diet ама да не навлегувам премногу во тоа.
    Исто така, многу сум против убивање на диви животни поради било која причина (дури и за храна, пошто ги имаме веќе домашните животни) и factory farming. Дури и домашните животни заслужуваат достоинствен живот пред да умрат.
    А тие на исток таму што јадат кучиња сметам дека се болни бидејќи ги измачуваат пред да умрат (ги дерат, ги варат живи, ги тепаат) дека според нивно верување колку повеќе е мачено животното толку повкусно ќе му е месото. И овде некој да се изживува врз крава или кокошка пред да ги убие за храна ќе сметам дека е психопат.
    Така да не е исто и никогаш нема да е исто убивањето за храна и за болно задоволство.
     
    На Guns N` Roses, WildMk, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Го кажа моето мислење во целост.
     
    На Guns N` Roses, WildMk и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    131.260
    Пол:
    Женски
    Не може сите што убиваат животни да се сметаат за психопати.
    Храната е потребна.
    Познавам луѓе кои колат животни за храна,ама не дозволуваат на маче и куче прашина да им падне.
    Имаат граници.
    Има луѓе кои убиваат болни животни за да спречат ширење на зараза и настанување на епидемија или животни со беснило,или луѓе кои убиваат инсекти за да спречат каснување на нивен близок кој има алергија на нив.
    Не уживаат во тоа,ама мора да го направат тоа за да превенираат смрт на луѓе и други животни.
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Човекот не е граден еволутивно како месојад. Може да се живее и без месо нормално.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.396
    Пол:
    Женски
    Убивањето и малтретирањето животни, пред се кучиња и мачки, во детството и младоста, забележано е кај возрасни убици и силувачи. Низ историјата не било толку придавано значење на ваквото однесување кај децата/тинејџерите, се смеатло за детинесто однесување, ама денес се смета за црвено знаменце за подлабок психички проблем. Се оди кон тоа да се прават регистри на вакви деца, се поврзуваат повеќе институции (центри за соц грижа, за ментално здравје, за заштита на животни, итн.) за да се целосно го опфатат проблемот и се со цел да се превенираат идни криминални однесувања.
    Значи, прво почнуваат со агресија врз животни па подоцна и кон луѓе. Зошто таков развој во манифестација на агресија? Затоа што секогаш напаѓаат послаб од себе. Ова е својствено на сите живи организми. И животните не напаѓаат посилни од себе, туку послаби, инаку нема да го преживеат нападот. Ако детето има проблем со агресија, најчесто најслабиот во околината/домот после нив е миленикот/животното. Според истражувањата овие деца/млади чуствуваат зголемена агресија воопшто, значи и кон луѓето истотака. Понатака низ животот тие се насочуваат кон човечкиот вид, и тоа кон послабите единки, па најчесто бираат деца, жени, постари лица, инвалиди.
    Садизмот, задоволството што се чуствува од малтретирањето и убивањето е она што е индикатор за психичко пореметување. Тоа е она што го разликува ова убивање од убивањето заради месото и храната. И причината зошто се прави чинот е различен значи.
     
    На WildMk, Bezimenka90 и Luciferka им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Тој што не јаде месо, не значи дека не учествува во некаков синџир на мачење. Дали знаете колку биволи се оставаат да скапуваат од глад затоа што не можат да произведат млеко потребно за правење на познатата италијанска моцарела, толку ценета во светот? Не ги користат ниту за месо, едноставно ги оставаат да умрат.
    Колку деца се ангажирани на плантажите за производство на какао, кокос, кафе? Или во текстилната индустрија? Тоа не нѐ спречува да пиеме кафе или да јадеме чоколадо, или да носиме облека. Во светот постојат многу неправдини. Човекот како "еволуирал", еволуирале и неговите "потреби" и нашол начин да ги оправда.
    Сепак, убиство од задоволство и убивање поради прехранување не се исти, не можат да бидат. Насилник ќе биде насилник кон сите, а најчесто кон послабиот. И кон различниот. Поврзано е сѐ.
     
    На Angie1432, Guns N` Roses, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    57.768
    Пол:
    Женски
    Се убиваат и животни штетници (глувци, кртови, некои птици) за растенијата кои ги користиме на велико. Ништо не е cruelty free, дури и веган да си. Ова е веќе системски проблем, на индустриите и корпорациите, а не до обичниот човек што јаде или не јаде месо.
     
    На Luciferka и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Не мора толку строго :) Јас не сакам животни затоа што ми смета животинско влакно, особено од мачка. Имам и осетлива кожа, и мака мачам со триста алергии. Ги сакам само на слика. Во живо, искрено, ме фаќа хистерија кога луѓето се зачудени зошто не сакам да се галам и бацувам со животни. Не сакам да се бацувам со кучиња кои после си се лижат на разни места. Тоа секако не значи дека сакам да ги мачам или да ги убивам. Така што, има граници во сите ситуации.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да, затоа и пишав, не се само чварките проблем. Отидена е ситуацијата веќе предалеку, не знам дали на оваа планета имаме шанси да се оправиме, ама обичниот човек го поддржува капитализмот, така што носиме вина сите подеднакво, и тој што јаде листови зелка, и тој што јаде мевце.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Си постојат стрелишта каде што си пукаш во подвижна мета или во глинена фигура, ако баш сакаш да те потсетува на вистински лов, да биде возбудливо, да има адреналин. Зборот рекреативно ме потсетува баш на нешто ептен неоправдано.
     
    На Cosmic Girl и Traveler91 им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.611
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на муабетот за ловџиите . Вујко ми е ловџија , во животов никогаш не повишил тон на никого , за удар да не зборувам . Но , тоа му е " наследено " од дедо ми ( татко му ) љубов кон лов и риболов . Да речеш за храна ги лови - диво не јаде , риба жногу ретко. Ми се чини повеќе му е до дружбата со останатите ловџии ..
     
  20. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Значи убива од забава ццц